Презентација

Download Report

Transcript Презентација

Улогата на ИОРРМ и јавниот
интерес како основа за значењето
на професијата
Du{ko Apostolovski
KPU Septemvri 2013
Користена литература:
Вовед во сметководство – Гофи Блек
Др. Марко Петровиќ – Сметководствена ревизија како облик на слободна професија
IFAK Pilicy position 5 june 2012- definition of the public interest
Милионер- Џенет Глисон
IFAC- Unearting the power of professional accountancy organizations
IAESB- International education standard 1 – efektiven od juli 2014
Accountancy profession strategic forum 2013
Др. Марко Петровиќ – Поврзаност на интересите и взаемност во сметководството
помеѓу професионалните звања, професионалната регулатива и корисниците
Richard Martin – Regulacija na smetkovodstvenata profesija – iskustva na Velika Britanija
Bojko Kostov – Ramka za podgotovka i prezentacija na finansiskite izve{tai spored Zakonot
za smetkovodstvo vo Republika Bugarija
Silvia Tsen – direktor vo IFAK, za kvalitet i odnosi pome|u ~lenovite – Strategija:
Rakovodewe; Finansirawe; komunikacija i sproveduvawe. - Accountancy profession
strategic forum 2013
Стивен Ковеј – Осмата навика
Исак Адизес – Овладување со промените
Osma i ~etvrta direktiva na EU
2
Зошто се определив за оваа тема:
Парите секогаш претставувале проблем,
дури ни љубовта од луѓето не направила
толку будали.
Со време, најочигледната, но и
најуниверзалната дилема- дека парите
никогаш ги нема доволно- ги збунувала сите
од мудреците, свештениците до владите и
нивните министри.(Гледстон) Секогаш се
поставувало прашање каде се парите.
3
Зошто се определив за оваа тема:
Основна причина за појава на нашата
професија е да дадеме соодветен одговор
на ова прашање во форма на мислење за
објективноста на информациите изнесени во
финансиското информирање и врз основа на
нашето мислење корисниците да носат
соодветни одлуки.
4
Зошто се определив за оваа тема:
Бидејќи нашата професија е доследно и
квалитетно формализиран и
институционализиран информационен
систем наменет општо земено на јазикот
на бизнисот, таа неминовно е дел на
институционализиран систем во
функција на јавниот интерес.
5
Вовед
Кои се Условите во опкружувањето:
Современите пазарни услови се обележани со
интензивни и постојани промени ова може да се
синтетизира како динамика во движење.
Заради ваквиот пристап оваа презентација го
поставува прашањето за неопходноста на
прилагодување на професијата
организирана во ИИОРМ кон актуелните
промени во стопанисувањето на корпоративните
претпријатија
6
Кои се Условите во опкружувањето:
Сметководственото известување и
ревизијата на финансиското известување
во сегашните форми претставуваат во
основа, доследно и квалитетно
формализиран и
институционализиран информациони
систем наменет општо земено на
јазикот на бизнисот.
7
Кои се Условите во опкружувањето:
Во литературата се присутни бројни расправи за
адекватноста и слабостите на на одредени принципи и
концепти и самите системи на сметководство и
ревизија.
Но сепак и покрај познатите недоумици и слабости,
недостатоците на финансиското известување и ревизија
на ФИ, во светот до денес не е пронајдено подобро
решение од системот на документирање,
процедури, вреднување, известување, контрола и
ревизија. Во оваа смисла се нагласува дека
сметководствените извештаи воопшто, во бројки или
не, многу зборуваат. Но сепак јазикот на бројките е
подобар од самата квалитативна анализа.
8
Кои се Условите во опкружувањето:
Но оваа констатација ни во кој случај не значи дека
системите на сметководство и ревизија и позицијата на
професијата не треба да биде предмет на анализа и
промени , подобрување, актуелизирање во сите
сегменти.
Conditio sine qua non e неопходноста за
стратегиски и конкурентен пристап на
професијата во услови на вклучување на нашата
земја во европските и светските пазарни движења.
