Географски називи

Download Report

Transcript Географски називи

Мастер студии по деловно право
Географски називи
Проф. Д-р Јадранка ДабовиќАнаставсовска
Вовед
• Првично, географските називи се користеле за означување
на регионот или локалитетот од кој стоките потекнуваат.
• Најпосле трговијата ја делокализира потрошувачката и во
процесот ја воспоставува репутацијата на стоките надвор
од местото на производство.
• Со време луѓето почнале да асоцираат определени
географски називи со определени производи познати
според нивните високо пожелни и наизглед уникатни
карактеристики.
– Пенливото вино од регионот Шампањ во Франција добило
репутација за исклучителност и купувачите активно бараат
шишиња што го користат зборот Шампањ.
• Потребата да се спречи злоупотребата на
одредена репутација поврзани со специфичен
регион даде повод за одделни облици на
правна заштита за географските ознаки (ГО).
• Под ваква правна заштита, ГО се третираат
како посебен облик на колективна
интелектуална сопственост, во која заштитата е
поврзана со самиот производ и не е ниту
зависна од носителот на правото, ниту од
измама или забуна на потрошувачит.
– Најстариот и најпознатиот облик на ваква заштита
е системот на appellations d'origine contrôlée во
Франција.
Што се ГО
• Географска ознака е знак се користи на стоки кои
имаат специфични географско потекло и поседува
квалитети, угледо или карактеристики, кои во
суштина се должат на тоа место на потекло.
• Најчесто географската ознака го вклучува и името
на местото на потекло на стоките.
• Земјоделски производи обично имаат квалитети кои
произлегуваат од нивното место на производство и
се под влијание на специфични локални фактори,
како што се климата и почвата.
• ГО можат да се користат за широк спектар на
производи, без разлика дали природни, земјоделски
или произведени.
Начела за доделување на
права на ГО
• ГО се користат да се балансираат компетитивните
интереси на пазарот : да се заштитат
потрошувачите од дезинформации и
произведувачите од нефер бизнис практиките.
• Правната заштита на ГО традиционално се заснова
на идејата дека географското потекло влијае на
исклучителните квалитети и карактеристики на
производот.
• ГО исто така се сметаат за важни во одржувањето и
заштитата на локалната култура и културната
разновидност, која повикува на проширување и
зајакнување на заштитата на ГО.
Функции на ГО
• Функција на потекло
– Тие укажуваат на потекло од каде што доаѓа производот или
со кое е поврзан.
• Функција на квалитет
– Тие го симболизираат квалитетите кои некои производи ги
имаат или кои ги асоцираат потрошувачите со гаранција дека
ќе ги исполнат очекувањата.
• Функција на промоција или инвестиции
– Тие се симболи околу кои промоцијата на еден производ е
изградена и околу кои инвестициите се вредност
•
Функција на културна заштита
– Тие ја штитат културата преку зачувување на
традиционалните методи на производство, навиките на
потрошувачка и културниот идентитет.
Правен развој на ГО
• Првите закони за заштита на географски ознаки,
кои датираат уште од 14-от и втората половина
од 15-от век во Франција, Португалија и
Тоскана, беа првенствено донесен од
фискалната причини.
• Франција беше првата што создаде сеопфатен
систем за заштита на географски ознаки што
има подоцна имаше влијание на создавањето и
на националните закони и на меѓународните
договори.
Меѓународна регулатива
• Париската конвенција за заштита на индустриска
сопственост, од 1883 и ревизии (Париска
конвенција)
• Мадридскиот договор за репресија на лажни или
измаменчки прикажувања на потеклото на стоките,
од 1891 и ревизии (Мадридски договор)
• Лисабонскиот договор за заштита на ознаките на
потеклото и нивната меѓународна регистрација, од
1958 како што е ревидиран и дополнет (Лисабонски
договор)
• Спогодба за трговските аспекти на првата од
интелектуална сопственост, од 1994 (TRIPS)
Париска конвенција
• ГО се едни од правата енумерирани во чл. 1 од Париската
конвенција, како „ознаки на изворот“ и „географски ознаки“
• Важни принципи на Конвенцијата :
– Национален третман
– Правото на приоритет
• Париската конвенција бара земјите-членки да „запленат
при увоз“ стока што носат лого „директна или индиректна
лажно наведувањето на потеклото на стоките“.
• Париската конвенција, исто така, ја забранува употреба на
лажни или погрешни означувања на потеклото како
средство за да се спречи нелојалната конкуренција. Член
10bis забранува упатства како за „карактеристики“ на стока,
ако тие се подобни да доведат јавноста во заблуда.
Мадридски договор
•
•
•
Според Мадридскиот договор, сите стоки со лого на лажно или
измамничко наведување на изворот, со кое една од државите
договорнички, или место се наоѓа таму, е директно или индиректно
посочена како земјата или местото на потекло, мора да се запленети
при увоз, или таквиот увоз мора да бидат забранет, или да се применат
други дејствија и санкции во врска со таквиот увоз.
Ги предвидува случаите и начинот на кој заплена може да се побара и
реализира. Ја забранува употребата, во врска со продажба или
прикажување или нудење за продажба на било кои добра, на сите
ознаки на начин или публицитет способен да залажување на јавноста во
поглед на изворот на стоката.
Оставено е на судовите на секоја држава договорничка да се одлучат
кои ознаки (освен регионалните ознаки во врска со изворот на
производи од винова лоза, за сметка на нивните генерички карактер, не
влегуваат во рамките на Спогодбата. Договорот не предвидува
формирање на унија, некое владеачко тело или на буџет.
