Парнична постапка - основни начела на парнична

Download Report

Transcript Парнична постапка - основни начела на парнична

ПРАВЕН ФАКУЛТЕТ „ЈУСТИНИЈАН ПРВИ“
ГРАЃАНСКО ПРОЦЕСНО ПРАВО
Тема:
1. Основни поими на парничната
постапка
2. Начела на парничната постапка
1. ПОИМ ЗА ПАРНИЧНАТА ПОСТАПКА
•
Парничната постапка е основен и редовен метод на заштита на повредените и
загрозените граѓански субјективни права од страна на надлежни државни органи
– судови
•
Парничната постапка претставува со закон регулирано постапување на судот,
странките и другите учесници во постапката, насочено кон определена цел –
заштита на повредените или загрозените граѓански субјективни права
•
Вкупноста на процесните дејствија што ги преземаат процесните субјекти,
односно вкупноста на процесните односи што се воспоставуваат меѓу субјектите
кои учествуваат во судското расправање и одлучување за определени правни
односи ја сочинува парничната постапка
2. ПРЕДМЕТ НА ПАРНИЧНАТА ПОСТАПКА
•Чл. 1 од ЗПП
Според правилата на парничната постапка судот расправа и
одлучува за основните права и обврски на човекот и граѓанинот
во споровите од личните и семејните односи, од работните и од
трговските односи, како и од имотните и другите
граѓанскоправни односи. Судот расправа и одлучува за
споровите од наведените правни односи секогаш, освен ако за
некои од наведените спорови со посебен закон не е предвидено
судот да одлучува според правилата на некоја друга постапка
3. КАРАКТЕРИСТИКИ НА ПАРНИЧНАТА ПОСТАПКА
•Редовен метод на заштита на граѓанските субјективни права
 Во парничната постапка судот одлучува во споровите од определен круг
правни односи секогаш, освен ако со закон за некои од тие спорови не е
определено за нив судот да решава според правилата на некоја друга
постапка
•Спорна (контенциозна) постапка
 Контенциозноста
постапка
не е секогаш суштествено обележје на парничната
•Когнициска постапка ( постапка на пресудување)
 Во парничната постапка судот расправа и одлучува, односно ја определува
содржината на правната заштита
4. СТРУКТУРАЛНИ БЕЛЕЗИ НА ПАРНИЧНАТА ПОСТАПКА
•Шема на парничната постапка во субјективна смисла
 Текот на парничната постапка и нејзината формална содржина се пропишани
со закон
 Парничната постапка започнува со поднесување тужба до судот (чл. 175 од
ЗПП)
 Тужбата е иницијално парнично дејствие, со чие поднесување титуларот на
субјективното право, како страна на спорниот материјалноправен однос,
станува странка во парничната постапка, парнична странка – ТУЖИТЕЛ (actor)
 Тужбата е упатена до судот, како надлежен орган
 Тужбата се поднесува против другата страна на спорниот материјалноправен
однос. Таа страна во поведената парнична постапка станува парнична странка
– ТУЖЕН (reus)
4. СТРУКТУРАЛНИ БЕЛЕЗИ НА ПАРНИЧНАТА ПОСТАПКА
•Шема на парничната постапка во субјективна смисла
Постоењето на двете парнични странки – тужител и тужен е
задолжително за егзистенција на парничната постапка
Парничната постапка има бипартитно (двостранкарско)
устројство
Наједностава шема на парничната постапка во субјективна
смисла
Двете парнични странки и судот
Processus est actus trium personarum – actoris, rei, iudicis
(Bulgarus)
Усложнување на шемата на парничната постапка во
субјективна смисла
4. СТРУКТУРАЛНИ БЕЛЕЗИ НА ПАРНИЧНАТА ПОСТАПКА
•Шема на парничната постапка во организациона смисла
 Парничната постапка е законски организирана во степени, стадиуми и фази
 Правостепената парнична постапка претставува единствена процесна
целина, но е сочинета од повеќе процесни целини (стадиуми и фази)
 Стадиум - подготвување на главната расправа (фази: претходно
испитување на тужбата, доставување на тужбата на тужениот за одговор,
