Право на молчење и други права во КП

Download Report

Transcript Право на молчење и други права во КП

Доц. д-р Дивна Илиќ
ПРАВОТО НА МОЛЧЕЊЕ И
ИНФОРМИРАЊЕ НА ОБВИНЕТИТЕ ВО
КРИВИЧНАТА ПОСТАПКА
Декември, 2014 год.
Право на информирање за правата
Новиот ЗКП со поместување на обвинетиот во посебна глава VI,
изречно го истакнува како субјект на постапката, со наведен каталог
на неговите права.
Одредбите што го уредуваат испитувањето содржат решенија
според кои ПРЕД СЕКОЕ ИСПИТУВАЊЕ обвинетиот
задолжително ќе се информира и поучи (ЧЛ. 206):
1) зошто се обвинува и кои се основите на сомневањето против
него;
2)дека има право да молчи, но доколку даде изјава таа може да се
користи во постапката против него;
3) дека може да земе бранител по свој избор со кого може насамо да
се советува и кој може да присуствува на испитувањето, како и за
правото на бесплатна помош на бранител под услови од ЗКП;
Право на информирање за правата
4) дека може да се изјасни за делото кое му се става на товар и да ги
изнесе сите факти и докази кои му одат во полза;
5) дека има право на увид во списите и во доказниот материјал;
6) дека има право на бесплатна помош на преведувач согласно ЗКП,
како и
7) дека има право на преглед од лекар при потреба од медицински
третман или заради утврдување на евентуални полициски
пречекорувања.
Иако обвинетиот може доброволно да се откаже од некое од правата
(освен од правото на бранител во случај на задолжителна одбрана),
испитувањето не може започне доколку изјавата не се забележи
написмено и доколку не ја потпише.
Право на информирање за правата
Иако ваквата нормативната поставеност на одредбите е начелно на
ниво на меѓ. стандарди, значаен недостаток во постојниот ЗКП е
непостоењето на законска обврска да му се достави т.н. Letter of
rights односно ПОУКА ВО ПИСМЕНА ФОРМА по примерот на
поуката која како модел е приложена кон Директивата на ЕУ за
правото на информирање во кп, и која има единствена содржина,
срочена е едноставно и јасно и преведена на јазик што обвинетиот го
разбира.
Корегирано е во измените на ЗКП, каде во дополнението на чл. 206
наведено е дека поуките му се одставуваат и во ПИСМЕНА
ФОРМА, и посебно битно пропуштањето да му се дадат писмено
повлекува забрана за користење на таквиот исказ понатаму во
постапката.
Право на информирање за правата
Наспроти ваквите законски решенија, практиката како и
резултатите добиени од спроведените истражувањата
покажуваат дека обвинетите НЕ СЕКОГАШ се известени
за нивните права пред да бидат испитани. Дополнително
на ова, согласно досегашната практика и законски
решенија тој се известува САМО УСНО, што како начин
на информирање, од една страна го намалува неговиот
ефект, а од друга страна пак го прави и многу потежок за
мониторирање и проверка.
Што служи како доказ дека лицето е
информирано за правата
Во однос на начинот на обезбедување и проверка дали обв. е
информиран за правата, може да се забележи дека ЗКП не
предвидува ПОСЕБЕН ЗАПИСНИК или др. документ што лицето би
го потпишало ИСКЛУЧИВО како потврда дека е информирано за
правата, туку тоа се обезбедува со потпишување на записникот од
испитувањето иако во него не се наведени поединечните права ДАЛИ Е ОВА ДОВОЛНО ЕФИКАСЕН МЕХАНИЗАМ НА
ПРОВЕРКА? И од друга страна, дали воопшто праксата ова го
препознава како проблем?
Значајно да се напомене е можноста што ја дава ЗКП за визуелнотонско снимање на испитувањето на обв. од страна на ЈО или во
негово присуство. Одлично решение, иако не е обврска.
