Transcript 10 недела
Трудово Право
Проф Д-р Тодор Каламатиев
Недела 10 :
Тема 1: Права на работниците од
работен однос и нивната положба
( втор дел )
Тема 2: Одговорност на работниците
Трудово Право
ПРАВА ОД РАБОТЕН ОДНОС ( 2 дел )
ПЛАТА И НАДОМЕСТОЦИ ОД ПЛАТА
ПРАВО НА ОРГАНИЗИРАЊЕ НА
РАБОТНИЦИТЕ И РАБОТОДАВАЧИТЕ
ПРАВО НА ШТРАЈК
Економско – социјален совет
Трудово Право
ОДГОВОРНОСТ НА РАБОТНИЦИТЕ
- Материјална одговороност
- Прекршочна одговорност
Плати и надоместоци на плата
Наградувањето на работниците за
вложениот труд, односно извршената
работа, или плата се употребува и во
теоријата и во законодавството
Начелото на наградување според
вложениот труд е подигнато и како
начело на работниот однос
Плати и надоместоци на плата
Постои интересирање на секој од конкретните слоеви
и чинители во трудот за платата
Работниците – колку ќе биде нивната заработувачка,
толку ќе изнесува и нивниот стандард ( борба за
утврдување најниска плата )
Работодавачите – платата освен што е трошок за
нив, може и да предизвика дополнителни проблеми
со дополнителни барања на работниците за
зголемување на платите што ќе се манифестира
негативно према производството
-Платите во корелација со синдикатите:
Економско значење
Социјално значење
Плати и надоместоци на плата
Владите – товар при разрешувањето на
проблемите во врска со политиката на
наградување
Плати и надоместоци на плата
Право на плата како Уставна категорија
– правото на секој вработен на
соодветна заработувачка
ЗРО – на секој работник му припаѓе
правото на плата како надоместок за
работата што ја извршува
Плати и надоместоци на плата
Платата на работникот се определува според
определени:
Мерила- за остварување на платата и за
нејзината висина генерално е извршената
работа, односно вложениот труд и
индивидуалниот учинок во добивката на
работодавачот
Критериуми – видот на дејноста,сложеноста на
работата што се извршува,условите под кои се
врши, стажот на работникот, стручната
подготовка и др. Елементи утврдени со
колективен договор
Плати и надоместоци на плата
ЗРО не го утврдува горниот плафон над
кој не може да изнесува плата во Р.М, но
индиректно ја утврдува најниската
граница под која не може да биде утврден
износот на плата
Платата на работникот за работа со полно
работно време не може да биде пониска
од најниската плата утврдена според
закон и колективен договор ( член 107
ЗРО )
Плати и надоместоци на плата
Пресметување на висината на
платата
Платата секогаш мора да биде
исплатена во парична, а не во
натурална форма
Платата е составена од : Основна
плата, Работна успешност и
додатоци
Плати и надоместоци на плата
Основна плата – се определува земајќи ги во
предвид барањата за работното место, за кое
работникот склучил договор за вработување
Работна успешност – се определува земајќи
ги предвид домаќинскиот однос, квалитетот и
обемот на работа на работникот
Додатоци – за посебни услови при работа кои
произлегуваат од распоредот на работното
време: за работа во смени,во поделено работно
време,продолжена работа, ноќна работа,работа
во недела, во празници определени со
закон,Додаток за работен стаж
Плати и надоместоци на плата
Според ЗРО, на работникот му припаѓа
надоместок на плата во случаите на
отсутност од работа поради: користење
годишен одмор, платен вонреден
одмор,дообразување,со закон
определени празници и од работа
слободни денови и во случаите кога
работникот не работи од причини на
страната на работодавачот
Плати и надоместоци на плата
Условите под кои на работникот му
припаѓа надоместокот на
плата,времетрањето наисплатата како и
висината, се утврдуваат со колективен
договор
Исплата на надоместок на плата во случај
на неспособност за работа на работникот
исплаќа работодавачот до 21 ден, а потоа
надоместокот се исплаќа на товар на
здраственото осигурување
Плати и надоместоци на
плата
Други примања и надоместоци на
работниците
ЗРО, предвидува надомест на трошоци поврзани со
работата за :
исхрана за време на работа, превоз до и од
работа, службено патување, теренски додаток,
користење приватен автомобил за службени
патувања, одвоен живот од семесјтвото, смрт на
работникот или на член од негово семејство
Работникот има право и на отпремнина при одење
во пензија, како и јубилејни награди
Право на oрганизирање на
работниците и работодавачите
- Синдикати и здруженија на
работодавачи
- Постапка за засновање на
синдикат
- Синдикален претставник
Право на oрганизирање на
работниците и работодавачите
Според ЗРО, работниците и работодавачите имаат
право слободно да основаат синдикати и здруженија
на работодавачи за остварување на социјални и
економски интереси
Нивните организации се независни, самостојни,
демократски организации во кои доброволно се
здружуваат и чија цел е унапредување и заштита на
нивните интереси
Синдикатите и здруженијата на работодавачите се
основаат без било какво претходно одобрување и не
можат да бидат распуштени или нивната дејност
запрена по административен пат ако дејноста ја
вршат во согласност со закон
Право на организирање на
работниците и работодавачите
