чекор напред

Download Report

Transcript чекор напред

ИНТЕРАКЦИЈА НА
ВОСПИТУВАЧОТ И ДЕЦАТА
ФОКИМ „Чекор по чекор“
„Интеракцијата помеѓу возрасните и децата ,
како и меѓу самите деца е клучна за
промовирање на концептот на постојано учење.
Влијае на емоционалниот , социјалниот,
когнитивниот и моторниот развој на децата.
Ги поттикнува децата да разменуваат знаења ,
искуства , чувства и ставови .
Преку интеракцијата децата развиваат свест за
себе си , сфаќаат дека се дел од некоја
заедница и го спознаваат светот околу себе.
ФОКИМ „Чекор по чекор“
Улогата на воспитувачот е да им овозможи на
децата да стапуваат во различни интеракции и
процеси на конструкции на нивните знаења и
значења.
ФОКИМ „Чекор по чекор“
Активност – работа во групи
Размислете и опишете каква треба да биде интеракцијата
помеѓу воспитувачот и децата
ФОКИМ „Чекор по чекор“
!
ПРИНЦИП 1.1
1.1. Воспитувачот остварува пријателски
однос со децата и се однесува кон нив со
почит ,придонесува за развој на
претставата за себеси кај секое дете и го
подобрува учењето.
ФОКИМ „Чекор по чекор“
ИНДИКАТОРИ НА КВАЛИТЕТОТ НА СТАНДАРД 1.1.
1.1.1Воспитувачот со децата остварува топол и грижлив однос
со кој покажува дека ги почитува.
1.1.2Воспитувачот остварува интеракција и ги изразува своите
очекувања од децата кои се во согласност со детскиот развој
и учење.
1.1.3Воспитувачот во текот на денот често стапува во
интеракција со секое дете индивидуално, ги подржува
неговите силни страни и го поттикнува неговото учење и
развој.
1.1.4Воспитувачот со секое дете остварува интеракција која
одговара на неговите емоционални ,социјални , физички и
когнитивни можности , силни страни и потреби.
1.1.5Воспитувачот создава ситуации во кои децата ќе имаат
можност за избор и во кои нивните избори ќе се испочитуваат
и реализираат .
1.1.6 Воспитувачот во интеракција со децата развива
иницијатива , автономија , самостојноста и вештина за
водење. .
ФОКИМ „Чекор по чекор“
ИНДИКАТОР НА КВАЛИТЕТ 1.1. 1
Зошто е важно да се воспостави
пријателска интеракција со почитување во
работата со децата ?
ФОКИМ „Чекор по чекор“
ИСТРАЖУВАЊЕ НА МОЗОКОТ
(Shore,1997;Gopnik i dr.1999;Shonkoff I Phillips , 2009)
ФОКИМ „Чекор по чекор“
Односите во кој возрасните покажуваат пријателство и љубов
кон детето, и соодветствуваат на возраста на
детето,позитивно влијаат на целокупниот детски развој.
Топлите и блиски односи со детето помагаат во формирање
на сигурни позитивни образци на приврзаност со нивните
воспитувачи и тоа има влијание врз подобриот успех во
животот ( Howes, 1999.)
Децата за светот учат по пат на сетилата.За односите со другите
учат усвојувајќи образци кои возрасните ги користат во интеракција
со нив ( начинот на кои ги допираат , бојата и тонот на гласот ,
мимиката на лицето) ;
На децата им е потребна емоционална и физичка сигурност за да
слободно ја истражуваат својата околина , стапуваат во
интеракција со другите и стекнуваат чувство на идентитет и
самодоверба.
ФОКИМ „Чекор по чекор“
Сите когнитивни функции произлегуваат од
социјалните интеракции и учењето не е едноставен процес на
асимилација и акомодација на новите знаења , туку е процес со
кој децата се интегрирани во заедницата на знаења.Таква
интеграција се случува кога возрасните ги почитуваат како
единствени личности кои мислат и чувствуваат.