9
Кои се Актуелни промени во
деловното опкружување:
Глобализација
Глобална рецесија и финансиска криза
Присуство на високо производни технологии
Позитивни промени во информационите и
комуникационите технологии
Присуство на се попребирлива и тешко предвидива
побарувачка и тенденција на скратување на
животниот циклус на производот.
Прилагодување на законодавството кон европското.
Зголемување на ризикот во работењето
10
Кои се Актуелни промени во деловното
опкружување:
Ако ова треба да се каже со една реченица
можеби би звучела вака:
Заради глобализацијата опкружувањето е се
посложено, а со самото тоа и поризично и изложено
на влијанието на рецесијата, развојот и големината
на просечниот економски ентитет (компанија, мрежа
или слично) произведува барања за
пософистицирана технологија, ова ја одредува
потребата за капитал што пак детерминира
настанување на заеднички сопствености во разни
форми како и се поголемо и посложено користење на
финансиски инструменти.
11
Кои се Актуелни промени во деловното
опкружување:
Сето ова покрај зголемениот ризик
значи и потреба од поголема
стручност во сите сегменти на
работењето и посебно во
финансиското информирање.
12
Кои се Актуелни промени во деловното
опкружување:
Покрај овие постојат и наши домашни ризици меѓу
кои е сложената односно во некои сегменти
невозможната заштита на правата на доверителите,
дисконтинуитетот на законската регулатива која
можеби се отсликува во тоа што едно нормално
природно претприемништво се соочува со
бирократскиот однос на државата, која наместо да го
препознае оптималниот извор на приходи во
успешното работење на економските субјекти истиот
го препознава во лесна наплата на посредните
давачки преку директна наплата и создава
нееднаквост на доверителите.
13
Што со Професионални стандарди
Што се однесува до ИОРРМ и непосредна
имплементација на правилата на ИФАК може да се
оцени дека ИОРРМ како придружен член на ИФАК и
многу брзо полноправен член на ИФАК, ја има
обврската да заедно со другите организации од овој
тип (сметководители, проценители, вештаци) да
обезбеди доследна примена на правилата на
ИФАК, и уште повеќе има обврска за уште поактивен
пристап кон имплементација на овие правила и
создавање на неопходна превентивна клима при
реализација на професионалните стандарди во
нашата пракса.
14
Што со Професионални стандарди
На второ место е едукацијата на
професијата согласно со Меѓународните
стандарди за образование на професионалните
сметководители во кои се пропишани условите
за образование, КПУ, и развој на
професионалните сметководители во склад со
овие стандарди.
15
Кои се Објективни и субјективни
препреки за заинтересираноста за
информациите од ФИ
Додека логички беше разбирливо
незаинтересираност на потенцијалните
корисници на ФИ во услови на отсуство на
приватна сопственост, постојат нејаснотии
зошто недостасува таква заинтересираност
денеска во Македонија. Причините не се
едноставни, заради испреплетеноста на
ограничувањата од субјективна и
објективна природа.
16
Кои се Објективни и субјективни
препреки за заинтересираноста за
информациите од ФИ
Објективни ограничувања се:
долгиот период на дисконтинуитет на
нормалната држава со нормално
стопанство.
насобраните заблуди и предрасуди и
према приватната сопственост и према
сметководственото информирање.
17
Кои се Објективни и субјективни
препреки за заинтересираноста за
информациите од ФИ
Во оваа смисла нејчесто поставувано
прашање е причината за изготвување
на ФИ. Во недоследност околу ова
прашање невлезени се дури и многу
припадници на професионалната
сметковоствена елита, како и
потенцијалните корисници на ФИ и
припадниците на сите слоеви на
општеството.
18
Subјективни препреки за
заинтересираноста за информациите од
ФИ
Според мое мислење најдолгорични
последици произлегуваат од
субјективните ограничувања и тоа :
Пропустите и недоследости во процесот на
изучување на сметководството на сите
нивоа – беше бесмислено да се споменува дека
причините за постоење на сметководството се
најтесно поврзани со примарната и основната
причина за информирање на сопствениците на
приватните економски субјекти заради
донесување на поцелисходни управувачки одлуки.
