Transcript Slide 1

Има ли падежен систем
во македонскиот јазик?
Емилија Бојковска
Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ Скопје
Предавање на Институтот за славистика
Универзитет „Карл Франц“ − Грац
29 мај 2013
1
Има ли падежен систем во
македонскиот јазик?
1. Вовед
2. Падежни форми
2.1. Заменки
2.2. Именки
2.3. Придавки
3. Заклучок
2
Има ли падежен систем во
македонскиот јазик?
1. Вовед
Што е систем?
Систем е множество елементи (јазични единици)
меѓу кои постојат точно утврдени односи.
Што е падеж?
Падежот е средство за изразување односи меѓу
јазичните единици во именската област. Се
говори за т. н. падежни односи. Падежот може да
се разгледува
- како морфолошка (флексиска) и
- како семантичка категорија.
3
Има ли падежен систем во
македонскиот јазик?
Во рамките на флексијата се образуваат падежни
збороформи, т. е. синтетични падежни форми
- со падежни наставки, кои се додаваат на
основата:
кључ, клучем; Петре, Петрета; Buch, Buches;
- со суплетивни форми, кои потекнуваат од
различни корени:
јас, мене; wir, uns; ја, мене
4
Има ли падежен систем во
македонскиот јазик?
Освен синтетичкиот начин на изразување на
падежните односи
Он је отворио врата кључем.
постои и аналитички начин на нивното
изразување, т. е. со предлози:
Тој ја отклучи вратата со клуч.
He opened the door with a key.
Падежните односи можат да се изразат и
комбинирано:
Er öffnete das Türschloss mit einem Schlüssel.
5
Има ли падежен систем во
македонскиот јазик?
При разгледувањето на падежот како семантичка
категорија (сп. Филмор 1968: 46 за англискиот
јазик) се зема предвид значенската димензија на
реченичните членови без оглед дали падежните
односи се изразени синтетички или аналитички.
6
Има ли падежен систем во
македонскиот јазик?
Семантички падежи
Агентив
Објектив
Инструментал
тој
отвори
ја, вратата
со клуч
он
је отворио
врата
кључем
еr
öffnete
das Türschloss
mit einem
Schlüssel
he
opened
the door
with a key
Инструментал
Објектив
клучот
отвори
ја, вратата
кључ
је отворио
врата
der Schlüssel
öffnete
das Türschloss
the key
opened
the door
7
Има ли падежен систем во
македонскиот јазик?
Во оваа презентација се разгледува прашањето
дали во македонскиот јазик постојат синтетички
падежни форми (т. е. збороформи со падежни
наставки и суплетивни падежни збороформи) кај
- заменките,
- именките и
- придавките.
8
Има ли падежен систем во
македонскиот јазик?
2. Падежен систем
2.1. Заменки
- лични,
- показни,
- прашални,
- релативни,
- одречни,
- општи,
- неопределни и
- повратна заменка.
9
Има ли падежен систем во
македонскиот јазик?
Лични заменки
Субјектна
форма
Форма за
директен
објект
Форма за
Индиректен
објект
1. л.
јас
мене, ме
мене, ми
2. л.
ти
тебе, те
тебе, ти
тој
него, го
нему, му (на него, му)
3. л. ж. р.
таа
неа, ја
нејзе, ѝ (на неа, ѝ)
3. л. ср. р.
тоа
него, го
нему, му (на него, му)
1. л.
ние
нас, нè
нам, ни (на нас, ни)
вие
вас, ве
вам, ви (на вас, ви)
тие
нив, ги
ним, им (на нив, ги)
3. л. м.р.
2. л.
3. л.
Еднина
Множина
10
Има ли падежен систем во
македонскиот јазик?
Прашална, релативна, одречна, општа заменка и неопределени заменки
Субјектна
форма
Форма за
директен објект
Форма за
индиректен објект
Прашална
заменка
кој
кого
кому (на кого)
Релативна
заменка
кој(што)
кого
кому (на кого)
Одречна
заменка
никој
никого
никому (на никого)
Општа
заменка
секој
секого
секому (на секого)
некој
некого
некому (на некого)
кој било
кого било
кому било (на кого било)
кој годе
кого годе
кому годе (на кого годе)
кој (и) да е
кого (и) да е
кому (и) да е (на кого (и) да е )
Неопределени
заменки
11
Има ли падежен систем во
македонскиот јазик?
