Правна рамка и процедура за добивање статус на

Download Report

Transcript Правна рамка и процедура за добивање статус на

Влада на Република Македонија
Комисија за организации со статус од јавен интерес
Правна рамка и процедура за
добивање статус на
организација од јавен интерес
Поим на статус на јавен интерес
Согласно член 73 од Законот за здруженија и
фондации, организациите можат да се стекнат со
статус од јавен интерес aко вршат дејности од
јавен интерес, спроведување програми и проекти
на централно и/или локално ниво, самостојно или
во соработка со органите на државната управа и
органите на општините, општините во градот
Скопје и градот Скопје, како и користење на
финансиски средства за реализација на
активностите.
Дејности од јавен интерес
 Развој на демократијата, граѓанското општество и
човековите права;
 Помош и заштита на лица со физички или
ментален хендикеп, лица со попреченост во
развојот и лица со посебни потреби;
 Заштита на деца и младинци;
 Заштита на маргинализирани лица и нивно
социјално вклучување;
 Заштита од злоупотреба на дрога, сексуално
преносливи болести, малолетничка деликвенција,
алкохолизам, проституција и трговија со луѓе;
Дејности од јавен интерес
 Здравство,
унапредување
на
здравјето
и
медицинска грижа;
 Уметност, култура и заштита на културното
наследство;
 Аматерски спорт;
 Заштита на животната средина и одржлив развој;
 Локален и инфраструктурен развој;
 Наука, образование и обука во образовниот
процес;
 Развој на етиката и моралот;
Дејности од јавен интерес
 Хуманитарна и социјална помош, намалување на
сиромаштијата;
 Справување со елементарни непогоди;
 Заштита и грижа за животни;
 Заштита на потрошувачите;
 Унапредување
на
добротворството
и
волонтерството и
 Друга дејност од јавен интерес определенa со
закон.
Критериуми за јавен интерес
 Организацијата
е
регистрирана
согласно
Законот за здруженија и фондации;
 Дејноста од јавен интерес е главна приходна
шифра во работењето;
 Работењето и дејствувањето е насочено кон
пошироката јавност и кон интересите на
заедницата;
 Има
потребна
организациска
структура
согласно Законот за здруженија и фондации;
 Има кадровски капацитети потребни за дејност
согласно со законот;
Критериуми за јавен интерес
 Има соодветни финансиски ресурси, односно
вкупна вредност на имотот или годишен приход
од минимум 1.500 евра во денарска
противвредност според курсот на НБРМ;
 Има пропишано правила за судир на интереси и
за обезбедување на транспарентност и јавност
во работењето и
 Не е во стечај или ликвидација и нема
блокирана жиро сметка.
Определување на организации со
статус од јавен интерес
 Статусот на организациите од јавен интерес го
определува Владата на Република Македонија на
предлог на Комисија за организации со статус од
јавен интерес;
 Комисијата за организации со статус од јавен
интерес е формирана во март 2012 година и е
составена од претседател и десет члена со
мандат од четири години;
 Административно-техничките
работи
на
Комисијата ги врши Одделението за соработка со
невладини
организации
на
Генералниот
секретаријат на Владата.
Надлежности на Комисијата
 Дава предлози за доделување и престанок на
статус на организација од јавен интерес до
Владата на Република Македонија;
 Разгледува и дава мислења по деловни и
финансиски
извештаи
за
работата
на
организациите со статус од јавен интерес;
 Предлага поведување прекршочна постапка;
 Го утврдува годишниот извештај за својата работа
за претходната година и го објавува на веб
страната www.nvosorabotka.gov.mk.
Барање за добивање статус на
организација од јавен интерес
 Барањето организациите го поднесуваат до
Владата, преку Комисијата за организации со
статус од јавен интерес;
 Образецот на барањето
www.novosroabotka.gov.mk
е
достапен
на
 Кон барањето се приложуваат документи, не
постари од 6 месеци, во оригинал или заверена
копија на нотар и доказ за платена
административна такса во висина од 300
денари.
Потребни документи









