Transcript File
Еколошка секција “Еко ѕвонче “ ментор Слаѓана Т. Стаменкова Соджина : -Вовед -Што е 21 Март ? -Што е екологија? -Ние за екологијата -Еко пораки -Користена литература Вовед Човекот е должен да ја чува природата. Да ја чува и сочува.Да ја користи , но не и да ја искористува. Сите знаеме дека во последно време се поголем број земји во светот посветуваат се повеќе грижа за зачувувањето на природата , на човековата околина , но и на целата животна средина. Дали ќе биде така и во нашата татковина ? Тоа зависи само од нас младите генерации, нашите дела , нашите размисувања. Ние се учиме на грешките од постарите и не дозволуваме да се повторат. Токму покрај еколошките секции се учиме на етичко однесување кон природата Што е 21 Март? 21 Март , на овој ден пристигнува пролетта. Најцветното , најубавото и најпријатното годишно време. Одлична можност да излеземе на прошетка во природата. И уште поголема можност , да засадиме нови дрва , да внесеме нови животи. Бидејќи тие го прочистуваат воздухот , создаваат кислород и не попусто се наречени “бели дробови”. 21 март уште е и наречен денот на екологијата. Што е екологија ? Земјата , е единствената планета во вселената со својата величествена моќ на живот и природна рамнотежа, заслужува големо внимание и љубов. Основните медиуми за живот на земјата се: водата , воздухот и почвата. Човекот како ремек дело на природата, отсекогаш имал определено влијание врз природата и животот во неа. Паралелно со филогенетскиот развој на човекот, тоа вилание се менувало и по интензитет и по карактер, преминувајќи ја често пати границата на дозволеното, при што се јавуваат несакани последици. Екологија е наука што ги изучува распределбата и изобилството на живите организми , и односите меѓу организмите и нивната средина. Средината на организмите ги вклучува и нивните физичките карактеристики, кои можат да се опишат како сума на локални абиотички фактори како клима и геологија, како и другите организми што го делат истото живеалиште. Ние за екологијата Шетајќи во природата, ќе сретнеме најразлични билки , растенија, дарови од неа. Ако отидеш во некој наш национален парк , во него ништо не гибај ! Таму не смее да се скине ниту една тревка , ниту едно ливче. Таму друго правило важи “ мини , но не кини “. Таму е забранет лов на дивеч , забрането е да се сечат дрвја , да се берат печурки , и се друго што би ја изменило природата . Се ближат топли денови , сигурно ќе заминеш и на излет во природата. Не заборавајте дека , никогаш нема да си дојдете дома со празни раце. Градите ќе ви бидат полни со чист воздух , очите полни со убавина, душата со спокојство а срцето со одмерен ритам. Но во градовите , во населените места , покрај фабриките , покрај густиот сообраќај , бучавата од автомобилите, не сме свесни каков воздух дишеме ние. Каде е спасот ? Сигурно не е во ставање на гас маски на устите на луѓето за да се движат , учат , работат. Природата се погрижила и за тоа , но и нашето содејство е неопходно во секој поглед. Децата уште од мали се учат на етичко однесување кон природата. Почнувајќи од еколошките секции на училиште , со кои детално се разработуваат причините и последиците во природата. Што правиме ние во еколошките секции ? Истражуваме , осознаваме нови работи , правиме проекти , и уште еднаш ја подигнуваме СВЕСТА кај луѓето , како да се грижат , како да ја заштитат природата. Не треба само да се разговара на таа тема , треба и да се делува. МИСЛИ ГЛОБАЛНО , ДЕЛУВАЈ ЛОКАЛНО !!! Еко пораки ЗАСАДИ ДРВО , ЗАСАДИ ЦВЕТ, РАЗУБАВИ ГО ЦЕЛ СВЕТ Чувај ја природа та , таа ќе ти врати. Не е човекот најголем загадувач на околината .Најголем загадувач е НЕЧОВЕКОТ Само помисли на незагадена пролет , и тогаш ќе сватиш што е екологија Користена литература Еколошка читанка “Природо, љубов моја “ – Александар Кујунџиски Интернет (википедиа) Име и презиме Марија Тодосова