Субјекти на парничната постапка прв дел

Download Report

Transcript Субјекти на парничната постапка прв дел

1

Поим за сопарничарство – Litis consortium (чл. 186-193 од ЗПП)

Кога како една странка се појавуваат повеќе процесни субјекти
(субјективна кумулација)
 активно сопарничарство - множество на процесни субјекти
на страната на тужителот
 пасивно сопарничарство - множество на процесни
субјекти на страната на
тужениот

Настанување на сопарничарство
 Сопарничарството е по правило факултативна процесна установа, што
значи дека дали ќе дојде до сопарничарство зависи од тужителот
 Поради тоа што е така определено во законот (материјален или процесен)
 Поради настан што се случил надвор од парницата, чие дејство се одразува
непосредно во неа


Законот ги определува претпоставките како може да дојде до
сопарничарство
Оправданост на сопарничарството (економичност и правна
сигурност)
2

Видови на сопарничарство и критериуми за нивното разликување

Со оглед на тоа дали сопарничарите уште пред поведување на
парницата и надвор од неа се наоѓаат во определена правна или
каузална врска со оглед на предметот на спорот
 Материјално сопарничарство правна заедница, или
idem factum, idem ius
 Формално сопарничарство 
simile factum, simile ius
Со оглед на тоа какво дејство има пресудата врз одделните
сопарничари и каква е природата на нивните меѓусебни односи
 Обично сопарничарство - за секој сопарничар може да се донесе
содржински различна пресуда, секој сопарничар во парницата е самостојна
странка (принцип на процесна самостојност)
 Единствено сопарничарство - според законот или поради природата на
правниот однос спорот може да се реши само на еднаков начин спрема
сите сопарничари (принцип на процесна солидарност)
3

Со оглед на тоа дали сопарничарството е определено со материјален
или со формален закон
 Нужно сопарничарство - диктирано од правилата на материјалното право
(изрично или тоа произлегува од природата на материјалноправниот однос)
 Сопарничарство врз основа на процесен закон - изрично предвидено со
процесниот закон (ЗПП)
- тужба за главно вмешување
- тужба против главниот должник и гарантот

Со оглед на тоа дали сопарничарството настанало со поднесувањето
на тужбата или подоцна
 Првобитно сопарничарство - засновано уште со поднесување на тужбата
 Дополнително сопарничарство - до заклучување на главната расправа
покрај тужителот пристапи нов тужител или тужбата биде проширена на нов
тужен со негова согласност
4


Евентуално (супсидијарно) сопарничарство или сопарничарство со
евентуално тужена странка
Тужителот е во дилема околу изборот на тужениот, односно тој смета
дека повеќе субјекти се во иста обврска, но не знае точно кој од тие
субјекти треба да биде тужен.
 Супсидијарно или евентуално сопарничарство - тужбеното барање да биде
усвоено спрема следниот тужен за случај да биде правосилно одбиено
спрема оној што е наведен во тужбата пред него
 Секогаш е пасивно
 Барањата спрема секој од тужените можат да бидат исти, или различни, но да се
во меѓусебна врска.
 Истиот суд треба да биде стварно и месно надлежен за секое од барањата и за
секој тужен.
 Бенфит - Се избегнува опасноста да настапи застареност
5

Основи за учество на трето лице во парница

Кога со водењето на парница меѓу странките на определен начин се
засегнати интересите на трети лица
 интересот на третото лице е во колизија со интересите на
странките
 интересот на третото лице е синхронизиран со интересот на една
од странките

Видови на учество на трети лица во парница
 Вмешување
 Именување претходник
 Известување на трето лице за парница
6

Поим за главно вмешување (чл. 188 од ЗПП)
 Главно вмешување или главна интервенција во парница постои кога трето
лице во целост или делумно го бара предметот или правото за кое меѓу други
лица веќе тече парница.
 Спротивност на интересите помеѓу вмешувачот од една страна и тужителот
и тужениот од друга страна.

