Правниот систем во функција на бизнис климата – презентација

Download Report

Transcript Правниот систем во функција на бизнис климата – презентација

Правниот систем во
функција на бизнис
климата
08ми јуни 2010 година
Скопје
СОДРЖИНА
1.Постигнувања на новиот Закон за
извршување
2. Закон за парничната постапка
– измени и дополнувања
3.Предлог на Закон за вештачење
4.Предлог на Закон за процена
ПОСТИГНУВАЊА НА
НОВИОТ ЗАКОН ЗА
ИЗВРШУВАЊЕ
Закон за извршување
• Донесен во мај 2005 година
• Примена на Законот од 26 мај 2006 година
• Поддршка на УСАИД - Проект за подршка на
реформите во правосудството
 Процесот на усвојување на Законот,
имплементација, креирање на трансферот и
подготовките за фактичкиот трансфер на старите
извршни предмети од судовите
Именувани 76
извршители
Потреба од
132
извршители
Трансфер на судски предмети од
судови до овластени нотари и
извршители
• Од 1 јули 2010 год. заклучно со 31 декември
2010 год., сите извршни предмети на предлог
на доверителите ќе се предадат на нотарите и
извршителите со што судовите ќе се растеретат
од над 600.000 извршни предмети
• Доверителите во рок од шест месеци треба да се
произнесат пред судот кај кој од нотарите и
извршителите на тоа подрачје ќе сакаат предметот
да им биде пренесен на понатамошно
постапување
• Доколку доверителот не го повлече предметот од
судот до 31.12.2010 год. предметот се смета
за повлечен.
Табела 1 Поднесени барања кај извршители
2006-2010 без предмети на државно
правобранителство
58.670
60.000
50.000
39.794
40.000
30.098
30.000
18.548
20.000
10.000
6.335
0
2006
2007
2008
2009
Јан – март 2010
Табела 2 Број на извршени предмети
и процент на реализација
29.107
30.000
25.000
18.594
20.000
15.000
12.102
10.000
5.000
3.728
2.750
4.177 3.440
0
2006
2007
2008
2009
јан.10 фев.10
мар.10
Реализација на извршувања - 2010
• Трендот на пораст на степенот на
реализација продолжи и во 2010:
Табела 3 Износ на наплатени средства во Евра
јан-март 2010
33.744.220
2009
77.960.805
2008
57.772.177
49.294.201
2007
20.217.987
2006
0
20.000.000
40.000.000
60.000.000
80.000.000
100.000.000
Реформа во начинот на извршување
на веродостојните исправи
• Од 1ви јули 2010 година платните налози врз
онсова на веродостојни исправи ќе ги издаваат
нотари на барање на доверител
• Судството на овој начин и со овие измени се
растеретува со околу 258.000 неспорни предмети
• Нотар констатира правосилност и извршност на
таквата исправа
• Должникот има право на приговор до судот
• Доверителот исправата ја предава на извршување
кај извршител
Искуства од Европскиот суд за човекови
права
• Структурата на предметите актуелизирани пред
ЕСЧП укажува дека 68% се однесуваат на
предмети во врска со парничната постапка
• Анализата на изречените пресуди на ЕСЧП по
однос на Република Македонија укажува дека 77%
од предметите се однесуваат на правото на
правичното судење претежно во парничната
постапка
ЗАКОН ЗА
ПАРНИЧНАТА ПОСТАПКА
измени и дополнувања
Цели на Законот
• Зајакнување на правната сигурност
• Поефикасно и поекономично
постапување на судовите со
намалување на времетраењето на
постапката и создавање на поповолна
бизнис клима
Најзначајни новини во Законот
• ЗАДОЛЖИТЕЛНО ПОДГОТВИТЕЛНО РОЧИШТЕ
• ОПРЕДЕЛЕНИ РОКОВИ ЗА ПРОЦЕСНИ ДЕЈСТВИЈА
• КВАЛИТЕТ НА ПОДНЕСОЦИ (ЧЛ. 98)
• МЕДИЈАЦИЈА ВО ГРАЃАНСКА ПОСТАПКА
• ДОСТАВА НА ПИСМЕНАТА
• ТОНСКО СНИМАЊЕ НА РОЧИШТАТА
• ПАРИЧНИ КАЗНИ ЗА ПОВРЕДА НА ПРОЦЕСНИТЕ
ПРАВА ВО ПОСТАПКАТА
Подготвително рочиште
• Подготвителното рочиште е
задолжителна фаза во постапката
• На подготвителното рочиште
странките се должни да ги
изнесат сите факти и докази со
кои се утврдуваат тие факти
Рокови за превземање на одредени
процесни дејствија пред првостепен
суд (1)
• Тужбата се доставува на одговор во
рок од осум дена од денот на
нејзиното поднесување
• По барање за привремена мерка се
закажува рочиште во рок од три дена
од поднесување на барањето
Рокови за превземање на одредени
процесни дејствија пред првостепен
суд (2)
• Подготвителното рочиште се закажува
во рок од осум дена од денот на
приемот на одговорот на тужба,
