Музичко образование 3.odp

Download Report

Transcript Музичко образование 3.odp

Содржина на операта
La Traviata(Травијата)-Џузепе
Верди
Џузепе Верди

Џузепе Верди (10 октомври
1813 - 27 јануари 1901) е роден
во скромно гостилничарско
семејство во селото Ле Ронколе
крај гратчето Бусето, Италија.

Опера ја издигнал на највисоко
ниво на нејзиниот дотогашен
развој.

Прв воведува во операта
богата оркестрација и силна
драматика, а поседува и
истенчен смисол за поезија,
претворајќи ја операта во
музичка драма.
Џузепе Верди-Најзначајни оперски
остварувања











“Nabucco”(1842)
“Macbeth” (1847)
“Luisa Miller” (1849)
“Rigoletto” (1851)
“Traviata” (1853)
“Trovatore” (1853)
“Моќта на судбината”
(1862)
“Don Carlos” (1867)
“Aida” (1871)
“Otello” (1887)
“Falstaff” (1893)
Содржина
Травијата (итал. La
Traviata) е опера во три чина
од италијанскиот
композитор Џузепе Верди.
Либретото го напишал
Франческо Марија Пјаве
според драмата Дамата со
камелии (фр. La dame aux
camélias)од Александар
Дима. Премиерата е
одржана на 6. март 1853, во
Театро ла Фениче (итал.
Teatro la Fenice) во Венеција.
 Дејствието се случува во
Париз.
 Оваа опера е многу
популарна и се наоѓа во
стандардниот(железен)
репертоар во сите оперски
куќи во светот.

Главни ликови












Виолета Валери, париска куртизана- сопран.
Флора Бервоа, пријателика на Виолета- сопран.
Алфред Жермон, момче вљубено во Виолета-тенор.
Жорж Жермон, татко на Алфред- баритон.
Гастон, Виконт од Леторјера, пријател на Алфредтенор.
Баронот Дуфол, заштитник на Виолета- баритон.
Маркиз д'Обињи, пријател на Флора- бас.
Доктор Гранвил, бас.
Анина, слугинка на Виолета- мецосопран.
Џузепе, слуга на Виолета- тенор.
Слуга кај Флора, баритон.
Пријатели и слуги на Виолета и Флора- маски (мешан
хор).
Сцена од 1-от чин
1 чин










Забава во салонот на Виолета во куќата во Париз.
Виолета организира забава заедно со нејзините пријатели да го прослават
нејзиното враќање во општествените кругови на Париз, бидејќи била отсатна
заради нејзината болест туберколоза.
Тука се нејзините долгогодишни пријатели меѓу кој е и Гастон заедно со
Алфред.
Гастон и го представува Алфред на Виолета и и вели дека тој е вљубен во неа
цела година, а таа на тоа се подсмева.
Пријателите го повикуваат Баронот да наздрави со Виолета но тој одбива редот
му паѓа на Алфред.Меѓу нив се разменуваат мислења околу љубовта. Алфред
вели дека љубовта е најважна,а Виолета вели забава.
На Виолета и паѓа тешко од болеста оди во друга просторија.
Алфред и изјавува љубов, Виолета ја одбива вели оти тој е младо и чесно
момче и не треба да се вљуби во куртизана.
Тој и остава цвет од камелија и и вели да се видат кога цветот ќе свене.
Виолета не сака да мисли на Алфред бидејќи за неа љубовта е забаваа ,а не
обврска.
Алфред и неговиот цвет постојано се во мислите на Виолета. Таа се вљубува, но
исто така и се плаши од тоа чувство.
2 чин –прва сцена
2 чин- Содржина(прва сцена)






Алфред и Виолета се надвор од Париз на еден селски имот.Три
месеци се заедно и уживаат во нивната љубов.
Алфред забележува оти Виолета ја продава покуќнината за да
му овозможи раскошен живот, тој се чувствува посрамено и оди
во Париз да подигне свои пари од банката.
На имотот доаѓа Жорж Жермон, татко му на Алфред.
Бара голема жртва од Виолета, да го напушти Алфред.
Нејзината лоша репутација влиае негативно на среќата на
неговата ќерка. Таа е вљубена,а нејзиниот свршеник ќе ја
напушти заради оваа нечиста љубов. Виолета го моли да не го
бара ова од неа, затоа што ја нашла љубовта на нејзиниот
живот и таа е со Алфред затоа што многу го сака. Сепак се
сложува, ја занемарува својата среќа и се согласува да го
напушти Алфред.
Му пишува проштално писмо во кое ја занемарува својата
љубов и пишува невистини во кои Алфред поверува.
Таа се враќа во Париз,а Алфред тргнува по неа да и се освети.
2 чин-втора сцена
2 чин-Содржина(втора сцена)







Салон во Париз. Се организира забава под маски. Главна тема на
разговор е завршената љубов помеѓу Виолета и Алфред. На забавата е
дојден и Алфред.
Виолета е во придружба на поранешниот љубовник барон Дуфол, на
масата за карти играат заедно со Алфред.
Алфред зајадливо му дофрла, дека Виолета е со него само заради
неговите пари. Кога ќе ги снема ќе го напушти, како што го напушти и
него. Таа не знае да сака, ги сака само парите. Добиените пари од
карти ги истура врз Виолета.
Виолета скршена од љубов но и од болеста нема сила да му се
спротивстави.
На забавата сите се огорчени од неговото однесување. Баронот Дуфол
за да ја заштити Виолета од навреди го предизвикува Алфред на
двобој.
Во тој момент влегува Жорж Жермон и вели дека никој нема право да
навредува жена во бес, а најмалку Виолета.
Виолета бара од Алфред да и прости оти еден ден кога ќе дознае која
била вистинската причина што го напуштила ќе се срами од ваквото
однесување.
Сцена од 3-от чин
3 чин-Содржина







Виолета е во нејзината спална соба.
Таа е тешко болна од туберкулоза.
Сама е, и напуштена од сите. Со неа е само нејзината верна слугинка
Анина.
Докторот Гранвил ја убедува дека ќе оздрави и ќе и биде подобро, но
Виолета не верува во тоа.
Добива писмо од Жорж Жермон и дознава дека во двобојот баронот
Дувол е ранет, а Алфред е во бегство. И ветува дека на Алфред ќе му
ја каже вистинската причина за нивната разделба. Виолета е очајна и
го чувствува својот крај и си вели дека ќе умре сама, а на нејзиниот
гроб ќе нема никој да и остави барем еден цвет.
Во собата влегува Алфред бидејќи неговиот татко му ја кажува
вистината. Тој и простува на Виолета и разговараат за нивната среќна
иднина исполнета со љубов.
За Виолета нема иднина тоа е нејзиниот крај умира во рацете на
нејзиниот сакан Алфред.
Линкови на најслушаните арии
1.
2.
3.
http://www.youtube.com/watch?v=G2ww7pFw
t74-Libiamo ne'lieti calici
http://www.youtube.com/watch?v=_uzkxQMh
05I-Ah! Fors'e lui
http://www.youtube.com/watch?v=Q9mYZXM
8FvA&feature=related-Di Provenza il mare, il
suol
4.
5.
http://www.youtube.com/watch?v=VSz24jXdg
yY -Invitato qui seguirmi
http://www.youtube.com/watch?v=kT7421m2
5m4&feature=related -Addio del passato