Иницијален акт за главно вмешување е тужбата за главна
интервенција (тужба за главно вмешување).
 Со поднесување на тужбата за главна интервенција странките меѓу кои тече
парницата стануваат пасивни сопарничари.

Спорови во кои е возможно главното вмешување

При главното вмешување доаѓа до целосна атракција на надлежноста
на судот пред кој тече парницата

Тужбата за главна интервенција може да се поднесе се додека
постапката не е завршена правосилно
7

Поим за вмешување (чл.194-197 од ЗПП)

Вмешување во парница постои кога трето лице има правен интерес во парница
што тече меѓу други лица, една од странките да успее во парницата па и се
придружува на таа странка

Видови на споредно вмешување
 Обичен вмешувач
 Вмешувач со положба на единствен сопарничар

Причини поради кои вмешувачот учествува во туѓа парница

Вмешувачот може да стапи во парница во текот на целата постапка
се до правосилноста на одлуката за тужбеното барање, како и во
роковите предвидени за поднесување на вонреден правен лек

Изјава за стапување во туѓа парница – има конститутивно дејство

Оспорување на правото на вмешувачот да учествува во постапката
8

Вмешувачот ја прима парницата во онаа состојба во која се наоѓа во
моментот на неговото вмешување во парницата

Преземање на процесни дејствија од страна на вмешувачот и нивното
значење во однос на странката на која се придружил

Интервенциски ефект
 При подоцнежно уредување на своите односи со странката на
која и се придружил во парницата, вмешувачот не ќе може да ја
негира фактичката и правната оцена на работите во пресудата
што била донесена во таа парница
 Можност за отстранување на интервенцискиот ефект – приговор
за лошо водење на парницата (exceptio male gesti vel conducti
procesus).

Вмешувач со положба на единствен сопарничар – кога правното
дејство на пресудата врз вмешувачот е исто како и врз самата
странка (непосредно и апсолутно) – сопарничарска интервенција.
9


Поим за известување на трето лице за парница - Litis denuntiatio
Се компензираат слабостите од факултативниот карактер на
вмешувањето.

Во врска со исходот на една парница, за да се постигне извесно
граѓанскоправно дејство спрема трето лице, потребно е тоа лице да
биде известено дека парницата е во тек .

Странките (тужителот и тужениот) можат да го известат третото лице
со поднесок преку парничниот суд се додека парницата не се доврши
правосилно .
Облигаторна содржина на поднесокот:

 Причината за известувањето
 Во која состојба се наоѓа парницата

Странката која врши известување на трето лице за парница не може поради тоа
да бара нејзин прекин, продолжување на роковите или одлагање на рочиштето.

Судот има посредничка улога, но не е овластен да ја испитува основаноста на
барањето да се извести трето лице за парница.
10




Поим за именување на претходник –Nominatio auctoris (чл.198 ЗПП)
Лице кое е тужено како држател на некој предмет или корисник на
некое право, а тврди дека предметот го држи или правото го врши од
име на трето лице, може преку судот да го повика тоа трето лице
(претходник), наместо него да стапи како странка во парницата процесна сукцесија
Тужениот е временски лимитиран до кога може да изврши именување
на претходник
 Најдоцна на подготвително рочиште, а ако тоа не е одржано тогаш
на главна расправа пред да се впушти во расправање за главната
работа
Однесување на именуваниот претходник кон номинацијата
 Прифаќање на номинацијата (процесна сукцесија)
 Одбивање да стапи во парница наместо тужениот
 По повод номинацијата, именуваниот може да стапи во туѓа
парница како вмешувач
Доколку претходникот не ја прифатил номинацијата, тужениот не
може да се противи да се впушти во парницата
11




