Презентација - институт на овластени ревизори

Download Report

Transcript Презентација - институт на овластени ревизори

Министерство за финансии
УПРАВА ЗА СПРЕЧУВАЊЕ НА ПЕРЕЊЕ ПАРИ
И ФИНАНСИРАЊЕ НА ТЕРОРИЗАМ
ОБВРСКИТЕ НА РЕВИЗОРИТЕ СОГЛАСНО ЗАКОНОТ ЗА
СПРЕЧУВАЊЕ НА ПЕРЕЊЕ ПАРИ И ДРУГИ ПРИНОСИ ОД
КАЗНИВО ДЕЛО И ФИНАНСИРАЊЕ НА ТЕРОРИЗАМ, СО
ПОСЕБЕН ОСВРТ НА ПРОГРАМАТА
Марија Ангеловска
www.usppft.gov.mk
ОБВРСКИ ЗА СПРЕЧУВАЊЕ НА ПЕРЕЊЕ ПАРИ И ФИНАНСИРАЊЕ ТЕРОРИЗАМ
Содржина:
1.Субјекти-поим и значење
2.Обврски за спречување на перење пари и финансирање тероризам
3.Доставување на STR
4.Програма
5. Заклучоци
ОБВРСКИ ЗА СПРЕЧУВАЊЕ НА ПЕРЕЊЕ ПАРИ И ФИНАНСИРАЊЕ НА ТЕРОРИЗАМ
ЗАКОН ЗА СПРЕЧУВАЊЕ НА ПЕРЕЊЕ ПАРИ И ДРУГИ ПРИНОСИ ОД
КАЗНИВО ДЕЛО И ФИНАНСИРАЊЕ ТЕРОРИЗАМ
(Службен весник на РМ бр. 4/2008, 57/2010 и 25/2011)
-ги утврдува мерките и дејствијата за спречување на перење пари и
финансирање на тероризам,
-ги определува надлежностите на Управата за спречување на перење
пари и финансирање на тероризам,
-го регулира надзорот,
-ги пропишува прекршочните одредби и друго.
ОБВРСКИ ЗА СПРЕЧУВАЊЕ НА ПЕРЕЊЕ ПАРИ И ФИНАНСИРАЊЕ НА ТЕРОРИЗАМ
СУБЈЕКТИ
•Поим:
физички и правни лица кои имаат обврска да превземаат мерки и дејствија за
спречување на перење пари и финансирање на тероризам
•Видови:
-финансиски институции (банки, менувачници, штедилници, брокерски куќи, брз
трансфер на пари, осигурителни друштва, инвестициски или пензиски фондови, лизинг
друштва и др) и
-нефинансиски дејности и професии (агенции за недвижности, адвокати, нотари,
сметководители, ревизори, казина, консултанти, НВО и други)
•Улога:
препознаат сомнителни активности
•Значење:
-навремена заштита од вклучување во криминални активности
-влијаат на успешноста на другите учесници во системот
ОБВРСКИ ЗА СПРЕЧУВАЊЕ НА ПЕРЕЊЕ ПАРИ И ФИНАНСИРАЊЕ НА ТЕРОРИЗАМ
ОБВРСКИ ЗА СПРЕЧУВАЊЕ НА
ПЕРЕЊЕ ПАРИ И ФИНАНСИРАЊЕ ТЕРОРИЗАМ
1.Анализа на клиенти
запознај го својот клиент (член: 8, 9, 10,11, 12, 12-а, 12-б, 13,14, 15)
2.Следење на определени трансакции
(член: 16,17)
3.Собирање, чување и доставување на податоци
(член: 18, 27, 29)
4.Воведување и примена на програми
(член: 40 и 40-а)
ОБВРСКИ ЗА СПРЕЧУВАЊЕ НА ПЕРЕЊЕ ПАРИ И ФИНАНСИРАЊЕ НА ТЕРОРИЗАМ
АНАЛИЗА НА КЛИЕНТИ (ЗАПОЗНАЈ ГО СВОЈОТ КЛИЕНТ)
•Клиент
правно или физичко лице кое (врши работи поврзани со вложување,
кредитирање, замена, трансфер и други трансакции со пари или) учествува во
склучувањето на правни работи со кои се стекнува пари или имот и други
видови на располагање со пари или имот
•Активности:
-идентификација и верификација,
-обезбедување на целта и намерата на деловниот однос и
-мониторинг на деловниот однос.