Прашална заменка, показни заменки, релативна,
одречна, општа заменка и неопределени заменки
Општа форма
Прашална заменка
што
Показни заменки
ова, она , тоа
овој, оној, тој
Релативна заменка
што
Одречна заменка
ништо
Општа заменка
сешто, сè
нешто
Неопре-делени
заменки
што било
што годе
што (и) да е
12
Има ли падежен систем во
македонскиот јазик?
Повратна заменка
Форма за
директен
објект
Форма за
индиректен објект
1. л.
себе(си), се
себе(си), си
2. л.
себе(си), се
себе(си), си
себе(си), се
себе(си), си
3. л. ж. р.
себе(си), се
себе(си), си
3. л. ср. р.
себе(си), се
себе(си), си
1. л.
себе(си), се
себе(си), си
себе(си), се
себе(си), си
себе(си), се
себе(си), си
3. л. м.р.
2. л.
3. л.
еднина
множина
13
Има ли падежен систем во
македонскиот јазик?
Падежни форми имаат:
- личните заменки и
- формите изведени или комбинирани со кој
- прашалната заменка кој
- релативната заменка кој(што)
- одречната заменка никој
- опшата заменка секој
- неопределените заменки некој, кој било, кој
годе, кој (и) да е
14
Има ли падежен систем во
македонскиот јазик?
Падежните форми отсуствуваат кај
- показните заменки ова, она, тоа; овој, оној, тој
- сите други заменки изведени од што.
Падежни форми немаат ниту детерминаторите,
кои ја придружуваат именката. За разлика од нив,
заменките стојат во истата околина како
именските синтагми: Сп.
Кого го праша? (кој е заменка)
Кој човек го праша? (кој е детерминатор)
15
Има ли падежен систем во
македонскиот јазик?
Личнозаменска субјектна форма (во
продолжение: номинативна форма)
(Јас) не знам каде живее гостинот.
Мак. јаз. спаѓа во јазиците со имплицитен субјект
(pro-drop-language): субјектната заменка може да
се изостави, освен при маркирање (истакнување,
контрастирање итн.), кога може и да се нагласи:
Јас сум заслужна за успехот.
Јас не знам каде живее гостинот. Знаеш ли ти?
16
Има ли падежен систем во
македонскиот јазик?
Личнозаменска форма за директен објект (во
продолжение: акузативна форма) за 1. и 2 лице:
а) Колегата не ме поздрави иако ме забележа.
б) Колегата те поздрави само тебе, другите ги
игнорираше.
Кратката личнозаменска форма се јавува а) сама,
а при маркирање ‒ б) заедно со долгата
личнозаменска форма.
17
Има ли падежен систем во
македонскиот јазик?
Акузативна личнозаменска форма за 3. лице
а) Го запозна ли?
б) Го запозна ли мојот пријател?
в) Го запозна ли него?
Кратката личнозаменска форма за дир. објект се
јавува а) сама (обично како анафора), б) заедно со
именска синтагма или со друг елемент, а при
маркирање ‒ в) со долгата личнозаменска форма.
18
Има ли падежен систем во
македонскиот јазик?
Појавата на кратката акузативна личнозаменска
форма заедно со друга јазична единица во
рамките на директниот објект се нарекува
удвојување на директниот објект. Тој се
удвојува кога го носи белегот определеност, а
поретко во други случаи. Кога е изразен со
заменки различни од личните и показните, има
колебања при удвојувањето:
19
Има ли падежен систем во
македонскиот јазик?
Удвојување на директниот објект:
Го најдовме него. Вчера го разгледавме Грац.
Го најдовме писмото што го баравме / ова
писмо.
Кого го прашавте?
Но: Вчера најдовме едно писмо / неколку писма.
Рече дека нема да дојде. Кого прашавте?
20
Има ли падежен систем во
македонскиот јазик?
