Презентација

Download Report

Transcript Презентација

МСФИ 3
Деловни комбинации
МСФИ 3
АГЕНДА
I. Вовед и дефиниции
II. Примена на методата на стекнување
 Стекнувач и датум на стекнување
 Пренесен надомест
 Средства кои можат да се идентификуваат,
превземени обврски и неконтролирачко
учество
 Признавање и мерење на гудвил или добивка
остварена при поволна набавка
 Деловна комбинација извршена во фази
 Обратно стекнување
 Мерење по почетното признавање
III. Барања за обелоденување
АГЕНДА
I. Вовед и дефиниции
Мetodi za smetkovodstveno evidentirawe na
vloжuvawata
МСФИ 3
МСС 27
ПКТ 12
Kontrola
Konsolidacija
Zaedni~ka
kontrola
Proporcionalna
konsolidacija
Zna~ajno vlijanie
Smetkovodstvo na
glavnina
МСС 28
Останати
вложувања
Objektivna
vrednost
МСС 39
МСС 31
ПКТ 13
Nivo na vlijanie nad vloжuvaweto
100 %
Kontrola
Сopstvenost
50 %
Zaedni~ka
kontrola
Zna~ајно
vlijanie
20 %
0%
Ograni~eno/
bez vlijanie
Nivo na
vlijanie
Стекнување на контрола

o
Стекнувачот може да стекне контрола врз стекнатиот ентитет на повеќе
начини, на пример:
Со пренос на парични средства или други средства (вклучувајќи и нето
средства кои го сочинуваат деловниот потфат).
o
Преку создавање на обврски.
o
Со издавање на сопственичките учества.
o
Со обезбедување на повеќе од еден вид на надомест.
o
Без пренос на надомест, вклучувајќи го само договорот
IFRS 3 - 6
Контрола
Моќта за управување со финансиските и оперативните политики на ентитетот
со цел стекнување на користи од неговите активности.
Примери за контрола:
 Поседување (директно или индиректно преку подружници) на повеќе од половина
од правата на глас
 Контрола исто така постои доколку вложувачот има:
o Моќ над повеќе од една половина од правата на глас врз основа на договор со
другите вложувачи
o Моќ да управува со финансиските и оперативните политики на ентитетот
според статут или договор
o Моќ да го именува или разрешува мнозинството од членовите на одборот на
директори или еквивалентното управувачко тело и контролата над ентитетот е
на овој одбор или тело.
o Моќ да го даде мнозинството на гласови на состаноците на одборот на
директори или еквивалентното управувачко тело и контролата над ентитетот е
на овој одбор или тело.
Дефиниција – деловен потфат
МСФИ 3 (2010)
МСФИ 3 (2005)
Интегриран сет на активности и
средства кои можат да се
раководат и управуваат со цел
обезбедување на поврат во форма
на дивиденди, намалени трошоци
или други економски користи
директно на инвеститорите или
останатите сопственици, членови
или учесници.
Интегриран сет на активности и
средства кои се раководат и
управуваат со цел обезбедување
на поврат во форма на дивиденди,
намалени трошоци или други
економски користи директно на
инвеститорите или останатите
сопственици, членови или
учесници.
Делокруг
МСФИ 3 (2010)
МСФИ 3 (2005)
Сите деловни комбинации освен:
Сите деловни комбинации освен:
• Формации на заеднички
вложувања
• Формации на заеднички
вложувања
•Средства (или групи на средства)
•Средства (или групи на средства)
кои не ја исполнуваат дефиницијата кои не ја исполнуваат дефиницијата
за бизнис
за бизнис
•Ентитети под заедничка контрола
•Ентитети под заедничка контрола
•Заеднички ентитети
•Деловни комбинации утврдени
само со договор
Структура на деловна комбинација
Акционери А
Акционери Б
Правен ентитет А
Акции Х
Деловен
потфат Х
€
Акции У
Деловен
потфат У
Еден или повеќе деловни
потфати стануваат
подружници на
стекнувачот
Правен ентитет Б
Нето средства Х
Деловен
потфат Х
€
Нето средства У
Деловен
потфат У
Нето средствата на еден
или повеќе деловни
потфати правно
влегуваат во составот
на стекнувачот
Структура на деловна комбинација
Група А
Акционери А
Правен ентитет
А
Нето
средства
Акционери Б
акции
Правен ентитет
Б
Ентитет В
Еден од ентитетите кои се комбинираат ги пренесува своите нето
средства, или неговите сопственици ги пренесуваат своите
сопственичките учества, на друг ентитет којшто се комбинира или
на неговите сопственици
Структура на деловна комбинација
Група А
Акционери А
Правен ентитет
А
Нето
средства
Акционери Б
акции
акции
Ентитет В
Правен ентитет
Б
Нето
средства
Секој од ентитетите коишто се комбинираат ги пренесуваат своите
нето средства, или нивните сопственици ги пренесуваат своите
сопственичките учества, на новоформираниот ентитет (понекогаш
познат како затворена или споена трансакција)
АГЕНДА
II. Примена на методата на
стекнување
Стекнувач и датум на стекнување
Примена на методата на стекнување
Ентитетот треба да ја евидентира секоја деловна
комбинација со примена на методата на стекнување
1
Идентификување на стекнувачот и одредување
на датум на стекнување
2
Идентификување и мерење на пренесениот надомест
3
Идентификување и мерење на средстватакои можат
да се идентификуваат, превземените обврски и
неконтролирачкото учество
4
Признавање и мерење на гудвил или добивка
остварена при поволна набавка
Идентификување на стекнувачот


