емотивно ниво

Download Report

Transcript емотивно ниво

Трите нивоа на
човековото битие
Предавач:
Др. Биљана Ѓуроска
Сертифициран хомеопат
Поделба по Vithoulkas
1.
МЕНТАЛНО-СПИРИТУАЛНА
2. ЕМОЦИОНАЛНО/ПСИХИЧКА
3. ФИЗИЧКА (Тука се вклучени и
нагоните, секс, хранење, спиење и
петте сетила)
Др. Биљана Ѓуроска
http://www.homeopatija.com.mk
Др. Биљана Ѓуроска
http://www.homeopatija.com.mk
МЕНТАЛНО









Потполна ментална конфузија
Деструктивен делириум
Параноидни идеи
Делузија
Летаргија
Тапост
Недостаток на концентрација
Заборавеност
Отсутност на умот
Др. Биљана Ѓуроска
http://www.homeopatija.com.mk
ЕМОТИВНО








Суицидна депресија
Апатија
Тага
Потешкотии
Фобии
Анксиозност
Раздразливост
Незадоволство
Др. Биљана Ѓуроска
http://www.homeopatija.com.mk
ФИЗИЧКИ









Болести на мозокот
Болести на срцето
Ендокрини болести
Болести на хепарот
Белодоробни заболувања
Болести на бубрезите
Болести на коските
Болест на мускулите
Кожни заболувања
Др. Биљана Ѓуроска
http://www.homeopatija.com.mk



Сите гореспоменати треба да се набљудуваат како
посебен симптом со свој степен на интензитет.
Ако како мерка на интензитет ја вметнеме скалата
помеѓу 1-10, тогаш раздразливоста (емотивно ниво) да ја
земеме со интензитет 1, е помалку штетна за животот на
пациентот отколку еден степен на суицидална депресија
(емотивно ниво). Но раздразливоста со интензитет 10, е
многу полоша од депресија 1, но ако депресијата се качи
на ниво 10, а раздразливоста се намали на ниво 1 тогаш
со сигурност може да кажеме дека состојбата на
пациентот е влошена.
Со комбинација на хиерархиското ниво на кој се базира
главното заболување и интензитетот на симптомите може
да конструира груба идеја на гравитационо поле. Колку
повеќе нивото и интензитетот на симптомите се движи
нагоре на дијаграмот (односно повисоко во правецот на
вистинското битие на личноста), импликациите на
здравјето на човекот се кон влошување. Кога центарот на
гравитација се поместува надолу (односно повеќе кон
периферијата) постои напредување
кон подобрување на
Др. Биљана Ѓуроска
http://www.homeopatija.com.mk
здравјето.
МЕНТАЛНО НИВО


Ментално-спиритуалното ниво на една личност е
она со кое тој ги регистрира промените со
разбирање или свесност. (дразбите доаѓаат или од
надвор или од внатре но на ова ниво на постоење
човекот е во состојба свесно да ги регистрира)
На ментално ниво индивидуата мисли, критикува,
споредува, пресметува, класифицира, креира,
синтетизира, претпоставува, визуелизира, планира,
опишува, комуницира. (пореметувањата на овие
функции дава симптоми на ментални болести)
Др. Биљана Ѓуроска
http://www.homeopatija.com.mk



Ментално-спиритуалното ниво претставува
најважното ниво бидејќи ја претставува
вистинската суштина на едно битие.
Што се случува ако внатрешниот механизам
за постигнување повисока свесност е
пореметен? Тогаш самата можност за
еволуција на свесноста е пореметена.
Каде е тогаш смислата на животот?
Др. Биљана Ѓуроска
http://www.homeopatija.com.mk



Ludwig van
Beethoven (17
декември1770-26
март 1827).
Ода на Радоста...
Бил глув
Др. Биљана Ѓуроска
http://www.homeopatija.com.mk




Stephen William Hawking,
(Роден 8-ми Јануари,1942).
Британски теоретски
физичар и космолог.
Разработка на теоријата на
релативитетот, црните
дупки...
ALS (amyotrophic lateral
sclerosis )
Др. Биљана Ѓуроска
http://www.homeopatija.com.mk