Лисабонски договор
• Лисабонскиот договор предвидува заштита за ознака на потекло
- „географско име на земја, област или локација, која служи да
означи дека производот е со потекло оттаму, квалитетот и
карактеристиките на кој се должат исклучиво или главно на
географската средина, вклучително и природните и човечките
фактори“
• Имињата се регистрирани од страна на Меѓународното Биро на
СОИС во Женева на барање на надлежните органи на
заинтересираната членка договорничка.
• Меѓународното Биро ја соопштува регистрацијата на друга земја
договорничка. Договорната страна може да изјави, во рок од
една година, дека не може да обезбеди заштита на
регистрираната ознака. Регистрираната ознака не може да биде
прогласена за генеричка во државата договорничка, сè додека
таа продолжува да биде заштитена во земјата на потекло.
TRIPS
•
•
Категорија што потпаѓа под термините „интелектуална сопственост“
(Член 1(2)(3))
Членките треба да се обезбедат правни средства за заинтересирани
страни за да се спречи :
– употребата на било каков начин, во името или презентацијата на стока што
покажува или сугерира дека доброто во прашање потекнува од географска област
надвор од вистинското место на потекло на начин кој ја залажува јавноста во
поглед на географското потекло на добрата;
– било каква употреба, кој претставува чин на нелојална конкуренција во рамките на
значењето на член 10bis на Париската конвенција (1967).
•
•
Одбивање или невалидност на регистрација на трговска марка која
содржи или се состои од ГО во врска со стоки, кои не потекнуваат од
наведената територијата, ако употребата на ознаките во трговската
марка за таквата стока е од таква природа за да ја доведе јавноста во
заблуда во поглед на вистинското место на потекло.
Заштита е применлива против ГО кои, иако буквално вистинити во
поглед на на територијата, регион или локација во која стоките
потекнуваат, лажно и претставуваат на јавноста дека стоките
потекнуваат во друга територија.
ГО И ЗАЕДНИЧКИОТ
ПАЗАР
Ситуација
• Моноплските правата доделени на локалните
производители со ГО vis-à-vis идејата за слободно
движење на стоки на заедничкиот пазар.
• ГО се уште значително регулирани со законите на
земјите-членки.
• Три главни начини за решавање на проблемот :
– Хармонизација на националните закони за ГО;
– Прифаќање на ниво на заедницата прописи, со кои ќе се
регулираат ГО правата;
– Развој на долгогодишна практика од ЕСП со барање да
се помират принципот на слободно движење на стоки со
ГО правата.
Директиви поврзани со ГО
• ГИ се заштитени индиректно од страна на неколку
директиви кои се однесуваат на усогласување на
заштитата на конкуренцијата и на потрошувачите
од заблуда и измама.
– Директива за квантитативни ограничувања: забранува
мерки во корист на домашните производи.
– Директива за Измамничко и споредбеното
рекламирање: во одредувањето дали рекламирањето е
измамничко треба да се земат предвид информациите
содржани во врска со географското или комерцијалното
потекло или на резултатите што може да се очекуваст
од нивната употреба; Потребно е споредбеното
рекламирање да не создава нефер предност во поглед
на угледот на географската ознака на конкурентските
производи
Директиви поврзани со ГО
– Директива за Обележување на прехранбени
производи: обележувањето и методите што се
користат не смеат да бидат такви што би можеле
да го прелажат купувачот до суштествен степен,
особено во поглед на карактеристиките на
прехранбениот производ и, особено, неговата
природа, идентитет, својства, состав, количеството,
потеклото или провиниенција.
– Директива за трговски марки: трговски марки кои се
состојат исклучиво од знак или ознака што може да
служи во трговијата да одреди географско потекло“
или „ ја заведува јавноста [...] како во поглед на
квалитетот или географското потекло“ на
производите, нема да се регистрира или, ако е
регистрирана ќе биде огласена за невалидна.
Регулативи поврзани со ГО
• Со цел да се спроведе слободно движење на
стоки и да се создаде политиката за квалитет на
земјоделските производи, ЕЗ усвои заеднички
прописи за доделување на географските ознаки.
Оваа регулаторна структура е изградена на три
столба :
– Заштита на земјоделските и прехранбените
производи;
– Заштита на лозаро-винарски производи; и
– Заштита на алкохолни и вино-базирани пијалаци
Земјоделски и прехранбени
производи
• Регистрацијата и заштитата на географски ознаки
за прехранбени производи и земјоделски производи
наменети за консумирање се уредуваат со
Регулативата 510/2006 на Советот за заштита на
географски ознаки и ознаки на потекло за
земјоделски и прехранбени производи (Регулатива
за потеклото)
• Два различни вида географски ознаки :
– заштитена географска ознака (‘ЗГО’)
– заштитена ознака на потекло (‘ЗОП’).
• Да уживаат заштита во во ЕЗ, географска ознака
мора да биде регистрирани.