•
•
•
•
Критериум за контрола – стекнувач е ентитетот кој стекнал контрола врз
стекнатиот ентитет (МСС 27)
Доколку тоа не е возможно да се утврди:
Пренос на парични средства:
стекнувачот најчесто е ентитетот кој врши пренос на паричните средства
Размена на сопственичките учества:
стекнувачот е најчесто ентитет кој ги издава сопственичките учества
- исклучок при вакви трансакции се обратни стекнувања
Стекнувачот најчесто е комбинираниот ентитет чијашто релативна големина (во
средства, приходи или добивка) е значително поголема отколку онаа на другиот
комбиниран ентитет или ентитети
Во деловната комбинација која вклучува повеќе од два ентитета, утврдувањето
на стекнувач треба да вклучи, меѓу другото, кој од комбинираните ентитети ја
иницирал комбинацијата, исто како и релативната големина на комбинираните
ентитети.
Идентификување на стекнувачот
Останати фактори кои треба да се разгледаат:




Поврзаните права во комбинираниот ентитет по деловната комбинација—
Стекнувачот е најчесто комбинираниот ентитет чиишто сопственици како група го
задржуваат или го добиваат најголемиот дел од гласачките права во
комбинираниот ентитет.
Постоење на голем дел на малцинско учество со право на глас во
комбинираниот ентитет доколку ниеден друг сопственик или група на
сопственици нема значително учество со право на глас —Стекнувачот е најчесто
комбинираниот ентитет чијшто единствен сопственик или организирана група на
сопственици поседува најголем дел од малцинското учество со право на глас во
комбинираниот ентитет.
Составот на органот за управување на комбинираниот ентитет—Стекнувачот
најчесто е комбинираниот ентитет чиишто сопственици имаат можност да
избираат ,назначуваат или да ги отстранат најголемиот дел на членовите на
органот на управување на комбинираниот ентитет.
Составот на повисокото раководство на комбинираниот ентитет—Стекнувачот
најчесто е комбинираниот ентитет чиешто (претходно) раководство доминира во
раководството на комбинираниот ентитет.
Идентификување на стекнувачот - пример





