фебрилен синдром со состојба на адинамија.

Download Report

Transcript фебрилен синдром со состојба на адинамија.

Грип и грипни
состојби
Грипот е заразно вирусно заболување предизвикано од три познати типа на
Influenza тип А, B и C и поголем број на подтипови. Имунитетот кој го создаваме
кон овие вируси се манифестира во создавање на антитела на антигените кои
се наоѓаат на мембраната на вирусот, како резултат на тоа еден човек може
повеќекратно да боледува од грип, бидејќи вирусот е во состојба да го смени
генетскиот материјал за време на репликацијата и не се среќава имунитет
створен за различни подтипови.
Заболувањето се распространува по епидемичен пат, а типот А може
да доведе до вистинска пандемија. Додека пак миксовируските, аденовирусите
или ентеровирусите од групата ECHO, може да предизвикаат заболувања чија
клиничка слика се доближува до таа на грпот и поради тоа се нарекуваат грипни
состојби.
Др. Биљана Ѓуроска
http://www.homeopatija.com.mk
Клиничата слика кај заразен со грип поминува низ слениве
стадиуми:
 Краток инкубационен период од 2-5 дена.
 Ненадеен почеток со восока температута зацрвенето лице
и/или мускулни болки
 Неколку дневен клинички стадиум со фебрилитет и тахикардии,
потење, силна главоболка, придружена со фотофобии,
мускулна болка, катар во областа на УНГ и истоштеност.
Компликациите на дишните патишта, појава на ларингит,
компликации од ГИТ се појавуваат во овој стадиум
 Паѓање на тепературата, кој задолжително е придружено со
продолжителна кашлица
 Рековалесценсијата минува низ различно долг астеничен
период и може да трае неколку седмици.
Др. Биљана Ѓуроска
http://www.homeopatija.com.mk



Во инванзивниот стадиум може да се искористат или Aconitum или Belladonna
доколку клиничката слика се поклопува со нивното дејство.
Aconitum
Овој препарат ќе се издаде ако клиничката слика започнва со треска, по која се
појавува висока температура со брз почеток и тахикардија, зацрвенета, топла,
сува кожа, силна жед (за студена вода) и стенична вонемиреност. Таа клиничка
слика се јавува наеднаш и започнува околу полноќ, кога болниот се буди во
требога. Може да се јави прободувачка болка во увото и кашлица.
Се препишува во срдни разредувања а се дава на 30 минути до 1 час
Belladonna
Експериментите со беладона покажале дека предизвикува многу брзо
покачување на температурата со многу пикови и силно чукање на срцето и
прилив на крв во главата, придружено со пулсирачка болка, зацрвенување на
кожата, која зрачи со топлина и лицето е запотено. Се набљудува силна жед,
која се должи на сувост на устата и на другите лигавици (понекогаш и
дисфагија), мидријаза, која води до фотофобија, хиперестезија на сетилата (кон
шум, допир, размрдување) и состојба на вознемиреност со делириум и
адинамија.
Др. Биљана Ѓуроска
http://www.homeopatija.com.mk



Со веќе развиена клиничка слика може да се искористат еден од предложениве препарати:
Gelsemium
Овој препарат се препорачува кај болни со адинамичен фебрилен синдром со висока
температура која постепено се качува, фронтална и окципитална главоболка, блокираност
на интелектот, морници кои може да преминат во треска, попратена со потење. Овој
фебрилен болен не е жеден, се жали од замор и мускулни болки и лицето може да му биде
силно зацрвенето.
Rhus toxicodendron
Овој препарат се издава кај болни со адинамичен фебрилен синдром со висока
температура која се качува постепено, придружено со мускулно-зглобни болки кои
предизвикуваат здрвеност на екстремитетите. Модалностите за подобрување се при
раздвижување карактеристични за оваа патогенеза, тие дури се изразени и кога бочниот е
легнат во кревет, постојано се превртува неможејќи да си најде удобно место. Непрекинато
бара да се стопли, се прекрива преку глава, се поти обилно и трепери или кашла. Штом ќе
се открие чувствува како да го облеваат со ледена вода. Жедта е силна и има потереба од
студена вода или млеко. Врвот на јазикот може да е зацрвенет, а понекогаш се набљудува
и херпес околу устата.
Др. Биљана Ѓуроска
http://www.homeopatija.com.mk