19
Subјективни препреки за
заинтересираноста за информациите
од ФИ
Постоење на заблудите (или можеби
вистината) дека првиот милион се
стекнува надвор од нормалното работење,
а после тоа нованастанатите приватни
сопственици за да би се заштитиле се
вклучуваат во нормално работење, што во
крајна линија води до користење на
предностите на финансиското
известување.
20
Subјективни препреки за
заинтересираноста за информациите
од ФИ
Неорганизираноста на професијата во
долг период преку ССФР, Комори, Разни
здруженија (губење на придружно членство
во ИФАК и слично) кои беа неактивни кои
наместо саморегулација дозволуваше
интервенции на државата според нејзино
наоѓање во моменти кога беше под притисок
од меѓународната заедница или при
подготвување на системските закони од
областа на финансиите.
21
Subјективни препреки за
заинтересираноста за информациите
од ФИ
Залагањето за одржување на статус кво
од страна на фирми во професијата кои
значајно заработуваат со инструктивни и
советодавни формални сметководствени
услуги од една страна и формираната
перцепција на клиентите на кои им е
важно само формално да ги исполнат
законските обврски наместо да вложат
напори за образование.
22
Subјективни препреки за
заинтересираноста за информациите
од ФИ
Направените слабости со сегашното законско
регулирање на оваа материја во врска со
статусот на професијата и прифаќање на
состојбите од страна на дел од ревизорите и
сметководителите заради краткорочни
користи, на кои им одговара спроведување на
профитабилни бизниси за сметка на државата
одколку потешкиот начин на
извршување на угледна слободна
професија.
23
Subјективни препреки за
заинтересираноста за информациите
од ФИ
Ограничен влез на кадри во
професијата заради недоволна активност
на професијата, и недоволна информираност
и насоченост на потенцијалните членови на
професијата.
Сметам дека оваа ера е завршена или треба
да заврши и доколку не сум во право
повторно некој друг а не професијата ќе
иницира и спроведе неопходни промени.
24
ЈАВЕН ИНТЕРЕС
ВОВЕД
Целта на IFAC во Policy position paper 5 е да
ја прикаже практичната дефиниција, да го
идентификува јавниот интерес и да
овозможи да се определи кои активности,
одлуки или политики се во согласност со
јавниот интерес.
IFAC ја разви оваа дефиниција во контекст на
својата мисија, и перцепцијата дека
поседува релевантност во однос на
сметководственета професија.
25
ЈАВЕН ИНТЕРЕС
Мисијата на IFAC е : Да му служи на јавниот интерес
со:
придонес во развојот, прилагодувањето и
имплементација на високо квалитетни меѓународни
стандарди и упатства,
придонес за развој на силни професионални
сметководствени организации и фирми и
висококвалитетни практики од страна на
практичарите,
да ги промовира вредностите на професијата,
да потенцира дека професионалната
сметководствена експертиза е релевантна за
исполнување на барањата на јавниот интерес.
26
ЈАВЕН ИНТЕРЕС
За да се оцени дали IFAC ги постигнува
своите цели за извршување на мисијата
важно е да се види што се мисли со
терминот Јавен интерес.
Дефиницијата е презентирана низ
објаснувањето што се мисли под поимот
јавност и интерес.
27
Дефиниција на Јавниот интерес на
IFAC:
IFAC го дефинира јавниот интерес како:
Нето придобивки за целото општество
производени под процедурално строги
правила во однос на секоја акција , одлука
или политика.
Оваа дефиниција од една страна е насочена кон
одредени групи од јавноста (како инвеститори,
вработени, акционери, ) кои зависат од
информациите на професијата. Но импликациите од
работата на професијата зависно од нивото на
јавната доверба може да се однесуваат на многу
поголем дел од јавноста.
28
Јавност
IFAC смета дека јавноста го треба да се свати
најшироко во однос на општеството. Ова би
вклучувало:
Инвеститорите, акционерите и сопствениците
на јавните и приватните институции
Потрошувачите и добавувачите
Даночните обврзници, гласачкото тело и
граѓаните
29
Интерес
Во најширока смисла, интерес, се сите работи кои
се вреднувани од индивидуите и општеството.