Конвенција на Обединети нации за правата на децата (2005 )
Децата се општествени актери од почетокот на живот со нивните
посебни интереси, можности и ранливост ,како и потреба за
заштита ,водење и поддршка во остварување на нивните права.
Vygotsky (1934 )
ФОКИМ „Чекор по чекор“
Laevers
(2005 ) Два фактори кои се посебно важни за децата а се
однесуваат на воспитно-образовното опкружување се :
1. Како децата се чувствуваат
2. Колку се вклучени во активностите ( ниска или висока вклученост
).Интеракцијата со топлина и љубов ја поттикнува детската
вклученост во активностите .
За детето да влезе во ,,длабинско учење ,,потребна е висок степен на
вклученост кој го карактеризира континуирана концентрација ,
внатрешна мотивација и чувство на задоволство кое произлегува од
самостојно истражување .
ФОКИМ „Чекор по чекор“
Pianta , La Paro , Hamre
подобри учењето доколку :
(2006 )Воспитувачот може да го
• е поврзан со децата и покажува дека ужива во нивното друштво
• емоционално е ангажиран и реагира на детските когнитивни и
емоционални потреби
• спремен е да почитува детските интереси, мотивација и
размислување
• ја почитува детската автономија во иницирање и учество во
активностите.
ФОКИМ „Чекор по чекор“
Првиот чекор е да им се овозможи на децата различно групирање и
интеракција со децата во помали групи или индивидуално , за да
им се даде можност децата да ги изразат сопствените мисли и
размислувања ,да поставуваат прашања , слободно ги изразуваат
своите силни страни и интереси , да поттикнуваат интеракција со
други деца и меѓуврсничко учење , да бидат мотивирани и
вклучени во активностите , да имаат можност за избор.
ФОКИМ „Чекор по чекор“
Siraj-Blatchford ( 2004 ) Мора да постои рамнотежа помеѓу
активности кои ги иницираат воспитувачите и активности кои
децата сами ги избираат.
Понекогаш децата најдобро учат по пат на истражување , сопствено
искуство и интеракција со врсниците , но понекогаш најдобро учат
кога се водени со искуството на возрасните и воспитувачот им дава
одредени информации , им моделира вештини и сл.
ФОКИМ „Чекор по чекор“
КВАЛИТЕТНАТА ИНТЕРАКЦИЈА ПОЧНУВА ОД ВОСПИТУВАЧОТ .
„Еднаш кога ќе почнеме да ја набљудуваме интеракцијата на
возрасните со децата , сфаќаме колкава е моќта на оваа димензија.
Факторот на личноста на воспитувачот е поважен од средината ,
материјалите и понудените активности.“
Laevers 2009
ФОКИМ „Чекор по чекор“
1.ВИДЕО „ РОБОТОТ ПЕКАР “
ФОКИМ „Чекор по чекор“
КВАЛИТЕТ ВО ПРАКСА
Децата се чувствуваат емоционално сигурни кога
воспитувачот кон нив
•покажува дека ужива во нивно друштво ( со збор, насмевка, допир,
говор на телото и сл. )
•покажува интерес
•стрпливост
•се наведнува да биде на негова висина и во текот на разговорот
одржува контакт со очите
•водат грижа и одговараат на различни физички и емоционални
потреби на децата и ги смируваат кога се вознемирени
•им се придружува во нивните активности и ги проширува истите
•разговара за нивните интереси , семејниот живот ,нивните идеи,
чувства
ФОКИМ „Чекор по чекор“
2. ВИДЕО – ЛУКА Е ЛУТ НА ФИЛИП
ФОКИМ „Чекор по чекор“
ЧЕКОР НАПРЕД
Воспитувачот наидува на деца со кои потешко
развива топол и пријатен однос и бара начини како
и овие деца да ги вклучи во позитивни , успешни
односи со други деца .
