Домен имиња

Download Report

Transcript Домен имиња

мастер студии поделовно право
Домен имиња
Проф. Д-р Јадранка ДабовиќАнаставсовска
Вовед
Што е домен име?
Дефиниција
• Домен име претставува знак за
идентификација што опфаќа поле на
административна автономија, авторитет или
контрола на Интернетот, базирано на системот
на домен име.
• Полето на домен името се состои од три домен
имиња, Секој дел од трите содржи информации
поврзани со домен името. Трите подделови
чинат посебни зони што почнуваат од
основната зона.
Што е домен име?
Делови на домен името
•
•
Домен името се состои од три или повеќе делови, технички наречени знаци.
Знаците се по правило поврзани помеѓу себе со точки што ги разграничуваат
(example.com)
–
–
–
•
Знакот што се наоѓа најдесно го изразува врвниот домен (домен на највисоко ниво); на пр.,
домен името www.example.com му припаѓа на доменот на највисокото ниво.
Хиерархијата на домените опаѓа од десните кон левите знаци во името; секој знак кон
леватаа страна претставува пододдел или поддомен на доменот од десната страна. На пр.,
знакот example претставува поддомен од com доменот, а www е подомен од example.com.
Трипе знаци можат да се состојат од 127 нивоа. Секој знак може да содржи до 63 ASCII
карактери. Полното домен име не може да содржи повеќе од 253 карактери. Во практиката,
некои регистри на домените можат да имаат пократки ограничувања.
Име за хостирање е домен име што има најмалку една поврзана ИП адреса. На пр.,
домен имињата www.example.com и example.com се , исто така, имиња за хостирање,
додека com не е.
Домени на највисоко
ниво
• Домените на највисоко ниво (ДНН) го претставуваат
највисокото ниво на домен имињата на Интернетот.
• Секое домен име завршува со највисоко ниво или знакот
за првото ниво на доменот.
• Постојат две основни категории на ДНН:
– Општи или генерички ДНН (гДНН), и тие вообичаено
вклучуваат .gov , .edu, .mil, .com, .net, .org, и .int
– ДНН со код на земјата (кз ДНН), како што се .eu (Европска
унија), .de (Германија), .fr (Франција), итн.
• Ширењето на Интернетот создава потребза од креирање
на дополнителни генерички ДНН.
– Како во окотмври 2009, постојат 29 гДНН и 250 кзДНН од два
букви.
Домени од второ ниво
• Под доменот на највисоко ниво во
хиерархијата на домен името се наоѓаат
дом,ените од второ ниво (ДВН).
• Ова се имињата што се даоѓаат
непосредно од левата страна на .com, .net,
и другите домени од највисоко ниво.
• Како пр., во wipo.int, wipo доменот од второ
ниво.
Домен имиња од трето и пониско
ниво
• Домен имињата од трето ниво се пишуваат
веднаш на левата страна од домените од второ
ниво.
• Можат да постојат домени од четврто петто
итн. Ниво, без практични никакви
ограничувања.
• Домените од второто или пониските нивоа,
зависно од поставената хиерархија, често се
создаваат на база на името на компанијата,
производот или услугата.
Пример
• Како пример на домен име што
функционира со четири нивоа на знаци на
домен е www.pf.ukim.edu.mk
– ‘www’ што се наоѓа пред домените е името за
хостирање на World-Wide Web серверот.
– Секој знак е одвоен од ругиот со точка.
– ‘pf’ е поддоменот на ukim.edu.mk‘
– ‘ukim' a поддоменот на ‘edu.mk', итн.
• Генерално, поддомените се домени
субординирани на нивниот главен домен.
Историја на домен
имињата
• На 15 март 1985, првото трговско интернет домен име (.com) е
регистрирано под името Symbolics.com од страна на Symbolics
Inc., компанија за компјутерски системи во Cambridge,
Massachusetts.
• До 1992 се регистрирани нешто помалку од 15,000 dot.com
домени.
