Sofija_Процесно-управување-Во

Download Report

Transcript Sofija_Процесно-управување-Во

1 П

РОЦЕСНО УПРАВУВАЊЕ

Т ЕХНОЛОШКИ ПРОЦЕСИ ВО ИНДУСТРИЈАТА НАСТАВНИЦИ – СОФИЈА ТЕМКОВА АЛЕКСАНДРА МАТЕСКА

В

ОВЕД

  Предметот Процесно управување не запознава со дигиталното автоматско управување на технолошките процеси во индустриските апарати, машини и постројки, т.н. дигитално управување во реално време.

Контролата кај процесните индустрии претставува управување и регулирање на сите аспекти на процесите.

 Прецизната контрола на нивото, температурата, притисокот, протокот и слично е важна во многу процесни индустрии.

2

Т

ЕХНОЛОШКИ ПРОЦЕСИ ВО ИНДУСТРИЈАТА

Се запознаваме со:

   Значењето на процесното управување; Основните теории и поими кај процесното управување; Карактеристиките на технолошките процеси;  Физичките, хемиските и другите карактеристики на технолошките процеси во различни индустриски гранки;

3

С

ОДРЖИНА

 Поим за технологија    Поим за технолошки процес Поим за процесно управување Поделба на технолошките процеси

4

Ш

ТО Е ТЕХНОЛОГИЈА

?

 Технологија претставува практична примена на науката и вештините (техниките), со цел развој на решенија кои ги задоволуваат нашите потреби или ги решаваат нашите задачи.

ТЕХНОЛОГИЈА

НАУКА ТЕХНИКИ 5

Ш

ТО СЕ ТЕХНОЛОШКИ ПРОЦЕСИ

?

 Технолошките процеси ги опфаќаат методите кои се применуваат врз ресурсите за да се добие краен продукт.

 Процесни индустрии се:   Хемиската Нафтената     Прехрамбената Фармацевската Водоводната и Енергетската индустрија

6

П

РОЦЕСНО УПРАВУВАЊЕ

  Процесното управување опфаќа методи кои се користат за управување со процесните променливи при производството на еден продукт.

 Пример, фактори како пропорции или димензии при премин од една состојка до друга, температурата на материјалите, како се измешани состојките, притисокот кој дејствува на материјалите и др. може битно да влијаат на крајниот продукт.

Технологијата на процесното управување е алатка која им овозможува на производителите да го одржуваат производството во наведените граници за зголемување на профитабилноста, квалитетот и сигурноста.

7

П

ОТРЕБА ОД ПРОЦЕСНО УПРАВУВАЊЕ

 Производителите ги контролираат производствените процеси поради три причини  Да се намали променливоста   Да се зголеми ефикасноста (квалитетот) Да се осигура безбедноста

8

Н

АМАЛУВАЊЕ НА ПРОМЕНЛИВОСТА

1/2   Управувањето со процесите може да ја намали променливоста на финалниот производ, со што ќе се осигура константно високо квалитетен производ.

Производителите ќе заштедат пари со намалување на променливоста.  Пример во процес на мешање на бензин, може преку 12 различни компоненти да бидат измешани за да се направи специфична класа на бензин, Во рафинеријата доколку немаат прецизна контрола врз истекувањето на различните компоненти, може да се добие бензин кој содржи повеќе високооктански компоненти. Како резултат на ова муштериите ќе купуваат високо квалитетен бензин за ниска цена така што рафинеријата ќе оди во минус. Обратна ситуација би била муштериите да плаќаат поскап бензин отколку што вреди.

9

Н

АМАЛУВАЊЕ НА ПРОМЕНЛИВОСТА

2/2   Со намалување на променливоста може да се заштеди на потребата на менување на продуктот до задоволување на неговите барани карактеристики.

Кога има променливост во крајните продукти, односно кога управувањето на процесите е “сиромашно”, производителот мора да го менува финалниот производ да ги постигне саканите спецификации, а тоа значи додатни трошоци.

10

З

ГОЛЕМУВАЊЕ НА ЕФИКАСНОСТА

(

КВАЛИТЕТОТ

)  Повеќето процеси иаат потреба да бидат одржувани на некоја “точка” за да се добие максимален квалитет со минимум ресурси.

 Пример, контролна точка може да биде температурата на која се одвива некоја хемиска реакција. Прецизната контрола на температурата, значи зголемена ефикасност на процесот и зачуван квалитет.

 Производителите заштедуваат со тоа што ги намалуваат на минимум ресурсите кои се потребни за финалниот производ.

11

З

ГОЛЕМУВАЊЕ НА БЕЗБЕДНОСТА

  Процесите, како нуклеарните или хемиските реакции, може да бидат фатални ако производителот нема прецизна контрола брз сите процесирања.

Значи прецизната контрола на процесите е многу важна за да се осигура безбедноста.

 Пример, контролата и одржувањето на притисокот во еден котел е многу важна и се врши преку контрола на доводот на воздух потребен за согорување во котелот и контрола на истекот на издувните гасови. Доколку притисокот ја надмине критичната вредност, може да дојде до несакани последици кои ќе ја доведат во прашање безбедноста на работниците.

12

К

ОНТРОЛЕН ЦИКЛУС

 Да разгледаме еден прост пример:  Замисли дека седиш покрај камин во некоја ладна ноќ. Температурата во собата паѓа пониско од онаа на која се чувствуваш удобно и почнува да ти студи па фрлаш повеќе дрва во каминот за да ја зголемиш температурата.

 Ова е пример за контролен циклус  Доколку температурата падне под сет точката (посакуваната вредност) тогаш треба да се дејствува за да се поврати, т.е. да се стават дрва во каминот, да се додаде гориво во печката или слично. После тоа циклусот ќе остане статичен додека повторно температурата не се намали или зголеми од саканата вредност.

13

Т

РИ ОСНОВНИ ЗАДАЧИ

  Управуваните контролни циклуси во процесните индустрии работат на истиот принцип преку три основни задачи и тоа:  Мерење   Споредување Додавање Еден пример со мерење на нивото на еден флуид:  Контролерот LT (level transmitter) го мери нивото на резервоарот и го пренесува сигналот до контролерот LIC (level indicating controller). Тој го споредува прочитаниот сигнал со саканиот сигнал (сет точката) и доколку нивото е повисоко праќа сигнал до вентилот за да се испушти одредено ниво на течност од резервоарот.

14

И

ЗРАЗИ ВО ПРОЦЕСНОТО УПРАВУВАЊЕ

 Процесна променлива    Сет-точка (Setpoint) Мерна и манипулирана променлива Грешка    Големина на грешка Степен на промена на грешка Времетраење на грешка  Офсет   Нарушување Контролен алгоритам

15