ОБВРСКИ ЗА СПРЕЧУВАЊЕ НА ПЕРЕЊЕ ПАРИ И ФИНАНСИРАЊЕ НА ТЕРОРИЗАМ
СЛЕДЕЊЕ НА ОПРЕДЕЛЕНИ ТРАНСАКЦИИ
СПИСОК НА ИНДИКАТОРИ
-Клиентот се занимава со дејност која вклучува голем број на готовински трансакции;
-Клиентот често ги менува сметководителите;
-Клиентот во сметководствената евиденција внесува непостоечки или веќе платени долгови;
-Потеклото на средствата на клиентот не може да се утврди или е тешко да се утврди;
-Прикажаните приходи во даночната евиденција не одговараат на готовинската евиденција пријавена од
клиентот;
-Клиентот нема вработени што е невообичаено за неговата дејност;
-Клиентот има отворено голем број на сметки во различни банки за кои реално не постои потреба со
оглед на неговиот обем на работа;
-Клиентот врши трансакции кои не соодветствуваат со дејноста за која е основано правното лице;
-Клиентот нуди пари, подароци или други услуги како возврат за извршување на работи кои не се во
согласност со законските прописи;
-Клиентот го убедува сметководителот дека не е потребно да потполни или приложи некои потребни
документи;
-Клиентот бара во завршната сметка да се искаже загуба иако за тоа не постојат реални оправдани
причини;
-Согласно печатените и електронските медиуми, за клиентот постојат податоци во врска со претходни
апсења поради неплаќање на данок, перење пари, трговија со дрога или други кривични дела;
-Даночен службеник повеќе пати врши контрола во канцеларијата на клиентот, и притоа констатира
невообичаено или сомнително работење;
-Клиентот има големи приливи на сметката и дава налог на банката парите да бидат префрлени на сметки
на повеќе лица во поголеми заокружени износи и други...
ОБВРСКИ ЗА СПРЕЧУВАЊЕ НА ПЕРЕЊЕ ПАРИ И ФИНАНСИРАЊЕ НА ТЕРОРИЗАМ
ДОСТАВУВАЊЕ НА ПОДАТОЦИ
Извештаи за сомнителни трансакции (STR)
•Елементи
-податоци за доставувачот,
-податоци за сомнителното лице и
-причини за сомневање.
•Начин на доставување
телефонски или по пошта
•Рок на доставување
24 часа
ЗАБРАНА:
НЕ СМЕЕТЕ ДА ГО ИЗВЕСТИТЕ
КЛИЕНТОТ ДЕКА ДОСТАВУВАТЕ
ПОДАТОЦИ
ЗА
НЕГО
ДО
УПРАВАТА
ОБВРСКИ ЗА СПРЕЧУВАЊЕ НА ПЕРЕЊЕ ПАРИ И ФИНАНСИРАЊЕ НА ТЕРОРИЗАМ
ОБВРСКИ ЗА СПРЕЧУВАЊЕ НА ПЕРЕЊЕ ПАРИ И ФИНАНСИРАЊЕ НА ТЕРОРИЗАМ
СОБИРАЊЕ И ЧУВАЊЕ НА ПОДАТОЦИ
Што се чува:
-копии од документи за идентификација,
-копии за спроведени процедури за анализа,
-копии за спроведени анализи,
-копии од реализирани трансакции или трансакциите во обид,
-од клиентското досие и деловната коресподенција,
-копии од доставени извештаи.