• Како на 15 март 2010 постојат 84 милиони домен имиња во .com
ДНН, вклучувајќи 1.9 милиони online бизниси и e-commerce
страници, 4.3 милиони страници за забава, 3.1 милиони
страници за финансии, и 1.8 милиони спортски страници.
• Во декември 2009 постоеле 192 милиони домен имиња.
Регистрација на домен имиња
•
•
•
•
Правото на употреба на домен името се доделува од страна на
регистратори на домен имиња акредитирани од страна на Интернет
корпорацијата за доделување на имиња и броеви (ICANN).
Покрај ICANN, секој ДНН е одржуван и технички сервисиран од страна
на административна организација што води регистар.
Регистарот е одговорен за одржување на базата на податоци на имиња
регистрирани регистрирани во рамките на ДНН што тај ги
администрира.
Регистрите и регистраторите вообичаено наплаќаат годишен надомест
за услугите за доделување домен имиња од корисникот и доделување
на стандарден сет од услуги за името.
– Често оваа трансакција се нарекува како продажба или закуп на домен името и
лицето што извршило регистрација понекогаш се нарекува „сопственик“, но
всушност не постои таков правен однос побрзан со трансакцијата, туку само
исклучивото право на употреба на домен името. Поточно, овластените корисници
се познати како „лица што извршиле регистрација“ или „носители на домен“.
Администрација на
ДНН
• Секој ДНН се одржува и технички се сервисира
од страна на админитстративната
организациоја што го води регистарот.
• Регистарот е одговорен за одржување на
базата на податоци на имиња регистрирани во
рамките на ДНН што го администрира.
Регистарот прима регистарски информации од
секој регистратор на домен име овластен да
доделува имиња во соодветниот ДНН и ги
објавува информациите преку користење на
посебна служба, whois протокол.
Администрација на
ДНН
•
Во процесот на регистрирање на домен име и одржување на
авторитет врз создадениот простор на новото име, регистраторите
користат неколку клучни информации поврзани со доменот:
– Административен контакт. Лицето што го регистрира доменот обично именува
административен контакт за менаџирање на домен името. Административниот
контакт вообичаено го има највисокото ниво на контрола врз доменот. Функциите
на менаџирање делегирани на административниот контакт можат да вклучуваат
менаџирање со сите деловни информации, како што се име или запис,
поштенска адреса, и контакт информација за официјалното лице што регистрира
домен, како и обврската да се почитуваат барањата на регистарот на домени со
цел да се одржи правото а употреба на домен името. Понатаму,
административниот контакт поставува дополнителни контакт информации за
технички функции и функции за наплата
– Технички контакт. Техничкиот контакт ги менаџира серверите на домен името.
Функциите на техничкиот контакт вклучуваат обезбедување на прилагоденоста
на конфигурацијата на домен името со барањата на регистарот на имиња,
одржување на записите за домен зони, и пружање на континуирана
функционалност на серверите на името (што води кон достапност на домен
името).
– Наплатен контакт. Страна одговорна за добивање на фактурите за наплата од
страна на регистарот на домен имиња и плаќање на соодветните надоместоци.
Домен имињата и интелектуалната
сопственост
• Што ако регистрирам
– www.cocacola.com.mk
• Принципот „прв дојден – прв услужен“
може да резултира со регистрација,
комерцијализација или употреба на домен
името во лоша верба и намера за се
профитира од клиентелата или трговската
марка што му припаѓа на некој друг.
.eu
Историја на единствениот ДНН .eu
• Во 1999 Европскиот Совет за започнува дискусијата за
единствени ДНН за Европа.
• На 22 април 2002, е усвоена Регулативата на Европскиот
Парламент и на Советот за имплементација на интернет
доменот на највисоко ниво ".eu".
• Во мај 2003, Европската Комисија го наименува EURid како
оператор на .eu регистарот.
• Во март 2005 .eu доменот е додаден како основна зона во
Интернет системот на домен имиња.
• Во декември 2005, EURid отпочнува со прием на барања за .eu
домен имиња, на лимитирана основа.
• Во април 2006, започнува општа регистрација на .eu домен
имиња.