Земјоделски и прехранбени
производи
•
Заштитена ознака за потекло е име на регионот, специфично место
или, во исклучителни случаи, држава, што се користи за
опишување на земјоделски производ или прехранбен производ:
– кој потекнува од тој регион, конкретно место или држава,
– квалитетот или карактеристиките на кој суштински или исклучиво се должат
на особената географска средина со нејзините природни и човечки фактори
и
– производството, обработката и подготовката на кој се одвива во
дефинираната географска област;
•
•
На пр.: Mozzarella di Bufala Campana
Заштитена географска ознака се однесува на името на регионот,
специфично место или, во исклучителни случаи, држава, што се користи
за опишување на земјоделски производ или прехранбен производ:
– кој потекнува од тој регион, конкретно место или држава, и
– кој поседува специфичем квалитет, углед или други карактеристики кои му се
припишуваат географското потекло, и
– производството и/или преработката и/или подготовката на кој се врши во
дефинираната географска област
•
На пр., Turrón de Alicante
Земјоделски и прехранбени
производи
• Традиционалните географски или не-географски имиња за
одредување на земјоделскиот производ или
прехранбениот производ кои ги исполнуваат условите исто
така се сметаат како ознаки на потекло или географска
ознаки.
• Одредени географски ознаки се третираат како ознаки за
потекло каде што суровините за предметните производи
доаѓаат од географска област поголема, или различна од,
областа на преработка, под услов:
– областа на производство на суровините е дефинирана;
– постојат посебни услови за производство на суровини; и
– постојат начини на контрола за да се обезбеди дека се
исполнети условите за производство на суровините.
• Ознаките во прашање мора да се препознаени како ознаки
на потекло во земјата на потекло пред 1 мај 2004.
Земјоделски и прехранбени
производи
•
Имињата кои станале генерички, односно „име на земјоделски производ
или прехранбен производ кој, иако се однесува до местото на регионот
во кои овој производ или прехранбен производ првично е произведен
или пласиран на пазарот, станало заедничко име за земјоделски
производ или прехранбен производ“ не можат да бидат регистрирани.
(Како на пример Дижон сенф);
– Определување на генеричноста се врши преку глобална проценка на сите
релевантни фактори, а особено :
•
•
•
•
на постоечката ситуација во ЕЗ земјата од која името потекнува;
состојбата во областа на потрошувачката;
постојната состојба во друга земја-членка на ЕК; и
релевантните национални или комунитарни закони
– Мислењето на просечниот потрошувач е обично одредувачко на природата на
зборот
•
Имиња што се во конфликт со името на растителна сорта или
животинска раса, а како резултат ќе имаат веројатно доведување во
заблуда на потрошувачот во поглед на вистинското потекло на
производот, не смее да се регистрираат.
Земјоделски и прехранбени
производи
• Името целосно или делумно хомонимно со
името веќе регистрирано според
Регулативата може да биде регистрирано
само со должно внимание на локалната и
традиционалната употреба и вистинскиот
ризик од забуна.
• ЗГО или ЗОП може да не биде
регистрирана кога угледот и должината на
времето во кое се користи можат да го
доведат во заблуда потрошувачот за
вистинскиот идентитет на производот.
Земјоделски и прехранбени
производи
•
Со цел да се добие ЗГО или ЗОП, земјоделските производи или
прехранбените производи мораат да бидат усогласени со
спецификацијата на производот, кој треба да ги вклучи следниве
аспекти :
– име на ЗГО или ЗОП;
– опис на производот, со назначување на неговите главни физички, хемиски,
микробиолошки и органолептички својства;
– дефиниција на географската област;
– информации кои се докажува дека производот потекнува од тоа подрачје;
– информации со коишто се оправдува врска помеѓу производот и географска
област;
– опис на методот на производство и, доколку е соодветно, автентични и
непроменливи локални методи, како и информации кои се однесуваат за пакување
што се одвива во дефинирани географска област, со цел да се заштитат квалитет,
гарантира потеклото или да се обезбеди контрола;
– името и адресата на органи или тела кои проверуваат усогласеноста со одредбите
содржани во спецификацијата на производот;
– било кое посебно правило за обележување на производот во прашање;
– било кои барања утврдени со законите на Заедницата или националните одредби.
Земјоделски и прехранбени
производи
• Групи, а во одредени случаи физички и правни лица, можат да
аплицираат за името да биде регистрирано како ЗГО или ЗОП.
• Барањето се поднесува до земјите-членка во која географска
област се наоѓа. Земјата-членка е потребно да ја изанализира
пријавата и со соодветни средства да провери дали е основана и
ги исполнува условите од Регулативата.
– На процес на анализа ја вклучува можноста за физички и правни
лица што престојуваат или се основани во земјата-членка со
легитимен интерес да иницираат национална постапката на
приговор во разумен рок
• Ако пријавата ги исполнува барањата од Регулативата, земјатачленка ја перепраќа на Комисијата која истражува дали или
името е прифатливо за заштита.
Земјоделски и прехранбени
производи
• По испитувањето, апликацијата се објавува во
Службениот весник на Европските заедници
(СВ), по што секое лице со легитимен интерес,
вклучувајќи и други земји-членки и трети земји,
имаат шест месеци да се спротивстават на
планираната регистрација.
• Ако се истакнати приговори, постапката по
приговорот е утврдена во чл. 7 од Регулативата.
• Ако нема приговор ГО за заведува во
регистарот на ЗОП или ЗГО.
Земјоделски и прехранбени производи
- Заштитени ознаки на потекло (последни)
Designation
Chirimoya de la Costa tropical de Granada-Malaga
Colline Pontine
Yorkshire Forced Rhubarb
Patata di Bologna
Irpinia - Colline dell'Ufita
Provolone del Monaco
Pistacchio verde di Bronte
Arzùa-Ulloa
Crudo di Cuneo
Marrone di Caprese Michelangelo
Pomodorino del Piennolo del Vesuvio
Wiśnia nadwiślanka
Formaggio di Fossa di Sogliano
Aglio Bianco Polesano
Redykołka
Picodon
Makói vöröshagyma ; Makói hagyma
Country
Product
Category
Registration
date
Spain
Italy
United Kingdom
Italy
Italy
Italy
Italy
Spain
Italy
Italy
Italy
Poland
Italy
Italy
Poland
France
Hungary
Class 1.6.