Eupatorium perfoliatum
Овој препарат се користи при адинамичен фебрилен симптом, при мускулни и
коскени болки, главоболка и најмногу – болка во очите која се засилува при
притисок врз очните јаболка. Често е проследено со ринит и трахиобронхална
кашлица која што се влошува за време на ноќта, во легната положба на грб и
при вдишување студен воздух. Болниот има потеба од голема количина на
ладна вода.
Bryonia alba
Овој препарат се издава при постојана или повторувачка висока температура со
главоболка, болка во мускулите и зглобовите и сува трахијална кашлица. Сите
симптоми се влошуваат во движење кои што го принудуваат болниот да лежи
неподвижен и да го притиска со раце градниот кош додека кашла. Потта е
мрсна, жедта е силна а во устата има горчлив вкус.
Ferrum phosphoricum
Овој препарат се издава при невисока температура. Лицето на болниот е де
бледо де зацрвенето, кожата е влажна. Има склоност кон крварења од носот и
тенденција кон локална хиперемија, болка во ушите со воспалителни промени
на тапанчето или трахеитна кашлица.
Др. Биљана Ѓуроска
http://www.homeopatija.com.mk


Pyrogenium
Оваа нозода се издава при високи температури кога имаме
разидување помеѓу честотата на пулсот и состојбата на
температурата (најчесто пулсот е зачестен а температурата не
е многу висока). Болниот има мускулни болки кои го
принудуваат да ја промени положбата, здивот му е смрдлив и е
многу жеден.
Baptisia tinctoria
Адинамична фебрилна сосотјба придружена од умствена
блокада (делириум) и зафатеност на ГИТ: здив и диареа со
непријатна миризба, силна жед и зголемена чувствителност на
кожата, десно над fossa illiaca каде се слуша силно кркорење на
слепото црево. Овој препарат најчесто се користи при грипен
синдром со гастро интестинални појави.
Др. Биљана Ѓуроска
http://www.homeopatija.com.mk
Gelsemium sempervirens
Gelsemium sempervirens
(Жолтиот јасмин) ползавец од
фамилијата Gelsemiaceae, кое е
распространето во тропските
делови од Америка, од
Гветемала и на север со
Јужните држави на Соединетите
Американски Држави. Во Европа
е внесено во XVII век. Најчесто
го користеле како декоративно
растение поради постојано
зелените листови и
декоративните миризливи жолти
цветови. Тој се користел е како
антипиретик, спазмолитик и како
антиневралгично средство од
крајот на XIX век.
Др. Биљана Ѓуроска
http://www.homeopatija.com.mk


Основната тинктура се подготвува од корените на растението:
апсорбтивната тиксичност при дози, надминува 2 грами. При
изучување на составот биле идентификувани една смола,
липиди и стероли и три алкалоиди со хемиска конфигурација од
индолов тип, кои ги претставуваат суштинските активни
средства на жолтиот јамин. Тоа се: гелсемин, семпервирин и
гелсемицин.
Во Америка Gelsemium-от се користел за невралгии и како
спазмолитично средство. Трите алкалоиди кои се дел од
неговиот состав имаат и антихипертензивно дејствие. Неговата
употреба во класичната терапија е ограничено поради
токсичноста на алкалоидите.
Др. Биљана Ѓуроска
http://www.homeopatija.com.mk
Општо дејство