Кога воспитувачот остварува интеракција во која
изразува топлина, грижа и почит , тогаш децата :
 Учат како со другите да воспостават доверба –важен чекор во
развојот
 Се чувствуваат ценети и прифатени
 Се чувствуваат опуштено и отворено за превземање на ризик во
учење
 Развиваат здрава самосвест и високо самопочитување, што е
основа на менталното здравје
 Добиваат поттик за емоционален и социјален развој
 Добиваат поттик за развој на јазични вештини
ФОКИМ „Чекор по чекор“
1.1.2Воспитувачот остварува интеракција и ги изразува
своите очекувања од децата кои се во согласност со
детскиот развој и учење.
ФОКИМ „Чекор по чекор“
Истражувањата на човековиот развој покажуваат
дека децата поминуваат низ универзален
,предвидлив тек на развојот во сите развојни
области.
Хуманистичките теории на развој и учење( Erikson,
Maslow, Piageta , Vigotski , Gardner, Bandure , Bruner
, Bloom )
Воспитувачот го проценува и планира детското
учење и развој , познавајќи ги овие теории кои му
се оквир за очекувањата кои се однесуваат за
одредено дете или група на деца.
ФОКИМ „Чекор по чекор“
Активност : Изработуваме постер
,,Современа градинка ,,
Работа во групи
ФОКИМ „Чекор по чекор“
Очекувањата од децата , во поглед на нивните
развојни можности , треба да бидат реални , но
истовремено и да го предизвикаат натамошниот
развој.
На детето треба да му се даде соодветна
интеракциска поддршка да научи нешто ново или
да совлада вештина која сеуште самостојно не
може да ја изведе ( додатна помош или поттик , и
да се интервенира на начин кој ќе му се помогне на
детето задачата да ја изведе самостојно).
Самоисполнувачко прорекнување ( Miller 1995,
Jenncks I Phillips 1998 )
ФОКИМ „Чекор по чекор“
ЧЕКОР НАПРЕД
Кога воспитувачот јасно ги искажува своите
очекувања од децата кои се во склад со процесот
на детскиот развој и учење , истовремено се реални
и поттикнувачки , тогаш децата :
 Развиваат здрава самосвест и високо самопочитување
 Се опуштени, со самодоверба и отворени за учење
 Не се чувствуваат непријатно кога направат грешки , туку учат
од нив
 Подобро напредуваат бидејќи не се ограничени со ниски
очекувања
 Посамостојни се и превзимаат иницијативи.
ФОКИМ „Чекор по чекор“
ВРЕМЕ ЗА ПАУЗА
ФОКИМ „Чекор по чекор“
1.1.3Воспитувачот во текот на денот често
стапува во интеракција со секое дете
индивидуално, ги подржува неговите силни
страни и го поттикнува неговото учење
и развој.
ФОКИМ „Чекор по чекор“
3. ВИДЕО – СЛОГОВНО ЧИТАЊЕ
ФОКИМ „Чекор по чекор“
КВАЛИТЕТ ВО ПРАКСА
Воспитувачот наоѓа начини детскиот интерес и разбирање да го насочи за
развивање на нови вештини , концепти и идеи , со :
• поставување на отворени прашања
• парафразирање на она што децата го кажуваат
• поттикнување на децата да ги опишат своите идеи , настојување
да ги остварат , постигнатите резултати
• објаснување на идеи
• нудење на алтернативни решенија
• поттикнување на децата да размислат на поинаков начин, од
друг агол на гледање на работите
• наглас размислувајќи за различните прашања , моделирајќи им
го на тој начин детското размислување
• вклучување во детските активности кои ги прошируваат и
збогатуваат
• равноправно учество во откривање , истражување и потрага за
одговори
ФОКИМ „Чекор по чекор“
Вежба : Поставување на отворени прашања
, парафразирање
Работа во пар
ФОКИМ „Чекор по чекор“
4. ВИДЕО – БОИ НА ВУЛКАНОТ
ФОКИМ „Чекор по чекор“
ЧЕКОР НАПРЕД
Кога воспитувачот со чести интеракции со секое
дете ги подржува неговите силни страни и го
поттикнува неговото учење и раззвој тогаш децата :





во
Развиваат когнитивни вештини и повисоко ниво на размислување
Развиваат спосбности и вештини за доживотно учење
Развиваат способност за решавање на проблеми
Уживаат во процесот на учење
Имаат поголема самодоверба затоа што активно се вклучени
процесот на учење и тоа се почитува и цени.
