Презентација - Министерство за правда

Download Report

Transcript Презентација - Министерство за правда

КОНФИСКУВАН ИМОТ ВРЗ
ОСНОВА НА ПРАВОСИЛНИ И
ИЗВРШНИ ПРЕСУДИ
ЗАКОНСКИ ОДРЕДБИ ЗА КОНФИСКАЦИЈА
НА ИМОТ И ОДЗЕМАЊЕ НА ПРЕДМЕТИ
•
НАЈСИЛНИОТ ИНСТРУМЕНТ во борбата против
криминалот, а особено против организираниот
криминал и корупцијата е КОНФИСКАЦИЈА НА
ИМОТОТ и одземање на имотната корист, како и
одземањето на предметите со кои е извршено
кривичното дело, се стекнати со извршеното кривично
дело или се искористени за извршување на кривичното
дело.
ЗАКОНСКИ ОДРЕДБИ ЗА КОНФИСКАЦИЈА
НА ИМОТ И ОДЗЕМАЊЕ НА ПРЕДМЕТИ
• Согласно член 97 и член 98 од Кривичниот законик,
никој не може да стекне или задржи посредна и
непосредна имотна корист прибавена со извршено
кривично дело. Имотната корист прибавена со
извршеното кривично дело се конфискува со судска
одлука со која е утврдено извршување на кривичното
дело.
ЗАКОНСКИ ОДРЕДБИ ЗА КОНФИСКАЦИЈА
НА ИМОТ И ОДЗЕМАЊЕ НА ПРЕДМЕТИ
• Со Кривичниот законик создадена е правна основа
никој да не може да се стекне со имотна корист со
извршено кривично дело. Со измените на Кривичниот
законик кој се применува од 22.03.2010 год. создадовме
правен основ за изрекување на проширена
конфискација и за одземање непосредна и посредна
имотна корист.
• Во рамките на надлежностите на Министерството за
правда за следење на примената на законите од
казнената област, превзема мерки за едукација на
кадрите за успешна примена на одредбите од
казненото законодавство, особено во делот на
конфискацијата на имотот како најзначајно средство за
борба против криминалот и корупцијата.
ЗАКОНСКИ ОДРЕДБИ ЗА КОНФИСКАЦИЈА
НА ИМОТ И ОДЗЕМАЊЕ НА ПРЕДМЕТИ
• Ќе изнесеме неколку случаи на изречени конфискации на имот
или пленување на имотната корист согласно одредбите кои
важеле за време на извршување на кривичното дело. Од
случаите што ќе ги презентираме може да се види дека покрај
изрекувањето на конфискацијата на имотот од страна на
судовите особено значајни се aктивностите кои што се
превземаат од страна на Агенцијата за управување со
одземен имот за извршувањето на пресудите. Извршувањето
на пресудите за конфискација на имот и пленување на имотна
корист особено е изразено во 2010 година. Тоа станува
континуирана активност на надлежните државни органи,
судовите и јавните обвинителства за обезбедување на имотот
кој може да биде предмет за конфискација и извршување на
конфискацијата, одземање на предметите и управување со
одземениот движен или недвижен имот во согласност со
законот.
СЛУЧАЈ МИОДРАГ МАРКОВИЌ
Со правосилна пресуда на Основен суд Скопје 1 КОК
бр. 2/08 од 30.10 2008 година Миодраг Марковиќ е
осуден на казна затвор во траење од 4 год. за кривично
дело Перење на пари и друга противправна имотна
корист
Со пресудата од осудениот се одзема во корист на
Република Македонија непосредна и посредна имотна
корист и други приноси од кривичното дело што
одговара на вредноста од 544.207.000,00 денари (околу
9 милиони евра)
СЛУЧАЈ МИОДРАГ МАРКОВИЌ
• Осудениот Миодраг Марковиќ бил должен во
рок од 15 дена од правосилноста на пресудата
да ја изврши
пресудата и да ги уплати
средствата во корист на Република Македонија,
но истото не го сторил.