Токсикологија
Акутната интоксикација со овој препарат минува низ три стадиуми:
од 15-та минута на лицето се приметуваат миалгии, мускулна слабост со загуба
на тонусот и нарушена рамнотежа, невровегетативни појави (гадење без
повраќање, вертиго, прилив на крв во главата со топли и суви екстремитети).
Околу 30-та минута настануваат силно изразени прострации обнибулации на
свста и се набљудува појава на парализи и парези од различна природа:
Патолошка птоза поради зафатеност на третиот пар на мозочните нерви (N.
oculomotorius),
диплопија и страбизам поради засегање на IV-от мозочен нерв (N. trochlearis
кој е чисто моторен и слижи за интервација на горниот кос мускул на окото, m
obliqus superior) и VI-от мозочен нерв (N. abducens кој исто така е чисто моторен
нерв наменет за инервација на надворешниот прав мускул на окото m. rectus
lateralis)
пареза на екстремитетите
Др. Биљана Ѓуроска
http://www.homeopatija.com.mk
мидријаза со нарушена акомодација
 дизартрија и потешкотии при голтање поради парализа на
фаринксот (поради зафатеност на IX-от N. glossopharyngeus и
X-от N. vagus) и на јазикот (поради зафатеност на XII-от N.
hypoglossus)
(Во случаите каде е вршено експеримент на животни се приметени
тетанични контракции и конвулзивни движења на главата и
екстремитетите)
 во тертиот стадиум болниот паѓа во кома: парализа на
мускулите на градниот кош, се влошува дишењето и
предизвикува смрт како резултат на задушување со клиничка
слика на акутна респираторна депресија)

Др. Биљана Ѓуроска
http://www.homeopatija.com.mk



Фармакологија
Гелсеминот- основниот алкалоид кој го содржи растението и предимено се наоѓа во
цветовите и коренот. Овој алкалоид ги определува токсичните својства на ова растение.
Гелсеминот учествува најмногу во придвижување на холинергичното дејство преку
активирање на никотинските рецептори и во помал степен на мускаринските. Односно
покажува посебен афинитет кон рецепторите на моторната плоча и покажува вистинско
курарузирано дејство врз напречно пругастата мускулатура на мускулите на скелетот. Го
инхибира седативниот ефект на централниот нервен систем, манифестиран како
сомнолентност и ступор, поради инхибирање на централните никотински рецептори.
Инхибиторното дејство е послабо изразено на ниво на мускаринските рецептори на
вегетативниот нервен систем, но ја објаснува мидријазата, сувоста на кожата и устата,
приливот на крв во главата, невозможноста за повраќање или уринарење.
Семперверинот, е потоксичен од гелсеминот, се содржи во корените, тој го има
„стрихонинското“ дејство, кое ја објаснува способноста да предизвика грчеви.
Гелсемицинот за крај. Тој е силно токсичен и не е добро проучен и неговото присуство во
растението е бескрајно мало.
Др. Биљана Ѓуроска
http://www.homeopatija.com.mk



Патогенетски експерименти проверени по клинички
пат имаат дејство на ниво на :
церебро-спиналниот нервен систем со прв стадиум
на возбуда: треперење, грчеви, нарушена моторна
координација; втор стадиум на пареза: силна
изнемоштеност и астенија.
На ниво на кардиоваскуларниот систем :
брадиаритмија и намален крвен притисок.
На ниво на лигавиците на респираторниот и
Гастроинтестиналниот тракт, повеќе или помалку
изразена катарална состојба (диареа, поврзана со
емотивната состојба).
Др. Биљана Ѓуроска
http://www.homeopatija.com.mk
Карактеристични симптоми
А- Чувства:
 замор, општа истоштеност, задремување
 за мускулна болка по целото тело
 тежина во екстремитетите
 за наполнетост во главата
 за диплопија
 мигрена, предизвикана од намалување на видот
 главоболка во окципиталната регија, кој иридира
кон муслуките на вратот и рамениците
Др. Биљана Ѓуроска
http://www.homeopatija.com.mk
Б- Модалности
 ВЛОШУВАЊЕ: - при затоплување, при топло време
-од емоции
-при добивање на лоши вести
 ПОДОБРУВАЊЕ: - при обилно уринарење
-при потење
-при потење или раздрмување (при брадикардија)
Попатни знаци
 Немање на жед во период на треска
 Прилив на крв во главата со темноцрвено лице и ладни раце
 Потење (поспецифично во пределот на скротумот)
 Исип сличен како кај морбили
 Диплопија (кај заболувања кои се попратени со фебрилитет и мигрена)
Др. Биљана Ѓуроска
http://www.homeopatija.com.mk
Етиолошки сличности




