Наоди од микроклиматски услови

Download Report

Transcript Наоди од микроклиматски услови

ВЕШТАЧЕЊЕ НА
ОБСТРУКТИВЕН СИНДРОМ
КАЈ РУДАР ВО РУДНИК ЗА
ОЛОВО И ЦИНК СО ЈАМСКА
ЕКСПЛОАТАЦИЈА
Др.Гоце Младеновски
Др.Сања Младеновска
ПЗУ Поликлиника Медика- Скопје
Предмет на судско медицинско
вештачење
• работник во рудник за олово и цинк со
јамска експлоатација кој поради
нередовност на работа е отпуштен
Работникот е :
• Нередовен на работа
• Неефикасен
• Често одбива работни задачи под изговор дека
не може да работи , има тегоби во гради, не
може да земе доволно вoздух
• Нервозен, има често конфликтни состојби со
претпоставени и со соработници
• Често бара да биде однесен на брза помош
• Бил одбиен на ИПК поради немање на
доволно докази за заболување.
Последица - фирмата го отпушта од работа врз основа
на нередовност на работа и немотивираност за работа,
одбивање да работи и неповолно влијание на
останатите вработени со своите постапки
Работникот поднесува тужба на суд, и бара судот да донесе
одлука дека:
• Фирмата неправилно го отпуштила од работа
• Тој не е симулант и неработник, но дека има здравствени
проблеми па не може да ги извршува работите задачи
• Тврди дека нередовноста на работа се должи на
заболување
• Повиците за брза помош што ги барал биле основани и
дека не ја злоупотребувал фирмата
Судот ме назначува да направам судско медицинско
вештачење и да дадам одговор на следните прашања:
• Дали кај работникот има заболување?
• Дали заболувањето било причина за
отсуството од работа?
• Дали работникот како последица на
заболувањето ја одбивал работата или не
сакал да работи?
• Дали конфликтите што ги имал со
претпоставените и соработниците се
резултат на заболување?
План за работа
(по добивање на Решение од судот)
• Проучување на предметот
• Состанок со тужителот ( да се слушне неговата
приказна во врска со тужбата, анамнестички податоци,
анализа на постоечката медицинска и друга
документација )
• Состанок со фирмата (да се слушне нивната приказна
во врска со тужбата, да се добие опис и попис на
работните задачи, анализа на условите за работа,
анализа на мерењата на микроклиматски услови и
физички и хемиски штетности, анализа на боледувања
и други работи од интерес)
• Заклучок со мислење и одговор на прашањата од
судот
ПРОУЧУВАЊЕ НА ПРЕДМЕТОТ ОД СУДОТ
• Од предметот се гледа дека тужителот има
Решение за отказ од работа поради нередовност
при работа .
• Во решението за отказ е наведено дека има чести
отсуства од работа кои ги покривал со краткотрајни
боледувања, но има и денови кои не му се
покриени со боледување што било и повод за
донесување на отказното решение.
• Во образложението на отказното решение се
наведува дека работникот со неговите постапки на
селективно одбивање на работни задачи
неповолно влијаел и на останатите работници, а
многу пати неосновано барал и да биде однесен кај
лекар .
Во преметот има неколку дописи од
фирмата до матичниот лекар од кој се бара
да даде објаснување за честите боледувања
кои му се давани на пациентот.
Има и Решение од Инвалидско пензиска
комисија со кое работникот е оценет како
способен за работа и нема доволно
медицински докази за заболување.
• Тужителот по добивање на отказното решение од фирмата поднесува
Приговор до управителот на фирмата со образложение дека бара
да биде вратен на работа на друго работно место бидеќи од
здравствени причини не можел да работи на работно место
(помошник рудар).
• На приговорот тужителот не добива одговор па поднесува тужба до
надлежниот суд
Во тужбата бара судот да донесе одлука дека неосновано е отпуштен од
работа. Работните задачи не можел да ги извршува од здравствени
причини , добивал често пристапи на гушење па кога имал гушење не
можел да работи и тогаш ги одбивал работните задачи. Кога гушењето
било силно изразено барал да биде однесен во амбуланта. Во тужбата
наведува дека неосновано е наведено во Отказното решение дека ја
злоупотребувал фирмата да му организира превоз до амбуланта и
наведува дека тој имал потреба и често одел во амбуланта.
