Карактеристични симптоми

Download Report

Transcript Карактеристични симптоми

Materia Medica
Предавач:
Др. Биљана Ѓуроска
Сертифициран Хомеопат
Materia Medica Pura


Името Materia Medica по потекло е латинско и
преведено би значело material-матерјал и
medica-медицина, Книга на лекарства.
Денешната Фармакопеа.
Првата Хомеопатска Материја Медика ја
напишал Др. Ханеман и ја нарекол Materia
Medica Pura, која би се превела како Книга на
Чисти (природни) лекови.
Др. Биљана Ѓуроска
http://www.homeopatija.com.mk






1st Volume: 1811- Ја содржи патогенезата на 12 лекови, од кои 6 се нови,
патогенезата на тие што веќе постојат е зголемена.
2nd Volume: 1816- Содржи 8 лекови,
3rd Volume: 1817- Со 8 лекови
4th Volume: 1818- Со 12 лекови
5th Volume: 1819- со 11 лекови
6th Volume: 1821- со 10 лекови
Volume I Bell, Dulc, Cina, Cann.S, Cocc, Nux, Op, Moschus, Oleand, Merc, Acod,
Arn.
Volume II Caust, Ars, Ferr, Ign, Puls, Rheum, Rhus, Bry, Magnes, North and south
pole.
Volume III Cham, Cinch, Hell, Asar, Ipec, Scilla, Stram, Ver-Alb.
Volume IV Hyos, Dig, Aur, Guiac, Camph, Led, Ruta, Sars, Con, Chel, Sulph, Arg.
Volume V Euphr, Meny, Cycl, Samb, Calc, Acetica, Mur-acid, Thuja,Tarax, Rhos Acid,
Spig, Staph.
Volume VI Angustura, Mang, Caps, Verb, Coloc, Spog, Dros, Bism, Cic, Stannum.
Др. Биљана Ѓуроска
http://www.homeopatija.com.mk
Во пишувањето на книгата
имало 37 докажувачи, од кои
7 биле синовите на Др.
Ханеман.
Др. Биљана Ѓуроска
http://www.homeopatija.com.mk





Homeopathic Materia Medica- William Boericke
Lectures on Homeopatic Meteria Medica –
James Tyler Kent
Materia Medica of Homeopathic Medicines – Dr.
S.R. Phatak
Prisma — The Arcana of
Materia Medica Illuminated- Frans Vermeulen
Materia Medica Viva- Prof. George Vithoulkas
Др. Биљана Ѓуроска
http://www.homeopatija.com.mk

Ако сакате навистина да ја совладате
Материја Медика треба што е множно
повеќе да ја студираме. Започнете со
поликрестите и основните препарати. Како
што ќе го таложите знаењето така и ќе
може да се задлабочите во Материја
Мадика. Разбирањето на Материја Медика
е еден бесконечен процес за секој хомеопат
која сака да ја научи наизуст.
Др. Биљана Ѓуроска
http://www.homeopatija.com.mk


Поликрести се препарати кои имаат поширок
спектар на дејство.
Argentum nitricum, Arsenicum album, Aurum
metallicum, Bryonia, Calcarea carbonica,
Causticum, China, Ignatia, Kalium carbonicum,
Lachesis, Lilium tigrinum, Lycopodium,
Mercurius, Natrum muriaticum, Nux vomica,
Phosphorus, Platina, Pulsatilla, Rhus
toxicodendron, Sepia, Silicea, Staphysagria,
Sulfur, Thuya, Veratrum album.
Др. Биљана Ѓуроска
http://www.homeopatija.com.mk