• За извршување на пресудата во корист на
Република
Македонија
одземени
се
недвижности и хартии од вредност од фирмите
во сопственост на осудениот Миодраг Марковиќ
– „АРАРАТ“ од Никшиќ и „СКОТИХА ТИХАМА
ОВЕРСИС ЛИМИТЕД“ ДООЕЛ СКОПЈЕ, и тоа :
СЛУЧАЈ МИОДРАГ МАРКОВИЌ
• Конфискувана е вила на Водно на ул. Питу Гули
бр. 13 со површина од 236 m² на катастарска
парцела 1676/1 имотен лист бр. 15753 со вкупна
површина на парцелата од 1800 m², од кои под
објект 236 m² и дворно место.
СЛУЧАЈ МИОДРАГ МАРКОВИЌ
• Конфискувана е куќа на ул. Цар Самоил бр. 80 во
Охрид со вкупна површина од 270 m² на катастарска
парцела 15976 имотен лист бр. 450.
СЛУЧАЈ МИОДРАГ МАРКОВИЌ
• Согласно диспозитивот на пресудата оваа куќа е
купена од осудениот Миодраг Марковиќ со средства од
извршеното кривично дело.
• Куќата се одзема од трето лице на кого во 2003 година
му ја пренел
осудениот Миодраг Марковиќ без
соодветен надомест, за сума од 4.000.000,00 денари,
кој можел и бил должен да знае дека куќата е стекната
со извршено кривично дело од страна на осудениот
Миодраг Марковиќ.
СЛУЧАЈ МИОДРАГ МАРКОВИЌ
• Конфискуван е деловен простор во центарот на
Скопје со површина од 106 m² на катастарска парцела
13490 имотен лист 12755 на ул. Луј Пастер бр. 5
СЛУЧАЈ МИОДРАГ МАРКОВИЌ
• Конфискувани се хартии од вредност во банки и
акционерски друштва кој се купувани со парите
стекнати од извршеното кривично дело и тоа:
СЛУЧАЈ МИОДРАГ МАРКОВИЌ
•
3.120 обични акции што осудениот ги купил во АД ИК
Банка – што претставува 7,4 проценти од капиталот на
банката.
• 8.662 обични акции што осудениот ги купил во
поранешната Статер Банка (претходно КИ Банка
Куманово) што претставува 6,5 проценти од капиталот
на банката
СЛУЧАЈ МИОДРАГ МАРКОВИЌ
• 13.544 обични акции што осудениот ги купил во
АД Југоопрема што претставува 43,64 проценти од
капиталот на друштвото
СЛУЧАЈ МИОДРАГ МАРКОВИЌ
• 12 778 обични акции што осудениот ги купил во АД КИК
Куманово што претставува 33,15 проценти од
капиталот на друштвото
СЛУЧАЈ МИОДРАГ МАРКОВИЌ
921 обични акции што осудениот ги купил во АД Козјак
Куманово – што претставува 2,73 проценти од
капиталот на друштвото.
СЛУЧАЈ МИОДРАГ МАРКОВИЌ
• 564 обични акции што осудениот ги купил во ЗИК
Скачковце Куманово - што претставува 32,86 проценти
од капиталот на комбинатот.
СЛУЧАЈ МИОДРАГ МАРКОВИЌ
• 23.970 обични акции што осудениот ги купил во
Трготекстил – Малопродажба што претставува 3,43
проценти од капиталот на друштвото
СЛУЧАЈ МИОДРАГ МАРКОВИЌ
• ОДЗЕМЕН ИМОТ - ХАРТИИ ОД ВРЕДНОСТ
• Одземени се 132.948 акции што осудениот преку
фирмата „АРАРАТ“ ги купил во АД Емо Охрид што
претставува 36.15 % од капиталот на друштвото.
СЛУЧАЈ МИОДРАГ МАРКОВИЌ
• До наплата на вкупниот износ на досудени средства во
вкупен износ од 544.207.000,00 денари (околу 9
милиони евра) ќе се продолжи со извршување на
пресудата.
СЛУЧАЈ ЖИВКО ЕФТИМОВСКИ
• Со правосилна пресуда на Основен суд Скопје 1 –
Скопје К бр. 1049/99 од 22.12.2005 год. осудениот
Живко Ефтимовски сопственик на приватна фирма
ФАМАТЕК од
Ресен е осуден за кривично дело
злоупотреба на службена положба и овластување и од
истиот се пленува имотна корист прибавена од
кривично дело во износ од 58.652.000,00 денари.
• Осудениот бил задолжен во рок од 15 дена од
правосилноста на пресудата да ја надомести имотната
корист во износ од 58.652.000,00 денари, но тоа не го
сторил.
