CFRR 2011 Planning Meeting

Download Report

Transcript CFRR 2011 Planning Meeting

Зошто Кодексот на IESBA (Одборот за
меѓународни етички стандарди за
сметководители) е важен за ревизорите и
како истиот се применува
Презентација за постојано стручно усовршување за потребите на
ИОРРМ
Охрид, 29 септември 2011 г.
Лиам Коглан
Виш специјалист за финансиски менаџмент
Преглед
•
Финансиската и економската криза – импликации за
сметководствената и ревизорската професија
•
Зошто ефективниот финансиски менаџмент и
известувањето, како и ревизијата се од особено
значење за Светската банка
•
Кои делови од Кодексот се применливи за
ревизорите и зошто
•
Стратегии и примери за спроведување на тие
делови од страна на ревизорите
•
Прашања и одговори
2
Финансиската криза – самиот проблем
•
Светот сè уште се справува со трошоците за
стопанството и општеството настанати поради
рецесијата којашто произлезе од финансиската
криза од пред четири години.
•
Тоа доведе до темелно преиспитување на
структурата на финансискиот систем, како и
неговото управување и регулирање.
•
Тоа е систем од којшто се очекува да го олеснува и
потпомага функционирањето на остатокот од
стопанството.
•
Сепак, неговите неуспеси донесоа реални трошоци
за реалното стопанство.
3
Финансиската криза - симптоми
•
Долгиот период на економски раст поддржан со
ниските каматни стапки и намалената волатилност ги
прикрија некои од раните симптоми на кредитната
криза.
•
Некои мислеа дека овој „бум“ нема никогаш да
престане, бидејќи се беше за поинаков вид на подем.
•
Ирска е една од земјите со највидливи примери за
ова; оваа куќа беше огласена минатата седмица;
2 за 1 за 100 илјади евра.
•
Купувачите и посредниците (банките)
додадоа масло на огнот.
•
Негативен капитал, „куќи на духови“, пад од 58%.
4
Финансиската криза – поуки
•
Регулирањето на финансискиот сектор не успеа
соодветно да ги открие и следствено на тоа не постапи
во однос на концентрациите на ризици и погрешните
стимулации во заднина на подемот во делот на
финансиските иновации.
•
Големината на ризиците не беше соодветно пресликана
во извештаите на посредниците од финансискиот сектор.
•
Макроекономските политики не ги предвидоа и
следствено на тоа не се справија со сè поголемите
ризици во целокупниот финансиски системи и пазарите
на станбени недвижнини.
•
Се подвлекува и потребата за подобрена регулаторна
соработка и дефрагментација на системите за надзор.
5
Финансиската криза – загубена доверба
•
Доверба помеѓу банките и домаќинствата – кредитната криза
предизвикана од страна на ризичните заемобаратели
•
Доверба помеѓу банките – стеснување на интербанкарските пазари
•
Доверба помеѓу банките и инвеститорите – колапс на банкарскиот
капитал
•
Доверба помеѓу друштвата – намалувања во делот на
комерцијалните кредити
•
Доверба помеѓу државите – спротивна насока на движење на
прекуграничниот проток
•
Доверба помеѓу властите и поставувачите на сметководствени
стандарди – помала доверба во капацитетите на поставувачите
на стандарди за регулација во името на јавните интереси; и
•
Доверба помеѓу корисниците и ревизорите – дополнително
продлабочување на јазот на очекувањата
6
Рекапитулар на одговорите: 2007-2009 г.
•
Декември 2007 г., шесте најголеми сметководствени мрежи објавија документ
за зголемување на свеста за барањата на Меѓународните стандарди за
финансиско известување во врска со валуацијата на финансиските
инструменти и податоци поврзани со истите, а коишто за прв пат ќе бидат
тестирани во едни тешки пазарни услови.
•
Април 2008 г., министрите за финансии и гувернерите на централните банки
од земјите од групата Г-7 го повикаа Одборот за меѓународни етички
стандарди за сметководители (IASB) и другите поставувачи на стандарди да
отпочнат итни активности за подобрување на сметководствените стандарди и
условите за обелоденување податоци за вонбилансните ентитети, како и за
подобрување на упатствата за сметководство според објективната вредност.