Ова вклучува права, пристап до владеењето,
економски слободи, политичка сила.
Значи интерес се работите кои ние бараме да ги
поседуваме или контролираме.
Интерес можат да бидат и идеали кон кои се
стремиме, или заштита од работи кои не
повредуваат или се непогодни за нас.
Нашата професија помага за да се реализираат овие
конкретни интереси на општеството, многу од нив се
економски по природа и се поврзани со ефективно
управување со ресурсите.
30
Интерес
Овие интереси вклучуваат:
Зголемување на економската сигурност на
пазарот и во финансиската инфраструктура.
(банкарство, осигурување, инвестициски
фирми и сл. )
Испитување, на финансиски и нефинансиски
информации за акционерите, инвеститорите и
за сите на пазарот.
Висока споредливост на финансиското и
нефинансиското известување и ревизија во
различни законодавства (јурисдикции) .
31
Интерес
Испитување на транспарентноста на
финансиските и нефинансиските инфромации и
донесувањето на одлуките во владини тела и
јавниот сектор и нивната конзистентност.
Испитување на корпоративното управување
и раководење во приватниот и јавниот сектор.
Зголемување на ефикасноста и
минимизирање на потрошувачката на ресурси
при производство на добра и услуги, заради
зголемување на благосостојбата на општеството
со неговата расположивост и прифатливост.
32
Одговорноста на професијата во однос
на јавниот интерес
Во реализација на јавниот интерес професијата игра
централна улога заради што практичарите треба да:
Да даваат испитани финансиски и нефинансиски
информиорции на корисниците, производени од
финансиско и нефинансиско информирање од сите
организации, сектори, големини на субјекти
вклучувајќи го и јавниот сектор, и
Да остваруваат доверлива и ефективна
комуникација со корисниците директно или
индиректно поврзана со процесите на корпоративно
управување.
33
Одговорноста на професијата во однос
на јавниот интерес
Како етаблирана професија
нашата треба да :
Да бара од професионалците да ги применуваат
високите стандарди за етичко однесување и
професионално расудување.
Да работи со регулаторната заедноца
(ИОРРМ, СУНР) и владата во развојот и примената
на висококвалитетни професионални стандарди
за финансиско известување, ревизија и
уверување, етика, финансиско известување во
јавниот сектор и едукација на професијата.
34
Одговорноста на професијата во однос
на јавниот интерес
Да промовира висококвалитетни меѓународни
стандарди за да се обезбеди споредливост на
финансиското известување и ревизија (без разлика
на јурисдикцијата)
Да определи соодветни едукативни барања и
квалификации за професијата
Да обезбеди конструктивен дијалог со владата,
регулаторите, универзитетите и другите од
финансиската индустрија (банки, проценители,
осигурители, актуари и сл.)
Да овозможи нови форми на информирање како
Интегрирано известување и нефинансиски форми на
известување и
35
Одговорноста на професијата во однос
на јавниот интерес
Да осигура дисциплина во почитување на
стандардите за работа и известување , етичките
стандарди, законската регулатива и
професионалните стандарди.
Регулаторната заедница и професијата
Улогата на регулаторната заедница во работата
на професијата е да ja интегрира согласно со
јавниот интерес.
Најголем дел од законодавствата имаат мешавина
од саморегулација и надворешна – владина
регулација.
Како резултат од ова професијата и регулативната
заедница делуваат како јавноприватно партнерство.
36
Проценка
Дефинирањето на јавниот интерес би било
ограничено без проценка за тоа дали нешто
е или не е во согласност со јавниот интерес.
За да се одреди дали некоја активност,
одлука или политика е или не е во
согласност со јавниот интерес зависи и од
процесите и од резултатите (нето
користите).