односно по протокот на рокот за
одговор
• Подготвителното рочиште се одржува
најдоцна во рок од 45 дена од денот
на неговото закажување
Рокови за превземање на одредени
процесни дејствија пред првостепен
суд (3)
• Одложеното рочиште ќе се одржи во
рок од најмалку осум, а најмногу 45
дена од денот кога рочиштето било
одложено
• Не е дозволено одложување на
рочиште на неопределено време
Рокови за превземање на одредени
процесни дејствија пред првостепен
суд (4)
• Главната расправа се закажува во рок не
пократок од осум дена ниту подолг од
60 дена, а во сложените случаи од 90
дена од денот на одржувањето на
подготвителното рочиште
• Жалбата на првостепена одлука се
доставува на одговор во рок од три
дена од денот на нејзиното поднесување
• Жалбата, одговорот на жалбата и сите
списи од предметот, во рок од осум
дена од денот на приемот на одговорот
се доставуваат до второстепениот суд
Рокови во постапка пред
второстепен суд
• Второстепениот суд е должен да одлучи по жалбата
поднесена против првостепената пресуда/решение во
рок од три месеци, а во сложените предмети во
рок од шест месеци.
• Второстепениот суд е должен да ја објави
пресудата/решението веднаш, а најдоцна во рок од
осум дена
• Второстепениот суд е должен пресудата/решението
писмено да го изработи во рок од осум дена, а
во сложените случаи во рок од 15 дена од денот
на нејзиното објавување
• Второстепениот суд е должен пресудата/решението
по жалба да ја објави на веб-страницата на судот
во рок од два дена од денот на изготвувањето и
Квалитет на поднесоците упатени до
судот
• Ќе се отфрлаат поднесоците поднесени
од полномошник кои се
неразбирливи, не ги содржат
задолжителните елементи определени
со законот или не се поднесени во
доволен број примероци
Поднесоци
поднесени од :
• Адвокати
• Државен орган односно орган на државната
управа
• Единици на локалната самоуправа
• Правни лица
• Лица кои вршат јавни овластувања
Задолжително содржат податоци за
електронското сандаче за достава на
писмената регистрирано согласно закон
• Поднесок поднесен од адвокат
задолжително содржи штембил односно
електронски потпис од адвокатот
Вредност на спорот
• Вредноста на спорот во
сопственичките спорови се определува
во зависност од прометната вредност
на предметот на спорот
Медијација во парничната постапка
• Со поканата за подготвителното рочиште
на странките судијата задолжително
укажува на странките дека спорот можат
да го решат по пат на медијација
• Медијацијата може да трае најдолго до
45 дена
Санкционирање на злоупотребата на
процесните овластувања
• Парична казна од 700 до 1000 евра во денарска
противвредност за физичко лице (странка,
замешувач, одговорно лице во правното лице)
• Парична казна од 2500 до 5000 евра во денарска
противвредност за правно лице
• Парична казна од 2500 до 5000 евра во денарска
противвредност судот ќе изрече на одговорно
односно службено лице во орган на државна
управа, државен орган, орган на единица на
локална самоуправа, физичко или правно лице на
кое му е доверено вршење на јавни овластувања,
доколку во рокот од 15 дена не ги достави до
судот бараните податоци
Достава
на судските писмена
• Начини на доставување:
• по електронски пат
• по пошта
• преку службено лице во судот
• преку нотар
• преку извршител
• друго лице определено со закон
Достава по електронски пат
• Се врши преку информатичкиот систем на
судот на адресата на електронското сандаче
на примателот на доставата
• Задолжително регистрирање на адресата на
електронското сандаче во Централниот регистар
на Република Македонија за адвокати,
нотари, извршители, медијатори, вештаци,
проценители, државни органи, орган на
државната управа, единици на локалната
самоуправа, правни лица (трговски друштва)
и лица кои вршат јавни овластувања
Достава
на судските писмена
• Парична казна од 700 до 1000 евра во денарска
противвредност судот ќе изрече на службено лице на
судот задолжено за доставување на писмена, на
службено лице во пошта задолжено за доставување на
писмена, нотар, извршител или друго лице определено