•
Септември 2008 г., Европскиот комесар за внатрешни пазари (Чарли
Меккрејви) изјави дека „постои хроничен недостиг на дисциплина во
приватниот сектор и извесни слабости во глобалната финансиска регулаторна
рамка“, при што ја поздрави перспективата за можно здружување на
Меѓународните стандарди за финансиско известување (IFRS) и на
Општоприфатените сметководствени принципи (GAAP) на САД, изјавувајќи
„конечно, на повидок се единствени стандарди“.
7
Сметководството на глобалната агенда
•
Септември 2008 г., Претседателот на Одборот за финансиски
сметководствени стандарди (FASB), г. Херц, изјави: „перверзните
стимулации водат до перверзни резултати“, укажувајќи на
нарушеното корпоративно однесување и практики. Тој рече дека
„глобалните проблеми бараат глобални решенија, а доброто
известување бара и цврсти стандарди и верна примена на истите“.
•
Октомври 2008 г., Одборот за меѓународни сметководствени
стандарди (IASB) издаде упатство за објективна вредност и
организираше заедничка тркалезна маса помеѓу Одборот за
меѓународни сметководствени стандарди (IASB) и Одборот за
финансиски сметководствени стандарди (FASB).
•
Ноември 2008 г., Претседателот на САД, Џорџ Буш, за време на
Самитот на Г-20 изјави „инвеститорите треба да ја знаат
вистинската вредност на средствата што ги купуваат“.
Лидерите на државите од Г-20 повикаа на единствен и
висококвалитетен глобален стандард и апелираа за здружување на
стандардите.
8
Финансиската криза–преглед на влијание
•
Одговори: упатство за примена, зголемување на разликите помеѓу
различните стандарди (IASB - Одборот за меѓународни
сметководствени стандарди vs. FASB - Одборот на финансиски
сметководствени стандарди vs. останати стандарди) и повик за
развивање глобални стандарди.
•
Сметководствените стандарди за финансиските инструменти беа под
голем притисок на крајот на подемот. И одеднаш, загубите на хартија
станаа реални загуби, што од своја страна беше закана за
стабилноста на финансискиот сектор, предизвикувајќи скапи владини
интервенции, а чиишто трошоци беа на товар на целокупното
општество.
•
Важноста на улогата на извештаите за финансиските состојби во
помагањето на корисниците да донесат информирани одлуки врз
основа на транспарентни информации е постојана тема во говорите
на светските лидери, министрите за финансии и креаторите на
политики.
9
Зошто Светската банка е заинтересирана за
сметководство и ревизија?
•
Дали знаевте дека повеќе од 1 милијарда луѓе секоја вечер си легнуваат
гладни? Овој број се зголемува за 68 лица секоја минута. Дури 70% од
сиромашните луѓе во светот живеат во земјите со средни приходи.
•
Извештајот на Светската банка преставен на Самитот на Г-20 во Торонто
вели дека во 2010 г., процената е дека поради финансиската и
економската криза дополнителни 64 милиони луѓе од земјите во развој
живеат со помалку од 1,25 $ дневно (и дополнителни 76 милиони луѓе со
помалку од 2 $ дневно). А до 2015 г., бројот на дополнителни сиромашни
луѓе како резултат на влијанието на кризата би изнесувал 53 милиони кои
живеат со само 1,25 $ дневно и 69 милиони кои живеат со 2 $ дневно.
•
Тоа се дополнителни 122 милиони луѓе кои живеат со помалку од 2
$ дневно како резултат на финансиската и економската криза.
•
„Визијата на Групацијата Светска Банка е да придонесе кон една
инклузивна и одржлива глобализација – да се надмине
сиромаштијата, да се подобри растот со акцент на заштита на
животната средина и да се создадат одделни можности и надеж “,
Роберт Целик, Претседател на Светската банка.
10
Светска банка – свет која ја надминал потребата
од поддршка
•
Помеѓу 2008 и 2011 г., Светската банка додели 200 милијарди
американски долари за достигнување на оваа цел, како дел од
глобалната помош од 500 милијарди американски долари. Самиот
износ на оваа интервенција е доволно појаснување за визијата и
целите на стратегијата на Светската банка за секторот финансиски
менаџмент. Имено:
–
Цврсти капацитети на финансискиот менаџмент во сите партнерски земји
–
Развивање капацитети на финансискиот менаџмент во партнерските земји
–
Обезбедување разумна гаранција за искористувањето ан фондовите.