Личнозаменска форма за индиректен објект (во
продолжение: дативна форма) за 1. и 2 лице:
а) Книгата не ми се допадна.
б) Мене не ми се допадна книгата, а другите
беа одушевени.
Кратката личнозаменска форма се јавува а) сама,
а при маркирање ‒ б) заедно со долгата
личнозаменска форма.
21
Има ли падежен систем во
македонскиот јазик?
Дативна личнозаменска форма за 3. лице
а) Му го даде ли подарокот?
б) Му го даде ли подарокот на детето?
в) Му го даде ли подарокот нему?
Кратката личнозаменска форма за дир.објект се
јавува а) сама (обично како анафора), б) заедно со
на-синтагма или со друг елемент, а при
маркирање ‒ в) со долгата личнозаменска форма.
22
Има ли падежен систем во
македонскиот јазик?
Појавата на кратката дативна личнозаменска
форма заедно со друга јазична единица во
рамките на индиректниот објект се нарекува
удвојување на индиректниот објект. Тој обично
се јавува удвоен:
Ним им предаваме граматика.
Им предаваме граматика на овие студенти.
Ѝ предавам граматика на Вера / на една група.
Кому му е потребно тоа?
Но: Не давај (му) секому да чита.
23
Има ли падежен систем во
македонскиот јазик?
Директен објект
- Прашална заменка: Кого (го) виде? (знач.нијанс.)
- Релативна заменка (удвоена)
Ова е возачот кого го казнија.
- Одречна заменка (обично неудвоена):
Никого не (го) отстранивме од испитот.
- Општа заменка (обично удвоена):
Не да (го) поддржуваш секого.
- Неопределени заменки (колебање):
Не сакаме да поздравуваме кого било.
(За неопред.зам. сп. Тантуровска 2005: 112)
24
Има ли падежен систем во
македонскиот јазик?
Индиректен објект
- Прашална заменка: (удвоена) Кому му кажа?
- Релативна заменка (удвоена)
Ова е возачот кого го казнија.
- Одречна заменка (колебање):
Никому не (му) кажувај што да прави.
- Општа заменка (колебање):
Не треба да (му) веруваш секому.
- Неопределени заменки (колебање):
Не сакаме да помагаме кому било.
25
Има ли падежен систем во
македонскиот јазик?
Повратната заменка
- акузативна форма во директен објект:
а) Не смееш да се преоптоваруваш.
б) Не смееш да се преоптоваруваш себеси.
- дативна форма во индиректен објект:
а) Мораш да си простиш.
б) Мораш да си простиш себеси.
Кратката форма се јавува а) сама, а при
маркирање ‒ б) заедно со долгата форма.
26
Има ли падежен систем во
македонскиот јазик?
Удвојувањето на објектот, меѓу другото, треба да
се разгледува во контекст на губењето на
падежните форми кај именките и на потребата од
јасни релации меѓу реченичните членови:
Ирена го избегнува колегата.
Ирена ја избегнува колегата.
27
Има ли падежен систем во
македонскиот јазик?
Кратката акузативна личнозаменска форма се
јавува во директниот објект
- како единствен негов елемент и има анафорично
значење:
Ме поздрави.
- при удвојување ако именската синтагма го носи
белегот определеност:
Вчера го гледавме фимот.
Но: Вчера гледавме филм.
28
Има ли падежен систем во
македонскиот јазик?
Кратката дативна личнозаменска форма се јавува
во индиректниот објект
- како единствен негов елемент и има анафорично
значење:
Им упати срдечни честитики.
- при удвојување
Нам ни упати срдечни честитки.
Им упати срдечни честитки на победниците.
29
Има ли падежен систем во
македонскиот јазик?
Кратката дативна личнозаменска форма се јавува
и како присвоен атрибут при роднински имиња и
називи на лица во близок однос, кои го носат
негелот определеност
мајка ми, татко му, сестра му (на Јован)
30
Има ли падежен систем во
македонскиот јазик?
Дативните заменски форми се јавуваат како
реченични членови во т. н. слободни дативи:
- присвоен датив: Нему му паѓа косата.