Sri Ramana
Maharshi (Tamil: ரமண
மஹரிஷி) (Декември
30, 1879 – Април 14,
1950)
Потполна спиритуална
реализација на 16
години.
Најпознато негово дело
„Кој сум јас“ (Nan Yar?)
Починал од канцер
Др. Биљана Ѓуроска
http://www.homeopatija.com.mk
Пореметувања




Сенилност, шизофренија, инбецилност...
Никој неможе да живее само низ одржување на телесните
потреби, дури и кај најпримитивните луѓе се гледа повисока
смисла на животот (правење накит, пештерското
сликарство...), движење кон состојба на верување, радост и
љубов.
Апсолутно здравиот ум овозможува постојано духовно
блаженство, секојдневно откривање на креативни идеи
и нивно изразување на многу јасен начин, секогаш
ставајќи се во служба на повисоки цели на заедницата
и другите луѓе.
Спротивно на овој опис е тоталната конфузија на умот и
Др. Биљана Ѓуроска
движење кон духовна темница.
http://www.homeopatija.com.mk
Хиерархија на функциите



Помеѓу менталните функции постои хиерархија. Под услов
сите да се со ист интензитет пореметувањето на
помнењето не е толку озбилно како пореметувањето на
способноста на концентрација. Уште подлабоко
пореметување е неможноста за разликување или
пореметување на способноста на мислење.
Пр. Ако некој пациент од блага конфузија поминал во појака
конфузија, или од благо пореметување на мислењето во
поозбилно тогаш може да кажеме дека здравствената
состојба на пациентот се влошила и покрај попуштањето на
некои од физичките симптоми.
Ваквата опсервација не е само научна таа е и практична.
Со супресија односно потискување кое настанува кај
непромислената терапија може да доведе, а тоа и веќе
практично се случува до општ крах на целата човекова
раса.
Др. Биљана Ѓуроска
http://www.homeopatija.com.mk
За ова James Tyler Kent во неговото дело
„Помалку важни списи“ напишал: „
Денеска не се дозволува избивање на
никаква кожна ерупција. Се што ќе се
појави на ниво на кожа брзо се
потиснува. Ако со ова се продолжи
подолго време, човечката раса ќе
исчезне од тлото на земјата.“
 James Tyler Kent (1849 – 1916)

Др. Биљана Ѓуроска
http://www.homeopatija.com.mk
ТРИ КВАЛИТЕТИ НА
МЕНТАЛНАТА ФУНКЦИЈА

1.
2.
Секоја ментална функција има три основни квалитети, од
кои секој е битно важен за вистинската состојба на
здравје:
Јасно изразување на мислите. Ако некој има
потешкотии да најде соодветни зборови за да се изрази
може да кажеме дека квалитетот на менталната јаснотија
е ослабен.
Кохерентност, рационалност, логичен редослед. Еден
човек може да има јасни мисли но да му недостасува
кохерентноста во размислувањето. Тој човек неможе да ги
изрази своите мисли на логичен начин и поради тоа
другите не го разбираат. Таа личност скока од тема на
тема, можеби личи сето тоа дека е брилијантно, но тоа е
толку брзо и успева само другите да ги збуни. Стереотип
Др. Биљана Ѓуроска
на ваквиот начин наhttp://www.homeopatija.com.mk
размислување
е расеан гениј.
3. Креативна несебичност. Сите три квалитети треба да се
присутни, но во денешно време посебно треба да се
нагласи важноста на третата. Тоа е креативно служење
(карма јога). Недостатокот на овој квалитет води до
најлоша состојба на лудило. Криминалец со висок степен
на интелигенција, ја планира кражбата или убиството со
највисок степен на јаснотија и рационалност во мислењето.
Дали таа личност е болна? Да таа личност е болна во
најдлабоките слоеви на неговото постоење, бидејќи
прогонува себични цели на штета на другите луѓе. Ваквиот
менталитет е всаден во современиот свет со краен степен
и тој е клучната причина за проблемите со натпреварувачки
дух, насилство, злоупотреба на алкохол и дрога,
Др. Биљана Ѓуроска
сиромаштија и војна. http://www.homeopatija.com.mk
Сите може да посочиме некој негативец кој е претерано
егоистичен и кој не ги толерира погледите на другите луѓе.
Таквите луѓе веруваат дека се секогаш во право, никој не
знае подобро од нив, поради тоа неможе да прифати ниту
една нова идеја, дури ни оние кои можат да бидат исправни
и корисни. Тоа води до состојба на умот која ја исклучува
можноста да се види вистината. Во ваквите примери
јаснотијата и креативното служење недостасуваат и при
тоа е спречена потполната и соодветна употреба на
менталните функции. (Nux vomica,Sulfur, Sepia…).
Сличен процес може да се види и кај претерано грабежливи
индивидуи. Таа личност верува само во материјалните
вредности, и станува опсесивна како тоа богатство да го
стекне. Може да оди и во крајности поради тоа. Сето тоа го
прави несигурен и почнува
да Ѓуроска
се плаши дека може да го
Др. Биљана
http://www.homeopatija.com.mk
изгуби имотот (Bryonia…)
МЕНТАЛНОТО ЗДРАВЈЕ И МЕНТАЛНИТЕ
БОЛЕСТИ
Извор на менталната или емотивната
болка?
 Скршени амбиции и прекинување на
некоја врска.