•
Меѓутоа, интересите на СБ во делот на сметководството и ревизијата
ги надминуваат потребите од поддршка.
•
На 14.9.11 г., Претседателот на СБ, Роберт Целик, ја претстави
својата визија за еден свет кој ја надминал потребата од
поддршка, каде што поддршката и растот се поврзани, свет со
глобални стратегии придвижувани од заедничките интереси за развој
на повеќе оски на раст и од приватни инвестиции и претприемништво.
11
Импликации од реформите за корпоративно
финансиско работење
•
Градењето систем за корпоративно финансиско известување не е
исто како градење мост или куќа, бидејќи штом се изградат, тие
може да стојат долг период пред да се појави потреба од
дополнителни зафати.
•
Финансиската криза ни покажа дека дури и најразвиените земји
имаат потреба од одржување на системот којшто создава и
проценува финансиски информации како гориво за моторот за
економскиот раст.
•
Затоа, како што и нашиот Претседател наведе во својата визија за
„свет којшто ја надминал потребата од поддршка“, доаѓа крај на
ерата на засебни предизвици за развиениот свет и светот во
развој и доаѓа нова меѓусебно поврзана глобална реалност.
•
Фиксирањето на еден дел од глобалниот корпоративен
финансиски систем во еден дел од светот со едно решение за
истиот повеќе не може да обезбеди подобрувања – постои
потреба од зајакнување на нашата работа со цел имање глобални
стандарди коишто ќе одговорат на глобалните предизвици.
12
Што научивме од извештаите за почитувањето на
стандардите и кодексите: клучни предизвици
•
Недостиг на соодветни механизми за доделување
национални овластувања на меѓународните
стандарди.
•
Транспозиција = превод + верно внесување на
начелата и барањата предвидени со директивите
(или начелата базирани врз стандарди или кодекси).
Јазикот претставува дополнителна пречка.
•
Комбинацијата на недостатокот капацитети и
побарувањата за финансиски ресурси за превод, но
не само за стандарди и упатства, туку и образовни
ресурси потребни за поддршка и обезбедување
клима за усвојување и ефективно спроведување
преставува постојан предизвик.
13
Ревизорски прашања
• Зелената книга на Европската комисија од октомври 2010 г. го
постави прашањето како ревизорите може да имаат јасно
мислење за нивните банки-клиенти во периодот 2007 - 2009 г.
кога толку многу од нив обелоденија огромни загуби за ставки
во, но и вон билансите на успех. „Некои од вклучените страни не
може да разберат дека извештаите за финансиската состојба на
одредена институција може да укажуваат на „разумност“ и
„материјална сигурност“ иако самата институција била под
финансиски стрес.
• Во јуни 2011 г., Претседателот Одборот за надзор на
сметководството на јавно тргувани компании (PCAOB), г. Доти,
изјави дека финансиската криза од 2007-2009 г. го надмина
т.н. „балон“ создаден поради трговското друштво South
Sea и некои други слични скандали низ историјата на
целокупната деловна култура и со тоа ги замолчи
скептиците!
14
Природата на работата на сметководителите и
ревизорите
• Јуни 2011 г., Претседателот на Меѓународната федерација на
сметководители (IFAC), зборувајќи за улогата на
професионалните сметководители и ревизори, ќе рече:
„Нашата работа се состои од компилирање, ревизија и
проследување на финансиски податоци“.
• Финансиската криза го нагласи јазот во стандардите, јазот во
спроведувањето, регулаторните јазови и, се разбира, јазот во
очекувањата.
• Квалитетите на еден професионалец се неговиот интегритет
и стручност. Стручноста се однесува на техниките,
стандардите, знаењето и вештините. Интегритетот се однесува
на вредностите, ставовите и однесувањето на ревизорите при
примената на нивната стручност, донесувањето одлуки и
целокупното обезбедување на нивните професионални услуги.
15
Етичкиот кодекс на IESBA
• Во продолжение ќе ги разгледаме барањата и практичната
имплементација на Етичкиот кодекс за ревизори на IESBA.