• Судот донесува Решение со кое ме задолжува да
направам вештачење на предметот и да дадам одговор
на горенаведените прашања
ЗАКАЖУВАЊЕ СОСТАНОК СО ТУЖИТЕЛОТ
(РАБОТНИКОТ КОЈ Е ИЗБРКАН ОД РАБОТА)
Анамнестички податоци:
- Тегоби во градите во вид на стегање, чувство дека не може да
земе воздух, потреба да ги шири градите
- Понекогаш овие тегоби се посилни, па се јавува и забрзано
дишење и забрзана работа на срцето
- Во тоа време го обзема и страв па мора да оди на брза помош
да бара лекарска помош
- Овие тегоби почесто се случувале на крајот од работното време
или во период на спиење
- Тегобите се од пред 2-3 години
- Откако е отпуштен од работа нема такви тегоби. И кога бил на
одмор немал тегоби
- Тегобите ги поврзува со работа
- Најзачестени се во периодот од март до мај
ПРЕТПОСТАВКА ШТО МОЖЕ ДА СЕ ПОВРЗЕ СО УСЛОВИТЕ ЗА РАБОТА
(ДИФЕРЕНЦИЈАЛНА ДИЈАГНОЗА)
• Латентна бронхиална астма
• Преосетливост на полени
• Перосетливост на некои услови од
работа
• Кардиолошко латентно заболување
• Анксиозно реагирање со панични
реакции
• Симулант
Медицинска документација
• Здравствена книшка
• Здравствен картон
• Од тука се гледа дека тужителот послeдните 3 години имал
чести посети кај лекар. Се жалел на тегоби во вид на стегање
во градите, неможност да земе воздух, потреба да се истега ,
да го шири градниот кош, повремено и чувство на страв.
• Наодите во здравствената книшка и во здравствениот картон
се обично во граници на нормала или дискретно понекогаш
опишани како позаострено дишење, понекогаш имал ретки
обструктивни шумови, ЕКГ нормални наоди, а ретко и
тахикардија.
• Регистрирани дијагнози: панични реакции, невросис,
обструктивен синдром ...
• Терапија што ја примал: обично седативи, а ретко некогаш и
бронходилататори
Неколку пати е упатуван на Клиника за пулмоалергоогија со
упатна дијагноза бронхиална астма, обструктивен синдром
• Дијагнози од интернистичките извештаи : обструктивен
синдром , панчни реакции, анксиозен синдром
• Препорака - поради нејасна дијагноза се препорачува детално
испитување на Клиника за пулмоалегологија и кардиологија,
како и консултација со психијатар
Три пати е иследуван на Клиниката за пулмоалергологија, од
кои еднаш и болнички
Направени и повторени резултати:
•
•
•
•
Спирометрија – нормален наод
ЕКГ – нормален наод,
Гасни алнализи - нормален наод
Бронхопровокативен тест – нормален наод (лесно незначајно
намалување на ВК и ФЕВ1 и лесно намалување на протокот во
МДП)
• Лабораториски анализи – нормален наод
• Алерго тестови со инхалациони алергени – нормален наод
Отпусна дијагноза - обструктивен синдром
Терапија - Вентолин по потреба
Наод од Клиника за кардиологија:
• ЕКГ - нормален наод
• ЕХО на срце –нормален наод
• Коронарен стрес тест- нормален наод
Заклучок - нема кардиолошко заболување.
• Решение од ИПК - способен за работа на своето работно
место, нема позитивни медицински наоди
• Направен е непосреден преглед –физикален преглед
нормален , во моментов нема симптоми
ПОСЕТА НА ФИРМАТА И
АНАЛИЗА НА УСЛОВИТЕ ЗА РАБОТА
• Побаран е Опис на работните задачи и условите во
кои работи.
• Работи на работно место помошник рудар, во јамски
услови.