Податоците од токсикологијата и патогенетските експерименти
дозволува да се помисли на препишување на овој препарат во
случаи на:
последици од емотивен шок, со нагло настаната моторна и
психичка слабост, тешка кома, блиска до клиничка смрт
полседици од силен емотивен шок, кои водат до потполна
умствена блокираност и различни функционални нарушувања
(диареа, полакиурија)
последици кои се резултат на иложеност на студ (посебно кои
има јака горештина), состојба која води до постепено
настинување, фебрилен синдром со состојба на адинамија.
Последици од тешки органски заболувања (пример срцеви), кои
водат до ослабување на организмот, поради долгиот период
поминат во кревет и преживеаниот стрес.
Др. Биљана Ѓуроска
http://www.homeopatija.com.mk
Чувствителен тип
При клинички случаи каде имаме патологоанатомична сличност,
која соодвестствува на податоците од токсикологијата, на сите
лица независно од морфологијата и однесувањето може да се
препише Gelsemium (фебрилен синдром со адинамија и
парализа...)
Што се однесува до останатите симптоми, секогаш треба да се
зема во обзир чувствителниот тип, нервно оптоварен, кој
„одговара добро“ на патолошките симптоми.
Тој чувствителен тип добро одговара на лица со снижен праг на
чувствителност, кои се срамежливи, и имаат чести диареи или
пак потреба за уринарење. Тој човек сака да биде оставен на
мир и има трема од секое друштво, дури и луѓе кои се
молчеливи знаат да ги заморат. Плашливи се, имаат страв од
смрт, од гужва, големи простори и често се плашат да не
паднат.
Др. Биљана Ѓуроска
http://www.homeopatija.com.mk
Основна клиничка примена и
дозирање


А- ЗАВИСНОТ ОД ТОКСИКОЛОШКИТЕ И
ФАРМАКОЛОШКИТЕ ПОДАТОЦИ:
1- ГРИП
енцефалитна форма на грип, со состојба на адинамија
дополнета со прострација и треперење, кое често се многу
силно изразени, конгестија во пределот на главата, со
темноцрвено лице и силна главоболка, мускулна болка и
тежина во екстремитетите, со недеостаток на жед.
при сите состојби на адинамија, попратено со фебрилитет кои
одговараат на неговата клиничка форма, може да се искористи
Gelsemium.
Во овој случај може да се идаде еда доза од Gelemium во 30 C,
а потоа прием на скои 6 часа, и приемите постепено се
разредуваат во зависност од подобрувањето.
Др. Биљана Ѓуроска
http://www.homeopatija.com.mk





2- ЛОКАЛНА МОТОРНА ПАРАЛИЗА:
- различни видови на вирусни парализи (лицева, постзостерна) или
парализи при компресија
- парализи како резултат на серотерапија
3- АКУТЕН ПРЕДЕН ПОЛИМИЕЛИТ
Оваа примена е во врска со сличноста на патофизиолошките процеси
при акутниот преден полимиелит и клиничкиот тип на реакции од друга
страна, и токсиколошките и фармаколошките податоци за гелсемиумот
од друга страна.
При епидемија се препишува по една доза глобули Gelsemium наутро и
навечер како профилакса.
При појавен полиомиелит терапијата се издава зависно од
симптомите.
Др. Биљана Ѓуроска
http://www.homeopatija.com.mk