• Етичкиот кодекс е документ на Одборот за меѓународни етички
стандарди за сметководители (IESBA), еден од независните
одбори за поставување стандарди основа од страна на
Меѓународната федерација на сметководители (IFAC). Важни
извори на информации сметководители може да најдат на
интернет страната на IFAC, вклучувајќи ги тука и стандардите на
Одборот за меѓународни стандарди за ревизија и уверување
(IAASB), прирачници и образовни материјали (материјали за
обуки за појаснетите меѓународни ревизорски стандарди).
• Што е етика?
16
Етичкиот кодекс на IESBA
Етиката може да се дефинира на неколку
начини
– Нормативна дефиниција – општествени и
организациски норми.
„Етиката кажува какво треба да биде
однесувањето на поединецот“.
– Морална дефиниција – пишани и непишани
стандарди/правила.
„Да се знае што е правилно, а што е
погрешно“ .
17
Етика – нормативна дефиниција
Консеквенцијалисти и неконсеквенцијалисти
Пример: избегнување плаќање данок
• Консеквенцијалист: лице кое не би учествувало во
активности за избегнување данок, бидејќи казните за
такво нешто се поголеми од самите придобивки од
избегнувањето на самата обврска за плаќање данок.
• Неконсеквенцијалист: лице кое не би учествувало во
активности за избегнување данок, бидејќи истите не
се во согласност со начелата за интегритет и чесност.
18
Етика – нормативна дефиниција
Консеквенцијалисти и неконсеквенцијалисти
Пример: ажурност на професионалните услуги
• Консеквенцијалист: лице кое би работело со
соодветна грижа при обезбедувањето
професионални услуги, бидејќи штетата од можната
лоша репутација би била поголема од придобивката
од испорачување на набрзина завршен проект.
• Неконсеквенцијалист: лице кое би работело со
соодветна грижа при обезбедувањето
професионални услуги, бидејќи клиентот има право
на стручна и професионална услуга.
19
Етиката од гледна точка на општествените права
Извор: Проф. Бери Купер, RMIT – Мелбурн
20
За ревизорите – тоа е прашање на избор
• Етиката се подразбираше како „она што некој
прави кога никој не го гледа“
• Одлуки донесени од поединци
• Барања поставени од професионални тела
и/или ревизорски регулаторен орган
• Етичкиот кодекс се заснова врз начела,
бидејќи не е возможно да се предвидат сите
однесување и истите да се регулираат со
правила
Извор: Материјали за обуки по етика на Меѓународната
федерација на сметководители (IFAC) (достапни во книжарницата
на IFAC)
21
Етички и морален развој - Колберг
Преглед на шесте фази на морално расудување
Ниво
Фокус
Фаза
Пост-конвенционално
Универзални
начела
6
Етички начела по
сопствен избор
5
Праведни правила
определени со
консензус
4
Следбеник на
правила
Задоволување на
другите
Конвенционално
Заедница
3
Претконвенционално
Насочено кон
себеси
Извор: Материјали за обуки по етика на Меѓународната федерација на
сметководители (IFAC) (достапни во книжарницата на IFAC)
Ориентација
2
Сопствен интерес
1
Избегнување казна
22
Етиката и професијата
• Професионалните тела имаат обврска да дејствуваат
согласно јавниот, а не сопствениот интерес.
• Начелата на Одборот за меѓународни етички стандарди за
сметководители (IESBA) се кулминација на искуството низ
историјата на развојот на оваа професија и извор на
најдобри практики.
• Клучни фактори: стручност и интегритет.
• Малкуте оние кои ги не работеле согласно ова разбирање се
исклучуваат од професијата, бидејќи го прекршиле договорот
со јавноста што произлегува од нивната професија.
• Етиката е суштинскиот елемент на професијата, а другиот
суштински елемент е подготвеност за самодисциплина во
професијата без или со постоење на надзор.
23
Историјат на саморегулацијата и етиката
•
•
•
•
•
•
Историски контекст – сметководствени тела со свои корени од
Обединетото Кралство.
Имитирано во другите развиени западни стопанства (Австралија,
Канада, САД, Европа), но прилагодено согласно правната и деловната
култура.