Едни од основните препарати кои треба да ги знаете се
следниве:
Aconit, Antimonium tartaricum, Antimonium crudum, Apis,
argentums nitricum, Arnica, Arsenicum, Baptisia Belladonna,
Bryonia, Calcarea carbonica, Calcarea phosphorica, Camphora,
Cantharis, Carbo vegetabilis, Causticum, Chamomilla, China,
Cocculus, Cilocynthis, Drosera, Dulcamara, Euphrasia, Eupatorium
perfoliatum, Ferrum phosphoricum, Gelsemium, Hepar sulfuris,
Hypericum, Ignatia, Ipecac, Kalium bichromicum, Kalium
phosphoricum, Lachesis, Lac caninum, Ledum, Lycopodium,
Magnesia phosphorica, Mercurius, Natrum muriaticum, Nux vomica,
Petroleum, Phosphorus, Phosphoric acidum, Phytolacca,
Podophyllum, Pulsatilla, Pyrogenium, Rhus toxicodendron, Ruta,
Sepia, Silicea, Spongia tosta, Staphysagria, Stramonium, Silphur,
Thuya, Urtica Uens, Veratrum album, Influenzinum…
Др. Биљана Ѓуроска
http://www.homeopatija.com.mk
Крстот на Херинг
Др. Биљана Ѓуроска
http://www.homeopatija.com.mk
Квадрант I: Локализација на
патологијата





На современиот јазик тоа се објективните и
патологоанатомичните симптоми кои се неопходни за
воспоставување на нозолошката дијагноза и се од првостепена
важност во хомеопатијата.
Може да кажеме дека хомеопатскиот препарат е специфичен за
акутните заболувања:
-локализација на воспалителниот процес или повреда
-стадиум на воспалителниот процес или повреда.
Познавањето на ткивото, органите и функциите кои се засегнати
од акутното заболување веднаш може да не насочат кон
одреден број на лекарства.
Др. Биљана Ѓуроска
http://www.homeopatija.com.mk






Така на пример:
Ruta graveolens има значтелно дејство кон тетивите и е препарат кој
може да се препорача при повреди.
Vipera има специфично дејство на вените на долните екстремитети,
посебно при локален перифлебит.
Aesculis hippocastanum е особено препорачлив при криза со
хемороиди, во случај со проблеми со вените покрај горе споменатите
два препарати во обзир може да дојде и Hamamelis кој делува на
целиот венски состав.
Belladonna е препарат кој е соодветен за сувост на лигавиците, а Apis е
главен препарат кој се дава кај реакции пропратени со оток посебно од
алергиска природа.
Phosphorus е елемент кој има токсично дејство на црниот дроб,
предизвикува цироза и промена на серумското ниво на трансаминазите
и билирубинот, состојба како при акутен хепатите. Значи прв избор кај
тоа заболување би бил овој препарат.
Др. Биљана Ѓуроска
http://www.homeopatija.com.mk




Но во изборот е многу важно и следново:
функционално и навремено идавање на терапијата,
зборуваме во случајов за акутни состојби кои бараат
брза реакција.
Дали избраниот препарат соодветствува на
засегнатите органи или ткива: пр. Bryonia и Apis се
издаваат кога има ексудат во серозите, поради тоа
системски се препишуваат при хидартоза, плеврит,
перитонеални изливи, церебро-менингиални отоци...
Или пак патогномично за дадена болест како на
примет Phosphorus за акутните хепатити.
Др. Биљана Ѓуроска
http://www.homeopatija.com.mk
Кавадрант II: Чуства







Во класичната семиологија тоа одговара на
субјективните општи и функционални
симптоми:
болка
општа чувствителност
парестезии
пруритус
температура
замор и т.н.
Др. Биљана Ѓуроска
http://www.homeopatija.com.mk




Понекогаш видот на болката може да не насочи кон одреден
препарат:
Кај Arsenicum album имаме печење, жарење. Belladonna има
пулсирачка болка, Bryonia растргнувачка, Colocynthis има
спастична болка која има нагол почеток и крај, а Arnica за болка
која е карактеристична при контузиија односно нагмечување.
Општата чувствителност кон шум, мирис, допир, светлина, студ,
топлина и др. Може да го ориентира хомеопатот кон точниот
препарат.
Во Материја Медика, или уште подобро во Реперториумот може
да најдете најразличен опис на болката, како прободување со
шило, мравучкање, како скокоткање...
Др. Биљана Ѓуроска
http://www.homeopatija.com.mk
Квадрант III: Модалности