Class 1.5.
Class 1.6.
Class 1.6.
Class 1.5.
Class 1.3.
Class 1.6.
Class 1.3.
Class 1.2.
Class 1.6.
Class 1.6.
Class 1.6.
Class 1.3.
Class 1.6.
Class 1.3.
Class 1.3.
Class 1.6.
26/03/2010
26/03/2010
25/03/2010
19/03/2010
11/03/2010
11/02/2010
13/01/2010
13/01/2010
17/12/2009
17/12/2009
17/12/2009
16/12/2009
03/12/2009
01/12/2009
01/12/2009
27/11/2009
06/11/2009
Земјоделски и прехранбени производи
- Заштитени географски ознаки (последни)
Designation
Prosciutto di Sauris
Pommes des Alpes de Haute Durance
Gentse azalea
Mela di Valtellina
Alubia de La Bãneza-León
Chorizo Riojano
Farine de Petit Epeautre de Haute Provence
Ricciarelli di Siena
Sedano Bianco di Sperlonga
Cornish Sardines
Pemento do Couto
Pesca di Verona
Jihočeská Zlatá Niva
Jihočeská Niva
Bremer Klaben
Marrone di Combai
Truskawka kaszubska lub Kaszëbskô malëna
Marroni del Monfenera
Moutarde de Bourgogne
Sobao Pasiego
Country
Italy
France
Belgium
Italy
Spain
Spain
France
Italy
Italy
United Kingdom
Spain
Italy
Czech Republic
Czech Republic
Germany
Italy
Poland
Italy
France
Spain
Product Category
Class 1.2.
Class 1.6.
Class 3.5.
Class 1.6.
Class 1.6.
Class 1.2.
Class 1.6.
Class 2.4.
Class 1.6.
Class 1.7.
Class 1.6.
Class 1.6.
Class 1.3.
Class 1.3.
Class 2.4
Class 1.6.
Class 1.6.
Class 1.6.
Class 2.6.
Class 2.4.
Registration date
20/04/2010
17/04/2010
13/04/2010
02/04/2010
26/03/2010
25/03/2010
25/03/2010
19/03/2010
18/03/2010
03/03/2010
24/02/2010
15/01/2010
15/01/2010
14/01/2010
03/12/2009
03/12/2009
28/11/2009
25/11/2009
25/11/2009
12/11/2009
Лозаро-винарски производи
• Правила на географските ознаки се вградени во мрежата
на пошироки прописи за винската индустрија
• Регулативата 1493/1999 за заедничка организација на
пазарот на вино (Регулатива за вино) се занимава во
голема мерка со винска индустрија, и вклучува заштитата
на географски ознаки како еден од главните елементи.
• Регулативата за вино се применува на мнозинството на
производи од вино и грозје, вклучувајќи шира. Тоa е
дополнетa со прописи за спроведување , вклучувајќи ја
Регулативата 753/2000 за одредување на некои правила за
примена на Регулативата 1493/1999 на Советот во поглед
на описот, ознаката, презентација и заштита на одредени
лозаро-винарски производи (Регулатива за обележување
на вино)
Лозаро-винарски производи
•
Оваа регулатива не предвидува директна дефиниција за географските ознаки; тие се
дефинирани индиректно преку дистинкција на две одделни категории на вино:
–
–
•
•
•
Ознаката за потекло мора да се користи за квалитетно вино psr
Географска ознака, може да се користи за трпезно вино
Не постои директна дефиниција за „ознака на потекло“, но тоа може да се изведе дака
го означува името на наведената винарска област или комбинација од растечки
области на винова лоза користени за определување на квалитетно вино PSR. Покрај
тоа, ознаката, исто така, мора да ги исполни следните три кумулативни услови:
–
–
–
•
квалитетно вино произведено во специфичен регион („квалитетно вино PSR“)
трпезно вино.
лозата (грозје) мора да потекнуваат од оваа област;
квалитетот на виното мора да се припишува на оваа област; и
преработка, производство и подготовка на вино мора да се одржи во рамките на одредената
област.
Терминот „географска ознака“ се однесува само за лозарски областа од каде што
потекнува производот и не е како обележје на квалитетот. Може да се користи за
определување на трпезни вина што произлегуваат од спојувањето на вина од
различно потекло, со тоа што 85% од виното мора е од областа чие име го носи
виното.
Лозаро-винарски производи
• Користењето на географската ознака е задолжително за
квалитетните вина PSR. Обележувањето мора да вклучува
специфично израз како „AOC“ или „Qualitätswein“ за да се покаже
дека тие се квалитетни вина. Сепак, одредени вина, како што се
Шампан и Порт се изземени од ова барање.
• Користењето на географска ознака не е задолжително за трпезни
вина, но кога се користи, на етикетата мора исто така да наведат
или „трпезно вино“ или термини како „PGO“, „Landwein“ или „vin
de pays“ за означување на употребата на географска ознака.
Лозаро-винарски производи
• Означувањето на некои квалитетни вина PSR и трпезни вина со
географска упатства може да се дополни со „традиционални
термини“;, како што се Clásico, Cream, Château или Claret. Овие
термини го посочуваат производство или методот на стареење
или квалитетот, бојата, типот на местото, или посебенниот
настан поврзан со историјата на виното што потекнува од земја
членка.