Рок: 10 години
ОБВРСКИ ЗА СПРЕЧУВАЊЕ НА ПЕРЕЊЕ ПАРИ И ФИНАНСИРАЊЕ НА ТЕРОРИЗАМ
ВОВЕДУВАЊЕ И ПРИМЕНА НА ПРОГРАМИ
•Елементи на програмата:
- процедури за прифаќање на клиент;
- процедура за анализа на клиентот;
- процедури за анализа на ризик и индикатори за анализа на ризик;
- процедури за проценка на ризикот на носител на јавна функција;
- процедури за препознавање на невообичаени трансакции и сомневање на перење пари и
финансирање на тероризам;
- процедури за чување на податоците и документите и за доставување на извештаи до Управата;
- план за постојана обука на вработените во субјектот од областа на спречување на перење пари
и финансирање на тероризам која обезбедува реализација на најмалку три обуки во текот на
годината;
- именување на овластено лице;
- начин на соработка со Управата и
-процедура и план на вршење на внатрешна контрола и ревизија на спроведување на мерките и
дејствија.
•увид и мислење на Управата
•годишно ажурирање
ОБВРСКИ ЗА СПРЕЧУВАЊЕ НА ПЕРЕЊЕ ПАРИ И ФИНАНСИРАЊЕ НА ТЕРОРИЗАМ
ВОВЕДУВАЊЕ И ПРИМЕНА НА ПРОГРАМИ
Содржина на програмата:
1.Вовед – се наведува:
-законскиот основ за донесувањето на програмата (член 40 од ЗСППФТ)
-процедурите, односно сите елементи кои ги содржи програмата
-дека друштвото именува овластено лице за СПП/ФТ -управителот (или лице на друга позиција) на
друштвото и неговата одговорност
-дека друштвото редовно ќе ја ажурира програмата согласно законските обврски, односно
најмалку еднаш годишно и сл.
ОБВРСКИ ЗА СПРЕЧУВАЊЕ НА ПЕРЕЊЕ ПАРИ И ФИНАНСИРАЊЕ НА ТЕРОРИЗАМ
ВОВЕДУВАЊЕ И ПРИМЕНА НА ПРОГРАМИ
Содржина на програмата:
2. Процедура за прифаќање на клиенти – утврдува кои видови на клиенти
можат да го изложат друштвото за ревизија на ризик од перење пари и
финансирање на тероризам и содржи:
-податоци и информации кои служат како основа за утврдување на клиентите кои можат да го
изложат друштвото за ревизија на ризик: историја на клиентот, вид на дејноста што ја извршува,
географската локација и најзначајните деловни партнери, поврзаност со носители на јавни функции,
целта и намерата на деловниот однос, изворот на паричните средства
-критериуми за неприфаќање на клиент – лица чиј идентитет не може да се утврди, поврзаност со
криминални дејности, лица со криминално досие или лица против кои се води кривична постапка
(особено за кривични дела од областа на финансискиот криминал), лица кои се наоѓаат на листи на
терористи, терористички организации на ЕУ, ООН и Амбасадата на САД
-критериуми за помало ниво на ризик – реномирани локални или интернационални компании, со
подолга историја на деловен однос со ревизорското друштво, клиент која нема поврзаност со
носител/и на јавни функции, остварува приход од редовни и вообичаени деловни активности,
според видот на дејноста не е изложен на корупција или производство и промет на нелегални
производи и услуги итн.
ОБВРСКИ ЗА СПРЕЧУВАЊЕ НА ПЕРЕЊЕ ПАРИ И ФИНАНСИРАЊЕ НА ТЕРОРИЗАМ
ВОВЕДУВАЊЕ И ПРИМЕНА НА ПРОГРАМИ
Содржина на програмата:
2. Процедура за анализа на клиенти – утврдува и содржи:
-опис на случаите кога се врши анализа - при воспоставување на деловен однос; при извршување на една
или неколку поврзани трансакции во износ од 15.000 евра во денарска противвредност или повеќе; кога
постои сомневање за перење пари или финансирање на тероризам без оглед на каков било исклучок или
износ на средства; кога постои сомнение за вистинитоста или адекватноста на претходно добиените
податоци за идентитетот;
- активности кои ги вклучува анализата на клиентот - идентификација на клиентот и потврдување на
неговиот идентитет; идентификација на ополномоштувачот и потврдување на неговиот идентитет и
идентификација на крајниот сопственик, неговата сопственичка и управувачка структура и потврдување
на неговиот идентитет; обезбедување информации за целта и намерата на деловниот однос и постојано
следење на деловниот однос;
Може да се наведе дека согласно член 9 став 2 од Законот, оваа процедура ќе се применува за оние
клиенти за кои при оценката на ризици ќе се установи дека постои севкупен висок ризик за перење пари
и финансирање тероризам и дека ревизорското друштво редовно ќе ги ажурираат документите и
податоците за клиентот со севкупен висок ризик, прибавени при спроведување на овие активности.
