Презентација - институт на овластени ревизори
Download
Report
Transcript Презентација - институт на овластени ревизори
Типологии на ПП и ФТ, обврска за
доставување на STR (извештај за
сомнителна трансакција) и случаи за
перење пари
Скопје, 2011
1
Анализа на ризик
За целите на управување со потенцијалните ризици
од перење на пари и финансирање на тероризам,
субјектите треба да воспостават систем за процена
на ризикот
Правилно поставениот пристап врз основа на
ризикот ќе им овозможи на субјектите да го
идентификуваат степенот на ризик од перење пари и
финансирање на тероризам и да ги насочат мерките
за спречување на перење пари и финансирање на
тероризам на оние клиенти, трансакции или
активности кои се оценети со повисок ризик од
аспект на ПП или ФТ
2
Анализа на ризик
Не постои единствена методологија што би ги
определила категориите на ризик
Како најчесто користени критериуми за проценка
на ризикот од перење пари и финансирање на
тероризам се:
-ризик од земја на потекло,
-ризик од профил на клиент и
-ризик од продукт или услуга.
Во секоја категорија може да се направат по три
класификации на ризиците: низок, среден и висок
ризик.
3
Типологии на ПП и ФТ
Најчесто употребувани типологии, трендови и
техники на перење пари и финансирање на
тероризам кои се користени во 2010 и 2011 година од
страна на клиентите на субјектите се следни:
Физички лица, државјани на соседна земја, отвораат
нерезидентни сметки во Р. Македонија или се
јавуваат како сопственици на странски правни лица,
најчесто од Кипар. На сметките добиваат приливи од
правни лица од земји кои се оценети како поризички
од аспект на ПП и ФТ и истите ги повлекуваат во
готово или ги трансферираат во странство;
4
Типологии на ПП и ФТ
Физички лица, државјани на соседна земја, се
јавуваат како овластени лица на сметки во
сопственост на нерезидентни правни лица, отворени
во банки во РМ. Правното нерезидентно лице е со
седиште во една земја, додека средствата во
Македонија ги префрла од негова сметка отворена
во земја која е различна од земјата каде што е
седиштето. Физичките лица ги повлекуваат
средствата во готово од нерезидентната сметка на
правното лице;
5
Типологии за ПП и ФТ
Користење на услугата брз трансфер на пари од страна на
физички лица кои добиваат или испраќаат пари од или
кон физички лица од земји како што се: Пакистан,
Турција, Иран, Ирак, Авганистан и други, а со кои лица
немаат логична, економска или фамилијарна поврзаност;
Уплати на големи износи на средства од страна на
физички лица по основ на позајмици или зголемување на
основачки влог на сметки во сопственост на правни лица
чии сопственици се истите физички лица и истите
средства повторно се префрлаат на други правни лица по
основ на позајмица за да на крајот бидат повлечени во
готово;
6
Типологии за ПП и ФТ
Физичко лице уплаќа парични средства на сопствена
сметка во големи износи. Овие средства потоа ги
орочува. Истото лице се појавува како сопственик на
правни лица на чии сметки се реализираат трансакции во
големи износи кои не се карактеристични за дејноста за
кои правните лица се регистрирани (нема плаќање по
фактури, редовни плаќања и др.) туку само префрлање на
средства по основ на позајмици од една на друга сметка.