Др. Биљана Ѓуроска
http://www.homeopatija.com.mk
ЕМОТИВНО НИВО

Емотивното ниво на човековата егзистенција
е втора по важност, веднаш по менталнодуховната. Овде спаѓаат сите видови и
нијанси на емоции од најпримитивни до
највозвишени. Ова ниво на постоење делува
како рецептор на одбрамбениот систем во
однос на сутилните надразнувања од
околината. На ова ниво е овозможено
изразување на чувствата, делата и
емотивните пореметувања.
Др. Биљана Ѓуроска
http://www.homeopatija.com.mk



Дефиниција за емотивното ниво е следната:
емотивното ниво е ниво на човековата
егзистенција кое ги регистрира промените на
емотивната состојба.
Чувствата и емотивните изрази можат да се
воопштуваат, односно да се генерализираат според
некои основни карактеристики или квалитет.
Заклучок: ОВА НИВО Е МНОГУ БЛИСКУ ДО СРЖТА
НА СЕКОЈДНЕВНАТА ЕГЗИСТЕНЦИЈА НА СЕКОЈА
ЛИЧНОСТ.
Др. Биљана Ѓуроска
http://www.homeopatija.com.mk
ЗАТВОРЕТЕ ОЧИ
Др. Биљана Ѓуроска
http://www.homeopatija.com.mk
Позитивни и негативни
чувства

1.
2.
Оваа диференцијација е според квалитетот на чувствата.
Позитивни чувства се оние кои личноста ја доведуваат во состојба на
среќа.
Негативни се оние кои ја водат личноста до состојба на несреќа.
Степенот на емотивното пореметување на една личност може да
се одреди така што може да се утврди колку таа личност е окупирана
со негативните пореметувања, како што се апатија,
раздразнителност, анксиознот, депресија, суицидни мисли,
љубомора, мразење, завист...
Најздравите и емотивно отворените личности доживуваат некои од
најдлабоките состојби кои се познати на човештвото: мистични
искуства, екстаза, чиста љубов, религиска побожност и широк опсег
на возвишени чувства кои многу е тешко да се опишат со зборови.
Др. Биљана Ѓуроска
http://www.homeopatija.com.mk



Воопштено може да се каже дека нерамнотежата на
емотивно ниво се манифестира како зголемена
сензитивност кон себе, како рането битие издвоено
од остатокот на креацијата.
Емотивно пореметената состојба најчесто се врти
околу прашањето на личен конфор, преживување и
лично изразување.
Спротивно на тоа најразвиената емотивна состојба
тежнее кон соединување, Единство со Креација,
љубов, блаженство, посветеност и т.н.
Др. Биљана Ѓуроска
http://www.homeopatija.com.mk