Работни задачи:
• Помага на ракувачите кои работат со бушачка колабушење на дупки во чело на јамата
• Помага на минери да донесе експлозив
• Помага на служба за одржување на воздух, вода и
вентилација во рудникот
• Работи и други задачи по потреба во рудникот
Можни неповолни услови кои може да
се поврзат со симптомите кај пациентот
•
•
•
•
•
Недостаток на кислород
Многу ладен воздух
Зголемено струење на воздухот - Промаја
Зголемена влажност на воздухот
Гасови кои се ослободуваат при минирање (јаглероден
моноксид, јаглероден диоксид, нитрозни гасови )
• Иритативни гасови кои се ослободуваат од дизел
опрема која се користи во рудникот (сулфурни оксиди,
честички од издувни гасови)
• Инертна прашина
• Алергиски промени на некои други материи или
латентна бронхиална астма
Анализа на лични заштитни средства кои ги користи:
•
•
•
•
•
•
•
•
•
гумени чизми
работничко одело
кожувче
каиш
шлем
електрична акумулаторска ламба
антифони
кожни ракавици
респираторна маска
Анализа на боледувања кои ги користел: чести боледувања по
1-3 дена, почесто во периодите од март до мај во последните три
години, но има и боледувања во други термини ама поретко
Наоди од микроклиматски услови:
• Tемпература на воздухот - во граници на нормала
• Струењето на воздухот и влажноста на воздухот - на горна граница
од предвидените вредности. Овие услови се вообичаени за во
рудник
• Респирабилна прашина – во граници на нормала
• Издувни честички од дизел опрема - во граници на нормала
• Гасови (јаглероден моноксид, јаглероден диоксид, сулфурни оксиди
и нитрозни оксиди) - во граници на нормала
Наоди од испитување на осветлување - намалени вредности (користи
електрична ламба како лично заштитно средство)
Наоди од испитување на бучава - зголемени вредности (користи
антифони)
Заклучок: условите за работа се во границите на нормала,
освен влага и струење на воздух во горна граница на
нормала и зголемена бучава (користи антифони)
Сите параметри за кои имаше сомневање се во граници на
нормала и не може да се даде одговор на прашањата од судот
Побарав од судот да наложи да се направат дополнителни
испитувања кои може да ја објаснат состојбата:
• Да се направи повторна обсервација на тужителот- да се
врати на истото работно место и да се мониторира за време на
работа. Параметри кои треба да се мониторираат: субјективни
симптоми, физикален преглед , спирометриско испитување
пред да влезе во јама и по завршуавње на работа.
• Истовремено мониторирање на параметрите на работната
средина : гасови (кислород, јаглероден моноксид, јаглероден
диоксид, нитрозни гасови, сулфурни оксиди), честички од
издувни гасови , респирабилна прашина, микроклиматски
услови.
ОТКРИЕНА ЗДРАВСТВЕНА СОСТОЈБА
мониторирање на вентилаторната функција непосредно до работното
место, во амбулантата на рудникот
ПРЕД ДА ЗАПОЧНЕ СО РАБОТА
ПО ПОЈАВА НА СИМПТОМИ
ЗАБЕЛЕШКА
Симптоми негира
Дишење аускултаторно : мирно
дишење,
везикуларно,
нема знаци за обстркција
Диспнеа
Психички мирен добро
информиран за сите
испитувања
Вознемирен , исплашен , бара
побрзо да се направи
испитувањето и да му се даде
лек да се смири
Позитивен одговор
Спирограм –
нормални статички и
динамички параметри,
нормален проток во малите
дишни патишта
Лесно намалување на
спирометриските параметри од
комбиниран тип, намален
проток во малите дишни
патишта
Позитивен одговор
Гасни анализи – нормална
сатурација со кислород
Лесно намалена сатурацијата со Позитивен одговор
кислород
ЕКГ- нормален ритам 64/мин,
нема занци за аритмии и
исхемија
ЕКГ синус ритам 82/мин, нема
знаци за аритмии и исхемија
Позитивен наод
Забрзано дишење,
Позаострено дишење,
Ретки пискави шумови
Позитивен одговор
РЕЗУЛТАТИ ОД ИСПИТУВАЊЕ НА УСЛОВИТЕ
ЗА РАБОТА
•
•
•
•
•
•
•
•
•
•
Температура на воздухот – нормален наод
Влажност на воздухот - лесно зголемена
Струење на воздухот (промаја) - во граници на нормала
Респирабилна прашина – нормален наод
Кислород – нормален наод
Јаглероден моноксид – нормален наод
Јаглероден диоксид - нормален наод
Сулфурен диоксид - лесно над нормала
Честички од издувни гасови – лесно зголемени
Нитрозни гасови –лесно над нормала
ЗАКЛУЧОК И ОДГОВОР НА ПРАШАЊАТА НА
СУДОТ
• Добиен е позитивен одговор од медицинското
испитување - од мониторирање на поставените
медицински индикатори
• Од испитувањата на условите за работа се
заклучува дека има лесно покачување на сулфурни
и нитрозни гасови и нормализирање на струењето
на воздухот.
