Народен правобранител на Република Македонија www
Download
Report
Transcript Народен правобранител на Република Македонија www
Народен правобранител на Република
Македонија
www.ombudsman.mk
Развој на институцијата
• Народниот правобранител е утврден со член 77 од Уставот на
Република Македонија кој е донесен во 1991 година.
• Првиот Закон за НП Собранието на Република Македонија го
усвои во 1997, кога е избран и првиот Народен правобранител
кој со своите активности започна во 1998 година.Со овој закон
институцијата доби мандат да ги штити уставните и
законските права на граѓаните кога истите се повредени од
страна на органи и тела на државната администрација или
други тела со јавни овластувања.
• Со амандманот XI се утврди начинот на избор на Народен
правобранител и со уставните измени се подигна значењето на
оваа институција и неговата улога во заштитата на начелата
на недискриминација и соодветна и правична застапеност
на припадниците на заедниците во државните органи и
единиците на локална самоуправа.
2
Развој на институцијата
• Со амандманот XI се утврди двојниот принцип за гласање при
изборот на Народен правобранител пришто во изборот е
потребно да има и мнозинство од гласовите на вкупниот број на
пратеници кои припаѓаат на заедниците кои не се мнозинство во
Република Македонија.
• Во 2003 година донесен е нов Закон за НП, со кој се
децентрализира институцијата и се отвораат регионални
канцеларии.
•
Во 2009 година донесени се измени и дополнувања на Законот за
Народен правобранител со кои се востановуваат посебни одделенија
за заштита на правата на децата и на лицата со посебни потреби,
одделение за заштита на граѓаните од дискриминација и соодветна
и правична застапеност , како и одделение за превенција од
тортура и друг вид на сурово, нечовечно или понижувачко
постапување или казнување.
3
Мандат на Народниот
правобранител
• Ги штити уставните и законските права на граѓаните во случај
на кршење на истите од страна на органите на државната
управа и други органи и организации со јавни овластувања.
• По однос на состојбите со обезбедувањето, почитувањето и
заштитата на уставните и законските права и начела на
недискриминација и соодветна и правична застапеност може по
сопствена иницијатива да упатува препораки, мислења и
критики до надлежните органи.
• Постапката за заштита на уставните и законските права на
граѓаните пред Народниот правобранител започнува со
поднесување на претставка. Народниот правобранител може да
покрене постапка и по сопствена иницијатива доколку оцени
дека постојат одредени повреди на уставните и законските
права на граѓаните.
4
Број на претставки по години
Примени претставки по години
Граѓаните во континуитет се повеќе бараат
заштита од Народниот
правобранител
Повредите на правата
се уште многубројни
www.ombudsman.mk
Мандат на Народниот
правобранител
• Во 2009 година беа донесени измени на законот со кои се
формираа три посебни одделенија.
• Формирано е посебно одделение за заштита на правата на
децата и лицата со посебни потреби кое покрај постапувањето
по претставки , ги следи и состојбите и врши соодветни
истражувања.
• Во делот на следење на состојбите и заштита од
дискриминација и соодветна и правична застапеност на
припадниците на заедниците воспоставено е посебно
одделение кое постапува по претставки, по сопствена
иницијатива, како и спроведува посебни истражувања, анализи
и извештаи по однос на самата проблематика.
6
ДИСКРИМИНАЦИЈА
Иако во 2011 година се забележува голем пораст на претставки
од граѓани кои бараат заштита од дискриминација, сепак граѓаните
се уште не ги пријавуваат ваквите случаи.
Во
19 случаи Народниот правобранител
констатирал
дискриминација по разни основи од кои постапено е по 11
интервенции.
www.ombudsman.mk
ДЕТСКИ ПРАВА ВО 2011
69
Права во семејствотo
Други права во образовни установи
24
Семејното насилство
18
Здравствена заштита
9
Физичко и психичко малтретирање
Деца со посебни потреби
Полова злоупотреба
Други права
8
3
1
12
Од вкупно примени претставки од оваа област 47,92% се
однесуваа на права во семејството, 16,67% на повреда на други
права во образовни установи, 12,50% на семејно насилство, 6,25% на
здравствената заштита, 5,56% на физичко и психичко малтретирање
на децата во училиште или установа, 2,08% на повреди на права на
деца со посебни потреби, 0,69% на полова злоупотреба и 8,33% на
други права на децата.
www.ombudsman.mk
Национален превентивен механизам
• Врз основ на ратификацијата на Факултативниот протокол кон
Конвенцијата против тортура Народниот правобранител се
назначи да дејствува како Национален превентивен механизам,
со можност во соработка и врз претходна согласнот да се
вклучат и невладини организации како и организации со статус
на хуманитарни организации.