37
Проценка
IFAC во оваа смисла смета дека постојат две
генерални проценки:
Проценка на трошоците и користите – се однесува
на тоа дали општеството како целина има повеќе
користи во однос на трошоците
Проценка на процесите – се однесува на тоа дали
активностите, одлуките или политиките се
превземаат со квалитет на транспарентност,
независност, придржување на процесите и учество
на широката јавност
38
Проценка
IFAC смета дека е потребна пропорционалност на
двете оценки во согласност со подрачјата кои се
разгледуваат и важноста на овие подрачја. во однос на
тоа која проценка ќе се примени и ќе одговора на
големината, рамката и потенцијалните реперкусии на
подрачјето кое е предмет на проценка.
Пропорционалноста треба да се гледа и во контекст
организационата големина, видот и капацитетот на
ентитетите. На пример кога институтот, регулаторите ги
оценуваат ревизорските фирми, тие треба да го оценат
јавниот интерес во однос на активностите, одлуките и
политиките на на сите (мали, големи, глобални мережи).
Треба да се земат предвид и типот на услугите кои ги
даваат и организациите кои ги добиваат овие услуги.
39
Проценка
Дополнително треба да се земат предвид
разликите во културите, општествените вредности и
етичките системи во однос на тоа дали нешто е или
не е во согласност со јавниот интерес. Културите и
етичките вредности варираат во различни
општества.
На крај треба да се нагласи дека приватниот и
јавниот интерес не мора да се во конфликт.
Профитабилните субјекти можат да генерираат јавни
придобивки. Како на пример нашата професија која
овозможува квалитетни финансиски информации
кои придонесуваа до подобро прибирање на даноци.
40
Усогласеност на резултатите и
процесите
Потребата за усогласеноста на двете
проценки (придобивките и процесите) ги
зголемуваат придобивките на целото
општество заради што превземените
процеси треба постојано да се развиваат.
На пример Одборот за стандарди (IFAC)
бара стандардите да бидат прифатени и
имплементирани во цел свет. Тоа е така со
стандардите но процесите постојано треба
да се подобруваат.
41
Проценка на трошоците и
користите
Првата проценка на јавниот интерес е во однос на
негативните или позитивните придобивки на
општеството како целина. Оваа анализа
(проценка на трошоците и користите) е формален
процес на оценка на позитивните и негативните
придобивки на краткорочна и долгорочна основа
на одредена активност, одлука, или политика во
однос на тоа дали позитивните придобивки се
поголеми од негативните. Оваа анализа треба да
се прави и на квантитативна и на квалитетивна
основа.
42
Проценка на трошоците и
користите
Кога оваа анализа се прави од индивидуални
организации тие бараат максимизирање на
профитот, а јавниот интерес е нето придобивка за
целото општество. Заради ова анализата мора да се
прави во однос на општеството и посебно да се
обрне внимание на дистрибуцијата на придобивките
на различните делови на општеството. Посебно да се
внимава кои групи добиваат позитивни а кои
негативни придобивки, односно придобивки на една
кои трошоци ги предизвикуваат на друга група и во
однос на ова дали целото општество во целина
добива.
43
Проценка на трошоците и
користите
Дополнително оваа анализа треба да биде
континуирана и за да се оцени
ефективноста на превземените активности,
одлуки и политики и постојано да се
прилагодуваат
44
Оценка на процесите
Оваа оценка значи да се земе предвид
дали одредена активност, одлука или
политика е развиена и применета со
квалитет на транспарентност, усогласеност
со обврските кон корисниците,
независност, посветеност на принципите
на точност и конзистентност и со учество
на поголем дел од општеството како
целина.
45
Инклузивно учество на поголем
дел од општеството
Фер и балансирано учество при донесување на
одлуките – доколку се сака да се задоволи јавниот
интерес, треба да им се овозможи на индивидуите и
групите балансирано учество.
Можност за консултации во јавноста – овој
процес овозможува поголема инклузивност при
дизајнирање на политките и поширока можност за
опции и експертиза. Исто така овозможува
транспарентност. Ова е важно заради довербата на
јавноста во професијата како елемент за ефикасно
функционирање на пазарот и и легитимитетот на
регулаторните механизми.