Постапка за регистрирање на синдикатите
во регистарот на синдикатите во МТСП
Барање на основачот на синдикатот на упис
во регистарот на синдикати во МТСП, а сo
барањето се доставува: одлука за основање на
синдикатот,записник од оснивачко
собрание,статут,назив,седиште,подрачје на
делување, назив на основачот и членовите на
извршното тело, име и презиме на лицата што
го застапуваат и лицата што платиле
членарина
Право на Организирање на
работниците и работодавачите
По барањето за упис се донесува
решение
Во регистарот се запишува: денот
на
основањето,називот,седиштето,подрачј
ето на делување,називот на извршното
тело, има на лицето овластено за
застапување
Право на Организирање на
работниците и работодавачите
Синдикатите, односно здруженијата на
работодавачите, мора да имаат свој статут
заснован на демократско застапување и
почитување на вољата на членовите
Елементи кои ги содржи статутот –
цел,внатрешна организација,
назив,седиште,подрачје на
делување,симбол,органи, одредби за
телата овластени за склучување на
колективни договори
Право на организирање на
работниците и работодавачите
Имот на синдикатот односно
здружението на работодавачи –
составен од уписнини и членарини, а
стекнува со купување, подарок и на
сите други начини на законско
стекнување на имот, без било какво
претходно одобрение
Право на организирање на
работниците и работодавачите
Синдикалните претставници имаат право
да ги штитат и промовираат, правата и
интересите на членовите на синдикатот
кај работодавачот
Синдикалниот претставник се бира на
слободни избори, во согласност со
статутот на синдикатот
Синдикалниот претставник со оглед на
конфликтноста на неговата функција има
обезбедена посебна заштита
Право на Организирање на
работниците и работодавачите
Синдикалниот претставник е заштитен
од отказ, како и не може да му се
намали платата или да му се откаже
договорот за вработување заради
синдикални активности
Заштитата на синдикалниот
претставник трае за целото време на
неговиот мандат, како и најмалку 2
години по престанувањето на мандатот
Право на Штрајк
Штрајк претставува – организиран облик на
прекин на работата најавен,организиран и
воден од работниците заради остварување на
економски и социјални права и интереси од
работен однос
Правото на штрајк е право утврдено со
уставот, доуредено со ЗРО во глава XX, како и
со посебни закони ( одбрана,внатрешни
работи,управа ), кои предвидуваат норми за
ограничување на условите за остварување на
штрајк во овие сензитивни сектори
Право на Штрајк
Пред поведувањето, штрајкот мора писмено да
се најави на работодавачот односно
здружението на работодавачи против кои е
насочен
Во писмото за најава на штрајкот се
внесуваат: причините за штрајкот,местото на
одржување на штрајкот, времетраењето и
денот и времето на почеток на штрајкот
Штрајкот не смее да започне пред
завршетокот на постапката за помирување на
страните, согласно законот и акт на
Министерот надлежен во работите од трудот
Право на Штрајк
Видови на Штрајк:
- Делумен штрајк - штрајк, организиран на ниво на
работодавач или организациона единица на
работодавачот
- Генерален Штрајк – штрајк на ниво на гранка
Спонтан штрајк – штрајк без посебни претходни
подготовки, за којшто одлука донесуваат мнозинството
работници кај работодавачот
Солидарен штрајк – штрајк со кој работниците од еден
работодавач се солидаризираат со работниците што
штрајкуваат кај друг работодавач
- писмено се најавува кај работодавачот кај кого штрајкот
се организира, може да започне без постапка за
помирување, но не пред истекот на два дена од почетокот
на штрајкот за чија поддршка се организира
Право на Штрајк
Обврска на организаторите е штрајкот да се
организира и одржува на начин на кој не би била
доведен во опасност безбедноста и здравјето на
работниците и минималните услови за
продолжување на процесот на работа
На предлог на работодавачот се носи правилник
кои работи не смеат да се прекинуваат за време на
штрајк
за производно одржувачките ( работата и бројот на
работниците кои мора да работат за време на штрајк) и нужните
работи ( работите заради спречување на загрозување на здравјето,
животот и личната сигурност на граѓаните )
Право на Штрајк
Работникот слободно одлучува за
стапување во штрајк и работниците кои
учествуваат во штрајк не можат да ги
попречуваат во работењето оние кои не
учествуваат во штрајкот
За време на штрајкот, работодавачот е
должен да им уплаќа придонеси од плата,
а организаторот на штрајкот може од свои
средства да им обезбеди надоместок на
плата, на работниците кои учествуваат во
штрајкот
Право на Штрајк
Судска забрана на незаконски штрајк и
надомест на штета – работодавачот може да
бара од надлежниот суд да забрани
организирање и спроведување на штрајк,
спротивен на законот и за тоа да бара
надомест на штетата која што ја претрпел
Судска забрана на незаконско
исклучување од работа и надомест на
штета – синдикатот може да бара од
надлежниот суд да забрани исклучување од
работа за време на штрајк, спротивно на
законот и за тоа да бара надомест на штетата