Правна рамка
Правна основа
• ЕЗ Регулатива 733/2002 (22 април 2002), усвоена од Европскиот
Парламент и од Советот, предвидува дека новиот ДНН треба да
се менаџира и раководи од страна на приватна, непрофитна
организација постата како .eu Регистар.
• ЕЗ Регулатива 874/2004 (28 април 2004), усвоена од Комисијата
за имплементација на ЕЗ Регулативата 733/2002, поставува
правила на јавната политика како што се шпекулативните и
злоупотребувачки регистрации на домен имиња, интелектуална
сопственост и други права, прашања за јазикот и географските
концепти, како и вонсудско решавање на споровите.
• Регулатива на Комисијата (EЗ) бр. 560/2009 од 26 јуни 2009 за
дополнување на Регулативата (ЕЗ) бр. 874/2004 за поставување
на правилатаа на јавната политика во врска со
имплементацијата и функциите на .eu ДНН и принципите за
регистрација (текст со ЕЕО важност)
Правна рамка
Друга релевантна легислатива
• Регулатива на Комисијата (ЕЗ) бр. 1654/2005 од
10 октомсври 2005 за дополнување на
Регулативата (ЕЗ) бр. 874/2004 за поставување
на правилата на јавната политика за
имплементацијата и функциите на .eu ДНН
принципите во врска со регистрацијата
• Регулатива на Комисијата (ЕЗ) бр. 1255/2007 of
25 октомври 2007 за дополнување на
Регулативата (ЕЗ) бр. 874/2004 за поставување
на правилата на јавната политика за
имплементацијата и функциите на .eu ДНН
принципите во врска со регистрацијата
Имплементација на .eu ДНН
Начело
• Создавањето на .eu ДНН е вклучено како една од целите за
забрзување на електронската трговија во рамките на e-Europe
иницијативата подржана од страна на Европскиот Совет на
неговиот состанок во Лисабон од 23 и 24 мај 2000.
• .eu ДНН треба да ја промовира употребата на, или пристапот
до, Интернет мрежите и до виртуелните пазари базирани на
Интернетот, во согласност со чл. 154(2) од Спогодбата, преку
пружање на комплементарна регистрација на домените на
постојните кодови на земјите ДНН (кзДНН) или глобална
регистрација во генеричкиот ДНН, и треба како последица да
доведе до зголемување на изборот и конкуренцијата.
• Преку .eu ДНН, Интернет пазарот треба да добие повисока
видливост базирана на Интернетот, преку пружање на јасно
идентификувани врски со Заедницата, релевантната правна
рамка и Европскиот пазар.
Имплементација на .eu ДНН
Цели
• Целта на оваа Регулатива е да ги
воспостави условите за
имплементација на .eu ДНН, да создаде
основа за Регистар и да ја постави
генералните политичка рамка во
рамките на која ќе функционира
Регистарот Националните кзДНН не се
покриени со оваа Регулатива.
Имплементација на .eu ДНН
Регистра
•
•
•
•
•
Регистарот е тело надлежно за организацијата, адеминистрацијата и
раководењето на .eu ДНН , вклучувајќи го одржувањето на соодветните
бази на податоци и поврзаните служби за јавно информирање,
акредитацијата на регистратори, регистрацијата на домен имињата
пријавени од акредитираните регистратори, функционирањето на ДНН
серверите за имиња и дисеминација на .eu ДНН дисиејата на зони.
„Регистратор“ значи лице или тело кое, во контакт со регистарот, им
пружа услуги на регистрација на домен име на регистрантите (лицата
што регистрираат домен имиња).
Службите за јавно информирање поврзани со .eu ДНН се именуваат
како ‘Who is’ информирање.
‘Who is’ типот на бази на податоци се во согласност со правото на
заедницата за заштита на податоците и приватноста.
Пристапот до овие бази на податоци пружа информации за носителот на
домен името и е суштествена алатка за подигање на довербата на
корисниците.