По дефиниција модалноста не е симптом таа
е индивидуална карактеристика.
Модалностите ја прецизираат целата слика,
појаснувајќи ни ја промената на симптомите
или на целата состојба на болниот кон
подобрување или влошување под влијание на
надворешни или физиолошки фактори.
Др. Биљана Ѓуроска
http://www.homeopatija.com.mk
Модалности во однос на средината


влијание на топло и ладно. Тука како пример при
Hepar sulfur, Arsenicum album и Bryonia болката се
намалува при локална апликација на топло. Болките
кои се во облик на печење и чешање кај препаратот
Apis се намалуваат со апликација на студено.
влијание на внатрешната состојба. Пр. Nux vomica
или Hepar sulfur по принцип се зимурничави и
нивната состојба се влошува со растечнување, дали
станува збор за течење на нос, синуси...Belladonna e
чувствителна на шум, светлина и движење, а типот
Arsenicum album бара топло, дури и кога има сиптоми
на жаречка болка.
Др. Биљана Ѓуроска
http://www.homeopatija.com.mk
Модалности во однос на ритамот




Тие имаат големо значење при изборот на
препаратот, бидејќи појавата на одредени симптоми
се совпаѓа со еден специфична часова условеност:
влошување на симптомите помеѓу 1 и 3 часот се
поврзува со Arsenicum album, независно дали
станува збор за температура, болка или
вознемиреност.
Влошување на симптомите помеѓу 2 и 4 часот
соодветствува на Kalium carbonicum (астма)
Влошување на симптомите помеѓу 16 и 20 часот
наведува кон Lycopodium clavatum.
Др. Биљана Ѓуроска
http://www.homeopatija.com.mk
Модалности во однос на положбата






Подобрување на симптомите ако пациентот е легнат. Ако е на
стомак Podophyllum, на грб Dioscorea.
Подобрување во положба ако е превиткан на две: Colocynthis,
Magnesia phosphorica
Влошување на симптомите во случај на продолжено стоење
исправен: Sulfur
Влошување од стоење на колена: Sepia (друга карактеристика
за овој препарат е што кога е во седната положба најчесто е со
скрстени нозе, турски сед, принудна положба која го олеснува
притисокот во малата карлица, бидејќи ова е препарат кој има
специфично дејство на сексуланите органи посебно кај жените)
Подобрување во седната положба: Gnaphalium
Влошување во седната положба: Ammonium muriaticum
Др. Биљана Ѓуроска
http://www.homeopatija.com.mk
модалности во физиолошките
потреби



Влијание на мирување и движење: Bryonia и
Rhus toxicodendorn
Ефект од локален притисок: Bryonia…
Влијание на ментруалниот циклус: Actaea
racemosa се влошува во периодот на
менструалниот циклус, Lachesis се
подобрува, Lac caninum се влошува во
втората половина на циклусот.
Др. Биљана Ѓуроска
http://www.homeopatija.com.mk
Психички модалности


Тука ги споменуваме со цел да потенцираме дека тоа
се модалноти низ кои се следи однесувањето, кои
при издавање на препарат во акутната патологија и
не е толку важен, споредувајќи го во случаите кога
издаваме терапија за хронична патологија.
Тука ќе дадам пример на каприциозно и раздразнето
доенче со температура кое се смирува кога го носат
во раце и при тоа енергично го думкаат, оваа слика
совршено одговара на Chamomilla.
Др. Биљана Ѓуроска
http://www.homeopatija.com.mk
Квадрант IV: Попатни
симптоми