Компаниите Y и Z се договараат да се спојат. Како резултат ба
спојувањето се формира нова компанија А.
Акционерите од компаниите Y и Z ги разменуваат своите акции за
акциите на новата компанија А.
Иницијативата за стекнување е покрената од компанијата Z.
Објективната вредност на компанијата Y е речиси двојно поголема од
објективната вредност на компанијата Z.
Управниот одбор на компанијата А се состои од 2 извршни члена на
компанијата Y, и еден извршен член на компанијата Z.
Кој е стекнувачот?
Одредување на датум на стекнување
Датумот на кој стекнувачот ја стекнал контролата врз стекнатиот ентитет
- вообичаено датумот на кој стекнувачот законски го пренел надоместокот,
ги стекнал средствата и ги превземал обврските на стекнатиот ентитет заклучен датум
- стекнувачот може да стекне контрола врз стекнатиот ентитет на датумот
пред заклучниот датум
(доколку писмениот договор одредува дека стекнувачот ја стекнува
контролата врз стекнатиот ентитет на датум кој му претходи на
заклучниот датум)
Стекнувачот треба да ги земе во предвид сите поврзани факти и
околности при идентификувањето на датумот на стекнување.
Одредување на датум на стекнување – пример




На 1 Септември 2009 г. компаниите А и Б започнуваат со преговори
за купување на мнозинскиот пакет на акции во компанијата Б од
страна на компанијата А.
Во декември 2009 г. компаниите А и Б постигнуваат привремен
договор дека купувањето ќе се изврши доколку компанијата Б може
да докаже дека ги нема прекршено еколошките барања во
државата.
На 1 јануари 2010 г. компанијата Б добива решение од
министерството за екологија дека нема прекршено ниту едно од
еколошките барања во државата.
На 15 јануари 2010 г. е потпишан договорот за купопродажба на
акциите и А назначува нов управен одбор.
Кој е датумот на стекнување?
Одредување на датум на стекнување - пример



Компанијата Х започнува преговори со акционерите на компанијата У
за купување на контролниот пакет на акции на 15 октомври 2010 г.
Според договорот ефективниот датум за префрлање на сите права и
обврски од купопродажбата на акциите е 1 февруари 2010 г., меѓутоа
тој датум треба официјално да биде одобрен на акционерското
собрание кое ќе се оддржи на 15 февруари 2010 г.
Гласачките права нема да бидат пренесени се до оддржувањето на
акционерското собрание, и одборот на директори нема да биде
променет, се до изгласувањето на акционерското собрание.
Кој е датумот на стекнување?
АГЕНДА
II. Примена на метода на
стекнување
Пренесен надомест
Пренесен надомест




Пренесениот надомест во деловната комбинација може да се состои
од:
 Пренесени средства
 Настанатите обврски од стекнувачот кон претходните сопственици
на стекнатиот ентитет
 Сопственичките учества издадени од страна на стекнувачот
Треба да биде мерен според објективната вредност.
Потребно е да се идентификува сите ставки кои не се дел од деловната
комбинација и тие да се евидентираат одделно од деловната
комбинација.
Пренесен надомест