Пример: Во Обединетото Кралство, Кралската повелба им додели
единствени надлежности на јавните тела за регулирање на работата на
своите членови. А во САД, работата на овластените јавни ревизори е
регулирана од страна на државните одбори за сметководство.
„Управуваната саморегулација“ е предвидена со Директивата бр. 8 на
ЕУ (независен надзор), а којашто директива може да биде изменета и
дополнета во 2012 г.
Системите за организирање во сметководствената професија се доста
повеќе слични во земјите со системи на обичајно право.
Елементи од структурите на обичајното право се извезуваат/увезуваат
во граѓанското право/стопанства во транзиција, а резултатите од тоа се
различни.
24
Етичкиот кодекс на IESBA – Прашање за Вас
• Дали за да ја задржите Вашата лиценца за ревизор
Вие мора да ја посетите оваа обука?
• Доколку нема семинари за постојано стручно
усовршување, дали би почувствувале потреба од
постојано стручно усовршување?
• Дали и Вие мислите дека професионалците треба да
се состануваат и да формираат ревизорска комисија
како поддршка во Вашето професионално работење
или усовршување?
• Доколку одговорот на првото прашање е потврден,
тогаш наредниот слајд е за Вас (во продолжение
следи краток видео материјал).
25
Час по етика?
• Овој слајд е намерно оставен празен и
во него треба да се вметне видео
материјалот за потребите на
презентацијата
26
Пример – етичката дилема на еден доктор
• Стандардизиран пристап при прегледување пациенти
• Расудувањето и искуството донесуваат првично
мнение
• Отпочнување на тестовите
• Објаснување на резултатите, помош од специјалист
• Пациенти со дијагностициран рак
• Етичка дилема: Пациентот ќе добие и онака неважна
интензивна нега и со сигурност ќе умре; но
• Пациентот не сака да биде приклучен на апарат за
дишење
• Заклетва за спасување животи – во овој случај, дали
пациентот да поживее или да му се дозволи да умре?
27
Пример – етичката дилема на ревизорите
•
•
•
•
•
•
•
•
Стандардизиран пристап при проценувањето друштва
Стандардизиран пристап при проценувањето на внатрешните контроли
Отпочнување на тестирањето, насочено и кон чувствителните
трансакции
Се следат меѓународните ревизорски стандарди (ISA)
Етички предизвик: Раководството вели дека доколку мислењето се
квалификува, друштвото ќе пропадне, ќе има отпуштања, бидејќи не ќе
може да ги сервисира обврските. На ревизорот му е понудена извесна
стимулација да прогледа низ прсти.
Ревизорот дава свое мислење и добива паричен надоместок за
завршената работа
Друштвото пропаѓа
Лицето кое го изгубило своето работно место е под голем притисок,
доживува срцев удар и тоа лице е всушност пациентот на докторот од
претходниот пример.
28
Етички кодекс на IESBA – 5 основни начела
•
•
•
•
•
Интегритет
Објективност
Компетентност и соодветна грижа
Доверливост
Професионално однесување
29
Интегритетот подразбира
• Едноставност и чесност во сите професионални и
деловни односи
• Подразбира искреност и совесно работење
• Не изготвувајте или доставувајте информации
коишто се погрешни, неточни, независно дали тоа
било направено намерно или поради пропуст
• Тука спаѓаат и „провизорните“ информации или
извештаи
• Ова е начело, но Кодексот на IESBA не може да ги
предвиди сите ситуации коишто би го ставиле на тест
ова начело.
30
Објективноста подразбира
• Не дозволувајте пристрасноста, судирите на интереси
или какви било недозволени влијанија да влијаат на
Вашата професионална или деловна процена.
• Тоа подразбира независност на расудувањето и
активностите.
• Треба да бидете објективни и таа објективност да биде
видлива.
• Избегнувајте какви било врски коишто би ја
компромитирале објективноста.
• Избегнувајте работни задачи коишто не би можеле да се
изведат на објективен начин.
31
Професионалната компетентност и соодветната
грижа подразбираат
• Придржување до стандардите, прописите,
професионалните барања.
• Одржување на потребните вештини и
компетентност.
• Соодветната грижа подразбира и ажурност
(внимавање на деталите, доволно докази,
соодветно внимание) и компетентност
(придржување во работењето) и благовремено
работење.