- датив на полза: Тој ѝ ја отвори вратата.
- датив на штета: Кому му се скрши чашата?
- етички датив: Ми спиеше ли?
- датив на вршител на дејство или носител на
состојба: Ми се јаде.
- датив на оценувачот:
Состојбата ми стана неподнослива.
31
Има ли падежен систем во
македонскиот јазик?
Долгите личнозаменски форми можат да се јават:
- заедно со кратките во директниот и во
индиректниот објект, но не без нив
Го сретнавме него (= пријателот).
Му честитавме нему (= на победникот).
- во елиптични реченици:
Кого го сретна? – Неа.
32
Има ли падежен систем во
македонскиот јазик?
Долгата акузативна личнозаменска форма се
јавува со сите предлози:
Кога сакаш да одиш кај него? Не мисли на нив.
Кај некои заменски форми за коси падежи има
колебање во однос на удвојувањето:
Кого (го) запозна?
Не (му) верувај никому.
(в. слајд 25 и 26)
33
Има ли падежен систем во
македонскиот јазик?
Во поетскиот јазик, во северните и источните
македонски говори, во скопскиот градски говор,
како и во преводот на Библијата, се користат
личните заменки за 3. лице
он
она
оно
они наместо:
тој
таа
тоа
тие
(в. Минова-Ѓуркова 2000: 50 и натаму):
Во скопскиот градски говор се користи формата за
1. лице ја, наместо: јас.
34
Има ли падежен систем во
македонскиот јазик?
Кратките личнозаменски форми за индиректен
објект ги чуваат меѓусебните формални разлики.
Кај долгите се забележува генерализирање на
една форма: него (наместо него и нему), нејзе
(наместо неа и нејзе), нив (наместо нив и ним).
Прашалната заменка кој и од неа изведените
заменки (никој, секој итн.) имаат падежни форми
само кога се однесуваат на лица:
Марко, кого го сакаме; столов, кој го купивме
35
Има ли падежен систем во
македонскиот јазик?
Кратките личнозаменски форми се клитики: тие
немаат сопствен акцент и стојат пред глаголот, но
зад глаголскиот прилог и зад императивот.
Дативната ѝ претходи на акузативната кратка
личнозаменска форма:
Треба да му го дадеш писмото на примачот.
Дај му го писмото на примачот.
Се дружат давајќи си заемна поддршка.
36
Има ли падежен систем во
македонскиот јазик?
2.2. Именки
Именките начелно имаат една општа форма, а
педежните односи се изразуваат аналитички (со
предлози). Само кај некои именки има остатоци
од падежни форми, и тоа:
- форма за директен објект (во продолжение:
акузативна форма)
- форма за обраќање (во продолжение: вокативна
форма)
37
Има ли падежен систем во
македонскиот јазик?
Акузативната форма потекнува од старата
акузативно-генитивна форма, образувана со
наставките -а и -(е)та. Наставката -(е)та е
добиена со вкрстување на генитивната наставка
на именките од среден род со основа на -т (-те,
сп. телѧте) и наставката -а.
Наставките -а и -(е)те се среќаваат кај именки од
машки род (имиња на лица и роднински имиња),
кај именките човек (во генеричка употреба), бог
итн. Оваа форма се употребува и со сите
предлози.
(сп. Конески 1986: 136)
38
Има ли падежен систем во
македонскиот јазик?
Треба да го прашате Марка. (< Марко)
Дајте му предлог на Марка. Разговарај со
Марка.
Го поканија Славета. Му се обратија на Јована.
(< Славе; Јован)
Дали веруваш во бога? (< бог)
Не карај се со татка. (< татко)
Љубовта го облагородува човека. (< човек)
Но: Вчера запознав еден човек. (неопр. им. синт.)
Во современиот јазик сè почесто се користат
формите без падежни наставки.
39
Има ли падежен систем во
македонскиот јазик?
Вокативната форма постои кај именки од машки и
од женски род во еднина. Таа се образува:
- со наставките -е и -у за машки род со
консонатски завршеток (наставнику,
наставниче; волку, волче) и
- со наставките -е и -о за женски род, обично со
завршеток на -а (Славке, Славко; Милице,
Милицо)
40
Има ли падежен систем во
македонскиот јазик?