Сметководствената вредност на пренесените средства или обврски ≠
објективна вредност на датумот на стекнување:
- стекнувачот треба повторно да ги измери пренесените средства и
обврски по нивната објективна вредност на датумот на стекнување
- сите разлики да се признаат во добивката или загубата
Доколку пренесените средства или обврски остануваат во рамки на
комбинираниот ентитет по деловната комбинација и стекнувачот поради
тоа ја задржува контролата врз нив:
(бидејќи средствата или обврските биле пренесени на стекнатиот ентитет
наместо на неговите поранешни сопственици)
- тие средства и обврски се мерат по нивната сметководствена вредност
веднаш пред датумот на стекнување
- не треба да признае добивка или загуба во врска со средствата и
обврските кои се под негова контрола истовремено пред и по деловната
комбинација.
Пренесен надомест
Трансакциски трошоци
 Пренесениот надомест не ги вклучува трансакциските трошоци кои се
поврзани со стекнувањето.
 Тие се евидентираат како расход во периодот во кој настанале, освен
доколку таквите трошоци не се настанати за издавање на должнички
или сопственички инструменти, во кој случај се признаваат во
согласност со МСС 32 Финансиски инструменти, презентирање и МСС
39 Финансиски инструменти: признавање и мерење
Определување на составните делови на
размената
Стекнувачот и стекнатиот ентитет можат да имаат претходно воспоставен
деловен однос или друг аранжман пред започнување на преговорите за
деловната комбинација, или можат да склучат одреден аранжман во текот
на преговорите, одделно од деловната комбинација.
Треба да се идентификуваат сите износи кои не претставуваат составен
дел од размената за стекнатиот ентитет:
 Подмирување на претходно постоечки односи помеѓу стекнувачот и
стекнатиот ентитет.
 Исплаќање на вработените или претходните сопственици на стекнатиот
ентитет за идни услуги.
 Надоместување на стекнатиот ентитет или на неговите претходни
сопственици за плаќањата во врска со поврзаните трошоци за
стекнување.

Неизвесен надомест
Обврската на стекнувачот да пренесе дополнителни средства или
сопственички учества на претходните сопственици на стекнатиот ентитет
како дел од размената за контрола во стекнатиот ентитет доколку се
исполнат одредени идни настани или услови.
Се признава според објективна вредност на датумот на стекнување, како
дел од пренесениот надомест.
 Обврската за неизвесен надомест, стекнувачот треба да ја класифицира
како обврска или главнина во согласност со МСС 32 Финансиски
инструменти: презентирање, или други применливи МСФИ.
 Неизвесниот надомест може да биде дури и средство (правото да го
поврати претходно пренесениот надомест ).

Неизвесен надомест - пример



Компанијата А го стекнува ентитетот Z и му плаќа 100.000
А се согласува да му плати на Z дополнителен надомест во
износ на 10% од добивката од следната година која ќе
надмине 50.000.
Во изминатите 5 години Z генерирал добивка во износ од
40.000- 50.000 секоја година.
Износот кој треба да се признае како обврска за
дополнителниот пренесен надомест, е објективната
вредност на неизвесниот надомест, дури и да не е
извесна исплатата на истиот.
АГЕНДА
II. Примена на методата на
стекнување
Средства кои можат да се
идентификуваат, превземени
обврски и неконтролирачко учество
Средства кои можат да се идентификуваат,
превземени обврски и неконтролирачко учество
Принцип на признавање




Средствата и обврските треба да ги задоволат дефинициите за
средства и обврски наведени во Рамката
трошоците кои стекнувачот очекува но не е обврзан да ги направи во
иднина, заради прекинување на одредена активност на стекнатиот
ентитет, прекинување на на работен однос или пак за реалокација
на вработените на стекнатиот ентитет, не претставуваат
обврски на датумот на стекнување
Мора да претставуваат дел од размената помеѓу стекнувачот и
стекнатиот ентитет при стекнувањето
Може да бидат признаени средства кои не постоеле во книгите на
стекнатиот ентитет (бренд, патент, однос со потрошувачи)
На датумот на стекнување, одделно од гудвилот
Средства кои можат да се идентификуваат,
превземени обврски и неконтролирачко учество
Принцип на мерење
Средство кое може да се идентификува и превземени обврски
 Според нивната објективна вредност на датумот на стекнување
Не -контролирано учество во стекнатиот ентитет
 Според објективната вредност, или
 Според пропорционалниот удел со кој не -контролираното учество
учествува во нето средствата на стекнатиот ентитет кои можат да се
идентификуваат.
 За секоја трансакција одделно.
Средства кои можат да се идентификуваат,
превземени обврски и неконтролирачко учество
Исклучоци во однос на принципите на признавање и мерење:
Исклучок од принципот на признавање
Неизвесни обврски