• Осигурајте се дека Вашите подредени се обучени,
компетентни и под надзор.
• Корисниците на Вашите услуги се свесни за
наследените ограничувања на истите.
32
Доверливост подразбира
• Не обелоденувајте неовластено информации коишто сте ги
стекнале преку деловните или професионалните односи,
освен доколку таквото право не е доделено со статут или не
преставува професионална обврска.
• Имајте ја предвид можноста за ненамерно обелоденување
информации, па дури и при неформален разговор на јавни
места или со членовите на семејството.
• Почитувајте ја доверливоста и по завршувањето на работната
задача.
• Пред пристапување кон какво било барање за објавување на
потенцијално доверливи информации, консултирајте се со
Прирачникот на IESBA за насоки за факторите што треба да
се земат предвид.
• Тие насоки Ви кажуваат што треба да земете предвид што е
тоа што треба да се обелодени, кому, кога и можното
последователно влијание.
33
Професионално однесување
• Придржување до важечкото законодавство, стандарди и
упатства.
• Не дејствувајте на начин што би ја нарушило репутацијата
на професијата.
• Нападот врз еден е и напад врз сите – сосема е во ред да
разговарате, дебатирате или да се жалите, независно
дали е тоа на јавно или приватно место, но секогаш треба
да се изврши процена, логички да се расуди и да се
почитува ова начело.
• Внимавајте при рекламирањето на Вашите
професионални услуги, избегнувајте претерани реклами
за Вашата стручност и не отскокнувајте премногу од
понудите на Вашите колеги.
34
Ревизорска рамка
Рамка од 3 чекори за примена на Етичкиот кодекс
на IESBA:
1.Идентификување закани
2.Процена на значајноста
3.Реакција
35
Рамковен пристап – преглед на процесот
36
Видови закани за придржувањето до начелата
Вид закана
Што е тоа?
Личен интерес
Финансиски или некои други
интереси може да влијаат врз
Вашето расудување/однесување
Самопроцена
Објективност или расудување
засенети од претходни контакти со
клиент/работна задачаor
Застапништво
Закана по објективноста поради
претерано промовирање на
позицијата на клиентот
Познанства
Претходните контакти со клиентот
може да Ва направат помалку
скептични
Принуда
Воздржување од објективно
работење поради директен или
индиректен притисок
37
Видови закани за придржувањето до начелата
Вид закана
Пример
Личен
интерес
• Член на тимот што треба да даде уверување има
директен финансиски интерес кај клиентот.
• Фирма којашто има непрописна зависност во однос на
границата на вкупниот надоместок што го добива како
приход од одреден клиент.
• Член на тимот што треба да даде уверување е во тесни
деловни односи со клиентот.
• Фирма којашто е загрижена бидејќи може да изгуби
значаен клиент.
• Член на ревизорскиот тим преговара за стапување во
работен однос со клиент.
• Фирма којашто влегува во ангажман за давање
уверување со неизвесен надоместок (зависно од
исходот на работната задача).
• Професионален сметководител открива значителни
грешки при процената на резултатите од некоја
претходна работна задача извршена од страна на
вработен во истата сметководствена фирма.
38
Видови закани за придржувањето до начелата
Вид закана
Пример
Самопроцена
• Фирма којашто објавува извештај за уверување за
ефективноста на работењето на финансиските системи
по нивното дизајнирање и имплементација.
• Фирма којашто ги подготвила првичните податоци што
биле искористени за правење евиденција, а којашто
евиденција е предмет на ангажманот за уверување.
• Член на тим за уверување кој е или во блиско минато
бил директор или раководно лице на клиентот.
• Член на тим за уверување кој е или во блиско минато
бил вработен од страна на клиентот за да изврши
значително влијание врз предметот на ангажманот за
уверување.
• Фирма којашто обезбедува услуги за клиент којшто бара
ревизија за уверување, а коишто услуги директно
влијаат врз информациите поврзани со предметот на
ангажманот за уверување.
39
Видови закани за придржувањето до начелата
Вид закана
Пример
Застапништво
• Фирма којашто ги промовира акциите на клиентот за ревизија.
• Професионален сметководител кој е во својство на застапник
во име на клиентот за ревизија во парнична постапка или спор
со трето лице.