4- МИАСТЕНИА
Gelsemiumot се издава во почетниот стадиум на заболувањето, каде
клиничките симптоми (птоза, страбизам, диплопија, а подоцна и
дизартрија и парализа на вратот, на трупот и екстремитетите)
соодвестствуваат на клиничката слика на интоксикација со кураре, чиј
што фармаколошки аналог е гелсемиумот.
Во почетниот стадиум на заболувањето Gelsemiunot може да се издава
во 30 C со интензитет на прием по 2 пати дневно. Но зависно од
тежината на клиничката слика и развојот на симптомите.
5- ХИПОТОНИЈА НА МАТКАТА
Се препишува во пониски разредувања и може да се комбинира со
Caulophyllum и Actaea racemosa, ги регулира контракциите за време на
породување.
Др. Биљана Ѓуроска
http://www.homeopatija.com.mk


Б- ЗАВИСНО ОД ПАТОГЕНЕТИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ
1- ТРЕМА
- Трема со нарушување на свесноста, треперење и диареа или
полакиурија, зависно од емоциите.
Се препишува Gelsemium 30 C, една доза вечерта пред испит и
една доза пред самиот испит или состанок, предавање , кое
дава провод за тремата.
2- НЕСОНИЦА
 - немир поради одредено дејствие кое следи ( како на пр, некоја
хируршки зафат или посета на стоматолог)
Истиот начин на издавање на терапија како горе споменат. Само
терапијата ќе се повторува пред секој настан.
Др. Биљана Ѓуроска
http://www.homeopatija.com.mk




3-ГЛАВОБОЛКИ И МИГРЕНИ
конгестивни главоболки, предимено во окципиталната регија,
која иридира кон мускулите на вратот и рамениците и болка од
тежина во очните јаболка.
мигрена и тоа офталмоплегична, при која болката се намалува
кога ќе се појават проблеми со видот.
Тие нарушувања најчето се попратени со состојба на апатија и
прострација. Подобрување настанува со исправање на главата.
И при обилно уринарење.
Се препишува терапијата зависно од интензитетот на
симптомите и од сличноста на чувствителниот тип.
Др. Биљана Ѓуроска
http://www.homeopatija.com.mk
Bryonia




Белата дива тиква е растение
од фамилијата на Тикви
(Cucurbitaceae).
Основната тинктура се
приготвува од коренот.
Содржи поголем број на
состојќи:
глуциди
липиди
стероли
од етеричните масла ќе го
забележиме кукурбитацинот,
чија што хемиска структура е
слична на кортикостероидите
Др. Биљана Ѓуроска
http://www.homeopatija.com.mk
Општо дејство
на ниво на лигавиците
 на ниво на серозите, каде
предизвикува и
 фебрилен синдром со состојба на
адинамија.

Др. Биљана Ѓуроска
http://www.homeopatija.com.mk
Лигавици:
 силна сувост на лигавиците со воспаление на
истите, поспецифично на лигавиците на
респираторниот и гастроинтестиналниот тракт.
 Тоа патолошко дејство ги објаснува основните
карактеристики на овој препарат
 силно изрзена желба за големи количества на
студена вода
 и влошување на сите болни чуства при движење.
Др. Биљана Ѓуроска
http://www.homeopatija.com.mk
Серози:
 воспаление, кое има влијание на
зафатените органи и го принудува пациентот
да мирува, кое ги олеснува строго
локализираните, точковидни болки.
 Воспалението е придружено со
ексудација на серозите
Др. Биљана Ѓуроска
http://www.homeopatija.com.mk
Фебрилен синдром со сотојба на адинамија:
Се карактеризира со:
 постепено зголемување на температурата, која потоа
останува постојано висока
 сувост на лигавиците, кое предизвукива
 силна желба за големи количнини на ладна вода
 главоболка, предимено во пределот на челото, која
се влошува при движење, дури и при движење и на
очните јаболка
 потење со кисел мирис, потењето ги подобрува
симптомите.
Др. Биљана Ѓуроска
http://www.homeopatija.com.mk
Карактеристични симптоми