ФОКИМ „Чекор по чекор“
1.1.4Воспитувачот со секое дете остварува интеракција
која одговара на неговите емоционални ,социјални ,
физички и когнитивни можности , силни страни и потреби.
ФОКИМ „Чекор по чекор“
КВАЛИТЕТ ВО ПРАКСА
Воспитувачот треба внимателно да ги набљудува децата и да ги
прилагоди интеракциите за да одговори на различните развојни
потреби на децата ,нивниот стил на учење , темперамент , интерес,
когнитивна способност, културни образци, нивната емоционална и
социјална зрелост.
Иако дневните рутини и распоред на активности им даваат
сигурност на децата , сепак воспитувачот треба да биде
флексибилен .
ФОКИМ „Чекор по чекор“
5. ВИДЕО – ДЕТЕ ЧИТАТЕЛ
ФОКИМ „Чекор по чекор“
ЧЕКОР НАПРЕД
Кога воспитувачот со секое дете остварува
интеракција која одговара на нивните можности ,
потреби и силни страни тогаш децата :

Имаат чувство на успешност што ја зголемува
самодоверба
 Се чувствуваат сигурно
 Чувствуваат поврзаност со своето опкружување
ФОКИМ „Чекор по чекор“
нивната
1.1.5Воспитувачот создава ситуации во кои децата ќе
имаат можност за избор и во кои нивните избори ќе се
испочитуваат и реализираат
ФОКИМ „Чекор по чекор“
КВАЛИТЕТ ВО ПРАКСА
Едноставен начин на кој воспитувачот може
индивидуализира пристапот кон децата е да :
да
•им понуди можност за избор на активности , материјали и деца
со кои сакаат да работат ( да изберат во која активност ќе
учествуваат , каде и со кого ќе играат , и колку долго ќе
учествуваат во играта ).
•да им се понудат интересни материјали соодветни на возраста
на децата ,кои ќе бидат на дофат на децата и тие ќе можат
слободно да ги користат и ги истражуваат.
•со разговор пред почетокот на активностите да ги запознае за
можностите кои им се на располагање , за начинот на
организација на сопственото време, за тоа со кој и на кој начин
ќе работат.
ФОКИМ „Чекор по чекор“
го
ЧЕКОР НАПРЕД
Воспитувачот им помага на децата да развијат
вештина да размислат за последиците од
сопствениот избор и размислување за други
можности за решавање на проблемот.
Учат да комуницираат за своите идеи и одлуки
Стекнуваат самодоверба и чувство на самоконтрола
Го конструираат сопственото учење и стекнуваат нови вештини
Развиваат вештина за планирање , организирање ,
анализирање , евалуирање и запишување
 Стекнуваат вештини за превземање на иницијатива , проценка
на ситуацијата и превземање на ризик
 Ја прошируваат вербалната способност , стекнуваат
 способност за создавање на ментални слики и дискусија за
нив




ФОКИМ „Чекор по чекор“
1.1.6 Воспитувачот во интеракција со децата развива
иницијатива , автономија , самостојноста и вештина за
водење .
ФОКИМ „Чекор по чекор“
Активност : Управување со возило - сообраќај
ФОКИМ „Чекор по чекор“
КВАЛИТЕТ ВО ПРАКСА
Основен показател за соодветна интеракција со дете е постоење на поделба
на контролата во интеракцијата помеѓу возрасните и децата – дали се
охрабрува детската иницијатива или се става детето во одредени норми
зборувајќи му што треба да прави.
Epstein ( 2007 ) Поделба на контролата значи „ да се менуваат улогите со
децата на водач и следбеник , говорник и слушател, воспитувач и дете “.