• Со измените на Законот за Народен правобранител во 2009 се
формира посебно одделение за превенција од тортура и друг
вид на сурово, нечовечно или понижувачко постапување или
казнување -Национален превентивен механизам.
• Националниот превентивен механизам започна активно да
работи од април 2011 и во мај 2012 го презентираше Првиот
годишен извештај.
9
Мандат на НПМ
• НП како Национален превентивен механизам има мандат да
врши систем на редовни посети што можат да бидат најавени
или ненајавени. Најавените посети имаат за цел во одреден
временски период да се согледаат состојбите во местата на
лишување и да се евидентира напредокот или влошувањето на
условите за сместување и третманот на лицата лишени од
слобода. Ненајавените посети имаат за цел да се проверат веќе
утврдените состојби во местата каде лицата се или можат да
бидат лишени од слобода и да се намали ризикот постојните
состојби да бидат прикажани на несоодветен начин.
• Мандат на НП како Национален превентивен механизам е
редовно да го испитува постапувањето кон лицата лишени од
слобода со цел превенција од тортура, да дава препораки до
релевантните органи и да поднесува предлози и согледувања
во врска со постоечкото или со нацрт законодавството.
10
НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ-НАЦИОНАЛЕН
ПРЕВЕНТИВЕН МЕХАНИЗАМ
2011 - Спроведени се 18 редовни превентивни
посети:
- 12 полициски станици; 3 казнено-поправни
установи; 1 воспитно-поправна установа и 2 други
места од отворен или полуотворен карактер.
- 18 посебни извештаи доставени до соодветните
институции.
Од 18 превентивни посети, 17 посети беа спроведени ненајавено, а една посета
беше најавена.
Посебните извештаи содржат: анализа на состојбите, констатации и препораки за
надминување на утврдените надостатоци и имаат доверлив карактер .
2012- Спроведени се 18 редовни од кои 11 во полициски станици , 5 затвори и 2 во
други места на лишување од слобода. Во 2012 година спроведени се и 6
последователни посети со кои се врши проверка за имплементација на дадените
препораки од посетите спроведени во 2011 ( 4 во полициски станици, 1 затвор и 1
воспитно-поправен дом).
www.ombudsman.mk
Промотивни активности на
Народниот правобранител
• Иако согласно законската рамка Народниот правобранител ги
штити правата на граѓаните кога истите се повредени од
органите на државната управа, во изминатиот период презеде и
голем број на промотивни активности во сферата на човековите
права.
• Институцијата до сега има објавено и над 30 тематски
извештаи, кои се посветени на дел од областите за кои е
надлежен НП, а поконкретно недискриминацијата и правичната
застапеност, затворите, здравството, децата, образованието,
социјалната заштита, пензиското и инвалидското осигурување и
полицијата.
• Се издава весник на Народниот правобранител кој излегува
двапати годишно.
12
Промотивни активности на Народниот
правобранител
• Народниот правобранител изминатите години посвети и
особено
внимание
за
едуцирањето
на
државната
адиминистрација во делот на почитувањето на правата на
граѓаните.Оттаму беа спроведени неколку семинари за
претставниицте на државните агенции и граѓански организации
во делот на надлежностите на НП, тркалезни маси за новата
улога на Националниот превентивен механизам, дебати на
тема антидискриминација.
• Во делот на промовирањето на улогата на НП се организираат
телевизиски емисии,театарска претстава за
антидискриминација, како и се спроведуваат дополнителни
промотивни активности во образовниот систем.
13
Статус и организациска структура на Народен
правобранител
• Институцијата на НП е заснована на класичниот модел на
националните парламентарни омбудсмани во европските земји
и претставува посебна, самостојна, независна, професионална
и стручна институција.