• За извршување на пресудата од осудениот се одзема:
СЛУЧАЈ ЖИВКО ЕФТИМОВСКИ
• Вила во Претор на катастарска парцела бр. 734/6 на
имотен лист бр. 168, катастарска општина Претор со
површина од 234 m². Вилата се одзема од трето лице
на кое осудениот му ја поклонил.
СЛУЧАЈ ЖИВКО ЕФТИМОВСКИ
• Семејна куќа со површина од 171 m² (идеален дел) на
катастарска парцела бр. 1521/1 и 1521/2 со имотен лист
бр. 118 катастарска општина Јанковец со вкупна
површина на парцелата од 511 m²
СЛУЧАЈ ДАРАВЕЛСКИ И
ДОЦЕВСКИ
• Со правосилна пресуда на Основен суд Скопје 1 К.бр.
809/05 од 19.06.2008 година осудени се Драган
Даравелски на казна затвор од 7 год. и Киро Доцевски
на казна затвор од траење 4 год. и 6 м. за кривични
дела
злоупотреба
на
службена
положба
и
фалсификување на службена исправа.
• Со пресудата од осудените се пленува – конфискува
имотна корист во вкупен износ од 103.575.167,00
денари и се задолжени солидарно да ја вратат во
Буџетот на РМ.
СЛУЧАЈ ДАРАВЕЛСКИ И
ДОЦЕВСКИ
Осудените Драган Даравелски и Киро Доцевски не ја
извршиле пресудата во рок од 30 дена од нејзината
правосилност, и поради тоа за извршување на
пресудата одземени се недвижности и пренесени се
во сопственост на Република Македонија.
Конфискувани се:
СЛУЧАЈ ДАРАВЕЛСКИ И
ДОЦЕВСКИ
Од Осудениот Даравелски
- Стан на бул. Св. Климент Охридски бр. 23-3/4 - Скопје со
површина од 119 m², катастарска општина Центар 1,
имотен лист 42365
СЛУЧАЈ ДАРАВЕЛСКИ И
ДОЦЕВСКИ
- Деловен простор на ул. Трета ударна бригада бр. 2 со
површина од 202 m² и градежно земјиште 540 m² од
катастарска општина Куманово
СЛУЧАЈ ДАРАВЕЛСКИ И
ДОЦЕВСКИ
Од Осудениот Киро Доцевски се одземени
- Стан на ул. Т. Митровачка во Куманово со површина
од 74 m² од катастарска општина Куманово, имотен
лист бр. 21612.
СЛУЧАЈ БОРКО МАРКОВИЌ
• Со правосилна и извршна пресуда на Основен суд
Скопје 1 КОК бр. 73/09 од 10.12.2009 година Борко
Марковиќ е осуден за кривично дело перење на
пари и други приноси од кривично дело.
• Изречена му е мерка протерување на странец.
• Со пресудата од осудениот е одземен имот во
износ од 10.901.514,00 денари. Во определениот
законски рок не ја извршил пресудата.
• Поради тоа, средствата во износ од 10.901.514,00
денари се одземени и се уплатени во корист на
Буџетот на Република Македонија.
СЛУЧАЈ ЗА ТРГОВИЈА СО
МАЛОЛЕТНО ЛИЦЕ
• Со правосилна пресуда на основен суд Скопје 1 –
Скопје
КОК бр. 24/08, од 14.11.2008 година,
обвинетите Љимани Зуријет и Андријана
Ѓорѓиоска се прогласени за виновни за кривично
дело Трговија со малолетно лице и се осудени на
казна затвор во траење од по 5 год.
СЛУЧАЈ ЗА ТРГОВИЈА СО
МАЛОЛЕТНО ЛИЦЕ
• Од осудена Андрија Ѓорѓиоска се одзема деловен
објект - кафеана Бравос која се наоѓана ул. Димитар
Влахов – комплекс од локали бб., Гостивар со
површина од 65m²
Одземените објекти од осудените Љумани Зуријет
и Андријана Ѓорѓиоска се употребувани за
извршување на кривичното дело
СЛУЧАЈ ЗА ТРГОВИЈА СО
МАЛОЛЕТНО ЛИЦЕ
• Од осудениот Љимани Зуријет се
угостителски објект во с. Палатица,
површина од 120 m²
конфискува
Тетово, со
СЛУЧАЈ СЛАВИЈА
• Со правосилна и извршна пресуда на Основен суд
Скопје 1 К. Бр. 1534/06 од 28.11.2007 година,
обвинет Кирил Кочевски е осуден за кривично дело
злоупотреба на службена положба на казна затвор
во траење од 6 год. Со пресудата од осудениот е
конфискувана имотна корист во износ од
97.612.997,00 ден. во корист на Република
Македонија.