Имплементација на .eu ДНН
Право на .eu ДНН
• Регистрација на сомен имиња во рамките
на .eu ДНН може да биде побарана од:
– Потфат што има регистрирано седиште,
централна администрација или главно
седиште на бизнис во рамките на Заедницата,
или
– Организација основана во рамките на
Заедницата без влијание на примената на
националното право, или
– Физички лице со престојуваните во рамките на
Заедницата;
Имплементација .eu ДНН
Зачувување на права
• Со Регулативата, Заедницата ги
задржува сите права поврзани со .eu
ДНН вклучувајќи, особено, права на
интелектуална сопственост и други
права врз базите на податоци на
Регистарот потребни за осигурување на
имплементацијата на оваа Регулатива и
правото на определување нов Регистар.
Правила на јавната политика и
принципи на регистрација
• Регулатива на Комисијата (ЕЗ) бр.
874/2004 за поставување на правилата
на јавната политика за
имплементацијата и функциите на .eu
ДНН принципите во врска со
регистрацијата
Принципи на регистрација
• Определено домен име ќе биде
доделено на употреба овластено лице,
чие барање е примено најпрво од
Регистарот на технички исправен начин
и во согласност со Регулативата.
• Принцип „прв дојден – прв услужен“.
• Откако домен името е регистрирано .
Овластени лица и имиња што можат
да ги регистрираат
•
Носителите на претходни права признаени или воведени од страна на
националното и/или правото на Заедницата и јавните тела се
овластени да поднесат барање за регистрација на домен имиња преку
фазна регистрација пред отпочнувањето на општата регистрација .eu
домени.
– ‘Претходни права’ се оние што вклучуваат, меѓу другото, регистрирани
национални и комунитарни трговски марки, географски ознаки или ознаки на
потеклото и, доколку се заштитени според националното право на земјите
членки: нерегистрирани трговски марки, трговски имиња, означувачи на бизнисот,
фирми, семејни имиња и дистинктивни знаци или заштитени литературни или
уметнички дела.
•
Регистрацијата врз основа на претходно право се состои од
регистрацијата на потполното име за кое постои претходното право,
како што е напишано во документацијата што го докажува постоењето
на правото.
Укинување на домен име
• Регистарот може да отповика домен име на сопствена
иницијатива и без подложување на спорот на било кој метод на
вонсудско решавање на споровите, исклучиво на следниве
основи:
– (a) втасани неплатени долгови што му се должат на Регистарот;
– (b) неисполнување од страна на носителот на основните
критериуми;
– (c) прекршувањето на условите за регистрација од страна на
носителот.
• Регистарот му праќа известување на носителот на домен името
и му остава можност да ги преземе соодветните мерки.
• Укинувањето на домен име, а каде што е потребно и негово
последователен пренос, може исто така да се изврши по пат на
одлука издадена од тело за вонсудско решавање на споровите.
Приговор на
регистрација
• На регистрацијата на било кое .eu домен име за кое
странка верува дека е регистрирана од шпекулативни или
злоупотребувачки причини може да и се приговори.
• На регистрациите на домен име може секогаш да им се
приговори пред редовен суд, но множеството .eu спорови
се решаваат преку користење со алтернативни начини на
решавање на споровите (ADR).
• Правна основа за ADR постапка, шпекулативна или
злоупотребувачка регистрација е онаа каде:
– Регистрираното .eu домен име е идентично или збунувачки
слично со друго име за кое веќе постои претходно право, и
– Носителот на домен името нема легитимен интерес за името
или го употребува во лоша верба.
• Постапката е регулирана со Регулативата.
Приговор на регистрација
Легитимен интерес
• Легитимен интерес постои онаму каде:
– пред било кое известување за ADR постапка, носителот на
домен името го користел истото или име кореспондентно со
него во врска со нудењето на стоки или услуги или направил
демонстративни подговорки за ова;
– (b) носителот на домен името кој е претприемач,
организација или физичко лице е општо познат по домен
името, дури и во отсуство на право признаено или
воспоставено од националното и/или комунитарното право;
– (c) носителот на домен името врши некомерцијална и
легитимна употреба или фер употреба на домен името, без
намера да ги измами потрошувачите или да ја повреди
репутацијата на име за кое правото е признаено или
воспоставено од националното и/или комунитарното право.