со закон за доставување на писмена, доколку не
превземе дејствија на доставување на писмената или
несовесно го изврши доставувањето и со тоа
предизвика одолговлекување на постапката
• Странката има право на покренување на постапка за
надомест на штета поради непревземање на дејствија за
доставување на писмената или несовесно извршување
на доставата и со тоа предизвика одолговлекување на
постапката
• Изречени три парични казни за исто лице преставува
причина за покренување на дисциплинска постапка
Тонско снимање на рочиштата
• Се врши на сигурносен медиум за тонско
снимање
• Тонскиот запис од рочиштето не смее да се
менува
• Примерок од тонскиот запис се предава на
секоја странка и на учесниците во постапката
• Тонскиот запис не смее да се објавува,
емитува и користи за намени и цели надвор
од судската постапка
• Странката или учесникот во постапката може
да побара од судот да му биде издадена
писмена форма на тонскиот запис
Состав на советот кога рочиштето е
одложено
• Новото рочиште ќе се одржи пред истиот
состав
• Главната расправа ќе продолжи и ако е
изменет составот; претседателот на советот
на кратко ќе го изложи текот на
поранешите рочишта
• Изменетиот совет може да одлучи повторно
да се изведат некои од веќе изведените
докази
• Изменетиот состав на советот кој е составен
согласно одредбите на законот не е основ
за суштествена повреда на одредбите од
парничната постапка
Вештачење и увид како докази во
постапка (1)
• Вештачење и увид како докази во постапка
може да предложи само странка
• Странката може со тужба да достави
стручен наод и мислење на вештак
• Вештачењето го вршат вештаци запишани
во регистарот на вештаци
• Кога судот на предлог на странка
определува вештачење и вештак, рокот за
изготвување на вештиот наод и мислење го
определува судот, но не подолго од 45
дена, а во сложените случаи до 60 дена
Вештачење и увид како докази во
постапка (2)
• За непочитување на рокот за доставување на
вештиот наод и мислење, судот ќе му го одземе
предметот на вештакот и ќе му изрече парична
казна во висина од 2500 до 5000 евра во
денарска противвредност
• Судот е должен да го достави вештиот наод и
мислењето до странките најдоцна осум дена пред
одржување на рочиштето
Супервештачење
• Супервештачењето судот го определува
по електронски пат со примена на
правилото на случаен избор од
регистарот на вештаци во присуство на
двете странки, односно нивните
полномошници
Ревизија
• Ревизија против второстепена пресуда може да се
изјави доколку вредноста на предметот на
побиваниот дел од пресудата надминува
1.000.000 денари
• Во стопанските спорови ревизија против
второстепена пресуда може да се изјави доколку
вредноста на предметот на побиваниот дел од
пресудата надминува 1.500.000 денари
• Ревизија е секогаш дозволена и во спорови во
кои второстепениот суд во постапка по жалба ја
преиначил првостепената пресуда
• Ревизија по исклучок е дозволена ако
второстепениот суд во изреката на пресудата што
ја донел тоа го дозволил
Рок за одлучување по ревизија
• Врховниот суд на Република
Македонија одлуката по ревизијата ја
донесува најдоцна во рок од осум
месеци од денот на приемот на
предметот во работа
ПРЕДЛОГ НА
ЗАКОН ЗА ВЕШТАЧЕЊЕ
Вештачење
• Вештачење е изготвување на стручен
наод и мислење, изработено врз
основа на примена на научни и
стручни методи, технички
достигнувања, стручни знаења и
искуства, во сите случаи определени
со закон или по барање на
заинтересирано лице
Области на вештачење (1)
• Материјално, сметководствено и финансиско
работење;
• Медицина;
• Психијатрија, невропсихијатрија и
психологија;
• Ветеринарство;
• Градежништво и архитектура;
• Електротехника;
• Информатички технологии;
• Машинство и сообраќај;
• Земјоделство, шумарство и водостопанство;
• Графологија;
Области на вештачење (2)
•
•
•
•
•
•
•
•
•
•
Геодезија;
Рударство;
Технолошко инженерство;
Хемиско биолошко;
Молекуларна биологија и генетика;
Токсикологија и дроги;
Балистика;
Заштита на животна средина и екологија;
Заштита на културното наследство;
Заштита на авторското право и сродните
права;
• Други области.