ОБВРСКИ ЗА СПРЕЧУВАЊЕ НА ПЕРЕЊЕ ПАРИ И ФИНАНСИРАЊЕ НА ТЕРОРИЗАМ
ВОВЕДУВАЊЕ И ПРИМЕНА НА ПРОГРАМИ
Содржина на програмата:
2. Процедура за анализа на клиенти – треба да ги вклучи и следните елементи:
2.1. Идентификување и потврдување на идентитетот на клиентот – се наведува како и врз основа на кои
документи се врши идентификацијата на клиентот (физичко лице или правно лице) согласно одредбите
од ЗСППФТ
2.2. Идентификување и потврдување на идентитетот на ополномоштувачот – се наведува како и кога се
врши оваа идентификација согласно ЗСППФТ
2.3. Потврдување на идентитетот на клиентот, крајниот сопственик и ополномоштувачот – се наведува
кога се врши оваа активност согласно одредбите од ЗСППФТ
2.4. Засилена анализа на клиентот
-се наведува за кои клиенти друштвото ќе врши засилена анализа
ОБВРСКИ ЗА СПРЕЧУВАЊЕ НА ПЕРЕЊЕ ПАРИ И ФИНАНСИРАЊЕ НА ТЕРОРИЗАМ
ВОВЕДУВАЊЕ И ПРИМЕНА НА ПРОГРАМИ
Содржина на програмата:
3. Процедура за анализа на ризик и индикатори за анализа на ризик
Анализата на ризик вклучува формирање на профил на ризик и споредување на карактеристиките на
клиентите, деловниот однос и трансакциите со Индикаторите за анализа на ризик и препознавање на
сомнителни трансакции кои се однесуваат на давателите на услуги на ревизија.
Кога постои повисоко ниво на ризик од перење пари или финансирање на тероризам, друштвото за
ревизија треба да врши засилена анализа на клиентот.
Категории на ризици од перење пари и финансирање на тероризам кои треба да се земат предвид се:
-ризик од земја на потекло
-ризик од профил на клиент
-ризик на продукт или услуга
Ризиците се класифицираат во три нивоа:
-низок
-среден
-висок ризик.
Според горенаведените категории на ризици и трите дефинирани нивоа на ризик севкупното ниво на
ризик на клиентот се евалуира и клиентите може да се групираат на 2 групи:
-клиенти со севкупен висок ризик за перење пари и финансирање на тероризам
-клиенти со севкупен низок ризик за перење пари и финансирање на тероризам
ОБВРСКИ ЗА СПРЕЧУВАЊЕ НА ПЕРЕЊЕ ПАРИ И ФИНАНСИРАЊЕ НА ТЕРОРИЗАМ
ВОВЕДУВАЊЕ И ПРИМЕНА НА ПРОГРАМИ
Содржина на програмата:
3. Процедура за анализа на ризик и индикатори за анализа на ризик
Ризик од земја на потекло – се врши според земјата на живеење за физички лица односно земјата каде
се наоѓа седиштето на правното лице, живеалиштето/седиштето на основачите и крајните корисници,
земјите од каде потекнува финансирањето, инвестициите, деловните активности, деловните партнери и
слично:
-Земји со низок ризик - имаат високо развиени и транспарентни правни системи, со ниско ниво на
корупција и стабилен, независен финансиски пазар, земји кои ги исполнуваат меѓународните стандарди за
спречување на перење пари и финансирање на тероризам
-Земји со среден ризик -не се стриктно класифицирани како земји со висок ризик или земји со низок
ризик. На пример, во овие земји може да има многу строги закони за заштита на податоци (што значи
помала транспарентност во однос на клиентите).