Застапниците се лица кои од име и за сметка на странките
(вмешувачите, други лица учесници во туѓа парница) преземаат
процесни дејствија во парницата
Во зависност од видот на странката се разликуваат:
 Застапници на физички лица
 Застапници на правни лица
Според основата, причината поради која едно лице ја застапува
странката, се разликуваат:
 Законски застапници - на физички лица
 Застапници врз основа на статут, договор или закон - на правни
лица
 Застапници врз основа на договор - на физички и правни лица
Положбата на застапникот во парницата е определена со:
 Неговиот однос спрема странката што ја застапува
 Неговиот однос спрема судот
 Неговиот однос спрема противникот на својата странка
12





Странката која нема парнична способност ја застапува
нејзиниот законски застапник (чл.72 ст.1 од ЗПП)
Законскиот застапник се определува со закон или со акт на
надлежниот државен орган (чл.72 ст.2 од ЗПП)
Законски застапници на определени категории на лица
Овластувања на законскиот застапник за превземање на
дејствија во постапката
 Законскиот застапник од име на странката може да ги
превзема сите дејствија во постапката, освен оние
дејствија за кои според посебни прописи е определено
дека застапникот мора да има посебно овластување (чл.73
ст.1 од ЗПП)
Должност на лицето кое се појавува како законски застапник
на барање на судот да докаже дека е законски застапник и
дека има посебно овластување за превземање на определени
дејствија кога е потребно такво овластување
13


Судот по службена должност ќе внимава дали лицето кое се
јавува како странка може да биде странка во постапката и
дали е парнично способно, дали парнично неспособната
странка ја застапува нејзиниот законски застапник и дали
законскиот застапник има посебно овластување кога тоа е
потребно (чл. 74 од ЗПП)
 Постапување на судот кога ќе утврди дека лицето кое се
појавува како странка не може да биде странка во
постапката
 Постапување на судот кога ќе утврди дека странката нема
законски застапник или дека законскиот застапник нема
посебно овластување кога тоа е потребно
Назначување на привремен застапник на тужениот од страна
на судот (чл.76-78 од ЗПП)
14






Полномошникот е лице кое од име и за сметка на странката,
во границите на овластувањата, презема процесни дејствија
со правно дејство како да ги презела самата странка
Положба на полномошникот во парницата
Чл. 81 од ЗПП - Полномошник на странката може да биде:
 Адвокат
 Лице-дипломиран правник кое со странката е во работен
однос
 Роднина по крв во права линија, брат, сестра или брачен
другар, доколку е потполно деловно способен
Дејствијата во постапката што полномошникот ги презема во
границите на полномошното имаат правно дејство како да ги
презела самата странка (новина е чл. 83, ст. 2 од ЗПП)
Изменување и отповикување на изјавата дадена од
полномошник (чл.84 од ЗПП)
Полномошникот е должен при првото дејствие во постапката
да поднесе полномошно (чл.89 од ЗПП)
15




Издавање на полномошно (чл.88 од ЗПП)
 Странката го издава полномошното писмено или усно на
записник во судот
 Ако полномошното се дава на лице кое не е адвокат,
полномошното се заверува кај нотар
Отповикување и откажување на полномошното (чл.90 од ЗПП)
Обемот на полномошното го определува странката
Во зависност од обемот, полномошното во парничната
постапка може да биде:
 Полномошно за одделно процесно дејствие
 Парнично полномошно
 Генерално полномошно
16





Парнично полномошно
Во парничното полномошно странката не ги
определува овластувањата на полномошникот; би
требало да се смета дека тој може да ги презема во
парницата сите процесни дејствија што може да ги
презема и странката сама
Кои овластувања ги има полномошникот според
парничното полномошно зависи од тоа дали тој е
адвокат или не е адвокат
 Овластувања на полномошникот кој е адвокат (чл.
86 од ЗПП)
 Овластувања на полномошникот кој не е адвокат
(чл.87 од ЗПП)
Положба на полномошникот во парницата
Престанок на полномошното за застапување
17