• Во институцијата работат 78 вработени. Истите имаат статус на
државни службеници кои се избрани од НП преку Агенцијата за
државни службеници. Институцијата особено внимава за
еднаквата родова застапеност на вработените, па оттаму во
истата има 47 жени и 31 маж, а мултиетничкиот концепт како и
правичната застапеност на заедниците кои живеат во
Република Македонија е пресликан во составот на вработените
кај Народниот правобранител (по етничка припадност
вработени се 39 Македонци, 28 Албанци, 3 Срби, 3 Роми, 2
Власи како и по еден Турчин, Бошњак и Хрват).
14
Национална институција за човекови
права- Препораки на Поткомитетот за
акредитација
• НП се здоби со Статус Б во октомври 2011 година, со што
влезе во групата на институции од Австрија, Белгија, Словачка,
Словенија, Унгарија, Холандија и Шведска.
• Препораките од Поткомитетот за акредитација се
однесуваат на:
МАНДАТ – Законот за Народен правобранител опфаќа широк
мандат за заштита, но не и за промоција на човековите права.
Во таа насока се охрабрува НП да лобира за поширок мандат
во кој ќе се вклучат сите права утврдени со меѓународни и
домашни инструменти, како и вклучување на промоцијата на
човековите права во сферата на своето дејствување.
15
Национална институција за човекови
права
Назначување, состав и плурализам :
• Да се обезбеди поширок плурализам во изборот на заменици
на Народниот правобранител како и генералниот секретар.
Процесот на вработување и избирање на НП да биде
потранспарентен и да осигура плурализам, како и поширок
консултативен процес, кој би вклучил повеќе актери од
цивилното општество.
• ПКА го охрабрува НП да лобира за законски измени во делот на
избор и селекција тоа: со јавно огласување, максимално
зголемување на бројот на потенцијални кандидати и тоа од
пошироки профили, промовирање на широки консултации и
учество во селекцијата и изборот, како и обезбедување на
плурализмот меѓу вработените.
16
Национална институција за човекови
права
* Финансирање: Република Македонија со ратификувањето на
ОПКАТ-от го назначи НП за Национален превентивен
механизам, но во исто време не се обезбедија потребните
средства за реализација на ова дополнително овластување.
ПКА бара од Владата да се обезбедат потребните финансиски
ресурси потребни за функционирање на Националниот
превентивен механизам како што тоа се бара согласно член 18
од ОПКАТ-от.
• Комуникација со Меѓународниот систем за човекови права:
ПКА нагласи дека е потребно да се зајакне комуникацијата со
меѓународните тела, особено со Советот за човекови права на
ОН како и посебните механизми, како и да ја следи примената
на препораките од меѓународните тела во делот на
функционирањето на националниот систем.
•
17
Потреби и предизвици за иднина
• И покрај забележаниот зголемен процент на прифатени
интервенции на Народниот правобранител, се уште отсуствува
соодветна реакција на укажувањата за појавите кои доведуваат до
повреди на човековите слободи и права.
• Потребен е ефективен пристап во решавањето на негативните
состојби кои Народниот правобранител ги констатира во
Годишниот извештај, како и во извештајот на Националниот
превентивен механизам.
• Проширување на мандатот на Народниот правобранител со
вклучување на промоцијата на човековите права.
• Промовирање и заложби за усогласување на регулативата на
националното законодавство и практиката со меѓународните
стандарди, како и да потикнува ратификација на меѓународни
инструменти кои ќе доведат до целосна примена на човековите
права регулирани со универзалните и регионалните акти.
www.ombudsman.mk
Потреби и предизвици за иднина
Национална институција за човекови права
• Зајакнување на механизимите за избор со цел обезбедување
поголема доверба и независност на Народниот правобранител.
• Иницирање на посебна буџетска програма за Националниот
превентивен механизам со која ќе обезбеди функционална и
оперативна независност на Националниот механизам кој врши
мониторинг на местата каде лицата се лишуваат од слобода.
• Зајакнување на комуникацијата со меѓународните тела, особено
со Советот за Човекови права на ОН како и посебните
механизми, како и да ја следи примената на препораките од
меѓународните тела во делот на функционирањето на
националниот систем.
19