Постојат следниве тенденции:
- напуштање на
- наставката -е кај именките од машки род за
да се избегне хоминимијата со
деминутивите (вок.: волку; дем.; волче)
- наставката -о кај именките од женски род
за да се избегне евентуалнатахоминимија со
именките од машки род: (вок.: Ратке; м. р.:
Ратко)
41
Има ли падежен систем во
македонскиот јазик?
- генерализација на
- наставката -у кај именките од машки род
(наставнику, волку, човеку)
- наставката -е кај именките од женски род:
(Славице)
(сп. Минова-Ѓуркова 2000: 40 и следн.)
42
Има ли падежен систем во
македонскиот јазик?
Вокативната форма кај именките од женски род
може да се сфати како израз на негативен однос
кон адресатот (Билјано!) и на потсмешлив однос
(Сашке!).
(Минова-Ѓуркова 2000: 41)
Во оваа фаза од развојот на макед. јаз., сѐ уште е
обична употребата на вокативните форми, како на
пример:
- наставнику, мајсторе, професоре, господине
- госпоѓо, мајко, мамо, професорке, наставничке
43
Има ли падежен систем во
македонскиот јазик?
Со современиот јазик постои општа тенденција на
губење на вокативните наставки, при што
обраќањето се изразува со интонација и со
продолжување на вокалот од крајниот слог (сп.
чóвēк! Стóјāн!)
(Конески : 1986: 137;
Минова-Ѓуркова 2000: 40 и следн.)
44
Има ли падежен систем во
македонскиот јазик?
2.3. Придавки
Кај придавките, општо земено, нема падежни
форми. Единствено постојат траги од вокативни
форми кај неколку придавки:
добри господару! мили брате! драги татко!
(Минова-Ѓуркова 2000: 45)
Сп. ја општата форма: добар, мил, драг
45
Има ли падежен систем во
македонскиот јазик?
а) Почитувани господине претседателе!
б) Почитуван господине претседателе!
в) Почитуван господин претседателе!
г) Почитуван господине претседател!
д) Почитуван господин претседател!
Најчесто употребувана е варијантата под б), се
користат и варијантите в) и г), најмалку
прифатлива е онаа под а), а во персектива е
можна варијантата под д).
(Минова-Ѓуркова 2000: 116)
46
Има ли падежен систем во
македонскиот јазик?
Во макед. јаз. не постои падежен систем што
доследно се манифестира, туку постојат остатоци
од падежни форми
- акузативна и дативна форма кај некои заменки
(јас; мене, ме; мене, ми)
- стара генитивно-акузативна форма за некои
именки од машки род (Стојана, Петрета)
47
Има ли падежен систем во
македонскиот јазик?
- вокативна форма кај некои именки од машки и
женски род (учителу, господине, мајко)
- вокативна форма кај незначителен број
придавки од машки род (мили, драги, добри)
Во македонскиот јазик постои општа тенденција
да се губат падежните наставки и да се зајакнува
аналитичкиот начин на изразување на односите
меѓу јазичните единици во именската област.
48
Има ли падежен систем во
македонскиот јазик?
Литература
• Минова-Ѓуркова (2000): Синтакса на
македонскиот стандарден јазик. Скопје: Магор.
• Тантуровска, Лидија (2005): Директниот и
индиректниот објект во македонскиот јазик.
Инстутут за македонски јазик „Крсте Мисирков“ –
Скопје.
49
Има ли падежен систем во
македонскиот јазик?
Извор на интернет
• Конески, Блаже (1986): Историја на
македонскиот јазик. Скопје: Култура.
http://www.makedonika.org/whatsnew/history_makedonski.pdf
• Fillmore, Charles (1968): "The Case for Case“. In:
Bach and Harms (Ed.): Universals in Linguistic Theory.
New York: Holt, Rinehart, and Winston, 1-88.
Part.2: http://linguistics.berkeley.edu/~syntax-circle/syntax-group/spr08-/fillmore.pdf
50