подготвително рочиште и закажување на главна расправа)
 Главната расправа како централен стадиум на првостепената постапка
 Стадиум - донесување на одлука
 Второстепена парнична постапка се иницира со поднесување на жалба како
редовен правен лек
 Постапка по вонредни правни лекови
 Општа парнична постапка (lex generalis) и посебни парнични постапки (lex
specialis)
5. ПАРНИЦА
•Поим за парница и нејзиниот однос со парничната постапка
 Терминот парница етимолошки потекнува од латинскиот збор lis, litis кој значи
спор, расправија, кавга
 Парницата претставува поединечна парнична постапка
 Разликата меѓу парничната постапка и парницата се сведува на разлика меѓу
општото и поединечното
 Процесни моменти кои укажуваат на тоа дека парничната постапка и
парницата се две различни процесни категории
 Разликување по моментот на својот почеток (настанување) (чл. 175 и чл. 184 ст. 1
од ЗПП)
 Разлики во подоцнежните развојни стадиуми (застои во развојот на парничната
постапка, иако во целиот период тече парницата)
 Конкретна парница може да се состои од една или повеќе последователни или
паралелни постапки
ПРОЦЕСНИ ПРЕТПОСТАВКИ
• Поим за процесни претпоставки
 Правно релевантни околности или услови од чие постоење зависи дозволеноста за
поведување на парничната постапка, расправањето во парницата и донесувањето на
мериторна одлука за основаноста на тужбеното барање (поведување, тек и
довршување на постапката).
 Од нив зависи дозволеноста на постапката за давање правна заштита, што е различно од
основаноста на барањето за правна заштита.
• Видови процесни претпоставки
 Општи и посебни
 Позитивни и негативни
 Апсолутни и релативни
 Процесни претпоставки кои се однесуваат на судот
 Процесни претпоставки кои се однесуваат на странките
 Процесни претпоставки кои се однесуваат на предметот на спорот
• Расправање и одлучување за процесните претпоставки
• Значење на процесните претпоставки
ПОИМ ЗА НАЧЕЛА НА ПАРНИЧНАТА ПОСТАПКА
•Базични смерници, идејни мисли, патокази, општи и основни правила насочени
кон определена цел
•Преку нив се манифестираат одредени правно-политички и правнотехнички цели
кои се остваруваат во парничната постапка
•Ги изразуваат суштествените карактеристики на постапката и претставуваат
патоказ и идеја за обликување на процесните институти
•За успешно остварување на целите кои се поставени пред нив, процесните
начела мораат да бидат во хармонична коегзистенција
•Значење на начелата на парничната постапка
1.
За законодавецот - при определување на физиономијата и нормирањето
на процесните институти
2.
За судијата – при примена и интерпретација на процесните правила
НАЧЕЛО НА ДИСПОЗИЦИЈА И НАЧЕЛО НА ОФИЦИЈАЛНОСТ
•
Чија е иницијативата за поведување на постапката, нејзиниот развиток и престанокот, располагањето
со предметот на спорот и процесниот материјал?
1. Систем на диспозиција – иницијативата е во рацете на странките
2. Систем на официјалност – иницијативата зависи од судот
•
Иницијатива за поведување на постапката:
Nemo iudex sine actore, ne precedat iudex ex officio
„Парничната постапка се поведува со тужба“ (чл. 175 од ЗПП)
•
Одржување на постапката во тек
•
Одредување на предметот на парницата
Ne eat iudex ultra et extra petita partium
„Во парничната постапка судот одлучува во границите на барањата поставени во
постапката“ (чл. 2 став 1 од ЗПП)
•
Располагање со предметот на постапката
„Странките можат слободно да располагаат со барањата што ги ставиле во текот на
постапката“ (чл. 3 став 1 од ЗПП)
•
Недозволени располагања со предметот на постапката (чл. 3 став 3 од ЗПП)
•
Управување со постапката во материјална и формална смисла ?