Приговор на регистрација
Легитимен интерес
•
Лоша верба постои онаму каде:
– (a) околностите покажуваат дека домен името е регистрирано или прибавено со
цел за продажба, изнајмување или друг пренос на домен името на носителот на
име во поглед на кое постои право признаено или воспоставено од националното
и/или комунитарното право;
– Домен името е регистрирано со цел да се спречи носителот на такво име во
поглед на кое постои право признаено или воспоставено од националното и/или
комунитарното право, или на јавно тело од рефлектирање на ова име во
коресподентно домен име, под услов:
•
•
•
Да може да се покаже шема на такво однесување од страна на регистрантот; или
Домен името не било користено на релевантен начин најмалку две години од датумот на
регистрација; или
Во околностите кога, во времето кога ADR постапката е иницирана, носителот на домен
име во поглед на кое постои право признаено или воспоставено од националното и/или
комунитарното право или носителот на домен име на јавно тело ја декларирал неговата
намера да го користи домен името на релевантен начин но пропуши да го направи ова
во период од шест месеци од денот на поведување на ADR постапката;
Приговор на регистрација
Легитимен интерес
– (c) домен името е примарно регистрирано со цел за попречување
на професионалните активности на конкурент; или
– (d) домен името е намерно користено за привлекување на Интернет
корисниците, со цел за комерцијална добивка, на веб страницата
на носителот на домен името или дгуга on-line локација, преку
создавање веројатност на забуна со име на кое постои право
признаено или воспоставено од националното и/или комунитарното
право или име на јавно тело, со тоа штом оваа веројатност
произлегува во поглед на извор, спонзорство, поврзаност или
подржување на веб страницата или локацијата или производот или
услугата на веб страницата или локацијата на носителот на домен
името; или
– (e) регистрираното домен име е лично име за кое не постои
демонстративна врска помеѓу носителот на домен името и
регистрираното домен име.
Приговор на регистрација
Сајберсвотинг
•
•
•
Споровите за домен имиња настануваат главно од практиката на
сајбесквотинг, која вклучува офанзивна регистрација на трговските
марки на трети лица како домен имиња.
Сајберсквотерите го ползуваат принципот „прв дојден – опрв услужен“
на регистрацијата на домен имињата за да би регистрираат имињата
на трговски марки, познати лица или бизниси со кои овие немаат
никаква врска.
Бидејќи регистрацијата на домен имињата е релативно едноставна,
сајберсквотерите можат да регистрираат бројни примери на такви
имиња како домен имиња. Коко носители на овие регистрации,
сајберсквотерите често го ставаат дом,ен името на продажба, или им го
нудат за продажба непосредно на засегнатите лица или компании, за
цени што се над трошоците за регистрација. Алтернативно, тие ја
задржуваат регистрацијата и го користат името на бизнисот или лицето
поврзани со тоа домен име за да привлечат бизнис на нивната
страница.
Трговија и преноси
• Носителите на .eu домен името можат
да ги пренесат нивните домен имиња на
други лица или ораганизации трговија.
• Носителите на .eu домен името можат,
сито така, да го пренесат менаџирањето
на нивното .eu домен име од еден
акредитиран регистар на друг - пренос.
Како настанува трговијата?
1.
2.
3.
4.
Организацијата или лицето што го презема .eu домен
името од носителот мораат да побараат акредитиран .eu
регистар да го контактира EURid за нивна сметка и да ја
побара трговијата.
Откако EURid го добие барањето им праќа на актуелниот
и идниот носител email со кој бара од нов да потврдат
дека сакаат трговијата да продолжи, во рок од 14 дена.
Ако ниеден или само еден од трговците потврди,
трговијата истекува. Ако двајцата потврдат, трговијата е
одобрена.
После одобрувањето, EURid ја ажурира .eu WHOIS
базата на податоци. Нов период на регистрација почнува
за новиот носител на домен името.
.eu
Статистика
• Збирбни регистрации (05.06.2010, во 10:15)
•
Збирни регистрации по
квартали (податоците не
вклучуваат податоци од
Бугарија, Кипар, Грција и
Малта)