Воспитувачот
• ги поттикнува децата самостојно да учествуваат во
активностите ( не ги извршуваат задачите наместо нив )
• им дава физичка и емоционална сигурност , им пружа помош
кога им е потребна
• им помага да превземат улоги на водачи
• ги вклучува во создавање на правила , дневни рутини и
работи
• ја превзема улогата која децата им ја даваат во играта и ја
следат детската иницијатива
• ги вклучуваат во вреднување на активностите
• ги поттикнуваат децата да го споделуваат она што го научиле
• им даваат содржински позитивни повратни информации за
задачите кои ги извршиле
ФОКИМ „Чекор по чекор“
ЧЕКОР НАПРЕД
Кога воспитувачот во својата пракса проценува кои
интеракции , активности , постапки , правила и
рутини ја спречуваат детската иницијатива и
бараат начини како да ја подобрат.
Стекнуваат предиспозиции за превземање на иницијатива
Развиваат висока самодоверба и самопочитување
Стекнуваат способност за решавање на проблеми и вештини
корисни за животот
Учат тимски да работат , да бидат флексибилни
Да планираат , анализираат , вреднуваат
Проактивно да делуваат и позитивно да реагираат на промени
ФОКИМ „Чекор по чекор“
ПАУЗА ЗА РУЧЕК
ФОКИМ „Чекор по чекор“
ПРИНЦИП 1.2
1.2.Интеракцијата на воспитувачот
придонесува за развој на заедницата за учење
во која секое дете има чувство дека припаѓа и
има потполна поддршка да ги оствари сите
свои потенцијали.
ФОКИМ „Чекор по чекор“
Интеракцијата во помала група или во пар со врсниците е
посебно важна и влијае на интелектуалниот развој,
менталното здравје , самопочитта и подобар успех во
животот.
Воспитувачот /учителот може да ги учи децата на
натпреварување или соработка.
Соработката ги вклучува децата во позитивни и
подржувачки интеракции со другите деца , им помага да
бидат успешни и да ја разберат меѓусебната зависност во
заедницата.
Важен фактор во изградба на заедницата е потребата сите
членови активно да учествуваат и допринесат за нејзино
функционирање.
ФОКИМ „Чекор по чекор“
1.2.1– Воспитувачот / учителот поттикнува
интеракција помеѓу децата која го
подобрува нивниот социјален развој
,постигнува заедничко разбирање ,
взаемна поддршка и чувство на
заедништво.
ФОКИМ „Чекор по чекор“
КВАЛИТЕТ ВО ПРАКСА
На децата треба да им се овозможат заеднички
моменти кога заедно работат, прават резиме за она
што правеле за време на активностите,ужината ,
заедничката средба и заедно планираат.Вештините
како активно слушање,чекање на ред, делење на
материјал, давање помош , тешење, треба да им
бидат представени , именувани и моделирани од
страна на воспитувачот/учителот.
ФОКИМ „Чекор по чекор“
Активност : Аутсајдер
ФОКИМ „Чекор по чекор“
ЧЕКОР НАПРЕД
Децата да се научат да препознаваат кога се сами
или некој друг е исклучен , и да ги користат „Јас
пораките“кога се вознемирени и кога треба да
објаснат зошто не им се допаѓаат одредени
однесувања и како поради тоа се однесуваат , како
и
други корисни стратегии за да ја променат
ситуацијата.
Така децата :
ќе развијат социјални вештини за живот во заедница
ќе стекнат интерперсонална , социјална и емоционална
зрелост
ќе научат повеќе учејќи од своите врсници
ќе бидат повеќе вклучени во учењето , бидејќи е позабавно
ќе научат да покажат почит и интерес за другите
ФОКИМ „Чекор по чекор“
КВАЛИТЕТ ВО ПРАКСА
1.2.2 Воспитувачот/учителот нуди активности во
кои децата учат да разликуваат и да ги
препознаваат сопствените и туѓите чувства и ќе
разговараат за истите.
Улогата на емоционалната интелегенција во
личниот
животен
успех
е
пресудна
за
подготвеноста за учење ( Raver, Izard i Kopp 2002
).
Децата треба да почувствуваат дека нивните
емоции не се осудуваат и дека имаат право на
различни чувства.