РАСПРАВНО И ИСТРАЖНО НАЧЕЛО
•
Работни методи кои одговараат на прашањето нa кого е иницијативата за собирање на
фактичкиот и доказниот материјал врз основа на кој судот одлучува за меритумот на
спорот
 Da mihi factum dabo tibi ius
 Iura novit curia
•
Расправното и истражното начело според македонскиот процесен режим – чл. 7 од ЗПП
 ЗПП од 2005 vis-a-vis ЗПП од 1998
•
Конкретизација на расправниот принцип во ЗПП
•
Истражното начело како коректив на расправниот принцип
 Заштита на јавниот интерес изразен во чл. 3 став 3 од ЗПП
•
Начелото на т.н. отворено правосудење
НАЧЕЛО НА СОСЛУШУВАЊЕ НА СТРАНКИТЕ
•
„Судот на секоја странка ќе и даде можност да се изјасни за барањата и наводите на
противната странка“ (чл. 5 став 1 од ЗПП)
•
Суштина на начелото на сослушување на странките
 Обезбедување на процесната рамнотежа на странките во постапката
 Обезбедување на контрадикторна постапка
 Судот во дискусијата на странките гледа извор на сознание за фактите релевантни за
решавање на спорот
•
Овластување или должност на странките да расправаат пред судот
 Систем на афирмативна литисконтестација
 Систем на негативна литисконтестација
 Систем на неопределен став спрема неактивноста на странките
 Став на македонското процесно право?
•
Инструментализација на принципот низ одредбите на ЗПП
•
Повреда на принципот на контрадикторност
НАЧЕЛО НА УТВРДУВАЊЕ НА ВИСТИНАТА
•
Судот треба точно и правилно да ги утврди фактите од кои зависи донесување на правилна и
законита одлука
•
Што претставува вистината?
•
Вистината во процесното право
 Три степени на сознание за вистината на фактите
 Сигурност
 Убеденост
 Веројатност
 Со кој степен на сознание парничниот суд најчесто ја утврдува вистината?
•
Разлики во концептот на барање на вистината според ЗПП од 1998 и ЗПП од 2005
•
Конкретизација на начелото на утврдување на вистината
•
Процесни одредби кои според својата содржина го ограничуваат остварувањето на начелото
на барање на вистината (чл. 211, чл. 147 став 3, чл. 250 став 2 од ЗПП)
•
Контрола на вистината утврдена од првостепениот суд
 Погрешно и нецелосно утврдена фактичка состојба
 Појава на нови факти и докази по правосилноста на пресудата
НАЧЕЛО НА СЛОБОДНА ОЦЕНА НА ДОКАЗИТЕ
•
Методи за оцена на доказите
1. Систем на слободна оцена на доказите
2. Систем на легална оцена на доказите
•
Оцена на доказите според македонскиот процесен режим
 Чл. 8 од ЗПП: „Кои факти ќе ги земе како докажани одлучува судот по свое
убедување врз основа на совесна и грижлива оцена на секој доказ посебно и на сите
докази заедно, како и врз основа на резултатите од целокупната постапка“
•
Слободна оцена на доказите и одлучување според слободна оцена – синоними или не
???