Дел од овие средства се орочуваат и по нивното
разрочување повторно се префрлаат од една на друга
сметка, така што се губи текот на движењето на
паричните средства и не може точно да се утврди каде
завршуваат парите;
7
Типологии за ПП и ФТ
Приливи на големи износи на парични средства по основ на
донација на банкарски сметки во сопственост на невладини
организации. Приливите се од страна на физички или
правни лица кои потекнуваат од off- shore земји, од земји
познати како даночни раеви или од земји кои подржуваат
или финансираат тероризам. Средствата понатаму се
повлекуваат во готовина од лица кои се јавуваат како
овластени лица на сметките на невладината организација;
Нерезидентно правно лице отвора сметка во банка во РМ и
на истата по пат на измама добива средства од физички и
правни лица од повеќе различни земји и истите парични
средства потоа се префрлаат во странство, од една на друга
сметка во сопственост на едно исто физичко лице;
8
Типологии на ПП и ФТ
Уплата од страна на физичко лице на идентични износи
на парични средства на сметки во сопственост на повеќе
физички лица кои се меѓусебно роднински поврзани и
истите средства се орочуваат на подолг временски рок;
Странско физичко лице отвора нерезидентна сметка во
РМ, а истовремено основа и правно лице на кое
управител е државјанин на РМ. На нерезидентната
сметка пристигнува прилив од off shore земја, кои
средства потоа се користат дел за зголемување на
основачкиот влог на основаното правно лице, а остатокот
од средствата странското физичко лице ги орочува;
9
Типологии на ПП и ФТ
Трансфери на парични средства од/кон држави кои се
под санкции, ембарга или слични мерки издадени, на
пример од Обединетите Нации;
Трансфери на парични средства од/кон off-shore земји
(Сејшели, Британски Девствени осториви, Панама...);
Трансфери на парични средства по основ на фактура во
вкупен износ кој значително го надминува износот на
фактурата или трансфер на парични средства по основ на
непостоечки или веќе платени долгови;
Честа реализација на готовински трансакии иако дејноста
на клиентот вклучува голем број на трансакции во готово;
10
Типологии на ПП и ФТ
Клиентот реализира трансакции кои не соодветствуваат
со дејноста за која е основано правното лице;
Клиентот трансферира значители износи на парични
средства по основ на консултантски услуги на правни
лица со седиште во земји кои се познати како даночни
раеви;
Клиентот- правно лице поднесува барање за кредит и
покрај фактот што економските и финансиските
показатели не укажуваат дека клиентот има потреба од
кредит. Потоа средствата од одобрениот кредит се
префрлаат на сметки отворени во банки во off- shore
земји или се користат ненаменски;
11
Типологии на ПП и ФТ
Клиенти кај кои што е отежната идентификацијата на
вистинскиот сопственик ( off shore компании);
Клиент чиј краен сопственик е од држава
идентификувана, од страна на кредибилитетни
извори, како држава кои има неусогласена
регулатива за превенција од ПП и ФТ со
меѓународната регулатива од оваа област.
12
Доставување на податоци до Управата
Субјектите собраните податоци, информации
и документи за извршените трансакции се
должни да ги достават до Управата секогаш
кога постои сомневање декa клиентот,
трансакцијата или крајниот сопственик се
поврзани со перење пари или финансирање на
тероризам;
13
Доставување на податоци до Управата
•
Извештаите за сомнителни трансакции
субјектите ги доставуваат до Управата со
пополнување на унифициран образец согласно
правилникот објавен во Сл.весник бр.38 од
18.03.2009
•
Субјектите од член 5 од Законот, со исклучок на
банките, извештаите за сомнителни трансакции
ги доставуваат по пат на пополнување на
унифицираниот образец (Прилог 2)
14
Доставување на податоци до Управата
Прилог 2
15
Доставување на податоци до Управата
Прилог 2
16
Доставување на податоци до Управата
Прилог 2
17
STR
•
Покрај извештајот за сомнителна трансакција
кој треба да е уредно пополнет, ревизорот
може да достави и свое мислење или
елаборат во прилог, како и копија од друга
документација која е во насока на
поткрепување на сомнението
•
Субјектот треба да го достави извештајот за
сомнителна трансакција по пошта
18
Статистички податоци
Број на доставени STR
Вид на субјект
Банки
Нотари
Адвокати
Ревизори
2008
2009
2010
82
163
122
4
10
11
/
17
2
/
/
/
19
Случај 1
Типологија- Прикривање на средства од
нелегално потекло со користење на легални
бизниси
Предикативно дело - Лицето ММ- странски
државјанин извршил даночно затајување во
периодот од 2000 до 2002 во Црна Гора, а
потоа за прикривање на нелегалните средства
од ова кривично дело искористил странски и
домашни правни лица во негова сопственост.
Исход - Лицето е осудено за кривично дело
Перење пари.
20
Случај 1
Лицето М.М бил сопственик и директор на
правното лице „Скотиха Тихама Оверсис
Лимитид“ ДООЕЛ во Скопје и одговорно лице на
правното лице „Арарат“ од Никшиќ Република
Црна Гора.