Позитивните чувства тежнеат да креираат свет на единство со
надворешниот свет, спротивно на тоа негативните чувства
произведуваат свест на изолација и одвојување од надворешниот свет.
Како што видовме на ментално ниво човекот може да пати од негативни
мисли, исто така и на емотивно ниво личноста може да има негативни
чувства, кои креираат внатрешно пореметување и дисхрамонија во
околината. Спротивно на тоа позитивните чувства ја зајакнуваат
внатрешната емотивна состојба и креираат позитивни услови во
околината, што ја подобрува комуникацијата со луѓето и допринесува
за добросостојба на целата заедница.
Ако некој доживува и изразува доверба кон некоја личност, тој чин
ги воздига и двете личности и создава поголема психичка рамнотежа.
Спротивно на тоа ако се изразува лутина и недоверливост се создава
дисхармонија на емотивната состојба во секоја психа и на тој начин се
допринесува кон влошување на општата состојба на заедницата. Некој
кој живее со чувство на внатрешен мир, радост... Обезбедува за себе и
за другите најдобра емотивна храна која може единствено да го
унапреди нивото на емотивното здравје. Од друга страна личност која
живее постојано во страв, тага или анксиозност нуди отровна храна,
која на крајот води до дегенерација на сопственото здравје и здравјето
на другите.
Др. Биљана Ѓуроска
http://www.homeopatija.com.mk
Хиерархија на емотивните пореметувања



Исто како и на другите нивоа така и на емотивното постои хиерархија,
која може да се степенува според тоа колку длабоко имаат продрено кај
една личност, или останале релативно на периферија.
Пример ако емотивните пореметувања се со ист интензитет,
степенувано би кажале дека депресијата многу поозбилно го
ограничува животот на пациентите од анксиозноста, анксиозноста
повеќе од раздразливоста.
За еден практичар е корисно сфаќањето на интензитетот на
симптомите како да се одредат во однос на развојот на пациентот.
Личноста која е во потполно здравје, доживува апсолутен динамички
мир, комбинирано со љубов према себе, другите и околината. Ова е
состојба на мир со кој личноста има активен однос со луѓето и
околината. Тоа не е целосно отсуство на чувствата настанати како
заштита од емотивна повреденост. Од друга страна потполната
емотивно болна личност пати од тежок внатрешен немир или депресија
со толкав интензитет што при тоа ја губи заинтересираноста за животот
и има желба да умре. Помеѓу овие две состојби има широк дијапазон на
Др. Биљана Ѓуроска
емоции и личен начин на изразување.
http://www.homeopatija.com.mk
Емотивното ниво и друштвеното
опкружување

Во денешно време, слабоста на емотивен план стана еден од главните
здравствени проблеми. До оваа состојба најчесто доаѓа поради
недоволно разбирање на природните закони, или поради состојба на
терапевтско потиснување на релативно периферните проблеми, кои
потоа прогредираат кон сржта на човековата егзистенција.
Модерните проблеми на безпричинско војување, бессмислено
насилство и тероризам во градовите, масовните убиства, расната
нетрпеливост, злоупотребата на децата... Се пример на губење на
конролата на емотивната состојба и на индивидуално и на друштвено
ниво. (Пр. Денешните војувања во Ирак, Авганистан... Порано луѓето
војувале од страв за својот живот и животот на нивните блиски, денеска
војуваат од сосема други причини. Во минатото човекот учесник во
воениот конфликт знаел да изрази жалење за бројот на убиените,
денеска се фалат со тоа како го убил противникот давајќи морничав
опис на самата сцена на умирање.)
Др. Биљана Ѓуроска
http://www.homeopatija.com.mk


Човекот влијае на околината и истовремено
прима влијанија од околината.
Недостатокот кон насочување на младите кон
емотивна експресија, сексуалното
образование и контакт со природата се
произведуваат генерации на инфатилни
генијалци, кои може да имаат долг животен
век на физичко ниво, но со потполна
емотивна умртвенот и на 25 години.
Др. Биљана Ѓуроска
http://www.homeopatija.com.mk
ФИЗИЧКО НИВО

