Недела 2

Download Report

Transcript Недела 2

ТРУДОВО ПРАВО
Проф. Д – р Тодор Каламатиев
Втора недела
Тема 1: Воведни напомени втор дел
Тема 2: Создавање и развој на
трудовото право и законодавство
Kodifikacija i unifikacija na trudovoto


pravo
Кодификација во трудово право –
систематизација и класификација на
одредбите и институциите од областа
на трудовото право во еден кодекс
Во Република Македонија се
манифестира преку донесување на еден
закон за трудот - Законот за работни
односи
Kodifikacija i unifikacija na
trudovoto pravo

Унификација во трудово законодавство
– единствено законодавство од областа
на трудот, со гаранции за нејзина
примена кон сите граѓани на
територијата на една држава
Односи на трудовото право со други
правни дисциплини
ТРУДОВО ПРАВО
УСТАВНО ПРАВО
ГРАЃАНСКО ПРАВО
УПРАВНО ПРАВО
КАЗНЕНО ПРАВО
ТРГОВСКО ПРАВО
Односи на трудовото право со други
правни дисциплини



Однос на трудовото право со уставно право
Уставот е највисок правен акт, којшто покрај другите
ги содржи и основните начела и на трудовото право.
Начело на право на работа,заштита на лица во
работен однос,заштита на лица под 18 год во
работен однос, начело на еднаквост и
рамноправост,начело на право на социјално
осигурување,ограничено работно време
Односи на трудовото право со
други правни дисциплини

-
Устав на Р.М, член 32, став 1,2:
Секој има право на работа, слободен
избор на вработување, заштита при
работењето и метеријална
обезбеденост за време на привремена
невработеност; секому под еднакви
услови му е достапно секое работно
место
Односи на трудовото право со
други правни дисциплини
* Устав на Р.М, член 35, став 1:
-
Граѓаните имаат право на социјална сигурност и
социјално осигурување, утврдени со закон и со
колективен договор утврдени со закон и со
колективен договор
* Устав на Р.М, член 35 став 1:
-
Републиката се грижи за социјалната сигурност и
социјaлната заштита на граѓаните согласно со
начелото на социјална праведност
Односи на трудовото право со други
правни дисциплини




Однос на трудовото право со граѓанско право
Трудовото право произлегува и се развива од
граѓанско право
Се разликуваат во однос на предметот на
проучување и карактерот на односите што ги
регулираат
Елементите од работно – правниот однос со
карактеристики на имотно правен однос се третираат
како лична сопственост на работниците врз основа
на нивниот личен труд
Односи на трудовото право со други
правни дисциплини

Се поврзуваат во однос на: постоење на елементот
воља при склучување договор за
вработување,утврдување на рокови за застарување,
надоместок за материјална штета,постапки пред
редовните судови
Односи на трудовото право со други
правни дисциплини

Однос на трудовото право со управно право
Тесна поврзаност, надополнување и
испреплетување на предметот на изучување
Прашања од областа на работните односи на
државните службеници,нивна заштита при работа и
социјално осигурување
Прашања во врска на инспекцијата на трудот
Односи на трудовото право со други
правни дисциплини

- Однос на трудовото право со кривично право
Работникот освен дисциплинската одговорност за
повреда на работните обврски, одговара и кривично
за противправни дејствија со елементи на кривично
дело
- Однос на трудовото право со трговско право
Наградувањето на работникот за извршената работа
со платите коишто основа имаат во приходот на
претпријатијата
Карактеристики на трудово право



Динамичност – перманентно го следи создавањето
и развојот на трудовото право и приспособувањето
кон општествениот и економски напредок
Експанзија – проширување на предметот и
содржината и прифаќање на се поголем број луѓе во
работен однос и разновидни облици на труд
Екстензивност – проширување на трудово – правни
прописи, опфаќајки мерки и облици за унапредување
и заштита на правата на лицата во работен однос
Карактеристики на трудово право




Единственост - тенденција за унификација и
генерализација, универзалност во однос на
минималните права од работен однос
Конкретност – конкретност во уредувањето на
работните услови, права и обврски
Непостојаност(променливост)
Задолжителен карактер – почитување на
пропишани норми како заштита од санкција
Развој на трудово право и
законодавство


Два фактора клучни за развој на трудовото право во
посебна правна дисциплина со посебен предмет на
уредување се потреба од работна сила ( се јавува
во капиталистичките производни односи) и
создавање наемни работници ( правно слободни луѓе
кои ја издаваат под наем работната сила за на
доместок).
Развој на трудовото право низ следниве општествено
– економски формации: робовладетелство,
феудализам,капитализам, социјализам
Развој на трудово право и
законодавство
РОБОВЛАДЕТЕЛСТВО
ФЕУДАЛИЗАМ
КАПИТАЛИЗАМ
СОЦИЈАЛИЗАМ
Развој на трудово право и
законодавство



Развој на трудовото право во робовладетелскиот
систем ( во Римската империја )
Односот меѓу робот и робовладетелот по повод
извршената работа не бил регулиран со никакви
правни норми затоа што робот не бил сметан за
субјект на правото, т.е. бил сметан за res ( ствар)
Односот меѓу слободните граѓани при давањето на
работната сила под наем за одредена награда( merx),
се нарекувал locatio condictio operarum
Развој на трудово право и
законодавство
Развој на трудовото право во феудализмот
- Односот помеѓу кметовите и феудалците се уредува врз основа
на сопственоста што земјопоседникот ја имал врз земјата на
која работел кметот
 Кметовите не биле независни, биле врзани за земјата на која
работеле и не можеле да ја напуштат без согласност на
земјопоседникот
 Посебните односи во областа на трудот во занаетчиството,
помеѓу калфата и чиракот на една страна и мајсторот на друга
страна
 Однос базиран врз основа на еснавскиот статут кој продуцирал
права и обврски и за двете страни