Надлежнен орган за издавање на
лиценца за вештачење
• Лиценца за вештачење издава
Министерството за правда
• Издадените лиценци се евидентираат во
регистарот на вештаци кој го води
Министерството за правда
Лиценца за вештачење
• Лиценца за вештачење е документ издаден од
Министерството за правда со кој се потврдува
дека лицето може да врши вештачење од
соодветната област и се издава по положен
стручен испит за вештак од соодветна област
• Лиценцата за вештачење се издава со важност во
траење од пет години, со можност за
продолжување по поднесено барање за
продолжување на лиценцата за вештачење
Кој
врши
вештачење? (1)
• Само лице кое има положено стручен испит од
соодветна област за што му е издадена лиценца
за вештачење и е запишан во регистарот на
вештаци
• Орган на државна управа, високообразовна
установа, научна установа, стручна установа врз
основа на овластувања утврдени со закон и
доколку имаат вработено најмалку две лица со
лиценца за вештачење
Кој
врши
вештачење? (2)
• Трговец поединец-вештак основано согласно
Законот за трговски друштва и кое ги исполнува
условите од овој закон и има лиценца за
вештачење
• Друштво за вештачење - регистрирано согласно
Законот за трговски друштва за вршење на
вештачење согласно овој закон и кое има
вработено најмалку две лица со лиценца за
вештачење
Вештак
• Вештак е лице кое поседува лиценца
за вештачење од соодветна област и
е запишан во регистарот за вештаци
Начин на организација
• Вештаците се организирани на ниво на Комора.
Во неа членуваат сите вештаци
• Комората има свои органи а тоа се :
1. Собрание на Комората
2. Управен одбор
3. Надзорен одбор
4. Претседател на Комората
5. Дисциплинска комисија
Дисциплинска одговорност
• Дисциплинската комисија се формира секогаш кога
постои пријава од заинтересирано лице за сторена
дисциплинска повреда
• Дисциплински повреди се:
• дисциплинска неуредност
• дисциплински престап
ПРЕДЛОГ НА
ЗАКОН ЗА ПРОЦЕНА
Процена
• Процена се врши во сите случаи
определени со закон и по
барање на заинтересирано лице
Што е процена?
• Процената преставува проценување на
пазарната вредност на предметот на
процена на начин пропишан со
методологија, правила и стандарди за
процена кои ги вклучуваат признатите
Меѓународни стандарди за процена на
вредноста и други закони со кои се
регулира проценувањето на вредноста
на различни форми на сопственост
Области на процена
• Трговски друштва, јавни претпријатија и
други правни лица;
• Недвижен и подвижен имот;
• Побарувања и обврски;
• Машини, опрема и транспортни средства;
• Земјоделство, шумарство и водостопанство ;
• Индустриска сопственост;
• Авторски права и други сродни права;
• Полициска и воена опрема;
• Заштита на животната средина;
• Информатичка технологија;
• Даноци на имот;
• Други области.
Министерства надлежни за издавање
на лиценци по области (1)
• Министерство за економија
– за трговски друштва, јавни претпријатија и други
правни лица, недвижен и подвижен имот и
индустриска сопственост
– машини и опрема
• Министерство за транспорт и врски
– транспортни средства
• Министерство за земјоделство, шумарство и
водостопанство
– за земјоделство, шумарство и водостопанство
Министерства надлежни за издавање
на лиценци по области (2)
• Министерство за култура
– за авторски права и други сродни права
• Министерство за внатрешни работи
– полициска опрема
• Министерство за одбрана
– воена опрема
Министерства надлежни за издавање
на лиценци по области (3)
• Министерство за заштита на животната
средина
– за заштита на животната средина
• Министерство за информатичко општество
– за информатичка технологија
• Министерство за финансии
– за побарувања и обврски и даноци на имот
Во кои случаи се врши процена
• Пренос на правото на сопственост;
• Определување на вредностa на капитал во случаите на
основање, продажба на друштво, спојување, преземање,
заеднички вложувања и во други случаи во кои доаѓа до
промена на вредноста и структурата на капиталот;
• Стечајна постапка;
• При финансирање и подигање на хипотекарен и заложен
кредит;
• Пребивање на побарување;
• Постапка за експропрацијација;
• Инвеститорски консалтинг;
• Оданочување;
Овластени проценители
1) Физичко лице-трговец поединец кое е запишано
во соодветен регистар на проценители и му е
издадена лиценца за процена
2) Друштво за процена регистрирано согласно
Законот за трговски друштва за вршење на
процена има вработено најмалку двајца овластени
проценители
Како до лиценца за овластен
проценител
1. Завршена почетната обука за проценители според
утврдена програма
2. Положен стручен испит за проценител
3. Регистриран трговец - поединец или трговско
друштво за процена
Начин на организација
• Проценителите се организирани на ниво на
Комора.
Во неа членуваат сите
проценители вработени кај овластените
проценители (трговци поединци и друштва за
процена)
• Комората има свои органи а тоа се :
1. Собрание на Комората
2. Управен одбор
3. Надзорен одбор
4. Претседател на Комората
5. Дисциплинска комисија
6. Комисија за ревизија на процената
Дисциплинска одговорност
• Дисциплинската комисија се формира секогаш кога
постои пријава од заинтересирано лице за сторена
дисциплинска повреда
• Дисциплински повреди се:
• дисциплинска неуредност
• дисциплински престап