ПСИХОЛОГИЈА НА МУДРОСТА

Download Report

Transcript ПСИХОЛОГИЈА НА МУДРОСТА

ПСИХОЛОГИЈА НА
МУДРОСТА
-предавање 2 –
-Доц. д-р Ана Фрицханд-09.10.2012-
Карактеристики на мудроста
 Постојат повеќе карактеристики на мудроста кои се
посочени во различни теории;
 Меѓу најчесто наведуваните се: сфаќањето дека
мудрите луѓе развиле експертско ниво на знаење, потоа
препознавање на непознатото и способност за
дејствување во ситуација на неизвесност, како и
препознавање и прифаќање дека постојат различни
гледишта

(пр. прифаќање на вредносен релативизам и
контекстуализам на целиот животен век);
 За наведените карактеристики, во експертската јавност
постои консензус дека ја дефинираат мудроста;
 Тие се однесуваат на сите три аспекти на мудроста –
како знаење, како дејствување и како мотивација.
10/09/12
2
Карактеристики на мудроста
 Со мудроста се поврзуваат повеќе типови знаења;
 Меѓу нив се вклучуваат:
 компетенција и исклучително разбирање (Holliday &
Chandler, 1986; според Richardson & Pasupathi, 2005),
 богато познавање на факти и процедури (Baltes, Smith,
& Staudinger, 1992; според Richardson & Pasupathi, 2005),
 знаење за границите на знаењето и рефлективно
расудување (Kitchener & Brenner, 1990; според
Richardson & Pasupathi, 2005).
 Меѓу другите карактеристики на мудроста, кои се
често разгледувани во теориите, се вклучува, на
пример, користење на неизвесноста како основа за
дејствување за кое се очекува дека ќе резултира во
поголемо знаење.
10/09/12
3
Карактеристики на мудроста
 Други теории, кои ја нагласуваат важноста на
препознавањето на туѓата точка на гледање како
карактеристика на мудроста, истакнуваат дека:


мудрите луѓе најпрво ја согледуваат различноста на
гледиштата, а потоа развиваат холистичка или
систематска еколошка свесност (Csikszentmihalyi &
Rathunde, 1990; според Richardson & Pasupathi, 2005),
или
ги интегрираат различните аспекти барајќи решение
(Кitchener & Brenner, 1990; Labouvie-Vief, 1990; според
Richardson & Pasupathi, 2005).
 Оваа компонента на мудроста е содржана и во
теоријата на Стернберг, кој се залага за
врамнотеженост меѓу интраперсоналните,
интерперсоналните и екстраперсоналните интереси.
10/09/12
4
Карактеристики на мудроста
 Во литературата се издвојуваат три аспекти на
мудроста - знаење вразно за мудроста, дејствување
врзано за мудроста и мотивација врзана за мудроста;
 Разликата меѓу знаењето вразно за мудроста и
дејствувањето врзано за мудроста се состои во тоа
што:


првото ја вклучува експертизата која е потребна за
подлабоко и мудро согледување и разбирање на
ситуацијата, додека
второто е способност да се дејствува во склад со
направениот увид.
10/09/12
5
Карактеристики на мудроста
 Знаењето односно разбирањето на ситуацијата,
само по себе, не води секогаш до мудро
дејствување;
 Познавањето на ваквата разлика, меѓу другото,
овозможува да се идентификуваат поединците чии
остроумни увидувања не се видливи во нивното
однесување;
 Мотивацијата да се биде мудар или да се дејствува
мудро е посебно видлива во постапките кои ги
надминуваат границите на знаењето, а се
преземаат со цел да се надминат таквите граници.
10/09/12
6
Мудроста во периодот на
адолесценција
 Повеќе автори истакнуваат дека многу од
основните елементи на мудроста се јавуваат во
адолесценцијата и во раната зрелост;
 Притоа, адолесценцијата се смета за клучен
период за развојот на мудроста, иако за тоа
постојат ограничен број директни докази;
 Познавањето на разликите меѓу знаењето,
дејствувањето и мудроста може да го зацврсти
разбирањето на мудроста во текот на
адолесценцијата.
10/09/12
7
Мудроста во периодот на
адолесценција
 Познато е дека развојот на способноста да се земат
предвид повеќе исходи истовремено може да го
зголеми знаењето врзано за мудроста во периодот на
адолесценција, додека мотивацијата да се стекне
мудрост може да определи кои адолесценти имаат
потенцијал да станат мудри возрасни;
 Во прилог на ова одат поновите истражувања, според
кои, мудроста не е ексклузивна карактеристика на
подоцнежните животни периоди, туку нејзиниот развој
започнува уште во адолесценцијата и раната зрелост;
 Токму во oвие два периоди се случува нормативен раст
на карактеристиките поврзани со мудроста, за што
постојат и директни и индиректни докази.
10/09/12
8
Мудроста во периодот на
адолесценција
 Мудроста како индивидуален квалитет најчесто се
смета дека израснува од интегративната врска на
повеќе карактеристики, како што се когнитивните
способности, карактеристиките на личноста и
карактеристиките заеднички и за личноста и за
когницијата;
 Развивањето на когнитивните способности го
олеснува развојот на мудроста овозможувајќи го
интегрирањето на различни аспекти или видови
знаење, како и овозможувајќи го развојот на
исклучително разбирање и расудување.
10/09/12
9
Мудроста во периодот на
адолесценција
 Карактеристиките на личноста како што се
отворениот ум и социјалната ненаметливост исто
така, можат да придонесат кон развојот на мудроста;
 Меѓу способностите поврзани со мудроста кои се
заеднички за личноста и за интелигенцијата, се
вбројуваат социјалната интелигенција, моралното
расудување и креативноста;
 Сите наведени карактеристики се поврзани со
повисоките нивоа на знаење кое се однесува на
мудроста, а е идентификувано во истражувањата на
возрасни поединци.
10/09/12
10
Мудроста во периодот на
адолесценција
 Способностите кои се зголемуваат во текот на
адолеценцијата се:





општата спобност за апстрактно мислење,
хипотетско-дедиктивното размислување
пософистицирани стратегии за обработка на
информации,
способноста за истовремено земање предвид на повеќе
исходи, и
себерефлексијата.
 Воедно, се подобруваат и брзината, автоматичноста
и когнитивниот капацитет, како и ширината на
знаењето во различни домени и области;
 Во адолесценцијата се случуваат и промени во
стратегиите за решавање на аналогии.
10/09/12
11
Мудроста во периодот на
адолесценција
 Способноста за доаѓање до соодветни заклучоци и
одлучувањето за текот на постапките е првиот чекор
кој е неопходен во учењето да се применува знаењето
врзано за мудроста и започнувањето да се постапува
мудро;
 Во истражувањата е забележано дека во периодот на
адолесценција значително се зголемува способноста
да се пренасочи вниманието во ситуации кои
вклучуваат две паралелни задачи;
 Истата се намалува во возрасниот период (Manis,
Keating, & Morrison, 1980; според Richardson &
Pasupathi, 2005).
10/09/12
12
Мудроста во периодот на
адолесценција
 Теоретски, адолесценцијата е период во кој се јавуваат
основните црти на личност и сепството кои се
задржуваат и во возрасната доба;
 Така, еден од аспектите на идентитетот кој може да се
усвои за време на овој период е општата определба или
мотивација да се стекне мудрост;
 Хартер развојот на сепството во детството и
адолесценцијата го определува како процес кој
вклучува зголемена способност за апстракција,
генерализирање и препознавање на недоследноста;
 Таа ја нагласува врската меѓу сликите за себе и
мотивациските процеси кои кај децата го помагаат
развојот и во другите домени.
10/09/12
13
Мудроста во периодот на
адолесценција
 Специфичен аспект на развојот на сепството може да
биде интеграцијата на моралните цели во селфот,
односно во обврзувањето кон нивно исполнување;
 Таквата цел веројатно би ги мотивирала адолесцентите
кон балансирање на сопствените интереси со
интерсите на другите луѓе, што е централна
каратеристика на мудроста, според концепцијата на
Стернберг;
 Поединците кои имаат отворен ум - карактеристика
поврзана со мудрото знаење и расудување - се сметаат
за „мудри“ луѓе;
 Тие демонстрираат повисоки нивоа на знаење врзано
за мудроста во ситуации кога се соочени со расудување
за хипотетички морални дилеми.
10/09/12
14
Мудроста во периодот на
адолесценција
 Кај адолесцентите отвореноста на умот се зголемува и
тоа трае отприлика до 30. година од животот, после
што истата се стабилизира;
 Со идејата за отвореност на умот се поврзува уште
една карактеристика на мудроста – квалитетот на
ориентацијата кон неизвесност која се дефинира како
способност за соочување и справување со неизвесност.
 Поединците кои поседуваат ниско ниво на овој
квалитет активно ја избегнуваат неизвесноста.
 Оттука, ваквата способност директно се поврзува со
прашањето на препознавање и справување со
неизвесноста, што е централно во постоечките
концепции за мудрото знаење.
10/09/12
15
Мудроста во периодот на
адолесценција
 Сорентино и соработниците соопштуваат резултати од
истражување каде се регистрирани напредувања во
ориентацијата кон неизвесност поврзани со возраста,
во адолесценцијата и опаѓања на оваа способност во
возрасниот период;
 Образованието е, исто така, позитивно поврзано со
ориентацијата кон неизвесност кај возрасните;
 Посочените автори ја сметаат ориентацијата кон
неизвесност како клучна способност за постигнување
повисоки нивоа на когнитивен развој, морално
расудување и развој на егото (Sorrentino et al. 1990;
според Richardson & Pasupathi, 2005).
10/09/12
16
Мудроста во периодот на
адолесценција
 Уште еден аспект од развојот на личноста/сепството е
конструктот на его-развој;
 Его-развојот може да се разбере како постепено
појавување на карактеристични начини на кои
поединците ги препознаваат разликите меѓу
аспектите на селфот кои може да се контролират и
оние аспекти на селфот кои влијаат врз поединецот;
 Левинџер го определува највисокото ниво на егоразвојот како ниво во кое луѓето се способни да ги
интегрираат различните аспекти на селфот во
кохерентен идентитет и да ја негуваат
индивидуалноста кај себе и кај другите.
10/09/12
17
Мудроста во периодот на
адолесценција
 Мудрите постапки, исто така, можат да бидат поврзани
со личноста, посебно со одржувањето рамнотежа
помеѓу постапувањето и размислувањето;
 Постојат значителен број трудови во врска со
ризичното однесување во адолесценцијата и факторите
на личност кои придонесуваат кон ваквото однесување;
 Во адолесценцијата и раната зрелост карактеристиките
на личноста како што се невротицизмот, барањето
стимулации, ниската самопочит, слабото справување
со стрес и слабата емоционална регулација, како и
импулсивноста, се во зенитот на нивната изразеност.
10/09/12
18
Мудроста во периодот на
адолесценција
 Според Стодингер и соработниците (Staudinger et al.
1997; според Richardson & Pasupathi, 2005),
способностите кои ги интегрираат когнитивното и
личносното функционирање можат да се тесно
поврзани со изведба поврзана со мудроста (изведба
која се потпира врз истите способности како мудрата
изведба, но сеуште не ги достигнала експертските
нивоа);
 Обединувачките способности ја вклучуваат социјална
интелигенција во која припаѓаат заземање туѓо
гледиште, креативност и морално расудување.
10/09/12
19
Мудроста во периодот на
адолесценција
 Еден од често наведуваните елементи во концепциите
на мудроста е способноста за препознавање на повеќе
перспективи и за барање решенија кои таквите
перспективи ги земаат предвид;
 Иницијалното препознавање на повеќе перспективи