Физичкото ниво на егзистенција е аспект на
човековото битие со кое се занимава
конвенционалната медицина. Ова ниво е длабоко
истражувано низ Анатомија, Физиологија, Биохемија,
Молекуларна биологија...
Сепак постои еден факт за кој се испостави дека и не
е така познат помеѓу медицинските лица, а тоа е
дека човековото тело во својата сложеност ја
одржува хиерархијата на важност на своите органи и
системи.
Др. Биљана Ѓуроска
http://www.homeopatija.com.mk

1.
2.
Следниот принцип ќе ни помогне да стекнеме увид во
хиерархијата на ова ниво:
Ако одреден систем содржи орган кој е од централна
важност за одржување на добрата состојба на целиот
организам, тој систем треба да биде вреднуван во склад со
важноста на тој орган за целиот организам.
Релативната важност на некој орган може да се одреди на
основа на степенот на оштетување на организмот
предизвикано со одредено оштетување на тој орган. На
пример повреда на ниво на мозокот ќе има далеку по штетен
ефект од истата таква повреда на ниво на срце или кожа.
Др. Биљана Ѓуроска
http://www.homeopatija.com.mk
Табела
Телесен систем
Органи кои ги системот содржи
мозок, р'бетен мозок, ганглии и плексуси, како и периферни
1 Нервен
нервни влакна
2 Циркулаторен срце, крвни садови, крв, лимфни садови и лимфа
хипофиза, тиреоидна и паратиреоидна жлезда, адренална жлезда,
3 Ендокрин
лангерхансови островца, јајници, тестиси и епифиза
4 Дигестивен
црн дроб, панкреас, дигестивен тракт со помошни жлезди
5 Респираторен бели дробови, бронхии, трахеа, грклан и нос
6 Уринарен
бубрези, уретери, мочен меур, уретра
тестиси, пенис, уретра, простата и булбоуретрални жлезди кај
7 Репродуктивен мажите; јајници, јајцеводи, матка, вагина и вулва кај жените
8 Скелетен
коски, сврзно ткиво и зглобови
напречно пругасти и мазни мускули
9 Мускулен
Др. Биљана Ѓуроска
http://www.homeopatija.com.mk

Во оваа класификација гледаме дека првите четири
системи, содржат по еден орган кој е од животна
важност: на прво место е мозокот, на второ срцето,
хипофизата и хепарот. Во сите овие системи постои
еден орган кој е доминантен и чија функција неможе да
биде дуплирана од страна на подеднаков или сличен
орган. Кога одиме подолу на листата гледаме дека има
системи кои имаат по два органи со подеднакво иста
функција, од кој секој е во состојба да работи за двата:
две белодробни крила, два бубрега, по два
репродуктивни органи и кај мажите и кај жените. И
најдолу во хиерархијата се мускулно и скелетниот
систем кој е составен од 640 мускули и 206 коски.
Др. Биљана Ѓуроска
http://www.homeopatija.com.mk
ХИЕРАРХИЈА
1.
2.
3.
4.
5.
6.
7.
8.
9.
Мозок
Срце
Хипофиза
Црн Дроб
Бели дробови
Бубрези
Тестиси/јајници
‘Рбетни прешлени
Мускули
(1)
(1)
(1)
(1)
(2)
(2)
(2)
(28)
многу
Др. Биљана Ѓуроска
http://www.homeopatija.com.mk

Разбирањето на ваквата хиерархија не е
само академска вежба: таа практично
овозможува да се препознае насоката на
напредување на болеста. Ако болеста
напредува кон врвот на хиерархијата-кон
бубрезите, белите дробови, срцето,
хипофизата и на крај кон мозокот- јасно е
дека процесот оди во лош правец. Спротивно
на тоа ако прогресијата се случува надолу,
кон мускулите, тогаш постои јасно
подобрување на општото здравје.
Др. Биљана Ѓуроска
http://www.homeopatija.com.mk