Тоа си симптоми кои немаат јасна патофизиолошка поврзаност со
нозолошката дијагноза, но се појавуваат во исто време со болеста.
Тие имаат огромно значење во индивидуализирање на реактивниот тип
на болниот бидејќи:
го докажуваат единството на реакција на организмот, симптоми кои
се појавуваат истовремено со патогномичните симптоми на
заболувањето, а тоа се всушност симптоми кои се наоѓаат кај сите
пациенти.
Попатните симптоми се карактеристични за личниот начин на реакција
на болниот, карактеристични само за него и со клиничка изјава на
специфичниот терен.
Значењето на попатните симптоми се зголемува, ако тие се
карактеристични за дадена модалност.
Попатните симптоми можат да бидат обшти или субјективни
Др. Биљана Ѓуроска
http://www.homeopatija.com.mk
Објективни општи симптоми:









Симптоми кои ја пратат на пр. Температурата,
најчесто од невровегетативниот систем:
потење
бледило или пак вазомоторни бранувања
ритам и вид на пулсот.
Вид на секреции:
течни, густи, гнојни.
Боја
Мирис
Влошување на симптомите во текот на сонот
Др. Биљана Ѓуроска
http://www.homeopatija.com.mk
Општи субјективни симптоми










Желба или пак одвратност кон одредена храна:
силна желба или пак одвратност кон кисели храни како кисели
краставички (Sepia ДА), или желба за течност ладна
Phosphoorus, топло Lycopodium
глад или пак недостаток на апетит
Промена во однесувањето:
агресивност, раздразливост
гнев, вознемиреност
прострација
плачење
желба за утеха или пак обратно
зиморничавост, термофобија
Др. Биљана Ѓуроска
http://www.homeopatija.com.mk
Етиологија








Тука се вклучува изучувањето на скорешното дејство на внатрешните
фактори, кои ја предизвикуваат болеста или личните реактивни
симптоми на болниот.
И точно некои субстанции во својата токсичност предизвикуваат кај
здравите индивидуи патогенетски реактивни синдроми, потполно
еднакви со патологичните реакции на точно определен предизвикувач.
Треба да се потенцира дека тие препарати немаат директна врска со
причинителот на заболувањето, но реакцијата што ја предизвикуваат
од организмот е слична. Како на пр.:
- при трауми се дава Arnica
- при вирусни заболувања Oscillococcinum
- при супуративен процес Hepar sulfur и/или Pyrogenium
- при труење со храна Arsenicum album, Lycopodium clavatum
- при настинки Aconitum, Belladonna, Dulcamara, Rhus toxicodendron
- при емотивен шок Ignatia, Gelsemium…
Др. Биљана Ѓуроска
http://www.homeopatija.com.mk
Belladonna




Atropa belladonna, вообичаено позната како
belladonna или смртоносната ноќна сенка спаѓа
во фамилијата на Solonaceae, расте во Европа,
Северна Африка и Западна Азија. Таа содржи
алкалоиди со парасимпатиколитично дејство
како:
атропин, општо познат алкалоид кој се користи
во офталмологијата и предизвикува парализа на
рефлексот за акомодација, тој е мидријатик,
предизвикува дилатација на пупилата, главен
антагонист на мускаринот (ацетилхолинските
рецептори)
Скополамин
И најважниот хиосцијамин кој се користи за
подобрување на голем број на симптоми во
гастроинтестиналниот систем како на пр.
Пептичен улцер, синдром на нервозни црева,
панкреатит... Но како несакан ефект има сува
уста, грло, болка во очите, замаглан вид,
вознемиреност, вртоглавица, аритмија...
Др. Биљана Ѓуроска
http://www.homeopatija.com.mk
Општо дејство
Акутното дејство на овој препарат е на
ниво на:
 лигавиците
 кардиоваскуларниот систем
 нервниот систем
 и доведува до воспалителен и
фебрилен синдром

Др. Биљана Ѓуроска
http://www.homeopatija.com.mk
Симптоми на лигавиците:






Предизвикува силно изразено чуство на сувост на сите
лигавици:
на гастроинтеситиналниот тракт: пресушување на плунката и
сувост во усната шуплина
сувост на фаринксот, која води до дисфагија (која понекогаш
иридира кон увото)
на ушите: хиперемија на ушното тапанче
на респираторниот тракт: сувост на носната лигавица, сувост на
ларинго-трахеалната лигавица, и предизвикува сува и болка
кашлица.
На очите: пресушување на солзите и сувост на коњуктивите
Др. Биљана Ѓуроска
http://www.homeopatija.com.mk
На крдиоваскуларниот систем:




Предизвикува појава на конгестија и хипертонија.
Прилив на крв во главата со зацрвенето лице, чуство
на вртоглавица, конгестивни пулсирачки главоболки и
хиперемија на коњуктивите.
Општа конгестија со скарлатиновиден исип, и
вазомоторни бранови, но најмногу
зголемување на Крвниот притисок со појава на
тахикардија, силно пулсирање на артериите,
конгестивни пулсирачки главоболки.
Др. Биљана Ѓуроска
http://www.homeopatija.com.mk
Нервносензорни симптоми:



Општа сензорна хиперестезија, кон светлост
(фотофобија), кон студ, кон движење и шум.
Нагли болни висцерални спазми, мускулни
треперења, миоклонии, подскокнување.
Хипертермични грчеви, почесто со појава на
периоди на замор и неспокојство.
Др. Биљана Ѓуроска
http://www.homeopatija.com.mk
Воспалителен и фебрилен синдром:






Локална хиперемија со клиничка специфичност на
воспалителниот процес:
Tumor: оток, чуствителен на допир
Rubor: силна, жарко црвена боја, која може да биде и
темноцрвена
Dolor: хиперестезија и чуство на пулсирање
Calor: топлина
Температура која брзо се качува, флуктуира, која е
пропратена со зацрвенето, топло и влажно лице,
потење, и двострана мидријаза.
Др. Биљана Ѓуроска
http://www.homeopatija.com.mk
Карактеристични симптоми




















А- Чуства
- за сувост на лигавиците
- конгестија или затоплување на лицето
- пулсирачка болка
- спастична болка (со нагол почеток и крај)
Б- Модалности
ВЛОШУВАЊЕ:
- од силна светлина (фотофобија и конвилзии)
од шум
од допир или раздвижување
од студен воздух
од затоплување на главата
ПОДОБРУВАЊЕ:
од мирување
В- Попатни симптоми
- При фебрилитет обилно потење
- променлива жед, чии карактеристики можат да насочат кон дополнителен препарат:
При сила жед за голема количина на течност, може да се помисли на Bryonia
При силна желба за повеќекратно пиење на мали количини на вода се помислува на Arsenicum album.
И напротив кога нема жед може да се препише Gelsemium.
Др. Биљана Ѓуроска
http://www.homeopatija.com.mk
Основна клиничка примена и
дозирање:


















1-Лигавици:
- Ринофарингит, ангина, ларинго-трахеит во почетен стадиум: сувост на лигавиците често пропратена со
спастична пројава на споменатите лигавици, дисфагија, сува кашлица и т.н.
- Конгестивен среден отит
2-Кардиоваскуларен систем:
- Конгестивни главоболки:
a) топли бранови
б) главоболка при фебрилитет или хипертензија
в) сончев удар и др.
Нагло повишување на крвниот притисок (Aconit, Sulfur, Glonoinum…)
Скарлатиновиден исип.
3-Невросензорни:
- Спазам на внатрешните органи (со нагол почеток и крај):
Црнодробни или бубрежни колики и др.
Икање (Cuprum metallicum, Hyosciamus), тетивно-мускулни фибрилации
Хипертермични грчеви
4-Воспалителен и фебрилен синдром
- Сите инфективни заболувања, независно од нивниот предизвикувач, ако типот на реакција на болниот
соодвествува на патологичните особености на препаратот.
- Абцес во стадиум на формирање
Др. Биљана Ѓуроска
http://www.homeopatija.com.mk