Развој на трудово право и
законодавство




Развој на трудовото право во капитализмот
Уредувањето на работниот однос се вршело со
слободно договарање во односите меѓу поединците,
со помош на слободни договори за работа меѓу
работниците и работодавецот
Слободното договарање, исклучувајќи било каква
државна интервенција доведува до најгруба
експлоатација на работниците
Еволуција на државниот интервенционизам ( во
заштитните прописи) во различните земји
Развој на трудово право и
законодавство








Државен интервенционизам во во работните односи во Англија:
- Закон за заштита на децата 1802
- Закон за работно време од 8 до 12 часа 1833
- Закон за 10 часовно работно време 1847
- Закон за 8 часовен работен ден 1907
Државен интервенционизам во Франција:
- Граѓанскиот законик 1804, со два члена 1780 ( засновање,
траење, раскинување на работниот однос) и 1781 ( спор меѓу
работниокот и работодавецот)
- Закон за заштита на жените 1874
Развој на трудово право и
законодавство




Државен интервенционизам во Германија:
- Закон за заштита на трудот на децата 1839
- Закон за работно време на жените 1871
При крајот на XIX и почетокот на XX век, доаѓа и до
првите кодификации на трудовото право
Развој на трудово право и законодавство



Развој на трудовото право во социјализмот
СССР ( после октомвриската револуција) со
донесување на прописи за заштита на работниците
Декретот за осумчасовен работен ден 1917
Закон за работни односи 1918 и 1922
Развој на трудово право и
законодавство во Македонија


Развој во периодот меѓу двете светски
војни
Равој во периодот по втората светска
војна
Развој во периодот меѓу двете светски
војни


Постојат две етапи во развојот на трудовото
законодавство во СХС и Кралство Југослвија
( Македонија е во речиси најголемиот дел под таа
јурисдикција)
Првата е до 1918
Најзначајно законско решение е Законот за дуќаните
1910

Вториот период е по 1918
Најзначајни законски решенија во овој период се:
Закон за инспекција на трудот 1921, Законот за
заштита на работниците 1922, Законот за
осигурување на работниците
Развој на трудовото право по втората
светска војна

Три уставни периоди:

Уставот на ФНРЈ 1946

Уставот на СФРЈ 1963

Уставот на СФРЈ 1974
Развој во периодот по втората светска
војна ( Устав на ФНРЈ 1946 )



Во првиот период директно по донсувањето на
уставот на ФНРЈ 1946, уредувањето на најважните
прашања од трудовото право се уредуваа со
подзаконски прописи, а само по исклучок со закони
Уредба за засновање и раскинување на работниот
однос 1948, Уредба за заштита на бремени жени и
мајки во работен однос од 1948, Уредба за
дисциплинска и материјална одговорност на
работниците 1949
Со законско регулирање се оди по воведувањето на
работничкото самоуправување со Законот за
работничко Самоуправување 1950
Развој по втората светска војна ( по
уставот 1946)


Првиот закон за работните односи ( Законот
за работни односи 1957 ) се однесува само на
вработените во стопанските организации
За вработените во државните органи се носи
Законот за јавните службеници 1957
Развој по втората светска војна ( уставот
1963)

Се изедначува правниот режим на вработените во
стопанските организации и државните органи со
донесувањето на Основниот закон за работни односи
1965


Зачеток на поновата фаза во развитокот на
трудовото право во СФРЈ со донесувањето на
уставните амандмани ( работнички амандмани ) од
1971
Појава на ( ООЗТ ) основна организација на
здружениот труд, како основен облик на
организација на економскиот живот и непосредно и
рамноправно учество на работниците во решавањето
на прашањата од работен однос
Развој по втората светска војна ( уставот
1963)


Се носи Законот за меѓусебните односи на
работниците во здружениот труд 1973, со кој се
уредуваат само основните права и обврски на
работниците во здружениот труд
Новата тенденција се состоеше во фактот што
основните права и обврски од работен однос се
регулираат со Сојузни закони, а се предвидуваше и
егзистенција на покраински и републички закони за
поконкретна регулација
Развој по втората светска војна ( по
уставот 1974)


Карактеристики на лимитираност на
државата само во домен на основните
одредби во регулирањето на работните
односи и тенденции на децентрализација
Законот за здружениот труд 1976 - со кој се создава
широка можност за автономно уредување на
работните односи од страна на работниците
Современиот развој на трудовото право
во Р.Македонија

Множество на акти од областа на работните односи: одредби од
уставот на СФРЈ,ЗОПРО 1979,републичкиот закон за
работни односи 1990


По донесувањето на уставот на Република Македонија 1991
правни акти кои се применуваат во уредувањето на работните
односи се: ЗОПРО( применуван како републички и со негова
обврска за усогласување со Уставот во рок од година) и ЗРО
од 1990
Единствено законско уредување и добра основа за
кодификација во трудовото право се врши со донесувањето на
Законот за Работни односи 1993
Општи карактеристики и тенденции на
развитокот на трудовото право и
законодавство



Зголемувањето на обемот на предметот и
содржината на трудовото право – проширување на
сите вработени без оглед на нивниот статус во
работата и видот на дејноста
Трудовото право како моќно средство во
современите економски акции
Хармонизација на трудово законодавство со
законодавството на Е.У