Дали ВО ПРАКСА се почитува законската забрана за употреба
во судска постапка на исказ од обвинет кој не бил поучен за
правата пред да биде испитан
Дали органите на постапката проверуваат
дали обвинетиот ги разбал неговите права
Проблематично е тоа што практиката, како и истражувања
покажуваат дека во повеќе од половина од случаите органите на
постапката не проверуваат дали обв навистина ги разбрал неговите
права.
Праксата на ЕСЧП бара органите да преземат активни мерки за да
обезбедат ефикасно почитување на гаранциите од чл. 6, односно да
имаат активен пристап кон информирањето на обвинетиот. Според
резонирањето на Судот не е доволно тие само да се дадат (пишани)
информации, туку органите треба да ги преземат сите разумни
чекори за да обезбедат дека обвинетиот е целосно свесен за своите
права, и дека ги разбира импликациите од неговото однесување во
текот на испитувањето.
ИНФОРМИРАЊЕ ЗА ОБВИНЕНИЈАТА
Секој обвинет има право да биде известен за природата и основите
на обвиненијата против него во најкраток можен рок, детално и на
јазик што го разбира. Смислата на оваа гаранција е да се обезбедат
доволно информации за подготовка на одбраната, или пк влијание
врз обвинетиот преку манипулација со докази или неизвесност за
тоа со какви докази располагаат органите.
ЗКП содржи одредби со кои значително се ограничуваат правата на
одбраната во претходната постапка, иако тој се обидува да ги
приспособи меѓ. стандарди на новниот концепт на странечка
постапка.
Несомнено е дека ќе дознае дека е предмет на истраги, ако е
испитан, претресен, лишен од слобода и сл., во кои што ситуации
ЗКП предвидува тој да биде информиран за делото и доказите. НО,
ШТО Е СО ОСТАНАТИТЕ СЛУЧАИ?
Наредба за спроведување истрага
Имено, ЗКП предвидува дека наредбата за спроведување истрага не
му се доставува на обв, ниту пак има обврска ЈО да го испитува
пред нејзиното донесување (како што беше пред решението за
истрага). Образложение: да не се осуети ефикасноста на истрагата и
сл.
Оттука, во различна позиција ќе бидат доведени оние кои ќе бидат
повикани и испитани или спрема кои ќе се применат други мерки,
наспроти оние кои нема да бидат испитани до пред самото
завршување на истрагата. Како ќе се легитимира кога ќе бара
известувања од државни органи или презема дејствија за кои е
потребно одобрение од судот, како на пример, пристап до приватни
простории?
Обвинетиот се оддалечува од една значајна фаза на собирање на
докази
УВИД ВО СПИСИТЕ
Со оглед на тоа дека клучен елемент на правото на правична
постапка од чл. 6 е да се има доволно време и можности за
подготвување на одбраната, таа мора да биде запознаена не само со
обвинеието, туку и со основните за него. Оттука од правото на увид
во списи зависи и оценката за тоа дали една кривична постапка
обезбедува доволно можности за подготвување на одбраната - Без
правото на увид во списите, правото на одбрана е само nudum ius
ЗКП го предвидува, за првпат, правото на откривање на доказите во
полза на одбраната меѓу основните права од чл. 70. Но, не е
временски лоцирано, т.е Законот, иако вели дека обв пред
испитувањето мора да биде поучен за правото на увид со списи,
сепак тој не појаснува дали обвинетиот ќе може да се запознае со
списите пред испитувањето, дали тоа ќе се одложи за времето
потребно за да се разгледаат списите. Ако се врзе со испитувањето,
друго прашање е кога може да се смета дека обвинетиот е “испитан”
УВИД ВО СПИСИТЕ
Од друга страна пак, бранителот согласно чл. 79 став 1 има право на
увид во текот на кп, значи од почетокот, но тоа право е ограничено
на списите од оние дејствија на кои одбраната имала право да
присуствува (а кој се чуваат во јавното обвинителство), што пак е
значително лимитирано во новиот ЗКП.
