ЛИКВИДАЦИЈА НА ШТЕТИ

Download Report

Transcript ЛИКВИДАЦИЈА НА ШТЕТИ

Ирена Босбокилас
Охрид, октомври 2012 г.
Ликвидацијата како сегмент од постапката за обработка и
ликвидација на штети е доста обемен и специфичен дел.
Ликвидацијата е постапка која опфаќа сеопфатно
разгледување на основот и висината на едно оштетено
побарување, утврдување придонес во штетата односно
одобрување на една штета и достава во финансии за
исплата.



«Штетата е намалувањето на нечиј имот (обична
штета) и спречувањето на негово зголемување
(испуштена корист), како и повреда на личните права
(нематеријална штета). (член 142 од ЗОО)»
Македонското законодавство предвидува
одговорност по принцип на вина односно «Тој што со
вина ќе му причини штета на друг, должен е да ја
надомести. (член 141 став 1 од ЗОО)»
Член 3 од ЗЗО предвидува: “Сопствениците на
превозни средства се должни пред да го пуштат
превозното средство во сообраќај да склучат договор
за задолжително осигурување со друштво за
осигурување кое има дозвола за вршење на работи на
задолжително осигурување.”
Согласно ЗБСП Европски извештај се составува
во случај на мала материјална штета
 За пријавување на штета со Европски извештај
потребно е да се исполнети неколку услови:
- двете возила треба се подвижни и
регистрирани во РМ
- учесниците треба да имаат валидни полиси за
осигурување од автомобилска одговорност
- учесниците треба да имаат валидни возачки
дозволи
- учесниците да не се под дејство на алкохол
или други психотропни супстанци

Во фазата на ликвидација на штета со Европски извештај
често се јавува проблем и тоа во следните случаи:
- учесниците немаат валидно осигурување
- учесниците не поседувааат валидна и соодветна возачка
дозвола
- еден од учесниците е возило со странски
регистарски ознаки
- помеѓу двете возила учесници нема директен
контакт
- возилата учесници се неподвижни
За ликвидација на пријавена штета со
полициски записник најважен е
полицискиот записник и скица за извршен
увид
При ликвидацијата на штета со полициски
записник се јавуваат недоследности во
смисла на некоренсподирање на описот со
наведеното во скицата
достава на правосилна и извршна
прекршочна или кривична пресуда.
Со осигурувањето од автомобилска одговорност
се опфатени и штетите предизвикани со употреба
на моторно возило од неовластено лице.
 За неовластено лице се смета лице кое:
- управувало со моторно возило без соодветна
возачка исправа (вклучувајќи лице кое е на обука
за добивање возачка исправа без присуство на
овластено лице) или
- на нелегален начин управувало со моторно возило
или лице кое е соучесник во таквиот чин или
- управувало со моторното возило под дејство на
алкохол над дозволеното ниво согласно со закон,
наркотички дроги или психотропни супстанции.

При ликвидацијата на штети со Европски извештај се уште има
проблеми кои во натамошната постапка треба да се решат и
отстранат, а во интерес како на оштетената страна така и во
интерес на осигуреникот бидејќи неретко се случува и самиот
тој да реагира на некоја одлука на компанијата;
При ликвидација на штети со полициски записник,
а во кои компанијата се стекнува со право на регрес
треба да се постапува со особено внимание, а се со
цел да се олесни постапката за наплата на регрес.
Информирање награѓаните за практичната
употреба на Европскиот извештај