Пр. Ако еден современ лекар примети како на пациентот му се влошува
здравјето, од егзем кон бронхиална астма, најверојатно тоа ќе го
објасни на еден од двата начина: дека астмата е природен тек на
болеста кај алергична индивидуа, или пак астмата е за несреќа друго
заболување кое е само случајност.
Или пак ако пациент кој боледувал од реуматоиден артрит преживеал и
срцев удар, докторот двата случаја ќе ги разгледува како одвоени или
случајни. И нешто што е уште пострашно колку е зафатен подлабок
орган толку потоксични лекови ќе му бидат издадени. На пациент со
реуматоиден артрит за почеток ќе му биде издаден некој нестероиден
антиинфламаторен аналгетик, или пак кортико, а по срцевиот удар ќе
добие или дигиталис, пропранолол или антикоагуланти. Алопатските
професионалци не сметаат на можноста дека прогресивно сериозните
заболувања може да бидат резултат на супресија на симптомите на
помалку озбилно заболување. Сеедно кој метод на терапија се користи,
„вештачки“ или „природен“, ако после третманот пореметувањето се
помести кон врвот на хиерархијата, мора да се посомневаме дека
терапијата нанесува штета и таа треба да биде или прекината или
променета.
Др. Биљана Ѓуроска
http://www.homeopatija.com.mk
ДЕФИНИЦИЈА И МЕРЕЊЕ НА
ЗДРАВЈЕТО





Хиерархијата не е карактеристика само на живиот ентитет
туку на целиот универзум.
Што би се случило ако има пореметување на гравитационото
или електромагнетното поле?Деструкција на целиот универзум.
Фундаментална па макар и само кратка промена на активност
на Сонцето ќе предизвика длабока промена на животот на
Земјата
Дури и мала промена на температурниот опсег на планетата
драстично ја менува рамнотежата на живите форми.
Во помали размери гравитационата сила на Месечината влије
на животот, како и на влажноста, на ветерот и на локалните
климатски услови.
Др. Биљана Ѓуроска
http://www.homeopatija.com.mk


Идеата за хиерархијата потекнува од идеата за Едното од кое се
останато е креирано. Сите нивоа во целиот универзум се поврзани со
помош на тој концепт, поради тоа хиерархијата може да се смета за
универзална законитост.
За еден исцелител хиерархијата добива огромна практична вредност
тогаш кога тој сака да го одреди гравитациониот центар на акција кој го
ремети организмот. Од практична гледна точка, во нашава ера може
да кажеме дека секоја индивидуа (гледана како целина) во секој миг на
својот живот е болен до одредена мерка. Нивото на болест се
одредува врз основа на тоталитет на пореметувањето кој во вид на
симптоми постои на сите три нивоа. Приметливо пореметување на
едно ниво колку и да е тоа мало, во помала или поголема мерка влијае
на другите две нивоа. Секако дека се работи за високо динамична
состојба, но практичарот со внимателно земање на историјата може
генерално да го препознае пореметувањето на гравитациониот центар
кој ги вклучува сите три нивоа на една индивидуа.
Др. Биљана Ѓуроска
http://www.homeopatija.com.mk
Да земеме пример на пациент кој пати од бронхиална астма и хронична опстипација
како главни проблеми на физичкото тело. По внимателно земање на историја на сите
нивоа, станува јасно дека тој е:

иритабилен,

се плаши од мрак,

се плаши од болка,

анксиозен е за својата иднина.
По подробно земање на податоци тој признава дека:

