FATF and MONEYVAL

Download Report

Transcript FATF and MONEYVAL

FATF и MONEYVAL
Пристап на „меко право“
FATF
•
•
•
•
•
Работна група за финансиски дејства за перење пари (FATF)
Основана во 1989 година
36 членки (на пример, САД, 15 земји-членки на ЕУ од пред проширувањето,
Европската комисија, Кина, Јапонија, Швајцарија, Русија)
Овластување да се бори против перењето пари (овластувањата се проширени
и вклучено е финансирање терористи)
Цели:
–
–
–
•
утврдување стандарди и промовирање ефективно спроведување на правните, регулаторни и
оперативни мерки за сузбивање на перењето пари, финансирање терористи и други поврзани
закани по интегритетот на меѓународниот финансиски систем
следење на напредокот на земјите во спроведувањето на препораките на FATF
преглед на техниките за перење пари и финансирање терористи и противмерки
Објавување на соопштенија за јавност и извештаи за високоризичните земји
FATF
Како функционира FATF:
• FATF го следи пристапот на „меко право“, што значи нивните насоки не
се обврзувачки, туку поттикнуваат доброволна соработка
• Цели:
– Годишно самооценување на секоја земја-членка
– Теренски мониторинг не само на земјите-членки, туку на сите земји
значајни за финансискиот систем
– Објавување на список на земји кои не соработуваат (кампања за „објавување на
столбот на срамот“)
– Појавувањето на овој список има големо негативно влијание врз угледот на
финансискиот сектор на земјата
FATF
•
Цел на глобално применување на стандардите:
– FATF го подржува основањето регионални под-организации (на пример, Moneyval)
– Заеднички стандард за теренско оценување на земјите
•
•
Поддршка за земјите кои не ги исполнуваат стандардите
Објавување на земји и територии кои не соработуваат
– Список на земји кои не соработуваат: во моментов, Иран и Северна Кореја
– Земји со недостатоци: во моментов има 9 земји, на пример, Турција, Сирија, Јемен
•
•
Посебно внимание да се посвети при деловната соработка со офшор
финансиските центри и наведените земји
Билатерални договори за да се осигури примената на стандардите
FATF
40 препораки на FATF за перењето пари:
• Збир на принципи посебно прилагодени за трговскиот и правниот
систем на секоја земја
• Општа рамка (чл. 1-3)
• Улогата на правниот систем на земјата во судско гонење за перење
пари (чл. 4-7)
• Улогата на финансискиот систем во спречувањето на перењето пари
(чл. 8-29)
• Улогата на регулаторните и на агенциите за спроведување на правото
во сузбивањето на перењето пари (чл. 30-40)
Препораки на FATF
•
Препорака 3: Земјите треба да го криминализираат перењето пари
–
–
–
Врз основа на Конвенциите од Виена и Палермо
Да се примени кривичното дело перење пари кај сите сериозни престапи
Со цел да се вклучи најширок опсег предикативни дела
• Препорака 4: Заплена и провизорни мерки
–
–
–
–
–
Замрзнување, заплена или конфискување на „испраниот“ имот, приносите од перењето пари
или терористички дела и приноси од имот поврзан со финансирање тероризам
Имот со соодветна вредност треба исто така да се конфискува
Почитување на правата на bona fide на трети земји
Кривично обвинение не треба да биде неопходно
Пренесување на товарот на докажување предвиден во случај на конфискација
Препораки на FATF
• Препораките силно ги нагласуваат финансиските оператори
– Темелна анализа на клиентите („Познавајте го клиентот“) (Преп. 10)
– Деловни контакти со странски политички изложени лица треба да се
третираат со посебно внимание (Преп. 12)
• Управување со ризик и тековно следење
• Одлуки донесени на повисоко ниво
• Преземање разумни мерки за утврдување на изворот на средства
– Пријавување сомнителни трансакции (преп. 20)
• Државите треба да преземат мерки за заштита на финансиските институции и
нивните вработени ако пријават сомнителни трансакции
•
Транспарентност и сопственост на правни лица и правни аранжмани (преп. 24
и 25)
– Правните лица и правните аранжмани не смее да се злоупотребат за криење на
вистинскиот извор на приносите
MONEYVAL
• Тело за мониторинг на Советот на Европа
• Оценување според постапките на FATF за
– Членки на СЕ кои не се членки на FATF
– Членки на СЕ кои стануваат членки на FATF на барање
– Мониторинг на европските стандарди кои не се опфатени од FATF
• Извештаи за
– карактеристиките и големината на перењето пари и финансирањето
тероризам
– Ефикасност на мерките преземени во борбата против перењето пари
• Истрага и проверка на напредокот