Познанства
• Член на тимот чиј член на поширокото или потесното семејство
е директор или раководно лице на клиентот.
• Член на тимот чиј член на поширокото или потесното семејство
е вработен кај клиентот и е во позиција да изврши значително
влијание врз предметот на ангажманот.
• Директор, раководно лице или вработен кај клиентот е во
позиција да изврши значително влијание врз предметот на
ангажманот, а кое лице во блиско минато било партнер во
ангажманот.
• Професионален сметководител кој примил подарок или има
привилегиран третман кај клиентот, освен доколку не се работи
за симболична вредност и истото нема последична природа.
• Раководни лица кои имаат долгогодишни познанства со
клиентот за уверување.
40
Видови закани за придржувањето до начелата
Вид закана
Пример
Принуда
• Фирма којашто е под закана дека клиентот ќе го раскине
ангажманот.
• Клиент кој наговестил дека дека нема да го додели
планираниот договор на фирмата, доколку таа фирма
продолжи да не се согласува со сметководствениот
третман на клиентот во однос на одредена трансакција.
• Фирма под закана од судска постапка од страна на
клиентот.
• Фирма којашто е под притисок несоодветно да го намали
обемот на ревизорската работа со цел да се намали
надоместокот за истата.
• Професионален сметководител кој чувствува дека е под
притисок да се согласи со одредено мислење на вработен
на клиентот бидејќи вработениот има повеќе стручност по
одредено прашање.
• Професионален сметководител кој бил информиран од
страна на партнер на фирмата дека сметководителот нема
да биде унапреден доколку не се согласи со
несоодветното сметководствено работење на клиентот.
41
Рамковен пристап – проценување закани
42
Рамковен пристап – видови заштитни мерки
Надворешни заштитни мерки, наложени од страна на
регулаторно тело или од страна на засебни правни
барања
- Стандарди и прописи
- Програма за процена на уверувањето за квалитет
(QARP)
- Систем за информации и евиденција
Заштитни мерки на ниво на фирма, вклучуваат мерки
на заштита на ниво на ангажман, како и следење и
спроведување
- Документација
- Правила, барања и прегледи со поддршка на
системот за одвраќање
43
Рамковен пристап – справување со закани
Се препорачува да се земат предвид следните
прашања:
• За какви етички прашања станува збор?
• Кои начела од Етичкиот кодекс се значајни тука?
• Кои се заканите по овие начела?
• Како може да постапите?
• Кој друг е засегнат од конкретната ситуација и
како?
• Кои би биле последиците од постапките што може
да ги преземете?
•
Доколку со заканите не може да се справите на
задоволително ниво преку мерките на заштита –
тогаш ревизорот треба да го одбегнува истото
44
Рамковен пристап – примери за заштитни мерки
Заштитни мерки на ниво на фирма – Примери 1
• Раководни структури на една фирма коишто доволно ја
нагласиле важноста на придржувањето до основните
начела и очекува членовите на тимот за уверување да
постапуваат согласно јавните интереси.
• Политики и процедури за имплементација и следење на
контролата на квалитетот на ангажманите.
• Документирани политики во врска со потребите од
идентификација на заканите за придржувањето до
основните начела, процена на значајноста на тие закани и
применување заштитни мерки за отстранување или
намалување на заканите до едно прифатливо ниво или
прекинување или одбивање на ангажманот доколку не се
достапни или ме може да се применат соодветни заштитни
мерки.
45
Рамковен пристап – примери за заштитни мерки
Заштитни мерки на ниво на фирма – Примери 2
• Документирани внатрешни политики и процедури за
придржување до основните начела.
• Политики и процедури што ќе овозможат идентификација на
интересите или врските помеѓу фирмата или членовите на
тимот за уверување и клиентите.
• Политики и процедури за следење и, по потреба, управување
со износите на приходи добиени од еден клиент
• Политики за разграничување и изолирање: разграничување
за да се избегне вклученост во ревизијата на персоналот кој
не работи на уверување, а изолирање за да се оневозможи
персоналот кој не е дел од ревизорскиот тим да влијае врз
работењето на ревизорскиот тим.
• Образование и обуки, контрола на квалитет и информирање
на клиентите за етичките услови.