претрпена поради тоа
Материјална одговорност на
работниците
Материјалната одговорност на
работниците, произлегува од граѓанската
одговорност за штета, но не може во
целост да се поистовети со неа
Материјална одговорност на
работниците одговорност на работниците за
материјална штета што тие ќе ја сторат на
работата или во врска со работата и тоа
по своја вина
Материјална одговорност на
работниците
Елементите на материјалната одговорност
на работниците ги идентификуваме
тргнувајќи од самата дефиниција
1. Материјална штета во текот на работата
и во врска со работата може да стори само
работникот
2. Работникот одговара само за
материјалната штета што ја сторил во текот
на работата или во врска со работата
3. Работникот одговара само за штетата што
ја сторил по своја вина
Материјална одговорност на
работниците
4. Работникот одговара за материјална
штета сторена на работодавач , на
поединци или на правни лица, во
текот на работата или во врска со
работата
5. Меѓу сторената штета, односно
штетното дејствие и работата која ја врши
работникот, треба да постои причинско
– последична врска
Материјална одговорност на
работниците
Причинско последична врска
Штетата треба да се јави како последица
на работата или да е во врска со работата
Доколку штетното дејствие не е во врска
со работата или не е сторено во текот на
работата, не постои материјална
одговорност на работникот, а работникот
одговара според општите правила за
одговорност на штета во граѓанското
право
Материјална одговорност на
работниците
Работникот одговара за материјалната штета,
која може имотно, материјално да се
определи во пари:
* Навистина сторена штета, која довела до
намалување нечиј имот ( damnum emergens)
* Изгубена добивка, спречување на зголемување
на имотот што би дошло по редот на нештата (
lucrum cessens )
Материјална одговорност на
работниците
Вина на работникот за сторената
штета и вината како субјективен
елемент на материјалната одговорност
Лична одговорност - работникот кај кој
се утврдува вина за сторена штета,
лично ја надоместува, односно лично е
одговорен за воспоставување на
состојбата која првобитно постоела
пред предизвикување на штетата
Материјална одговорност на
работниците
Утврдување на степенот на вина на
работникот релевантна при
констатирање на материјална
одговорност на штета
ЗРО – Работникот кој на работа или во
врска со работа намерно или од
тешка небрежност му предизвика
штета на работодавачот е должен да ја
надомести
Материјална одговорност на
работниците
ВИДОВИ МАТЕРИЈАЛНА
ОДГОВОРНОСТ НА РАБОТНИЦИТЕ
Штета сторена на работодавач
Ι. Индивидуална – сторител на штета е
работникот како поединец и штетата ја
надоместува тој самиот ако се утврди
вина на негова страна
Материјална одговорност на
работниците
ΙΙ. Колективна – штетата ја
причинуваат повеќе работници, група
работници и тука се јавуваат две
ситуации во зависност од фактот кој од
нив ќе ја надомести настаната штета
(во зависност од можноста за
утврдување на учеството на секој
работник во штетата, односно дали е
сторена со намерно казниво дејствие )
Материјална одговорност на
работниците
ΙΙ. 1. Доколку штетата ја сториле повеќе
работници и при тоа со точност може да
се утврди посебната одговорност за делот
од штетата сторена од секој работник, тој
одговара за својот дел од штетата
ΙΙ. 2. Доколку за секој работник не може
посебно да се утврди колкав дел од
штетата сторил, тогаш штетата се
надоместува во подеднакви делови, а
работниците се подеднакво виновни
Материјална одговорност на
работниците
- Доколку повеќе работници предизвикале
штета со намерно казниво дејствие, за
штетата се солидарно одговорни
-Кај солидарната одговорност
разграничуваме два односа:
* меѓу сторителите на штетата и оној
на кого таа му е нанесена – еден од
работниците сторители на штетата ја надоместува
штетата на работодавачот и со тоа престанува
обврската за надомест од другите работници
Материјална одговорност на
работниците
* меѓу самите сторители на
штетата – откако ќе се реализира
претходниот однос, работникот кој во име на
солидарната одговорност ја надоместил штетата
има право на регрес од другите работници
Материјална одговорност на
работниците
Штета сторена на трети лица
(поединци или правни лица )
Се афирмира критериумот на
објективна одговорност –
работодавачот ја надоместува штетата без
претходно впуштање во утврдување одговорност
на работникот
Материјална одговорност на
работниците
Штета што работникот ќе ја
претрпи на работа или во врска со
работа – работодавачот му ја
надоместува штетата на работникот
што тој ја претрпел на работа и во
врска со работата ( субјективна
одговорност )
Материјална одговорност на
работниците
-
-
Утврдување и остварување
нанадоместокот на штетата
Работникот по правило ја надоместува штетата
врз основа на однапред определен износ со
помош на износи содржани и утврдени во
ценовникот на работодавачот
Доколку не може да се утврди на тој начин,
штетата ја утврдува стручна комисија на
работодавачот, која донесува одлука за
надоместување на штетата