• регулативата за обележување на виното задржува некои „форми
на шишето“ за одредени вина, како што се Flûte d’Alsace, Clavelin
и Bocksbeutel. Овие форми евоцираат одредени карактеристики
или одредено потекло на виното.
• Иако традиционалните термини и форми на шишиња се
заштитени со соодветни прописи, тие не се во повеќето случаи
географски ознаки. Сепак, некои традиционални термини и
облици на шише можат да биде толку тесно поврзани со
географско потекло на одредена вино што можат да се сметаат
како индиректни ГО или индиректни едноставни ГО.
Лозаро-винарски производи
• Flûte d’Alsace, Clavelin и Bocksbeutel или
Cantil
Лозаро-винарски производи
• Барањата кои се однесуваат на регистрација или други
форми на признавање се регулирани со националните
закони.
• Од земјите-членки се бара да доставуваат до Комисијата
списоци од следниве ознаки и национални правила со кои
се регулира нивното користење :
– ознака на потекло користена за определување на квалитетни
вина PSR;
– географски ознаки користени за определување на трпезните
вина;
– традиционални термини кои може да се користи за
квалитетни вина и тршезни вина со географска ознака, и
– одредени видови на шишиња.
Алкохолни пијалаци и пијалаци на
основа на вино
• Дефинициите и составот на различните алкохолни пијалаци и
нивното обележување, како и за заштита на географските ознаки
се решаваат во голема мерка со Регулативата 1576/89 за
утврдување на општите правила за дефиниција, опис и
претставување на алкохолни пијалоци (Регулативата за
алкохолни пијалаци) и Регулативата 1601/91 за утврдување на
општите правила за дефиниција, опис и претставување на
ароматизираните вина, ароматизираните вино-базирани
пијалоци и ароматизирани вино-базирани коктели (Регулатива за
пијалаци на база на вино).
• Според двете регулативи, терминот „географска ознака“ е името
на географската област користена за определување на
алкохолниот пијалак кој го има стекнато својот карактер и
дефинитивен квалитет во текот на производствениот процес во
географската област во прашање т.е. не постои услов карактерот
или дефинитивниот квалитети да треба да се припише на
географското потекло на производот.
Алкохолни пијалаци и пијалаци на
основа на вино
• Заштитените ознаки се наведени во Анекс
II и вклучуваат, на пример ознаки како
Scotch Whisky, Calvados или Cassis de
Dijon.
• Регулативата за алкохолни пијалаци ги
штити и индиректните едноставни ГО како
што се Grappa и Ouzo како категории на
алкохолни пијалоци, барајќи од нив да
бидат произведени, во Италија и Грција,
соодветно.
Алкохолни пијалаци и пијалаци на
основа на вино
• Земјите-членки можат да донесат национални правила за
производство, опис и презентација на алкохолните и винобазирани пијалаци произведени на нивната територија.
Таквите правила, исто така, може да го ограничат
производството на алкохолните или вино-базирани
пијалаци на дадена географска област и да бараат да
бидат усогласени со специфични правила за квалитет.
• Не постои обврска за користење на географска ознака за
алкохолни или вино-базирани пијалаци, но тие може да се
користат или да ја дополнат или заменат категоријата на
името на пијалакот како што е виски или вотка.
ДОДЕЛУВАЊЕ ЗАШТИТА
ГО се штитат против
•
•
•
•
Било директна или индиректна комерцијална употреба на
регистрираното име во однос на производите кои не се опфатени со
регистрацијата, сè додека тие производи се споредливи со производите
регистрирани под тоа име или во онаа мера во која употребата на името
го експлоатира угледот на заштитеното име;
Каква било злоупотреба, имитација или повикување, дури и ако
вистинското потекло на производот е наведено или заштитеното име е
преведено или придружено со израз, како што се „стил“, „тип“, „метод“,
„произведено во“, „имитација“ или слични;
Било какво друго лажно или погрешно означување за потеклото,
природата или суштинските квалитети на производот, на внатрешното
или надворешното пакување, рекламниот материјал или документите во
врска со предметниот производ и пакувањето на производот во сад што
може да се создаде лажен впечаток во поглед на потеклото;
Која било друга практика што може да го доведе во заблуда
потрошувачот во поглед на вистинското потекло на производот.
Потреба на употреба во трговијата
• ГО се заштитени против „било директна или индиректна
комерцијална употреба“
• „комерцијална употреба“, сè уште не е дефинирана, но
содржината на терминот веројатно да биде слична она што
е „тек на трговијата“ во правото на трговска марка, односно
добивање на некоја економска предност.
• Дејствијата на повреда не се конкретно дефинирани но, по
аналогија правото на трговска марка, тие би можеле да
вклучат
– ставањето на ГИО на производи или нивните пакувања
нудење производи или нивно ставање на пазарот или
складиштење на овие производи под ГО
– увоз или извоз на производи под ГО; и
– користење на ГИ на бизнис хартиите или во рекламирањето
Посебна заштита за
производот
• На ГО им се дава апсолутна заштита за производот.
• Употребата на заштитените ознаки е забранета за :
– производи кои не одговараат на спецификацијата на
производот
– или во случај на вина, со националните закони со кои се
регулира употребата на ознака
• Секое производителот кој не е член на оригиналната група
подносител, но може да му покаже номиниранот
инспекциско тело, дека неговиот или нејзиниот производ
целосно во согласност со барањата на заштитени ГО може
да ги користат ГО за означување на нивниот производ.