Дозирање
Се подчинува на основните принципи:
Колку е поголема сличноста помеѓу типот на реакција на
болниот и патогенезата на препаратот, толку повисоко
разредување треба да се издаде
Интензитетот на прием се разредува во зависност од
подобрување на симптомите
При локална или ограничена сличност:
Се користат пониски разредувања, во случај на поголема
сличност се користат повисоки разредувања.
Во случај на хиперемични конвулзии се користат повисоки
разредувања.
Др. Биљана Ѓуроска
http://www.homeopatija.com.mk
Aconitum napellus




Aconitum припаѓа во фамилијата
на Ranunculaceae, и расте во
западна и централна Европа.
Коренот на ратението содржи
многу токсичен алкалоид –
аконитин. Основната тинктура
се подготвува од целото
растение, се бере на крајот на
цветањето. Содржи и тирамин и
допамин. Аконитинот исполува:
антиневралгично дејство
деконгестивно дејство на
дишните патишта
и помага за симптомите на Гихт.
Др. Биљана Ѓуроска
http://www.homeopatija.com.mk
Општо дејство:






Токсикологија:
Леталната доза е многу блиска до лечителната доза, и таа
предизвикува гастроинтестинални, нервни, срцеви нарушувања
со колапс и смрт.
Чувство на боцкање и трнење на усните,јазикот, а подоцна и
лицето и екстремитетите.
Вознемиреност, вртоглавица, мускулна слабост и астенија.
Снижување на температурата поради дејството на ниво на
булбарниот центар.
Нарушување на срцевиот ритам поради вознемиреност на
коморите. Експеримети извршени на изолирано срце на
заморче, покажува регулација на ефектот по давање на
Aconitum при симптоми на интоксикација причинета од
аконитин.
Др. Биљана Ѓуроска
http://www.homeopatija.com.mk
















Фармакологија
Во мали дози аконитинот делува на зафатеност на нервите посебно на тригеминусот
На ниво на нервниот систем
силни невралгии, по специфично во областа на тригеминусот, со чуство на мравучкање и трнење
спазам на ГИТ
општа возбуда, која е предизвикана од нервна напнатост, неспокој, страв, причинета од силата токсичните
симптоми и болката.
На ниво на Кардио-васкуларниот систем
тахикардија, со тврд, напнат пулс и зацрвенување на лицето.
Хиперестезија
Можност да се појави крварење со појава на силно црвена боја.
Сите наброени симптоми се потикнати од вознемиреност, напнатост и страв од возможна смрт.
Фебрилност:
Се појавува ненадејно
Со тахикардии, зацрвенета, сува кожа
Голема желба за голема количина на студена вода
Неспокој
Др. Биљана Ѓуроска
http://www.homeopatija.com.mk
Карактеристични симптоми













А- Чуства
- за неподносливи, остри болки, по специфично невралгии
- трнење или мавучкање
Б- Модалности
ВЛОШУВАЊЕ:
од студ кој е голем и се јавува ненадејно
околу полноќ
ПОДОБРУВАЊЕ:
при започнување да се поти (при акутни фебрилни состојби)
В- Попатни симптоми
При состојба на фебрилитет:
- сува, зацрвенета и топла кожа со вазомоторни пројави во областа на
лицето при седење.
- многу изразена жед и тоа за голема количина за студена вода
Др. Биљана Ѓуроска
http://www.homeopatija.com.mk
Во сите случаи:
 Многу изразена вознемирена
напнатоста, предизвикана од силна
појава на болката или општата
реакција.

Др. Биљана Ѓуроска
http://www.homeopatija.com.mk
ЧУВСТВИТЕЛЕН ТИП

Вакви силни, брутални појави најчесто
се среќаваат кај силни стенични лица,
најчесто доста млади и пред се здрави
луѓе, со што се објаснува
вознемирената напнатост и страв од
смрт која е израз на вознемирувачката
реакција.
Др. Биљана Ѓуроска
http://www.homeopatija.com.mk
Основна клиничка примена и
дозирање:




Нервниот систем
Невралгии кои се јавуваат на ладно, и тоа
специфично невралгии на тригеминусот.
Невралгии независно од локализацијата кои
се предизвикани или пак се влошуваат од
студ и се пропратени со мравучкање или
трнење.
Кога е зафатен нервниот систем секогаш се
издаваат повисоки разредув
Др. Биљана Ѓуроска
http://www.homeopatija.com.mk






Кардио-васкуларен систем
Сите кардиоваскуларни пројави кои се попратени со
вознемиреност, измачувачки неспокој или дури и страв од
предстоечка смрт може да биде основа за препишување на
Aconitum, но сепак најмногу следниве симптоми:
Нагло покачување на Крвниот притисок со тахикардија, тврд
пулс, конгестивна главоболка, зацрвенето и топло лице
Пароксизмални тахикардии (предизвикани од силен студ или
преживеан страв)
Криза на стенокардија (посебно ако е предизвикана од силен
студ), со многу силна вознемиреност, стегање во градниот
кош, парестезии во левата рака.
Крварење од артериски тип со црвена, топла и јасна крв.
Др. Биљана Ѓуроска
http://www.homeopatija.com.mk






Акутни состојби на фебрилитет:
Секоја акутна состојба на пирексија, независно од дијагнозата
и причинителот (вирус, бактерија, термична), ако сликата на
реакцијата на пациентот соодветствува на карактеристичните
симптоми на патогенетичната слика на Aconitum.
Ринофарингит, ангина и др.
Ларингит со крупозна кашлица + + (околу полноќ)
Зелена диареа со спастични колики (при изложеност на студ)
Топлотен или сончев удар со зацрвенета и сува кожа (ако пак
на тоа се додаде и симптом на потење тогаш е препаратот
Belladonna)
Др. Биљана Ѓуроска
http://www.homeopatija.com.mk






Други состојби
Аменореа која е предизвикана од страв или
настинка. Во тој случај може да пробате да
го издадете Aconitum на следниов начин:
Една доза Aconitum во 9 CH првиот ден
Една доза Aconitum во 15 CH вториот ден
Една доза Aconitum во 30 CH третиот ден
А потоа може да се повтори циклусот.
Др. Биљана Ѓуроска
http://www.homeopatija.com.mk
Apis mellifica










Основната тинктура на овој препарат се приготвува од
мацерација на цела пчела во алкохол, таа покрај пчелниот
отров (Apium virus), содржи и состојќи на торбичката, го
содржи и отровот на жлездите, како и голем број на
делови од целиот инсект кои допринесуваат за патогеното
и клиничкото дејство на препаратот:
ензими:
Фосфолопаза А, која ја зголемува пропустливоста, води до
ослободување на хистамин и предизвикува клеточна лиза.
Хијалуронидаза, која ја зголемува пропустлувоста на
сврзните ткива.
Пептиди и хипопротеини како на пр.
Мелитин, кој исто така предизвикува ослободивање на
хистамин.
Апамин кој има невротоксично дејство.
Пептид M.C.D. кој предизвикува дегранулација на
базофилите и мастоцитите.
Хистамин, допамин, норадреналин и серотонин, кои
учествуваат во формирање на отокот и акутната
воспалителна реакција.
Покрај тоа Фосфолипазата А и мелитинот имаат и
имуномодулаторни својства, и поради тоа многу треба да
се внимава на ниските разредување кај луѓе кои би
можеле да бидат алергични. При одредени биолошки
експерименти Apis mellifica го инхибира до значителен
степен еритемот кој се јавува под дејство на
ултравиолетовите зраци.
Др. Биљана Ѓуроска
http://www.homeopatija.com.mk
Општо дејство







Дејството на Apis mellifica, набљудувано при експериментите,
може да биде нјлесно опишана преку клиничката слика каде
лицето е боцнато од пчела и при тоа се развиваат
карактеристичните симптоми, дури и компликации ако тоа лице
е алергично. Симптомите се на ниво на:
кожа
лигавици
серозните обвивки
Генито-уринарниот тракт, кој понекогаш е попратен со
Состојба на фебрилитет.
Симптомите се многи силни, и водат до појава на оток и
воспалителен синдром.
Др. Биљана Ѓуроска
http://www.homeopatija.com.mk
Кожа:





брзо се појавува розово-црвен оток,
кој боцка и пече
симптомите се подобруваат со апликација на ладни
облоги.
Ако отокот се наоѓа во област каде поткожното масно
ткиво е лабаво тој може да нарасне значително (како
на очните капаци, половите органи...)
Отокот може да биде локализиран или да се
распространи и по лигавиците и по серзните обвивки.
Др. Биљана Ѓуроска
http://www.homeopatija.com.mk
Лигавица:







Тука отокот може да биде исклучително слино
изразен (очните капаци, половите органи...) или
опасен (оток на ларинксот или на дишните лигавици).
Серозна обвивка:
Тука Apis предизвикува воспалителна реакција која
брзо се развива и е едематозна и ексудативна:
плеврален излив
перикардијален излив
синовијален излив
цереброменингеален оток
Др. Биљана Ѓуроска
http://www.homeopatija.com.mk
Генито-уринарен тракт





Може да биде зафатен бубрежниот паренхим каде
доведува до едематозен нефрит. Кај жените може да
се набљудува едематозна или цистична реакција на
ниво на овариуми (и тоа предимено на десно).
Состојби на фебрилитет
Фебрилитетот најчесто придружува некоја од погоре
опишаните состојби и е карактеристична со:
недостаток на жед
топла, де сува, де испотена кожа
Др. Биљана Ѓуроска
http://www.homeopatija.com.mk
Карактеристични симптоми











А- Чуства
- болка која боцка и пари
Б- Модалности
ВЛОШУВАЊЕ:
при затоплување
при допир и тоа многу нежно
ПОДОБРУВАЊЕ:
при студено дејство од било каков вид (апликација на ладно,
дување со ладен воздух...)
В- Попатни симптоми
- Недостаток на жед, посебно при состојби на фебрилност
- Нарушена координација и сосредоточеност при акутна појава
на температура (при едематозна цереброменингеална реакција)
Др. Биљана Ѓуроска
http://www.homeopatija.com.mk






Лигавица
Коњуктивит, кератит
Ангина (оток на увулата која виси како мала
торбичка полна со вода)
Вагинит, баланит
Општ клинички признак е
Оток на кој се смируваат симптомите по
апликација на студени облоги + евентуална
треска со отсутност на жед.
Др. Биљана Ѓуроска
http://www.homeopatija.com.mk
Основна клиничка примена и
дозирање






Кожни реакции
Секаков вид на оток од алергиска или
воспалителна реакција може да биде основа за
препишување на овој препарат.
- Локално- боцкање од пчела
- Или генерализирани: сончев удар, уртикарија,
полиморфна еритема и т.н.
Општ клинички признак е
Оток + печење, и сиптоми кои се подобруваат
со апликација на ладно.
Др. Биљана Ѓуроска
http://www.homeopatija.com.mk




Серози
Хидрартроза која многу брзо се рзвива и е со
розовоцрвен оток (Bryonia).
Плеврит и перикардит кој брзо се развива и има
појава на треска со отсутност на жед.
Акутен менингит при паротит или лимфоцитарен
менингит: се покажува како одличен препарат за
силна главоболка, состојба на ступор, која може да
се развие до загуба на сознанието, зацрвенето
хиперемично лице и конвулзивни движење на
главата
Др. Биљана Ѓуроска
http://www.homeopatija.com.mk




Генито-уринарен тракт
Акутен нефрит со олигурија, албуминурија,
оток и недостаток на жед.
Воспаление на јаникот (предимено десно)
Дејтвото на овој препарат е брзо но кратко
поради тоа интензитетот на прием треба да
биде почест. Секогаш коритете повисоки
резредување. Не пониски од 30 Ц.
Др. Биљана Ѓуроска
http://www.homeopatija.com.mk