-Земји со висок ризик - земји со висок индекс на корупција, несигурни економски или политички системи,
неефикасен правен систем или пак малку барања на потребна документација за отворање на бизниси, т.н.
off shore јурисдикции, земји познати по производство, преработка, трговија на дрога и оружје,
држави под санкции, ембарга или слични мерки издадени, на пример од Обединетите Нации, држави
идентификувани, од страна на кредибилитетни извори, како држави кои имаат неусогласена регулатива
за превенција од перење пари и финансирање на тероризам со меѓународната регулатива од оваа
област, држави идентификувани, од страна на кредибилитетни извори, како земји кои финансираат и
поддржуваат тероризам.
ОБВРСКИ ЗА СПРЕЧУВАЊЕ НА ПЕРЕЊЕ ПАРИ И ФИНАНСИРАЊЕ НА ТЕРОРИЗАМ
Ризик од профил на клиент - во зависност од степенот на ризик од гледна точка на перење на пари и
финансирање на тероризам, клиентите може да ги категоризираме како:
-клиенти со низок ризик се: јавните органи кои се одговорни за вршење на јавни функции, компании кои
тргуваат на регулирани пазар и правни лица за кои податоци и информации за неговиот вистински
сопственик се јавно достапни, транспарентни и можат да се потврдат, банкарските сметки на физички
лица каде движењата на средствата се економски и логично оправдани и транспарентни,
-клиенти со среден ризик се мали и средни домашни претпријатија чии парични средства јасно ги
оправдуваат банкарските трансакции, со што истите спаѓаат во категоријата на средено ризични
-клиенти со висок ризик се клиенти чии активности можат да предизвикаат повисок ризик, односно кај
кои може да се сретне некоја икористење на посредници во рамките на деловниот однос кои не подлежат
на регулативата за спречување на перење на пари и финансирање на тероризам и не се супервизирани;
клиенти кои се политички експонирани личности и др. ли повеќе од следните критериуми:
Во случај кога по извршената проценка на ризик е утврден висок ризик потребно е да се имплементираат
соодветни мерки и контроли за да се намали потенцијалниот ризик. Дел од мерките кои може да се
преземат во вакви случаи се:
- засилување на мерките за познавање на клиентот и засилена анализа на клиентот
- зголемен мониторинг и анализа на деловните активности на клиентот
- зголемено ниво на континуирана контрола на деловниот однос со клиентот
ОБВРСКИ ЗА СПРЕЧУВАЊЕ НА ПЕРЕЊЕ ПАРИ И ФИНАНСИРАЊЕ НА ТЕРОРИЗАМ
Ризик од продукти/услуги – ризикот кој може да се појави од користењето на определени продукти или
услуги кои ги нуди субјектот
ПРИМЕР (кај банкарското работење):
-производи со низок ризик : производи кои банката ги прави лесно достапни, односно во случаите на
финансирање, кредитирање или хипотеки со долготраен деловен однос помеѓу банката и клиентот
-производи со висок ризик: производи кои вклучуваат висок степен на анонимност или се однесуваат на
готовински трансакции
Услуги кои можат да се карактеризираат како потенцијално ризични поврзани со перење на пари или
финансирање на тероризам се:
- Интернационални кореспондентни банкарски услуги кои вклучуваат трансакции, односно комерцијални
плаќања за лица кои не се клиенти на банката посредник,
- Услуги кои вклучуваат реализирање трансакции преку користење на нерезидентни сметки;
- Услуги на приватно банкарство;
- Услуги кои вклучуваат или овозможуваат користење на готовина;
- Услуги поврзани со трговија со скапоцени и благородни метали;
- Услуги кои се поврзани со новите технологии или технологиите во развој кои претпочитаат анонимност
на клиентот, како на пример електронско банкарство и др.