46
УЛОГАТА НА ИОРРМ
Преку едукација, сертифицирање и програма за КПУ
да продуцира квалитетни професионалци кои ќе
бидат подготвени да одговорат на предизвиците и
барањата (потребите) на пазарот со потврдување и
продуцирање на висококвалитетни финансиски
информации.
Преку адаптација и имплементирање на
меѓународните етички стандарди како најдобри
практики, да претставува брана за однесувањето, и
основа за извршување на најдобри практики од
страна на членството со што ја зголемува довербата
на јавноста во квалитетот на нивната работа.
47
УЛОГАТА НА ИОРРМ
Преку системот на контрола на квалитет и
дисциплински мерки да ја овозможува примената
на професионалните и етичките стандарди во
пракса. Функционирањето на овој систем не е
само да дисциплинира и да го јакне однесувањето
на членството, туку и да комуницира, едуцира,
помага и да ги потенцира нејдобрите практики
заради создавање на подобри професионалци кои
продуцираат поквалитетни информации.
48
УЛОГАТА НА ИОРРМ
Како центар на знаење и експертиза да и помага
на владата, регулаторите и другите корисници на
информациите кои ги обезбедуваат членовите и
тоа на ниво на земјата и на ниво на регион. Ова
да го обезбедува со чувство за јавниот интерес на
информациите кои ги обезбедуваат членовите.
Ги потикнува странските инвестиции- бидејќи
развојот на пазарот на капитал бара кредибилни
и реални финансиски информации, за да се гради
довербата на инвеститорите, и да ја зголеми
атрактивноста на климата за инвестирање во
земјата.
49
УЛОГАТА НА ИОРРМ
Го промовира развојот на мали и средни
претпријатија (МСП) бидејќи МСП го опфаќаат
60% од БДП и 70% од вработените во земјите со
мал БДП. Ова затоа што бизнисот бара
висококвалитетни финансиски информации, како
подршка и основа на планирање на бизнисот, при
кредитни барања и развој.
Овозможува преку висококвалитетни финансиски
информации во реалниот и јавниот сектор да се
носат соодветни одлуки за фискалната политика,
монетарната политика и надворешното
известување на владата до електоратот,
даночните обврзници и инвеститорите.
50
УЛОГАТА НА ИОРРМ
Со употреба на финансиски информации
добиени од висококвалитетно финансиско
информирање, креаторите на политиките
можат да ја зголемат ефективноста и
ефикасноста на владините програми,
подобро да ги постигнуваат целите и
успешно да даваат јавни услуги во
согласност со потребите.
51
Предизвици кои стојат пред
ИОРРМ
Недостаток на доверба – Често има недостаток
на доверба и разбирање во делови од владата и
други клучни корисници на информациите во
однос на улогата на професијата и позитивното
влијание на силни професионални организации.
Ова може да го попречува донесувањето на јасна
регулатива (рамка) – што го поткрепува
убедувањето на владата во однос на Институтот,
правното дефинирање на системот на едукација,
сертифицирање, КПУ и ефективен независен
надзор на професијата. – Советот.
52
Предизвици кои стојат пред
ИОРРМ
Внатрешни слабости – Каде шти има недостаток на
доверба во однос на придобивките на професијата,
привлекувањето на индивидуи во професијата е
потешко. Малото членство го редуцира техничкиот
капацитет и распространетост и резултира со
намалена способност да привлекува финансиери,
владини тела, законодавци и други учесници
инволвирани во креирање на политиките и
регулативата. Ова го оневозможува стратешкото
планирање и раководење и може да доведе до
неможност да обезбеди образовни можности,
водство, и помош на професионалците
53
Предизвици кои стојат пред
ИОРРМ
Недостаток на капацитет - Со силно и бројно
членство и пристап до адекватни технички и
финансиски ресурси, виталните функции како превод
на стандарди креирање на соодветен програм за
тренинг и едукација (не само пред испит), развивање
и креирање на програми за квалитет и контрола на
квалитет и системот на дисциплина не доаѓаат во
прашање.
Доколку се доведеме во ваква состојба тоа само ќе
го потврди недостатокот на доверба во вредноста на
ревизијата како и улогата на ИОРРМ во
економијата.