• Овластените производители се должни да се усогласат со
барањата за производите и за квалитетот, како и со кои
било други услови што овие ги содржат за користење на
ознаката за нивните производи
Заштита од споредливи производи
•
Користењето на заштитените ознаки е исто така забрането за производи
кои се споредливи со регистрираните
– Прашањето за споредливи производи се уште не е предмет на детална правна
контрола во ГО правото. Спротивно на тоа, во правото на трговска марка на ова
прашање обично се одговора со поставување на следниве прашања :
•
•
•
•
•
•
Дали производите
Дали производите
Дали производите
Дали производите
служат за истата намена?
се продаваат во близина на еден друг?
се заменливи еден со друг?
се нудат на истата јавноста?
Оваа забрана ги опфаќа случаите кога ГО се користи со дополнителни
изрази, како што се вид, тип или слична па дури и ако се преведени
Заштита е дополнително дополнета со забрана за какво било користење
што е злоупотреба, имитација или повикување на ЗОП, ЗГО, географски
ознаки и традиционални термини
– Прописите за ГО не поседуваат дефиниција или да специфицираат што се
подразбира под злоупотреба, имитација или повикување.
–
злоупотреба, имитација или повикување се ограничени од страна на принципот на
специјалитет, што значи дека ГО заштитата е достапна само во рамките на опсегот на
споредливи производи. Со други зборови, географските ознаки се заштитени од злоупотреба,
имитација и евокација само кога производите се споредливи. Само ГО со углед можат да бидат
заштитени надвор од областа на споредливи производи
Заштита надвор од споредливи
производи
•
•
•
•
Регистрирана ГО ужива заштита против користењето за споредливи
производи, без потреба да се докаже дека поседува репутација.
Регистрирана ГО е исто така заштитена од експлоатација на нејзината
репутација
Само регистрирани ГО заштитени со Регулатива за потекло го добиваат
овој облик на заштита во во Заедницата
Регулативата за потеклото диференцира помеѓу „углед“ која се
припишува на географското потекло на ЗГО и „углед“ кој е заштитен од
злоупотреба.
– Угледот потребен да се регистрира ЗГО се однесува на „количеството“ во смисла
дека ГО треба да биде познат по голем дел од релевантната јавност
– Угледот заштитен од експлоатација би можел да биде опишан како „вредност
при рекламирање“.
•
•
ГО има репутација ако значителен дел од јавноста ја познава за производите е
регистрирана во значителен дел од земјата-членка.
Експлоатација постои кога има јасна користење на нефер предност и слободно возење на
на славната ГО или обид за трговијата врз нејзината репутација.
ОДНОСИ СО ХОМОНИМИИ
И ТРГОВСКИ МАРКИ
Хомоними
• Различни географски региони можат да го имаат истото
име (градот Париз во Франција, Европа, но исто така и во
Тексас и Охајо, САД). Имињата на градовите се хомоними,
со други зборови, зборови напишани и изговарани слично,
но различни во смисла.
• Исто така е можно дека градовите Париз се на местото на
потекло за ист вид на производи.
• Чесната употреба на хомонимните ГО треба да биде
дозволена бидејќи тие го одредуваат вистинското потекло
на производите. Сепак, нивната употреба може да биде
измамничка, бидејќи се очекува особените квалитети на
производот може да не бидат присутни кај производите, за
кои тие се користат.
Хомоними
• Регулативата за потекло дозволува регистрација на хомонимни
ГО со тоа што предвид се земаат локалната и традиционалната
употреба и вистинскиот ризик од забуна со претходна ГО.
• ГО нема да биде регистрирана ако луѓето веруваат дека
производите доаѓаат од друга територија од оној кој всушност се
означува.
• Во практиката, треба да има доволна дистинкција помеѓу
претходна ГО и хомонимната ГО.
• Дури и ако е одбиена регистрацијата на хомонимна ГО,
Комисијата може да одлучи, да им се овозможи соживот на
регистрирани ГО и нерегистрираната хомонимна ГО, под услов :
– хомонимот законски и соодветно да се користи пред 1968.
– дека е покажано дека хомонимната ГО не се користи да ги
експлоатира угледот на регистрираната ГО и дека јавноста не може
да биде измамена за вистинското потекло на производот.
Трговски марки
• ГО не можат да се регистрира, ако поради
репутацијата на трговската марка и должината на
времето во кое оваа користи, регистрацијата може
да ги доведе во заблуда потрошувачите во однос на
вистинскиот идентитет на производот заштитен со
трговската марка.
• Трговска марка со репутација е апсолутна причина
да се одбие регистрацијата на ГО, но исто така
може да биде одбиена поради традиционалната
фер употреба и веројатноста за појава на конфузија
со претходната трговска марка, под услов да е
изјавен приговор.
ГН во правото на РМ
Дефиниции
• Со ознака на потеклото и географска ознака се штити
географскиот назив
• "географски назив" е назив и/или обележје на земјата,
регионот или местото со кои се означува дека
производот потекнува од тоа подрачје
– "географска ознака" е право од индустриска сопственост
стекнато согласно со овој закон со кое се штити географски
назив;
– "ознака на потекло" е право од индустриска сопственост
стекнато согласно со овој закон со кое се штити географски
назив;
Предмет на заштита
• Географскиот назив се штити со ознака
на потеклото на производот и
географска ознака.