Кога по извршената проценка на ризик ќе се утврди висок ризик треба да се имплементираат соодветни
мерки и контроли за да се намали потенцијалниот ризик, како на пример:
- зголемување на свеста за сопствените високо ризичните клиенти и трансакции,
- засилување на мерките за познавање на клиентот и засилена анализа на клиентот,
- заострување на барањата за воспоставување на деловен однос со клиентот,
- зголемен мониторинг и анализа на деловните активности на клиентот,
- зголемено ниво на континуирана контрола на деловниот однос со клиентот и др.
ОБВРСКИ ЗА СПРЕЧУВАЊЕ НА ПЕРЕЊЕ ПАРИ И ФИНАНСИРАЊЕ НА ТЕРОРИЗАМ
4. Процедура за проценка на ризикот на носител на јавна функција - елементи
- Дефиниција на носители на јавни функции (согласно ЗСППФТ)
-Опис на мерките кои ќе се преземат во случај кога субјектот врши трансакции или стапува во деловен
однос со носители на јавни функции, и тоа:
-утврдување дали клиентот е носител на јавна функција врз база на претходно утврдена процедура за
проценка на ризикот или доколку тоа не е можно обезбедување негова изјава
-преземање соодветни мерки за да се утврди изворот на средствата на клиентот којшто е носител на јавна
функција и
- вршење засилено следење на деловниот однос со клиентот кој што е носител на јавна функција.
ОБВРСКИ ЗА СПРЕЧУВАЊЕ НА ПЕРЕЊЕ ПАРИ И ФИНАНСИРАЊЕ НА ТЕРОРИЗАМ
5. Процедура за препознавање на невообичаени трансакции и сомневање на
перење пари и финансирање на тероризам- елементи:
-поим на невообичаени трансакции (согласно ЗСППФТ)
-критериуми и индикатори кои ќе се земат во предвид за препознавање и
утврдување на невообичаени и сомнителни трансакции – листа на индикатори за
соодветниот субјект, како и други индикатори кои субјектот смета дека согласно
природата на неговата дејност можат да бидат показатели за сомневање
- обврски за спроведување на засилена анализа во случаите на невообичаени и
сомнителни трансакции (согласно ЗСППФТ)
- обврската за пријавување на невообичаени и сомнителни трансакции до Управата
за спречување на перење пари и финансирање на тероризам (согласно ЗСППФТ)
ОБВРСКИ ЗА СПРЕЧУВАЊЕ НА ПЕРЕЊЕ ПАРИ И ФИНАНСИРАЊЕ НА ТЕРОРИЗАМ
6. Процедура за чување на податоците и документите и за доставување на извештаи
до Управата – елементи (член 27, 28, 29, 31, 34 од ЗСППФТ)
-Видови на податоци и документи кои е потребно да се чуваат (согласно ЗСППФТ)
- Начин на чување на податоци и документи (согласно ЗСППФТ)
-Рок на чување на податоците и документите (согласно ЗСППФТ)
-Лица задолжени за чување на податоците и документите
- Доверливост на податоците и документите (согласно ЗСППФТ)
- Во кои случаи субјектите се должни да достават извештаи до Управата (согласно ЗСППФТ)
- Начин, форма и рок на доставување на чуваната документација до Управата (согласно ЗСППФТ)
ОБВРСКИ ЗА СПРЕЧУВАЊЕ НА ПЕРЕЊЕ ПАРИ И ФИНАНСИРАЊЕ НА ТЕРОРИЗАМ
7. План за постојана обука на вработените во субјектот од областа на спречување
на перење пари и финансирање на тероризам која обезбедува реализација на
најмалку две обуки во текот на годината – елементи (член 40 од ЗСППФТ)
-Изработка на план за постојана обука (најчесто на годишна основа) – (кој од вработените има обврска да
ја изготви, кој орган на субјектот ја одобрува)
-Лица кои се опфатени со планот за обука – постоечки вработени (во кои оддели/на кои позиции), нови
вработени во соодветните релевантни оддели/позиции (задолжително)
-содржина и времетраење на обуката – теми и сл. (може да се прикажат табеларно)
-обврска за редовно ажурирање на планот
- начин на реализација на планот (пишан материјал, визуелни презентации, тестови за проверка на
знаењето и сл.)