ФОКИМ „Чекор по чекор“
ЧЕКОР НАПРЕД
Стекнуваат интерперсонална, социјална , и емоционална зрелост
Се чувствуваат сигурно во изразување на своите чувства бидејќи
знаат дека ќе бидат сфатени
Учат да ги почитуваат разликите
 Учат дека конфликтите можата да се решат ненасилно и на
конструктивен начин
ФОКИМ „Чекор по чекор“
1.2.3
Воспитувачот/учителот
промовира
демократски вредности и го охрабрува детето да
го изрази сопственото мислење и учествува во
донесување на одлуки.
За доброто на заедницата на децата треба да им
се помогне да разберат што можат и што не смеат
да прават , како и што можат да очекуваат од
другите.
ФОКИМ „Чекор по чекор“
Активност :
,,Каменот кој зборува ,,
ФОКИМ „Чекор по чекор“
ЧЕКОР НАПРЕД
Воспитувачот ќе создава ситуации во кои децата ќе
учат да го почитуваат туѓото мислење и ќе
размислуваат за последиците кои различни одлуки
имаат на нив како и на другите .
Децата :
ќе развијат вештини за функционирање како граѓани во
демократско општество
ќе учат како активно да се вклучуваат во заедницата која учи
ќе ги вежбаат демократските односи на структуиран начин и во
сигурно опкружување
ќе ги научат значењата на правилата и зошто се потребни во
заедницата
ФОКИМ „Чекор по чекор“
Со која од овие личности најмногу би сакале
да разговарате?
27.03.13
ФОКИМ „Чекор по чекор“
КВАЛИТЕТ ВО ПРАКСА
1.2.4
Воспитувачот/учителот на разновидни
начини секојдневно го подржува развојот на
јазичните и комуникациските вештини на секое
дете.
Треба да се разбере дека комуникацијата е вештина која се развива.На
децата треба да им се овозможи да прават грешки испробувајќи ги
комуникациските структури кои сеуште ги немаат совладано.Детскиот
говор не треба директно да се исправа , туку воспитувачот да ја
преформулира реченицата користејќи правилен јазичен облик и да го
продолжи разговорот со детето.
ФОКИМ „Чекор по чекор“
КВАЛИТЕТ ВО ПРАКСА
ПРАШАЊЕ :
Што мислите и дали можете да определите колку
во
просек
е
застапен
вашиот
говор
во
занималната а колку на децата?
ФОКИМ „Чекор по чекор“
КВАЛИТЕТ ВО ПРАКСА
ДВЕ МНОГУ ВАЖНИ РАБОТИ КОИ ТРЕБА ДА ГИ ИМАМЕ СЕКОГАШ
ВО ПРЕДВИД :
1. Децата го учат јазикот користејќи го, не само слушајќи го , а
усвојувањето на јазикот е еден од целите кои треба да ги
постигнеме.
2. Децата едноставно се исклучуваат од процесот на учење кога
од нив се очекува само да слушаат.
ФОКИМ „Чекор по чекор“
Прашањата кои им ги поставуваме на децата треба да се
природни и да произлегуваат од реалниот разговор и
потребно е да се чека определено време за да се добие
одговор од детето.
Децата треба да се поттикнуваат меѓусебно да разговараат
во текот на заедничките активности и да се бара од нив да
ги појаснуваат идеите, да предвидуваат , да повторат што
другите деца кажале за да се провери сопственото
размислување.
Да се разберат децата кои не го зборуваат јазикот на
мнозинството и да им помогнат да се чувствуваат сигурно ,
да се охрабруваат да комуницираат и да им се даде време
за да се усвои вториот јазик.
ФОКИМ „Чекор по чекор“
ЧЕКОР НАПРЕД
Воспитувачот оди чекор напред во својата пракса
доколку го разберат процесот на усвојување на првиот
и вториот јазик, да проценат во која фаза се наоѓа
детето во процесот , и да им даде соодветна подршка
во индивидуално изразените јазични способности.