неговата моќ за концетрација веќе подолго време е намалена. Во овој миг, според
интензитетот на главните поплаки, клиничарот воочува дека гравитациониот центар на
симптомите е на физичко ниво. Практичарот препишува терапија (да претпоставиме
алопатски лек, психотерапија или натуропатски третман), во текот на следниот преглед
пациентот доаѓа со констатација дека констипацијата и симптомите на астмата
попуштиле но од друга страна симптомите на надразливост и анксиозност се појачани.
Како дополнителен симптом пациентот се жали на тага и влошена концентрација.
Неговата способност креативно да ја врши неговата работа, за себе и за другите се
намалило до приметлив степен. Алопатскиот доктор би бил задоволен бидејки астмата и
констипацијата се поправиле и би го упатил пациентот на психијатар за да почне да го
решава неговиот „новонастанат“ проблем. Додека практичар кој ги разбира принципите
на холизам веднаш ќе примети дека гравитациониот центар е поместен од физичко кон
емотивно ниво, што покажува генерално влошување на здравјето, и покрај фактот што
почетниот физички симптом се намалил на 90%
Др. Биљана Ѓуроска
http://www.homeopatija.com.mk



Практичарот препишува терапија (да претпоставиме алопатски лек,
психотерапија или натуропатски третман). Во текот на следниот
преглед пациентот доаѓа со:
констатација дека констипацијата и симптомите на астмата попуштиле,
но од друга страна симптомите на надразливост и анксиозност се
појачани.
Како дополнителен симптом пациентот се жали на:
тага и влошена концентрација.
Неговата способност креативно да ја врши неговата работа, за себе и
за другите се намалило до приметлив степен.
Алопатскиот доктор би бил задоволен бидејки астмата и
констипацијата се поправиле и би го упатил пациентот на психијатар за
да почне да го решава неговиот „новонастанат“ проблем. Додека
практичар кој ги разбира принципите на холизам веднаш ќе примети
дека гравитациониот центар е поместен од физичко кон емотивно ниво,
што покажува генерално влошување на здравјето, и покрај фактот што
почетниот физички симптом се намалил на 90%.
Др. Биљана Ѓуроска
http://www.homeopatija.com.mk

Во текот на вистинското лечење треба да се очекува
спротивен редослед на случувањата. Во почетокот
физичките симптоми може да останат непроменети, или
може дури и благо да се станат посилни, додека моќта за
концентрација се подобрува и се намалуваат емотивните
симптоми. Тоа би значело дека гравитациониот центар
полека би се поместувал на физичко ниво. Еден мудар
клиничар ништо не би преземал во овој момент. Во текот
на следната посета би приметил дека сите симптоми,
вклучувајќи ги и физичките постепено исчезнуваат. На тој
начин, разбирањето на хиерархискиот систем и
приметувањето на движењето на гравитациониот центар,
имаме многу практичен метод на оценка на
напредувањето, метод кој се заснова на пратење на
Др. Биљана
Ѓуроска на организмот.
работата на одбрамбениот
систем
http://www.homeopatija.com.mk
ТРИ ФАКТОРИ КОИ ГО
ОДРЕДУВААТ СТЕПЕНОТ НА
ПОРЕМЕТУВАЊЕ
Локација на симптомите.
2.
Релативна Хиерархиска Важност на зафатената
локација или функција.
3.
Интензитет на симптомите.
Пр. Два пациенти може да имаат идентичен спектар на
симптоми, двајцата со ист центар на гравитација,
па сепак еден може да биде само со благо
пореметување на здравјето, додека друг може да
биде силно пореметен. Тоа е поради различниот
интензитет на симптомите.
1.
Др. Биљана Ѓуроска
http://www.homeopatija.com.mk
ЗДРАВЈЕТО НА ФИЗИЧКО НИВО


Луѓето во својот животен век прават многу малку освен да се
ослободат од стегите кои во нивното тело создаваат болка, од
маките кои се креирани, од чувствата и од себичноста која е
креирана од ментално ниво.
Секоја болка, секоја неугодност, секоја слабост која се појавува
во телото неизбежно ја ограничува личноста. Поради тоа
состојбата на болест е еден вид на окованост и ропство на ниво
на сопственото тело. Секако дека поголемиот број на луѓе
барем во краток миг, доживеале потполен склад на телесните
функции каде ни еден орган не е со ништо попречуван и каде
нема чувство на негативна свесност на телото.
Др. Биљана Ѓуроска
http://www.homeopatija.com.mk
Дефиниција:
„Здравјето на физичкото тело е
состојба на севкупна
функционалнсот која е попратена
со чуството на угодност и
потполно отсуство на болка.“
Др. Биљана Ѓуроска
http://www.homeopatija.com.mk
ЗДРАВЈЕТО НА ЕМОТИВНО
НИВО