• Со географски назив се одбележуваат
производите кои ги произведуваат
физички или правни лица на определено
географско подрачје.
Ознака на потекло
• Ознаката на потеклото е географскиот назив
на земјата, регионот или местото со кој се
означува производот кој потекнува од тоа
подрачје и чиј квалитет и посебни својства
исклучиво или претежно се условени од
географската средина, вклучително и
природните и човечките фактори и чие
производство, преработка и подготовка во
целина се одвиваат на одредено ограничено
подрачје на потеклото.
Географска ознака
• Географска ознака е географскиот назив на земјата,
регионот или местото со кој се означува производот
чиј квалитет, угледот или други карактеристики во
суштина можат да се припишат на географското
потекло.
• Географската ознака, за еден производ може да се
штити под услов производството и/или постапката
и/или подготовката на производот да се одвива во
определено место на потеклото.
• Географските називи кои не ги исполнуваат условите
за заштита како ознака на потеклото можат да се
заштитат како географски ознаки.
Потекло на суровините и
традиционални називи
• Потекло на суровините
– Со исклучок на виното и другите алкохолни пијалаци, производот
може да се одбележува со ознака на потекло и кога суровините за
негово производство потекнуваат од пошироко подрачје или надвор
од подрачјето на преработка под услов:
• 1) определеното подрачје за производство на суровини да е ограничено
или да постојат посебни услови за производство на суровини и
– 2) за квалитетот и посебните својства на производот да е решавачки
традиционалниот начин на производство, односно човечкиот фактор.
• Традиционални називи
– За географски назив ќе се смета и називот кој не содржи географски
назив на определена земја, регион или место, кој со долга употреба
во прометот станал општопознат како традиционален назив за
производот кој потекнува од таа територија, како и историскиот назив
на таа територија кој упатува на определено потекло на производот,
а ги исполнува условите од членот 227, односно членот 228 став (2)
на овој закон.
Подрачје на заштита
• Географскиот назив може да се
употреби за одбележување на природни
производи, земјоделски производи,
индустриски производи, занаетчиски
производи и производи од домашна
ракотворба.
Исклучување од заштита
•
Со географска ознака, односно со ознака на потеклото не може да се
штити називот на производот кој:
– не ги исполнува условите пропишани со овој закон;
– е спротивен на законот и моралот;
– со својата содржина може да создаде забуна во поглед на видот, потеклото,
квалитетот, начинот на производството или други својства на производот;
– е еднаков на називот на растителна сорта или животинска раса, во случај
кога тоа би ја довело јавноста во заблуда во поглед на географското потекло;
– претставува точен назив на земја, регион или место од каде што потекнува
производот, но кај потрошувачот создава лажна претстава дека производот
потекнува од друга земја, регион или место;
– не е заштитен во земјата на потекло или престанал да се користи во земјата
на потекло и
– е идентичен или сличен на географскиот назив или трговската марка порано
регистрирани за идентични или слични производи, кога постои веројатност
потрошувачите да се доведат во заблуда.
Забрана за заштита
• Со географска ознака, односно со ознака на
потеклото не може да се заштити називот на
местото на потекло кој првично се користел за
обележување на призводи од тоа место на
потекло, но кој со долга употреба во прометот
станал генерички односно општопознат за
обележување на определен вид производи.
• Називот на местото на потекло заштитен со
географска ознака, односно со ознака на
потеклото, не може да стане генерички.
Постапка за заштита
• Постапка за заштита на географски
назив, односно за признавање на
правото на користење на заштитен
географски назив се поведува со пријава
која содржи барање за заштита на
географскиот назив, односно барање за
признавање на правото за користење на
заштитениот географски назив и други
прилози пропишани со ЗИС.
Пријава
• Пријава на странско лице
– Странските лица кога ја поднесуваат пријавата, во прилог на
барањето за признавање на географски назив, односно на
барањето за признавање на правото на користење
приложуваат препис на јавна исправа или друг правен акт на
службениот јазик на земјата на потеклото, издадена од
надлежниот орган во земјата на потекло, како доказ дека
географскиот назив е заштитен во таа земја, односно дека е
признаено правото на овластен корисник, во согласност со
националната легислатива во земјата на потекло, како и
заверен превод на македонски јазик.
• Единственост на пријавата
– Со една пријава може да се побара заштита, односно право
на користење само на еден географски назив кој се однесува
само на еден вид производ.
Подносител на пријава
• Пријава за заштита на географски назив можат да
поднесат:
– физички и правни лица кои на определено подрачје
произведуваат производ кој се одбележува со називот на тоа
подрачје;
– група производители и преработувачи на исти производи
независно од составот и формата на здружување;
– државен орган, единица на локална самоуправа и коморите
заинтересирани за заштита на географските називи на
подрачјето на нивното дејствување и
– странски физички и правни лица, односно странски групи на
производители, само ако правото на овластен корисник за
заштитениот географски назив им е признаено во земјите на
потеклото и ако ги исполнуваат условите предвидени со овој
закон.
Содржина на пријавата
• Пријавата за заштита на географски назив содржи
барање за заштита на географскиот назив со назнака
дека се бара заштита со ознака на потеклото или со
географска ознака.
• Пријавата за заштита на географски назив со ознака
на потеклото или со географска ознака, покрај
барањето за заштита на географски назив, содржи
елаборат за производот кој ќе се означува со
географскиот назив.
• Содржината и формата на пријавата, елаборатот и
другите состојки и прилози подетално се утврдуваат
со пропис кој го донесува директорот на Заводот.