А-ЧУВСТВА
За акутни, пронижувачки строго
локализирани точковидни болки кои боцкаат.
Силна желба за големи количини ладна вода
Сувост на лигавиците (усната шуплина, нос и
др.)
Болка во десниот хипохондриум, попратена
со гадење.
Др. Биљана Ѓуроска
http://www.homeopatija.com.mk
Б-МОДАЛНОСТИ
 ВЛОШУВАЊЕ: - при движење, или најмал допир.
- при затоплување (со исклучок на локалните болки)
- околу 21 часот
ПОДОБРУВАЊЕ: - при мирување
- при силен натисок или пак кога болниот е легнат на
болната страна
- при потење
- при ладно (со исклучок на локалните болки)

Др. Биљана Ѓуроска
http://www.homeopatija.com.mk
В-ПОПАТНИ СИМПТОМИ
 потење кое води до подобрување на
симптомите
 латерализација предимено на десно
Др. Биљана Ѓуроска
http://www.homeopatija.com.mk
ОСНОВНА КЛИНИЧКА ПРИМЕНА И
ДИЗИРАЊЕ
1-ЛИГАВИЦИ
 Ринит со суви, картонски лигавици и силна жед.
 Трахеит или бронхит, кога кај болнит се набљудува силна болна
кашлица, која што се влошува при најмало движење и при
влегување во топла просторија, со ретростернални болки во
градниот кош, кои се подобруваат при притискање на градниот
кош со раце, за да се фиксира.
(При таква сува кашлица, попратена со сув ринит покрај Bryonia
може да се дополни терапијата со Sticta pulmonaria)
 Опстипација со обемни, тврди, суви како изгорени дефекации
Др. Биљана Ѓуроска
http://www.homeopatija.com.mk
2-СЕРОЗИ
 Плеврит, ексудативен плеврит во почетен
стадиум; во овој сличај добро е Bryonia да
биде дополнета со Sulfur iodatum
 Перикардит
 Болки во зглобовите независно од
локализацијата, ако се влошуваат од
движење и се подобруваат од мирување.
Др. Биљана Ѓуроска
http://www.homeopatija.com.mk



Хидрартроза, акутен ревматски артрит кој споро се развива е
карактеристична модалност за овој препарат. При овоаа
манифестација убаво е да се комбинираат Bryonia и Apis
mellifica. Последниов препарат има некои различни локални
модалоности, но поради неговиот тропизам и
физиопатолошкото дејство на ниво на серозите кое е слично на
тоа со Bryonia, разликата е второстепена. Следствено Apis
претставува одлично дополнително лекарство и
противоспалителното дејство на овие два медикаменти често е
изненадувачки ефикасно.
Раздразнување на перитонеумот поради перивисцерит, по кој
следува холецистит, воспаление на овариумите или цисти на
овариумите.
Паротитетн менингит, линфоцитен менингит, грипни состојби
попратени со цереброменингит.
Др. Биљана Ѓуроска
http://www.homeopatija.com.mk
3-ФЕБРИЛЕН СИНДРОМ СО СОТОЈБА НА АДИНАМИЈА
 Сите заболувања попратени со фебрилитет, вклучуваат:
 силна жед
 потреба од апсолутен мир
 истоштеност со потење, кое води до олеснување
даваат основа за примена на Bryonia:
 во случај на грип и грипни состојби
 Инфективни заболувања во почетниот стадиум независно од
етиологијата.
4- ДРУГИ СОСТОЈБИ
 - Мастит со натежнати гради, кои болат и при најмало движење.
Др. Биљана Ѓуроска
http://www.homeopatija.com.mk
Rhus toxicodendron
Отровниот бршлен е растение кое
припаѓа во фамилијата на
Anacardiaceae, расте во
Соединетите Држави и Јапонија.
Ратението содржи едно средтво
урушиол кој има надразнително
дејство на ниво на кожата.
Основната тинктура содржи:

галов танин

флавоноид, наречен физетин, кој
има противоспалително дејство кај
лабараториски животни

преизводи на феноли, меѓу кои е
урушиолот, кој е најверојатниот
предизвикувач на везикулозните
промени на ниво на кожа и лигавица
кои чешаат и имаат карактер на
имуноалергична реакција.
Др. Биљана Ѓуроска
http://www.homeopatija.com.mk
Општо дејство




Токсикологијата и експериментите го покачуваат
следното дејство на овој препарат:
на ниво на кожа, Rhus toxicodendron предизвикува
силен едем со везикулозен исип.
На ниво на лигавиците: дразнење и едем;
На околузглобинте фиброзно-сврзни ткива: тетивите,
апоневрозите, предизвикува болна здрвеност, која се
подобрува при продолжително движење.
На ниво на нервниот систем: фебрилитет со состојба
на истоштеност од тифоиден тип со неспокој, а
понекогаш и делириум
Др. Биљана Ѓуроска
http://www.homeopatija.com.mk
КОЖНИ СИМПТОМИ




Испип со мали меурчиња, кои содржат прозрачна течност,
лимфа. Меурчињата се со дијаметар од 1-2 милиметри, и се
појавуваат на црвена, еритематозна површина која пече и чеша,
и не доаѓа до олеснување на симптомите по чешање, но се
подобрува од врели апликации или врел туш.
Везикули кои се слеваат во меур со размер на зрно грашок,
полни со водена леплива, жолта течност.
Еритематозен исип, кој наликува на „лепардова кожа“, во зоната
на еритемот се гледаат здрави остатоци од кожа.
Ерзипелни исипи по лицето, со отечени очни капаци, очите се
воспалени и слепени со гнојна слуз. Сврбеж кој силно гори и
пече.
Др. Биљана Ѓуроска
http://www.homeopatija.com.mk
СИМПТОМИ НА ЛИГАВИЦИТЕ


При фебрилни состојби: сувост на усната шуплина,
фаринксот и јазикот, кој што е обложен со кафеав
или белузлав налеп, со црвен тријаголен дел на
самиот врв, и многу силно изразена жед за студена
вода или студено млеко.
Диареа со честа дефекација на оскудни, слузести,
понекогаш крвави, силно миризливи столици со
печење во ректумот. Чувствителност на цекумот и на
десната страна на торзото.
Др. Биљана Ѓуроска
http://www.homeopatija.com.mk
СИМПТОМИ ПОВРЗАНИ СО ЗГЛОБОВИТЕ
Дејството на Rhus toxicodendron не ги зафаќа
серозните обвивки.
Чувство на болна здрвеност на зглобовите,
кое се намалува при движење. Болката се
чувствува на почетното движење, но
постепено се намалува, како да паѓа р’ѓата, и
повторно да се појавува со замор.
Подобрување при затоплување и се влошува
при влага.
Др. Биљана Ѓуроска
http://www.homeopatija.com.mk
СОСТОЈБА НА ИСТОШТЕНОСТ,
ПОПРАТЕНА СО ФЕБРИЛИТЕТ





состојба на ступор, на прострација со неспокој поради болкит
во деловите на телото кои се допираат до тврда подлога. Тоа е
причината поради која болниот постојано се мрда и се
обидува да си најде место.
Болниот потреперува при секое движење или при најмало
откривање. Треперењето често е попратено со сува кашлица.
Потење на целото тело со исклучок на лицето.
Сув јазик, со кафеав или белузлав налеп. Силна жед за студена
вода или судено млеко, која предизвикува треперење и
кашлица.
Херпес околу устата
Др. Биљана Ѓуроска
http://www.homeopatija.com.mk
Rhus toxicodendron е едно од трите препарати на немир кои ги
опишал Nash, зедно со Aconitum napellus и Arsenicum album:
 При Aconitum болниот е силен и стеничен, немирот му се должи
на стравот од смрт, предизвикан од интензитетот со кој се
појавуваат општите симптоми
 При Arsenicum album интензитетот е ист, но пациентот е многу
истоштен, симптом кој се засилува од рестревоженост и страв
од фатален исход, и истоштеноста се менува со периоди на
прострација и немир
 При Rhus toxicodendron болниот е немирен, бидејќи движењето
ги олеснува болките.
Др. Биљана Ѓуроска
http://www.homeopatija.com.mk
КАРАКТЕРИСТИЧНИ СИМПТОМИ
А- ЧУВСТВА