ОБВРСКИ ЗА СПРЕЧУВАЊЕ НА ПЕРЕЊЕ ПАРИ И ФИНАНСИРАЊЕ НА ТЕРОРИЗАМ
8. Именување на овластено лице за спречување на перење пари и финансирање на
тероризам – елементи (член 40 од ЗСППФТ)
-процедура за именување на овластено лице – кој орган на друштвото го именува, за колкав период
(евентуално) и сл. (напомена: во субјектите каде има вработено повеќе од 50 лица, согласно член 40-а од
ЗСППФТ треба да се формира оддел за СПП/ФТ
-задачите и обврските на овластеното лице, начинот на обезбедување на соодветни услови за негово
непречено делување, обезбедување на пристап до потребни податоци и информации и сл.
-на која позиција во друштвото е овластеното лице (дали е тоа управителот на друштвото, односно
раководител на одреден оддел и сл.)
-име и презиме на лицето, контакт податоци (седиште на субјектот, телефон, факс, е-маил)
ОБВРСКИ ЗА СПРЕЧУВАЊЕ НА ПЕРЕЊЕ ПАРИ И ФИНАНСИРАЊЕ НА ТЕРОРИЗАМ
9. Начин на соработка со Управата за СПП/ФТ - елементи
-соработката на субјектот со Управата се остварува преку овластеното лице за спп/фт
-редовна (за субјектите кои имаат обврска да доставуваат редовни извештаи за готовински
трансакции)
-соработка преку доставување на извештаи за сомнителни трансакции
-соработка во случај на доставено барање на податоци од Управата до субјектот
-консултација со Управата за редовни активности, за законска регулатива, консултација во случај на
сомнителни активности (налог за следење на деловен однос, привремени мерки и сл.)
-соработка од аспект на состаноци, работни средби, вклучување на вработени од Управата во обуки
кај субјектот и сл.
ОБВРСКИ ЗА СПРЕЧУВАЊЕ НА ПЕРЕЊЕ ПАРИ И ФИНАНСИРАЊЕ НА ТЕРОРИЗАМ
10. Процедура и план на вршење на внатрешна контрола и ревизија на
спроведување на мерките и дејствијата - елементи
-вметнување на оваа контрола во рамките на годишниот план на за внатрешна контрола на субјектот
и случаи кога може да се врши вонредна контрола
-орган на субјектот задолжен да ја врши внатрешната контрола
-редовна обука на лицата вклучени во вршење на внатрешната контрола
-примена на соодветни етички принципи и стандарди при вршењето на контролата
ОБВРСКИ ЗА СПРЕЧУВАЊЕ НА ПЕРЕЊЕ ПАРИ И ФИНАНСИРАЊЕ НА ТЕРОРИЗАМ
Доставени Програми за СПП/ФТ од друштвата за ревизија до Управата – досега
само 4 програми се доставени (од вкупно 39 друштва за ревизија и овластени
ревизори - ТП)
Член 50 став 1 алинеи 39 и 40 од ЗСППФТ – предвидуваат прекршочни одредби
доколку субјектот:
-не изготви програма
-не ја достави програмата на увид и мислење до Управата
-глоба од 30.000 до 40.000 евра
ОБВРСКИ ЗА СПРЕЧУВАЊЕ НА ПЕРЕЊЕ ПАРИ И ФИНАНСИРАЊЕ НА ТЕРОРИЗАМ
ЗАКЛУЧОК:
-заштита на друштвата за ревизија и овластените ревизори
-зголемување на транспарентноста и довербата во овој сектор пред
субјектите на ревизија
-придонес во националната и глобалната борба против перењето
пари и тероризмот
ОБВРСКИ ЗА СПРЕЧУВАЊЕ НА ПЕРЕЊЕ ПАРИ И ФИНАНСИРАЊЕ НА ТЕРОРИЗАМ
Благодарам на вниманието!