Во периодот од 2000 година до 2002 година, преку
овие две правни лица, лицето пуштило во оптек
парични средства во стопанското и финансиското
работење во Република Македонија за кои било
познато дека се прибавени со казниво дело
даночно затајување и стопански престап од
областа на сметководството.
21
Случај 1
Ова го извршил на начин што преку правното лице
„Арарат“ од Никшиќ во РМ вршел трговски зделки со
цигари, шеќер и други производи со македонски и
странски правни лица, а платниот промет го вршел во
готово и преку нерезидентните сметки во сопственост
на „Арарат“ Никшиќ, отворени во неколку македонски
банки, на кои биле внесени вкупно 544.207.000,00
денари. Во книговодствената документација на
правното лцие „Арарат“ не бил евидентиран приливот
од остварената продажба која лицето го уплаќало
лично или пак уплатата ја вршеле од него овластени
лица, како и одливот на паричните средства со кои се
вршеле трговски зделки.
22
Случај 1
Со стекнатите нелегални парични средства од
страна на „Арарат“ Никшиќ се купени
132.948 акции во Охридско акционерско
друштво, што преставува 36,16% од
акционерскиот капитал, 3.120 акции од една
Македонска банка, што преставува 7,5% од
акционерскиот капитал, и недвижен имот –
куќа во Охрид.
23
Случај 1
Со цел нелегалните парични средства да ги прикрие
обвинетиот основал македонското правно лице
„Скотиха Тихама Оверсис Лимитид“ ДООЕЛ Скопје,
на кое се префрлени парични средства од страна на
обвинетиот од неговото правно лице „Арарат“
Никшиќ по основ на основачки влог во износ од
838.000 Евра, 41.000.000,00 денари по основ на
плаќање доспеани обврски за подигање кредити што
ги искористил „Скотиха Тихама Оверсис Лимитид“
Дооел Скопје, по што од страна на „Скотиха Тихама
Оверсис Лимитид“ Дооел Скопје се купени акции во
осум Македонски акционерски друштва.
24
Случај 1
ИСХОД– во 2008 година, осудено е едно лице на
казна затвор од 4 години. Предикативното дело е
даночно затајување сторено во странска држава,
и одземен е имот во вредност од 554.207.000,00
денари.
25
I2 шема
26
Случај 2
Овластениот ревизорот при спроведувањето на
ревизијата кај еден од неговите кленти (правно лице
“А”) забележал дека една иста фактура била платена
неколку пати, а вкупниот износ на реализирани
плаќања бил неколкукратно поголем од износот на
фактурата. Клиентот парите ги трансферирал на
сметка на правното лице “Б” во Хрватска.
Согласно законската обврска ревизорот доставил
извештај за сомнителна трансакција до Управата за
спречување на перење пари и финансирање на
тероризам.
27
Случај 2
По однос на извештајот за сомнителна трансакција
Управата постапила согласно законските
надлежности, односно побарала податоци и
документација од банките за сите трансакции кои
правното лице “A” ги реализирало во периодот кој
бил предмет на анализа. Од извршените проверки
Управата утврдила дека една иста фактура е платена
неколкукратно, односно вкупниот износ на платени
средства по однос на една фактура (42.000,00 евра)
го надминува износот на фактурата (7.000,00 евра).
28
Случај 2
Во насока на утврдување на текот на парите
Управата побарала податоци од сродната
институција во земјата каде биле трансферирани
парите (Хрватска) при што утврдила дека правното
лице примач на паричните средства имало
фамилијарно поврзана сопственичка структура со
онаа на правното лице “А”- клиент на Друштвото за
ревизија.
29
Случај 2
По извршените проверки Управата за СПП на
Хрватска утврдила дека правното лице “Б”
паричните средства кои ги примило од правното
лице “А” во целост ги трансферирало по основ на
консултантски услуги на сметка на правно лице во
Турција. Управата побара дополнителни податоци од
Управата за СПП во Турција од каде информациите
говореа дека правното лице примач на паричните
средства има фамилијарно поврзана сопственичка
структура со правните лица “А” и ”Б”, а најголем дел
од парите кои биле трансферирани не негова сметка
биле повлечени во готово.
30
I 2 шема
31
Ви Благодарам на
вниманието!!!
32
Прашања
33