може да биде еден од аспектите на знаењето врзано за
мудроста;
 Барањето решенија кои, пак, ги земаат предвид
препознаените перспективи може да претставува
аспект на дејствувањето врзано за мудроста.
 Истражувањата од областа на теоријата на умот
нагласуваат дека способноста да се разбере што
другите мислат и чувствуваат се зголемува во
адолесценцијата, заедно со способноста да се
разликуваат психичките состојби.
10/09/12
20
Мудроста во периодот на
адолесценција
 Истражувањата насочени кон социјалното расудување,
исто така, покажуваат напредувања на способноста за
справување со интерперсонални конфликти,
пријателствата и проблемите на дистрибутивна правда,
од детството низ адолесценцијата и во возрасната доба;
 Слично на ова, Селман нагласува дека способноста за
заземање туѓо гледиште се зголемува во
адолесценцијата, додека Беренбаум наоѓа дека
адолецентите при разбирањето на другите ја земаат
предвид контекстуалната и ситуациска променливост
повеќе од децата, разгледувајќи ги и претходно
стекнатите и сегашните информации за поединецот.
10/09/12
21
Мудроста во периодот на
адолесценција
 Повеќе автори кои го испитуваат моралното
расудување низ призмата на теоријата на Колберг,
сметаат дека адолесцентите расудуваат на третиот
стадиум на морално расудување;
 Во тој стадиум адолесцентите не само што
препознаваат повеќе гледишта, туку тежнеат да ги
интегрираат или надминат разликите фокусирајќи се
на грижливите врски;
 Значајни вредности на ова ниво се лојалност и грижа, а
истото може да се сретне и кај возрасните поединци;
 Автономната моралност на Пијаже, исто така, се
очекува да се зголеми во адолесценцијата поради
зголеменото значење што им се припишува на
пријателските интеракции во тој период.
10/09/12
22
Мудроста во периодот на
адолесценција
 Ваквото расудување може да биде добра основа за
воспоставување рамнотежа меѓу интраперсоналните и
интерперсоналните потреби кои се неопходни за
мудроста, како и да им овозможи на младите да ги
надминат претходно неистражените општествени
норми и да бараат уникатни и креативни решенија за
пошироките интерперсонални проблеми;
 Пасупати и Стодингер (Pasupathi & Staudinger, 2001;
според Richardson & Pasupathi, 2005) наоѓаат значајна,
но умерена, поврзаност меѓу моралното расудување и
знаењето врзано за мудроста, кај возрасните;
 Во друго истражување направено од истите автори
моралното расудување е поврзано со знаењето врзано
за мудроста, кај примерок адолесценти (Staudinger &
Pasupathi, 2003; според Richardson & Pasupathi, 2005).
10/09/12
23
Мудроста во периодот на
адолесценција
 Познато е дека моралното расудување се
разликува од моралното дејствување;
 Оттука, иако способноста за дејствување
врзано за мудроста може да зависи од развојот
на способноста за морално расудување,
склоноста да се постапува мудро не мора
автоматски да се зголеми;
 Оваа разлика може да помогне во разбирањето
на разликата помеѓу знаењето врзано за
мудроста и дејствувањето врзано за мудроста
во периодот на адолесценција.
10/09/12
24
Мудроста во периодот на
адолесценција
 Компонентите на креативноста, како што се идејната
флексибилност, уникатноста и флуентноста се
зголемуваат во адолесценцијата (пр. Kogan & Pankove,
1972; според Richardson & Pasupathi, 2005).
 Креативноста во овој развоен период е поврзувана и со
академските постигнувања (пр. Kogan, 1983; според
Richardson & Pasupathi, 2005).
 Спротивно на ова, Алберт (Albert, 1996; според
Richardson & Pasupathi, 2005) забележува пауза во
креативноста која се јавува во доцното детство и
раната адолесценција и укажува дека намалувањето на
креативноста во адолецсенцијата може да е поврзано
со зголемувањето на семејниот и општествениот
притисок за манифестирање на конвенционално
однесување.
10/09/12
25
Мудроста во периодот на
адолесценција
 Повеќе истражувања посочуваат дека
адолесценцијата и раната зрелост се периоди
на привилегирано кодирање на автобиографски
и други видови искуства;
 Првичниот доказ за ваквото тврдење се наоѓа
во т.н. „удар на потсетување“ - феномен каде
возрасните поединци прашани да се потсетат
на автобиографските сеќавања од целиот
живот, а потоа да ги означат со датуми,
најчесто соопштуваат сеќавања од
адолесценцијата и раната зрелост.
10/09/12
26
Мудроста во периодот на
адолесценција
 Тоа значи дека периодите во кои се развива
идентитетот на поединецот (адолесценцијата и раната
зрелост) или минува низ трансформации (пр. преселба
во друга држава) се поврзани со засилено сеќавање на
асоцираните искуства;
 Сличен феномен е видлив во општото познавање на
новините и културните настани (Holmes & Conway,
1999; според Richardson & Pasupathi, 2005), што
упатува на заклучокот дека адолесценцијата и раната
зрелост се многу значајни периоди за стекнување на
основно познавање на себе си и на светот;
 Токму затоа адолесценцијата и раната зрелост се
клучни периоди за развој на мудроста.
10/09/12
27
Мудроста во периодот на
адолесценција
 Клучните елементи од кои е изградена мотивацијата и
знаењето поврзани со мудроста се јавуваат за време на
адолесценцијата и раната зрелост;
 Ова ги вклучува основните интелектуални и личносни
способности, способностите кои се заеднички за
когницијата и личноста, како што се креативноста и
социјалната интелигенција и основното познавање на
себе си и на светот;
 Истовремено, дел од развојот на личноста кој се одвива
во текот на овие периоди, може да има негативни
ефекти врз способноста мудрото знаење да се преведе
во мудра постапка;
 Таквата способност бара развиени капацитети за
саморегулација кои се карактеристични за возрасниот
период и староста.
10/09/12
28