КОМЕНТАР НА НАЈДЕНИТЕ РЕЗУЛТАТИ
• Сулфурните гасови прават иритација на слузницата на бронхиолите тоа е причина за лесно намалување на спирометриските параметри и
намалување на протокот во малите дишни патишта.
• Нитрозните гасови предизвикуваат иритација на слузницата на
дишните патишта и оток на интерстициуот на белите дробови
(белодробен едем)
• Поради белодробниот едем има задебелување на алвеолокапиларниот простор и отежнат пренос на кислородот од алвеолите во
капиларите. Затоа има симптоми на отежнато дишење, чувство дека не
може да земе воздух, потреба да ги шири градите, забрзано дишење и
забрзана работа на срцето. Поради тоа се јавува намалена сатурација
на крвта со кислород и чувство на вознемиреност, страв и панично
реагирање
• Симптомиите не се јавуваат брзо, но по неколку часовна експозиција
бидејки механизмот на дејство на нитрозните гасови не е на
обструкцијата, туку на појавата на белодробен оток
КОМЕНТАР ЗА ПОЈАВАТА НА НИТРОЗНИ И СУЛФУРНИ
ГАСОВИ ВО ПОГОЛЕМИ ВРЕДНОСТИ
(при редовните летни и зимски мерења биле во нормални вредности)
• Сулфурните гасови и честичките од издувни гасови се продукт на дизел опрема
која се користи во рудникот : багери за товарење и пренос на руда во јамите,
бушачки коли кои се користат за бушење во рудникот и дури се преместуваат од
едно до друго работно место користат дизел мотор, комбиња за превоз на
работници и материјали
• Нитрозните гасови, јаглероден моноксид и јаглердоен диоксид се ослободуваат
при минирање (производ на процесот на минирање)
Начин на вентилација (однесување на гасовите од работните места во
надворешна средина)
• Во зимскиот период се користи природен начин на вентилација. Јамите се
наредени едни над други,хоризонтално поставени. Поврзани се со верикални
или коси ископи кои се користат за вентилација. Во зимскиот период по
природен пат воздухот од јамите како потопол преку вертикалните и косите
ископи излегува надвор од јамите.
• Во летниот период овој процес е отежнат, па се користи вештачка вентилација со
вентилатори и систем на цевки со кои се изнесува надвор од јамите
ПРИЧИНА ЗОШТО СИМПТОМИТЕ КАЈ ТУЖИТЕЛОТ
СЕ ЈАВУВАЛЕ ВО ЛЕТНИТЕ МЕСЕЦИ
• Во лето поради непостојаната надворешна температура
на воздухот не функционира најдобро системот на
природна вентилација
• Има денови кога надвор е топло и има појава на
затајување на изнесувањето на гасовите од јамата, па на
тој начин се појавува заробување на поголеми количини
на гасови во јамата и зголемување на концентрациите во
работната средина
• Кога тужителот бил експониран на поголеми
концентрации на наведените гасови имал симптоми па
затоа и не бил ефикасен при работа, одбивал работа и
барал да биде однесен кај лекар
ОДГОВОР НА ПОСТАВЕНИТЕ ПРАШАЊА ОД
СУДОТ
• Дали кај работникот има заболување ?
• ДА, има опструкција и појава на белодробен едем по
подолга експозиција на јамските гасови
• Дали заболувањето било причина за отсуството од
работа? - ДА
• Дали работникот како последица на заболувањето ја
одбивал работата или не сакал да работи ?
• Работникот НЕ бил симулант, имал здравствени
проблеми и затоа не можел да ги извршува
работните задачи
• Дали конфликтите што ги имал со претпоставените и
соработниците се резултат на заболувањето?
– Во период на гушење имал и дополнителна панична
реакција која е последица на стегањето во градите,бил
нервозен. Прагот на дразба тогаш бил намален, па лесно
доаѓал во конфликтна состојба
Уште повеќе тоа било затоа што тој навистина имал
сериозни тешкотии кои тој ги чувствувал меѓутоа биле
тешки со вообичаените испитувања да се докажат, па
тужителот не можел да ги докаже, а бил прифатен од
претпоставените и колегите како симулант
ЗАВРШНИЦА ОД СУДСКИОТ ПРОЦЕС
• Судот донесува одлука работникот да се
врати на работа бидеќи неосновано е
отпуштен, а тужителот и фирмата да се
договорат за прераспределба на
работникот на ново работно место во
флотација каде што ќе може успешно и
редовно да си ги извршува работните
задачи
ВИ БЛАГОДАРАМ ЗА ВНИМАНИЕТО