 Ќе развијат свои капацитети за користење на јазикот и
збогатување на речникот
 Ќе стекнат социјална компетенција
 Ќе развијат мислење од повисоко ниво и вештина за
доживотно учење
До подобра интеракциска комуникација
•Комуницирај „ прифаќање “
•Отварачи на врати
•Користи „ прави “ наместо „ не прави “
•Слушај го детето
•Не го прекинувај додека зборува
•Зборувај СО детето, а не НА детето
•Важните барања постави ги цврсто
•Комуницирај со очите
•Користи „ те молам “
•Избегнувај нељубезни зборови
•Разговарај и поставувај отворени прашања
ФОКИМ „Чекор по чекор“
Што мислиш ТИ
за тоа?”
ФОКИМ „Чекор по чекор“
“Добро го направи тоа”
ФОКИМ „Чекор по чекор“
“Те молам…”
ФОКИМ „Чекор по чекор“
“Ти благодарам
на…”
ФОКИМ „Чекор по чекор“
ВРЕМЕ ЗА ПАУЗА
ФОКИМ „Чекор по чекор“
ПРИНЦИП 1.3
1.3.Воспитувачот /учителот воспоставува
интеракција со клучни возрасни личности
за да го подржи детскиот развој и учење
ФОКИМ „Чекор по чекор“

Семејство
Дете
Институции
градинка
училиште,
Локална
заедница
ФОКИМ „Чекор по чекор“
Laevers( 2005 ) Детски потреби
Морални
Вредности
и естетика
Компетентно
Прифатено од другите
Почитување и афирмација
Сигурност
Потреба за топлина,
Нежност, љубов
Базични потреби
( храна и вода, движење, одмор
ФОКИМ „Чекор по чекор“
)
Кога воспитувачот/учителот работи во тим со
други стручнаци –родители, членови на локална
заедница
• се зголемува неговата способност за
задоволување на овие детски потреби
• се користат повеќе стратегии за подучување
• повеќе луѓе се вклучени во планирање и
следење на детскиот развој и развој на
стратегии и активности
ФОКИМ „Чекор по чекор“
КВАЛИТЕТ ВО ПРАКСА
1.3.1Воспитувачот/учителот
во
социјална
интеракција со семејството, колегите и членовите
на заедницата изразува почит , моделира и
промовира таков облик на интеракција.
Кога воспитувачот е љубезен,културен,
заинтересиран и соработува со секоја особа ,
децата имаат добар модел како треба да се
однесуваат.
Родителите и заедницата треба на различни
начини да се охрабрува да се вклучи во
воспитно-образовниот процес.
ФОКИМ „Чекор по чекор“
ЧЕКОР НАПРЕД
Воспитувачите/учителите размислуваат како луѓето можат
да бидат етикетирани или исклучени , како и да имаат
нееднаков третман.
Тогаш децата
Учат да ги ценат различностите
 Стекнуваат самодоверба кога своето семејство и заедницата ги
гледаат како важни членови на заедницата
 Учат дека луѓето можат да учат од секого, дека секој човек има некој
вид на стручност – која не мора да биде академска – и интересно
искуство кое може да го подели со другите
Ги учат социјалните вештини
ФОКИМ „Чекор по чекор“
КВАЛИТЕТ ВО ПРАКСА
1.3.2 Воспитувачот/учителот соработува со други
професионалци во занималната и заедницата со
цел да се подржи детскиот развој и учење.
Воспитувачите ,родителите и стручњаците соработуваат , ја делат
одговорноста за успехот на детето, носат одлуки, решаваат проблеми и
сл.
Заедничкото планирање може да биде во облик на неформален разговор
или однапред планиран состанок.
ФОКИМ „Чекор по чекор“
ЧЕКОР НАПРЕД
Кога воспитувачите/учителите соработуваат со други
професионалци во установата или заедницата тогаш децата
 имаат и други луѓе од кои можат да учат и со кои развиваат односи
 се чувствуваат посигурно бидејќи знаат дека многу луѓе водат
грижа
за нивна физичка и емоционална сигурност и развој.
ФОКИМ „Чекор по чекор“