• Поади тоа што во рокот утврден во пресудата,
осудениот доброволно не ја извршил пресудата,
одземени се :
СЛУЧАЈ СЛАВИЈА
• Уделот на СЛАВИЈА 1 ДООЕЛ увоз извоз Скопје
сопственост на осудениот Кирил Кочевски, во висина
од 218.667 ЕУР и уделот на Кирил Кочевски како
физичко лице во СЛАВИЈА ДОО увоз извоз Скопје.
СЛУЧАЈ СЛАВИЈА
СЛУЧАЈ БАЧИЛО
• Со правосилна и извршна пресуда на Основен суд
Скопје 1 - Скопје К. Бр. 297/07 од 25.02.2008 година
осудени се 21 лице за кривични дела Злоупотреба на
службена положба и овластување, Измама и перење на
пари и други приноси од кривично дело и од осудените
лица со пресудата се одземаат поголема сума пари и
недвижности.
СЛУЧАЈ БАЧИЛО ИЗВРШУВАЊЕ НА ПРЕСУДАТА
• Од осуден Никола Стојменовиќ – осуден на 14 год.
одземени се средства во износ од 4.942.249,00 денари
и се префрлени на сметка на Агенцијата,
• Од осуден Крсте Иловски – одземени се средства во
висина од 38.981.351,00 денари и се префрлени на
сметка на Агенцијата
• Од осудена Гроздана Манасиевска – одземени се
средства во висина од 12.505.321,00 и 6.602,50 денари
и се префрлени на сметка на Агенцијата
• Од осуден Иснифарис Џемаили – осуден на 4 год. и 6
м. одземени се средства во висина од 152.349,50
денари и се префрлени на сметка на Агенцијата.
СЛУЧАЈ БАЧИЛО ИЗВРШУВАЊЕ НА ПРЕСУДАТА
 ОДЗЕМЕНИ НЕДВИЖНОСТИ:
 Од осудена Гроздана Манасиевска – одземени се
недвижности - градежно неизградено земјиште КО
Центар 1 ИЛ 48414 со вкупна површина 1035 m²,
 Од осуден Томислав Трајковски одземени се
недвижности – м.в. парк на ИЛ 42540 КО Карпош со
вкупна површина од 708 m²,
 Од осудена Светлана Симоновска - одземени се
недвижности - градежно земјиште на КО Центар 1 ИЛ
49178 со вкупна површина од 179 m²
СЛУЧАЈ БАЧИЛО ИЗВРШУВАЊЕ НА ПРЕСУДАТА
• Во корист на Република Македонија согласно пресудата
од обвинетите
одземени се повеќе катастарски
парцели во КО Орешани и КО Морани недвижен имот земјоделско и градежно земјиште во вкупна површина
од 178.218 m²
• Продолжува постапката за целосното извршување на
пресудата за случајот Бачило. Покренати се судски
постапки за поништување на хипотеките за недвижен
имот од осудениот Иснифарис Џемаили во вкупен износ
од 33.410.023,00 денари, како и за извршување на
пресудата од осудениот Никола Стојменовиќ во износ
од 31.305.908,50 денари и за други осудени лица во овој
случај.
Законите се донесуваат за да се применуваат, а
пресудите се донесуваат за да се извршуваат
Министерство за правда и натаму ќе ја следи примената
на законите од казнената област и ќе превзема мерки
за едукација на кадрите за примена на законите и
извршување на пресудите, особено конфискацијата на
имотот, проширената конфискација и одземање на било
каква имотна корист со извршено кривично дело. Исто
така ќе јакне капацитетот на Агенцијата за управување со
одземениот имот за успешно извршување на работите за
конфискација и одземањето на предметите во
одземањето и управувањето со одземениот имот во
кривичната и прекршочната постапка.