46
Рамковен пристап – примери за заштитни мерки
ЗАШТИТНИ МЕРКИ НА НИВО НА АНГАЖМАН – ПРИМЕРИ
• Преглед од страна на друг ревизор на работата којашто не е
поврзана со уверувањето и давање совети по потреба.
• Преглед од страна на друг ревизор на работата којашто не е
поврзана со уверувањето и давање совети по потреба.
• Консултации со независно трето лице, како професионално
регулаторно тело или друг надворешен ревизор
• Дискутирање на етичките прашања со оние задолжени за
регулација на работата на клиентот.
• Обезбедување информации на оние задолжени за регулација на
работата на клиентот за природата на Вашите услуги и
надоместоците што ги наплаќате.
• Вклучување на друга фирма да го направи или повторно да го
направи ангажманот.
• Ротација на персоналот од виши ревизори во тимот за уверување.
47
Прифаќање клиент – примери
Прифаќање клиент:
Проблеми поврзани со незаконски активности, нечесно
работење, сомнителни сметководствени практики, сето тоа
создава закани за интегритетот и професионалното
однесување.
Заштитни мерки:
а) Стекнување целосно знаење и разбирање за клиентот
б) Обезбедување обврска за подобрување
Други проблеми: Недоволно искуство и/или стручност
создава закани за професионалната компетентност и
соодветната грижа
Заштитни мерки:
а) Стекнување знаење за стопанската гранка и соодветните
регулативи
б) Назначување доволен број персонал и стручни лица секаде
каде што има потреба од истото
48
Судир на интереси – примери
Карактеристични примери:
• Судир на интереси
• Може да донесат закани за
објективноста и доверливоста
• Заштитни мерки:
а) Известување на сите вклучени
страни
б) Различни тимови за ангажманот
в) Договори за доверливост
49
Други примери
Второ мислење
Ваквите барања може да донесат закани за
професионалната компетентност и соодветната грижа.
Заштитни мерки:
• Стапување во контакт со сметководителот
• Определување ограничувања за мислењa
Ревизорски и останати надоместоци
Техниката за продажба што вклучува испраќањето првична
понуда за цена која е пониска од крајната реална цена (lowballing) доносува закани за професионалната компетентност
и соодветна грижа.
Заштитни мерки:
• Договори за ниво на услуги
• Определување соодветно време/персонал
50
Други примери
Ревизорски и останати надоместоци
„Неизвесните надоместоци“ може да донесе
закани за објективноста.
Заштитни мерки:
• Written agreements
• 3rd party review
• Quality control procedures
“Надоместоци за упатување/предавање” може
да донесат закани за објективноста,
професионалната компетентност и соодветната
грижа.
Заштитни мерки:
• Соодветни обелоденувања информации
51
Други примери
Маркетингот на професионални услуги може да
донесе закани за професионалното однесување
Заштитни мерки:
• Придржување до правните упатства
• Обезбедување доследниот со начелото за
професионално однесување
А што е со подароците? Може да донесат закани за
објективноста.
Заштитни мерки:
• Придржување до внатрешните упатства за
примање подароци
• Проценување на намерата на подарокот
52
Кога подарокот е прифатлив?
Кога подарокот е прифатлив?
53
Резиме на презентацијата
• Финансиската и економската криза ја подигна улогата на
професионалните сметководители и ревизори, како и на пошироката
професија и улогата на регулаторите/поставувачите на стандарди во
нивниот придонес за враќање на довербата и подобрена
финансиска архитектура.
• Етичкиот кодекс на IESBA е повеќе заснован врз начела отколку врз
правила.
• Кодексот подвлекува 5 основни начела – интегритет; објективност;
професионална компетентност и соодветна грижа; доверливост; и
професионално однесување , но и предлага рамковен пристап на
нивна примена.
• Имплементацијата на овој етички кодекс заснован врз начела е
поголем предизвик во земјите од Западен Балкан (традиција
базирана на правила) и бара активно учество и ажурност на сите
ревизори.
54
Ви благодарам.
Ставовите искажани во оваа презентација може, но и не мора да се одраз на ставовите на извршните директори на Светската банка
или владите што ги претставуваат.
Виена,15 јуни 2011 г.