За болка во мускулите, трнење, здрвеност, треперење

Сувост на усната шуплина и фаринксот (при фебрилитет)

За обливање на телото со студена вода

Невралгични болки кои се појавуваат соодветно на модалностите на препаратот.
Б- МОДАЛНОСТИ
ВЛОШУВАЊЕ: - при блага, влажен студ, влажен контакт

при мир и недвижење

при почетокот на придвижување и презамор
Овие фактори се толку важни што играат улога на насочувачи на овој препарат.
ПОДОБРУВАЊЕ: - при бавно движење,при промена на положбата на телото, независно
дали станува збор за кожен свраб, болки во зглобовите или појави попратени со
треска
В- ПОПАТНИ ЗНАЦИ: - потреба од движење, од триење, болниот има потреба да се стегне
поради карактеристичните модалности на препаратот : подобрување при движење и
затоплување.
Др. Биљана Ѓуроска
http://www.homeopatija.com.mk
Етиолошка сличност
Поради неговото дејство на ниво на локомоторниот
систем, чувствителноста кон влажен студ и
состојбата на истоштеност, попратено со
фебрилитет, кои може да се предизвикаат по
токсиколошки пат, Rhus toxicodendron се издава при:
 последици од мускулна преоптовареност
 настински при влажно време, или после
наводенување (бањање, дожд, потење и т.н.)
 заболувања кои се предизвикани од некој вирус
(грипни состојби, херпес и др.)
Др. Биљана Ѓуроска
http://www.homeopatija.com.mk
ОСНОВНА КЛИНИЧКА ПРИМЕНА И
ДОЗИРАЊЕ
1-КОЖА И ЛИГАВИЦИ
 секои еритемо-едематозни или везикуларни дерматози, кои прилегаат
на карактеристиките на препаратот и неговите модалности
 егзема
 херпес зостер
 ерзипел, акне розацеа
 херпес, кој се појавува изолирано или при фебрилен синдром.
Терапијата се прима при првите субјективни симптоми и може да се
зема на половина час, на овој начин може да си избегне и појавата на
исипот, или ако тоа се случи ќе биде многу ограничена.
 Засипнатот кога болниот започнува да зборува или пее, кое понатака
се подобрува
 фликтеновиден коњуктивит, фликтеновиден кератит, ревматичен ирит.
Др. Биљана Ѓуроска
http://www.homeopatija.com.mk
2- МУСКУЛИ-ЗГЛОБОВИ
 Мускулен или тетивен ревматизам
 дисторзии, луксации (Ruta gravolens)
 Замор кој брзо настанува, пред се поради оптеретеност на мускулите
 Ишијас со раскинувачка, распарувачка болка по должината на нервот,
која се влошува при мир и се подобрува при раздвижување. Rhus
toxicodendron се издава на пр. При ишиалгии кои се појавуваат по
искачање на дожд или при потење.
 Ревматизам, предизвикан или пак кој се влошува од влага.
3- СОСТОЈБИ НА ИСТОШТЕНОСТ, ПОПРАТЕНИ СО ФЕБРИЛИТЕТ
 Грип и грипни состојби
 Секој вид на микробни инфекции, поспецифично од вирусна природа,
ако клиничкиот реактивен тип соодветствува на патогенетските
симптоми на препаратот, при тропската заразна болест денга.
Др. Биљана Ѓуроска
http://www.homeopatija.com.mk