Решение за запишување во Централен регистар на
Република Македонија согласно Законот за здруженија и
фондации;
Тековна состојба на правното лице од Единствениот трговски
регистар и регистарот на други правни лица;
Статут;
Програма за работа за тековната година;
Опис на дејноста од јавен интерес дефинирана во статутот и
активностите со кои е спроведувана;
Препорака од организации или институции со кои
соработувале;
Опис на организациската структура;
Одлука за избор на органи на здружението или фондацијата;
Опис на кадровскиот капаците потребен за дејноста согласно
со закон;
Потребни документи







М1М2 образец за вработените, Договори за хонорарно
ангажираните лица и за волонтерите во здружението или
фондацијата;
Изјава за судир на интереси од застапникот;
Информација за економска и финансиска состојба на
организацијата;
Завршна сметка доколку здружението или фондацијата
има заокружено еден фискален циклус;
Потврда дека не е отворена стечајна постапка;
Потврда дека не е отворена постапка за ликвидација;
Потврда дека со правосилна одлука не е изречена мерка
на безбедност – забрана на вршење на дејност.
Некомплетни барања
 Ако се утврди дека барањето не е комплетно,
Комисијата, ќе го повика подносителот на
барањето и ќе му определи рок од 15 работни
дена да постапи по укажувањето;
 Ако здружението или фондацијата не постапи по
укажувањето во предвидениот рок, барањето ќе се
смета дека не е поднесено.
Работа и одлучување на Комисијата
 Комисијата работи и одлучува на седници.
 Пред почетокот на седницата и започнувањето
расправата по предметите, претседателот
Комисијата им дава збор на членовите
Комисијата – известители по предметите, кои
изнесуваат битните прашања, околностите
фактите во врска со нацрт-решението.
со
на
на
ги
и
 Комисијата може да расправа кога на седницата
се присутни повеќе од половината од членовите
на Комисијата.
 Комисијата одлучува со мнозинство гласови од
вкупниот број на членови.
Одлучување по барањето
 Предлогот за доделување статус на организација
од јавен интерес со предлог-решение, списите од
предметот и записникот од советувањето и
гласањето,
Комисијата
ги
доставува
за
разгледување и одлучување до Владата;
 Владата донесува решение во рок од 30 дена од
денот на поднесување на барањето;
 Против решението на Владата може да се поведе
управен спор.
Известување за промени
 Ако организациите го изменат актот за
основање или статутот со што би се изгубил
статусот на организација од јавен интерес или
други промени кои се забележуваат во
Централниот регистар на Република Македонија
се должни да ја известат Комисијата за
организации со статус од јавен интерес во рок
од 30 дена по извршената промена.
Извештаи
 Организацијата од јавен интерес е должна за
својата работа еднаш годишно да поднесе
деловен и финансиски извештај, одобрен од
органот определен со статутот, до Владата за
усвојување, најдоцна до 30 април во тековната
за претходната година.
Ревизија
 Организацијата од јавен интерес чиј годишен
буџет е над 20.000 евра во денарска
противвредност според средниот курс на НБРМ е
должна да изврши независна годишна ревизија
на своето финансиско работење;
 Организацијата од јавен интерес чиј годишен
буџет е над 100.000 евра во денарска
противвредност според средниот курс на НБРМ е
должна да изврши ревизија го согласност со
меѓународните сметководствени стандарди.
Јавност на извештаите
 Деловните и финансиски извештаи, како и
извештаите од извршената независна годишна
ревизија на финансиското работење на
организацијата од јавен интерес се јавни и се
објавуваат на веб страницата на организацијата
до 30 април во тековната година за претходната
година.
Престанок на статус од јавен интерес
 По барање на организацијата;
 Кога организацијата престанала да ги исполнува
условите што се потребни за добивање на
статусот на организацијата од јавен интерес;
 Ако не формира надзорен одбор и постапува
согласно статутот;
 Ако не поднесе извештај во рок определен со
Законот за здруженија и фондации;
 Ако не поднесе ревизиски извештај во рок
определен со Законот за здруженија и фондации;
 Со своето работење не го одразува јавниот
интерес со кој го добила статусот.
Благодарам на вниманието
www.nvosorabotka.gov.mk