НАЧЕЛО НА УСНОСТ И ПИСМЕНОСТ
•
Процесни начела кои се однесуваат на формата во која се преземаат процесните
дејствија во постапката
•
Предности и недостатоци на предметните работни методи
•
Застапеност на начелото на усност и начелото на писменост според ЗПП
• Комбинација на двете начела
 Судот одлучува за тужбеното барање, по правило, врз основа на усно
расправање – чл. 4 од ЗПП
 Ако за одделни дејствија со закон не е определена формата во која можат да се
преземат, странките ги преземаат парничните дејствија писмено надвор од
рочиште или усно на рочиште – чл. 13 од ЗПП
•
Повреда на прописите за формата
НАЧЕЛО НА НЕПОСРЕДНОСТ
•
Начин на кој се собира процесниот материјал, со цел да се утврдат правно релевантните факти
•
Правило за начинот на изведување на доказите
•
Суштина на начелото на непосреднсот
 Помеѓу судот и изворот на информации да нема посредник
 Истиот суд кој врши перципирање на доказниот материјал да одлучува за доказната вредност на
доказните средства
 Донесување на одлука веднаш по заклучување на рочиштето на кое е собран процесниот
материјал
•
Судот одлучува за тужбеното барање, по правило, врз основа на непосредно расправање – чл. 4 од
ЗПП
•
Застапеност на непосредноста во одделни степени на парничната постапка
•
Новина во ЗПП - Чл. 301 став 3 од ЗПП – „Ако рочиштето се одржува пред изменет состав, главната
расправа ќе продолжи...“ - Дали е непосредноста загрозена???
•
Повреда на одредбите кои ја уредуваат непосредноста
НАЧЕЛО НА ЈАВНОСТ
•Jавноста како уставен принцип
 Расправата пред судовите и изрекувањето на пресудата се јавни – чл. 102 став 1 од УРМ
•Како се остварува начелото на јавност во парничната постапка?
•Што се обезбедува преку начелото на јавност?
•Видови на јавност
 Општа јавност (јавност во поширока смисла, публика)
 Посебна јавност (јавност во потесна смисла, јавност на странките)
•Јавноста според ЗПП
 „Главната расправа е јавна“ – чл. 292 став 1 од ЗПП
•Ограничување на начелото на јавност – чл. 292 став 2 и 3 и чл. 294 став 2
•Исклучување на јавноста
 Со закон
 Со одлука на парничниот суд – чл. 293 од ЗПП
•Повреда на правилата за јавност
НАЧЕЛО НА СОВЕСНО КОРИСТЕЊЕ НА ПРОЦЕСНИТЕ ОВЛАСТУВАЊА
•
Совесноста како правен стандард според кој се оценува правилноста во остварувањето и вршењето на
субјективните права
•
Совесноста како процесен стандард –должност на странките чесно да се парничат, да ги користат процесните
овластувања за онаа намена за која се тие признати
•
Конкретизација на начелото на совесно користење на процесните овластувања
•
Видови нечесно парничење
 Парничење од обест
 Симулирана парница
 Процесна измама
•
Санкции за попречување на злоупотребата на процесните овластувања
 „Судот е должен да ја оневозможи секоја злоупотреба на правата што на странките им припаѓаат во
постапката“ – чл. 10 став 1 од ЗПП
 Превентивни мерки
 Репресивни мерки
 Парични казни
 Отфрлање и неуважување на парничните дејствија на странките
 Надоместување на парничните трошоци
 Надомест на штета
•
Влијанието на злоупотребата на процесните овлостувања на правосилната судска одлука
НАЧЕЛО НА КОНЦЕНТРАЦИЈА НА ПОСТАПКАТА И ЕДИНСТВО
НА ГЛАВНАТА РАСПРАВА
•
Чл. 297 став 2 од ЗПП – Претседателот на советот, односно судијата поединец е должен да се
грижи предметот на спорот сестрано да се претресе, но постапката поради тоа да не се
одолжува, така што расправата по можност да се доврши на едно рочиште
 Методи за обезбедување на концентрацијата на постапката и единството на главната
расправа
 Метод на строгиот законски ред (начело на евентуалност)
 Метод на арбитрерност (целесообразен ред)
 Кој метод го прифаќа ЗПП?
•
Концентрација на дејствија (временска концентрација) – се обезбедува преку процесниот
режим на роковите и рочиштата
•
Концентрација на процесниот материјал (содржинска концентрација) – се обезбедува преку
бројни процесни правила и установи
•
Отстапување од методот на арбитрерност и од единството на главната расправа
 Систем на преклузии