Се додека личноста е спокојна и мирна на емотивно или
физичко ниво, таа може без ограничување да се бави со
креативна работа за себе и за другите. Од моментот кога ќе се
појави страст и ја презема власта над индивидуата, се јавува
анксиозност, лутина, страв, фанатизам и т.н. Страста го
осиромашува и заробува емотивниот дел на индивидуата и го
спречува слободното функционирање во друга сфера. Тоа важи
и за идеалистичките страсти кои во интензитетот се
приближуваат на фанатизам, бидејќи секоја претерана страст
има тенденција од личноста да направи роб спречувајќи го да
биде сам свој господар.
Др. Биљана Ѓуроска
http://www.homeopatija.com.mk
Дефиниција:
„Здравјето на емотивно ниво е состојба на
ослободување на страсти, што како
резултат има динамичко спокојство.“
Нагласокот на оваа дефиниција е на динамичка. Ова не е состојба на
отсутност на чувства кое може да се постигне со некои интелектуални
дисциплини со која може да се контролираат чувствата, туку тоа е
состојба на способност на слободно доживување на чувствата во
нивен полн опсег, без при тоа ниту повремено да стане роб.
Др. Биљана Ѓуроска
http://www.homeopatija.com.mk
ЗДРАВЈЕТО НА МЕНТАЛНО
НИВО

На сличен начин, себичните тенденции и алчните
желби го водат човекот кон состојба на болка.
Себичната личност е болна во најдлабоките слоеви
на своето битие, пропорционално на интензитетот на
својот егоизам. Сите ние знаеме по некој себичен
човек кој лесно се повредува од случувањата кои се
случуваат спротивно на неговите желби. Се додека
таа личност е постојано водена со себични амбиции
и алчност, се наоѓа во состојба на ментална болест,
што може да заврши со тотална конфузија.
Др. Биљана Ѓуроска
http://www.homeopatija.com.mk
Дефиниција:
„Здравјето на ментално ниво е
несебичност која подразбира
потполно единство на личноста со
Божјата, или со Вистината и
потполна предаденост на
креативното служење.“
Др. Биљана Ѓуроска
http://www.homeopatija.com.mk
ПОТПОЛНО ЗДРАВЈЕ
„ЗДРАВЈЕТО Е СОСТОЈБА НА
ФУНКЦИОНАЛНОСТ И УГОДНОСТ НА
ТЕЛОТО НА ФИЗИЧКО НИВО, БЕЗ
ПРИСУСТВО НА ФИЗИЧКИ СИМПТОМИ;
СОСТОЈБАТА НА ДИНАМИЧКА
СМИРЕНОСТ НА ЕМОТИВНО НИВО, БЕЗ
ПРИСУСТВО НА СТРАСТИ; СОСТОЈБА НА
НЕСЕБИЧНОТ НА МЕНТАЛНО НИВО ОД
КОЕ ПРОИЗЛЕГУВА ПОТПОЛНО
СОЕДИНУВАЊЕ СО ВИСТИНАТА“
Др. Биљана Ѓуроска
http://www.homeopatija.com.mk
Креативноста како параметар за
проценка на здравјето


Како е возможно да се процени компаративниот степен на
здравје на било која личност во некој даден момент? Кој
параметар дефинира, на пр. Дали личноста со реуматоиден
артрит е со подобро здравје од личноста која пати од
депресија?
Параметарот кој овозможува ваква процена на здравјето е
креативноста. Под креативност се подразбираат оние дела и
функции кои како своја главна цел во животот ја промовира
постојаната и безусловна среќа за самата индивидуа како и за
другите личности. Степенот на лимитираност во изразување е
мерка за степенот на болест на таа личност. Кога се има на ум
идејата на креативност, секогаш може да се одреди степенот на
здравје или болест на некоја особа во даден момент.
Др. Биљана Ѓуроска
http://www.homeopatija.com.mk