I Основна обука за полициски службеник

Download Report

Transcript I Основна обука за полициски службеник

I Основна обука за полициски службеник

Зависно фазата во развојот/градењето на општеството, состојбите и потребите на земјата која е предмет на меѓународната полициска мисија, македонските полициски инструктори би можеле да спроведат две верзии на обука:  Краткотрајна - во траење од 12 седмици; и  Оптимална - во траење од 12 месеци (9 месеци теоретска и 3 месеци практична настава).

2

3

Структура на обуката (1)

          Со обуката би требало да се опфатат следниве тематски единици:  Полициско работење во демократско општество;  Уставно право, Казнено право и Закон за казената постапка (во соработка со домашните авторитети); Човекови права; Карактеритики и ракување со огнено оружје и средства за присила; Прва помош и евакуација на повредени; Правна рамка и техники за употребата на присила и самоодбрана; Полициска етика и Кодекс на однесувањето; Концепт на „Полицијата во заедницата“ и практични импликации од неговата примена; Постапки при патролирање, апсење и притвор; Начин на воспоставување на ефективна внатрешна и надворешна комуникација; Контрола на сообраќајот и постапување при сообраќајна незгода; Постапување при пристигнување на местото на настанот.

3

Структура на обуката (2)

Со оглед на фактот дека во повеќето земји кои се предмет на меѓународна мисија, постојат реални очекувања за нарушување на јавниот ред и мир, загрозување на

човековите права и уништување на општествениот

и имотот на граѓаните. Македонија може да понуди искуства од областа на спречувањето на делата поврзани со вандализам и семејно насилство. Во мултиетничките средини, обуката за примената на концептот

„Полиција во заедницата“

би била надградена со концептот „Работа на полицијата во мултиетничко општество“. Доколку е потребно, во рамки на основната обука, македонската полиција може да понуди обука за возење на моторно возило.

4

5

Што говорат фактите за македонските искуства во обуката по 2001 година? (1)

Во декември 2001 година, првата класа од 106 слушатели ја завршија основната обука за полициски службеник во рамки на ИЦИТАП(International Criminal Investigative Training Assistance Program).

Со преземањето на мандатот за обука на полицијата од страна на ОБСЕ, во периодот февруари 2002 - јули 2003 година, во Секторот за обука на полицијата вкупно 1156 слушатели завршија основна обука (15% од слушателите беа жени, а 9% од слушателите не ги положија завршните испити).

Извор: OSCE Spillover and Monitor Mission to Skopje, Police Development Unit 2004: 2; OSCE 2003.

Во периодот април 2004-ноември 2008 вкупно 421 слушател ја заврши основната обука за полициски службеник.

Извор: Брошура на Полициска академија 2008: 8.

6

Што говорат фактите за македонските искуства во обуката по 2001 година? (2)

II Континуирана/специјалистичка обука

          In-service обука; Обука на млади инспектори; Обука за менаџмент во граничната полиција; Обука за инструктори за изучување на современи наставни техники; Обука за реформите во полицијата; Обука за обезбедување на изборите; Специјализирани обуки за борба против трговијата со дрога и луѓе; Обуки поврзани со заштита на човековите права; Напредни обуки за примена полицискиот етички кодекс; Обуки за интервенција во конфликтни ситуации и справување со бегалци.

7

Каде треба да се надградува македонската полиција за да биде „атрактивна“ за меѓународна полициска мисија

• Преговорите во случаи кога има заложници; • Ракување со специјално оружје и тактики (посебно оние кои се однесуваат на справување со терористички групи); • Истраги во случаи кога станува збор за подметнат пожар и саботажи подготвени со домицилното население во земјите кои се предмет на меѓународна мисија; • Тактичка обука за справување со нарушен јавен ред и мир; • Тактичка обука за обезбедување на лица; • Стратешка и тактичка поддршка на домашните власти при спроведувањето на обуки за спроведување на избори (врз полиција во различни изборни периоди);

Искуства од мисијата Проксима (12.2003–12.2005)

Во рамки на мандатот на мисијата „Проксима“ (кој за земја со популација од 2 милиони подразбираше вклучување на 180 полициски службеници од земјите на ЕУ), икуствата се воглавно на стратешко ниво и подразбираа активности за следење и советување на домашните полициски власти од областите: Организиран криминал, Јавен ред и мир и Гранична полиција. Тематските продрачја опфатени со овие области беа: • Консолидирање на законот и редот, вклучувајќи ја и борбата против организираниот криминал; • Практична имплементација на сеопфатната реформа на МВР, вклучувајќи ја и полицијата; • Оперативната транзиција кон создавање на граничната полиција; • Градење на доверба меѓу локалната полиција и населението; и • Подобрување на соработката со соседните земји во областа на полициските работи.

9

III Капацитетите на македонската полиција во спроведувањето на концептот „Работа на полицијата во мултиетничко општество“ како модул од концептот „Полиција во заедницата“

• Граѓански советодавни групи; • Координатори за односи со заедницата; • Обучувачи за „Полиција во заедницата“; • Организација на ТВ и радио кампањи за промоција на соработката помеѓу полицијата и граѓаните; • Испраќање на полициски службеници во училиштата; • Организирање на „Отворени денови“.

10

Искуства поврзани со полициското работење и интересите на заедница

Децентрализацијата, односно територијалните надлежности на секој СВР како форма на територијалната организација на полицијата, овозможува поблиска комуникација помеѓу полицијата, локалните власти и граѓаните. Од тој аспект, македонската полцијата за кус временски период собра значителен број искуства преку партиципацијата на високите полициски службеници во локалните Комисии/Совети за безбедност, безбедност во сообраќајот и против пожарна заштита. Преку локалната самоуправа, полицијата полесно ги идетификува проблемите поврзани со: • безбедност во сообраќајот; • локален криминал; • недозволено фрлање на ѓубре и шут; • поседување на нелегално огнено оружје; и • други теми со кои се зголемуваат безбедноста на граѓаните и ефикасноста на полицијата.

11

Ви благодарам на вниманието

12