54
УЛОГАТА НА ИОРРМ
ЗНАЧИ УЛОГАТА НА ИОРРМ Е ДА
ЈА ОДРЖИ И ПРОМОВИРА
ВРЕДНОСТА НА РЕВИЗОРСКАТА
ПРОФЕСИЈА ВО ЕКОНОМИЈАТА .
55
Како да се одговори на
предизвиците
Развој и зголемување на
капацитетите на професијата – За да
се одговори на овој предизвик потребно е
да се производат алатки и
прирачници и да се обезбеди техничка
подршка на сите членови за да го
овозможи развојот и зголемување на
капацитетите на ниво на земјата и
регионот.
56
Како да се одговори на
предизвиците
Зголемување на меѓусебната доверба и
достапност на знаењето на сите членови во
однос на примената на професионалните
стандарди. Ова може да се постигне со барање
на техничка помош од ИФАК, продолжување на
близначките програми од поразвиените
организации. Комитетот на ИФАК подржал 100
организации во 2011 година преку работилници и
помош на лице место.
57
Која е Целта на ИОРРМ
Да се овозможи и организира
фер и пропорционален амбиент
на членовите заради заштита на
јавниот интерес преку примена
на високо квалитетни стандарди.
58
СТРАТЕГИЈА ЕДЕН ПРИСТАП
Елементи кои се потребни за
стратегија
Професионални квалификации, регилаторни обврски
поврзани со организација, тренинг. Органи на
институтот
Контрола на квалитет
Дисциплински постапки
Соработка со влада, и другите власти и заземање
место во нивната работа
Методолошка помош и консултации за пристап до
институтот, регистрација
59
Елементи кои се потребни за
стратегија
Правила за професионална етика
Соработка и оперативност со регулаторни тела
Обезбедување на информации во врска со
мерките поврзани со ревизорите, промена на
регулатива, професионални мислења.
60
СТРАТЕГИЈА ЕДЕН ПРИСТАП
Во креирање на стратегијата потребно е да
се заштитат вредностите на професијата, ова
значи да се внимава на опасните зони и да
се зачува независноста во однос на :
Одобрување
Контрола на квалитет
Дисциплински мерки
61
Одобрување:
Дали може да се стекне доверба на властите,
или како што велат некои можеби тие да ја
стекнат нашата бидејќи ние имаме што да
понудиме и теоретски можеме без нив
За мене е важно да ги заштитиме вредностите на
професијата во соработка со властите
Значи да се обезбеди пристап во кој регулаторите
ќе имаат целосен пристап до мерките и
правилата но во ниеден случај тие да ги
донесуваат.
Во оваа смисла потребна е едукација на
регулаторите.
62
Одобрување:
Значи владата и регулаторите ќе
имаат доверба во нас ако сите
зборуваме во еден глас.
63
Контрола на квалитет
Излезните елементи од контролата треба
да се :
Согласно со дадена рамка
Во рамнотежа
Без мистериозни заклучоци
Да се споделат наодите во смисла на
подобрување на професијата
64
Односи со СУНР
Да се делат проблемите бидејќи тие се
заеднички
Да се споделуваат иницијативите и идеите
Да се соработува со благодарност за да се
променат правилата
Демонстрација на иницијативи и вештини
Иновации- да се набљудува работата на
други тела да се учи и споделува
65
Пристап на членовите
Промовирај и споделувај вредности,
ефективни регулативи
Довербата е клучна
Транспарентност и чесност
Заедничка кредибилност
Помош и подршка
66
Односи со Универзитетите
Неопходна е поврзаноста со
универзитетите заради што е
потребна презентација на институтот
по универзитети
67
Искуства на другите:
Кипар- избор на студенти за пракса со помош на
институтот, малите институти не можат да ја
дадат неопходната подршка затоа е добро да се
поврзат- Кипар- Англија
Во Турција има посебен центар за едукација,
бесплатно 85 часа, само сместувањето се плаќа
Во Полска постои академија, весник
Сингапур сватиле дека нема силно финансиско
опкружување без силни професионални
организации
68
Благодарам на вниманието
69