Право на молчење
Како еден од клучните аспекти на правото на одбрана,
тоа е основно право во кп – обвинетиот не е обрзан да
даде исказ, признание за делото или пак изјава со која
го признава постоењето или вистинитоста на кој и да е
факт, како и да одговара на прашањата поставени од
пол, јо или судот.
Смислата - секој обвинет да одлучи дали и како ќе се
брани. Неразумно е да се принуди обвинетиот на било
кој начин да придонесе кон својата осуда, особено
имајќи ја предвид презумпцијата на невиност.
Правото на молчење во
ЗКП
Во оваа смисла и законските решенија предвидуваат дека
обвинетиот го ужива ова право од моментот на првото
испитување
Па така, тој мора да биде поучен expressis verbis,
пропуштањето повлекува исклучување. Ова значи дека ЗКП
не остава простор за докажување дека иако не бил поучен,
бил свесен за ова негово право, решение кое се среќава во
компаративното право.
Обвинетиот добива и поука дека доколку даде исказ тој може
да се користи во посгапката против него. Тој може и да
откаже од правото на молчење но само со потпишана изјава.
Постапувањето споритивно на овие принципи има за
последица исказот да не смее да се користи во постапката.
Изведување на негативни заклучоци
од молчењето на обвинетиот
Едно од најконтроверзните прашања
Нормативното постоење на правото на молчење како
легитимна тактика на одбраната наспроти неговото
фактичко
значење
во
практиката
–
контрапродуктивна реакција кон обвинението,
убеденост за вина.
Молчењето се смета за својствено однесување на
сторителите на кр. дела наспрема невините за кои
сметаме дека ќе побрзаат да дадат објаснување.
Молчењето во некои околности се толкува еднакво
како признавање на вината.
Изведување на негативни заклучоци
од молчењето на обвинетиот (прод.)
Судот слободно ги оценува мотивите кои го навеле
обвинетиот да го избере молчењето како начин на
спротивставување на обвиненијата против него.
И доколку не утврди посебни мотиви, заклучокот е
дека обвинетиот сака да ги лиши органите на
постапката од податоци кои би укажале на
неговата вина.
Прашање е дали е возможно судот да не биде под
влијание на ваквата логика и да го изолира
молчењето од процесот на донесување на одлука.
Европскиот суд и правото на молчење
Не го сфаќа апсолутно во смисла на тоа дека молчењето
под ниту едни услови не може да се користи против
обвинетиот.
Иако, во основа, изведувањето на негативни заклучоци
претставува повреда на презумпцијата на невиност, сепак
одговор на ова прашање ќе зависи од околностите на
случајот – дали се тие такви што бараат објаснување од
страна на обвинетиот.
Во неколку случаи против Англија, Судот оценил дека
судот смее да изведе негативни заклучоци од молчењето,
ако обвинетиот пропушти да го објасни своето присуство
на местото на кривичното дело ((Averill v. United Kingdom;
Beckles v. United Kingdom; Condron v. United Kingdom; John Murray v.
United Kingdom).
Изведување на негативни заклучоци од молчењето
на обвинетиот во РМ
Нашето право не познава решение со кое на судот му е дозволено да
изведува негативни заклучоци од молчењето на обвинетиот, но и не
содржи одредби дека органите на постапката не смеат да го прашуваат
обвинетиот за причините поради кои молчи, дека потполното молчење
на обвинетиот не може да се третира како доказ и дека моментот на
давањето на ослободувачката изјава не може да се третира како
инкриминирачки показател. Мнозина сметаат дека невино лице ќе ја
искористи можноста да понуди објаснување.
Извештајот на КСПС: домашната судска практика нема јасен став кон
контроверзното прашање дали од молчењето на обвинетиот може да се
изведуваат негативни заклучоци. Повеќето од актерите во постапката
сметаат дека судот молчењето го зема предвид, но не го истакнува
експлицитно во образложението на пресудите”, 90% од испитаниците ...
Оттука, ова е прашање за кое кај нас треба да се спроведе едно посебно
и опсежно истражување, каде ќе се провери во слуачите каде
обвинетиот се бранел со молчење како пресудил и врз основа на што
судот.