Елаборат и контрола
•
•
•
Елаборатот го изработува институција која ги исполнува условите
предвидени со пропис кој го донесува директорот на Заводот.
Контролата на посебните својства на производот може да ја врши
институцијата која го изработила елаборатот или по барање на една од
странките, друга институција која ги исполнува условите предвидени со
пропис кој го донесува директорот на Заводот, за што издава доказ.
Институцијата која го изработила елаборатот во рок од 90 дена од
признавањето на географскиот назив треба да формира Комисија за
контрола на квалитетот и посебните својства на производот кој ќе се
одбележува со географскиот назив.
– Комисијата се состои од пет члена кои учествувале при изработка на
елаборатот и/или други лица со познавање од областа на која припаѓа
дадениот производ. Најмалку еден член на Комисијата треба да биде
производител.
– Начинот и работата на Комисијата се утврдува со правилник што го донесува
институцијата.
•
ЗИС го уредува прашањето за промена на институцијата за контрола и
промените на елаборатот
Стекнување на право и
важење на правото
•
Стекнување на правото
–
–
•
Заштита на називот на местото на потеклото за производите со географската ознака,
односно со ознака на потеклото се врши со донесување решение и упис на географскиот
назив на производот и видот на производот на кој се однесува тој назив во Регистарот
на заштитени географски називи.
Правото на користење заштитени географски називи се стекнува со издавање решение
за признавање на правото и со упис во Регистарот на корисници на заштитени
географски називи.
Важење на правото
–
–
–
–
–
Заштитата на географскиот назив важи неограничено.
Правото на користење на заштитениот географски назив важи пет години, сметајќи од
денот на донесувањето на решението.
Важењето на правото на користење може да се продолжува неограничен број пати и тоа
за период од по пет години, под услов носителот на правото во текот на петтата година
од важењето до Заводот да поднесе барање за продолжување на важењето на правото
на користење на заштитениот географски назив.
Содржината и формата на барањето за продолжување на важењето се утврдува со
пропис кој го донесува директорот на Заводот.
Правото на користење на заштитениот географски назив ќе се продолжи ако се
исполнети условите за признавање на тоа право, во спротивно правото престанува да
важи наредниот ден од денот на истекот на петтата година од неговото важење.
Право на користење
•
Ознаката на потеклото е колективно право и можат да го користат
исклучиво правни и физички лица и здруженија на правни и физички
лица, кои:
– произведуваат или преработуваат производ чиј географски назив е заштитен
со ознака на потеклото;
– производниот процес во целост го извршуваат на географското подрачје кое
е точно дефинирано во елаборатот и
– се запишани во Регистарот на корисници како корисници на таа ознака на
потеклото.
•
Географската ознака е колективно право и може да ја користат правни и
физички лица, кои:
– произведуваат производ чиј географски назив е заштитен со географска
ознака;
– производството и/или преработката и/или подготовката на производот ја
извршуваат на географското подрачје кое е точно дефинирано во
елаборатот и
– се запишани во регистарот на корисници како корисници на таа географска
ознака.
Права на корисникот
•
•
•
•
•
Корисникот на заштитениот географски назив има право истиот да го користи за
означување исклучиво за оној вид производ кој е запишан во Регистарот на
заштитени географски називи на Заводот.
Правото на користење се однесува и на употребата на заштитениот географски
назив врз средствата за пакување, рекламните материјали, деловните исправи и
друга деловна документација, како и при увоз и извоз на производите обележани
со географски назив.
Овластените корисници на заштитен географски назив имаат исклучиво право
своите производи да ги означуваат со "контролирана ознака на потекло" ако се
овластени за користење на ознака на потекло или "контролирана географска
ознака", ако се овластени за користење на географска ознака.
Правото на користење на заштитениот географски назив со договор не може да
се пренесува, да се отстапува и да се дава во залог.
Ако заштитениот географски назив е предмет на порано пријавена или
регистрирана трговска марка, таквата трговска марка не може да се пренесува,
отстапува, дава во залог.
Забрана
•
Корисниците на географските називи можат да поднесат барање да се забрани:
1.
2.
3.
4.
5.
•
•
директно или индиректно неовластено користење на заштитениот географски назив за
исти или слични производи заради стекнување имотна корист;
означување на производите кои не потекнуваат од местото на потеклото назначено со
заштитениот географски назив дури и кога е назначено вистинското потекло, кога е
употребен нејзиниот превод или кога се користи во придружба на дополнителни изрази
како што се "стил", "тип", "на начин", "како произведено во", "имитација" и слично;
секоја форма на користење на заштитениот географски назив која му нанесува штета на
угледот или го искористува угледот на заштитениот географски назив;
секое користење на невистинита информација која би го довела во заблуда
потрошувачот во поглед на географското потекло, квалитетот или својствата на
производот, а се става на пакувањето, деловните исправи или на други документи, со
што остава погрешен впечаток за вистинското потекло и
секоја друга примена која би можела да го доведе потрошувачот во заблуда во врска со
географското потекло на производот.
Ако заштитениот географски назив покрај географскиот термин содржи и
генерички термин, примената на тој генерички термин на соодветни производи не
подлежи на забраната точки 1 и 2.
Овластените корисници на заштитените географски називи не можат да бараат
забрана заради повреда на правото кога заштитениот географски назив се
користи со цел за известување и едуцирање на јавноста на начин кој не им штети
на нивните интереси.
–
Употребата на географските називи за овие цели се врши без надоместок.