-
-
Стекнувачот треба да признае претпоставена неизвесна обврска од
деловна комбинација на датумот на стекнување доколку:
истата претставува сегашна обврска која произлегува од минати
настани и
нејзината објективна вредност може веродостојно да се измери
Средства кои можат да се идентификуваат,
превземени обврски и неконтролирачко учество
Исклучоци во однос на принципите на признавање и мерење:
Истовремени исклучоци од принципите на признавање и мерење
Даноци на добивка

МСС 12
Користи за вработените

МСС 19
Средства за обесштетување (Продавачот на деловна комбинација може договорно
да го обесштети стекнувачот за исходот од неизвесноста или несигурноста
поврзана со сите или дел од специфичните средства и обврски)

Во исто време кога се признава обесштетената ставка и врз истата основа, која
е предмет на потребата за утврдување на исправка на вредноста за
ненаплатливите износи

Предмет на анализа за наплатливост
Средства кои можат да се идентификуваат,
превземени обврски и неконтролирачко учество
Исклучоци во однос на принципите на признавање и мерење:
Исклучок од принципот на мерење
Повторно стекнати права

врз основа на останатите договорни услови од поврзаниот договор без
оглед на тоа дали учесниците на пазарот ќе ги земат во предвид
потенцијалните договорни обновувања на правата во утврдувањето на
нивната објективна вредност
Награди врз основа на плаќање со акции

МСФИ 2
Средства кои се чуваат за продажба

МСФИ 5
АГЕНДА
II. Примена на методата на
стекнување
Признавање и мерење на гудвил или
добивка остварена при поволна
набавка
Гудвил
Гудвилот се мери како остатокот од (а) над (б) :
(а) Збирниот износ од:
(i) објективната вредност на пренесениот надоместок.
(ii) признаениот износот на не-контролирачкото учество
(iii) во деловната комбинација која е стекната низ фази, објективната
вредност на датумот на стекнување на сопственичкото учество
кое стекнувачот претходно го имал во стекнатиот ентитет.
(б) Разликата помеѓу износите на стекнатите средства кои можат да се
идентификуваат и превземените обврски на датумот на стекнување.
Поволна набавка е деловна комбинација во која објективната вредност
на нето средствата и не-контролирачкото учество го надминуваат
пренесениот надомест
- се признава во добивката или загубата, по повторна оценка на
објективните вредности
Гудвил и неконтролирачко учество - пример
На 31 декември 2009 г. компанијата А купила 60% од акциите на
компанијата Б за износ од 100.000
Објективната вредност на нето средствата кои можат да се
идентификуваат изнесува 150.000
Сегашната вредност на нето средствата на Б изнесува 120.000
Објективната вредност на не-контролирачкото учество изнесува 65.000
Кои книжења треба да се спроведат за признавање на нето средствата,
гудвилот и не-контролирачкото учество, според двете можности
за мерење на не-контролирачко учество?
Решение – гудвил и не-контролирачко учество
Не-контролирачко учество според објективна вредност
Должи: Нето средства на Б кои можат да се
идентификуваат
Должи: Гудвил
150.000
15.000
Побарува: Не-контролирачко учество
65.000
Побарува: Вложување во Б
100.000
Не-контролирачко учество според пропорционално учество во признаените
нето средства
Должи: Нето средства на Б кои можат да се
идентификуваат
Должи: Гудвил
Побарува: Не-контролирачко учество
Побарува: Вложување во Б
150.000
10.000
60.000
100.000
37
АГЕНДА
II. Примена на методата на
стекнување
Деловна комбинација извршена во
фази
Деловна комбинација извршена во фази
На 31 декември 20X1 година, ентитетот А поседува 35 проценти не-контролирачкото
учество во ентитетот Б. На тој датум, ентитетот А купува дополнителни 40 проценти
учество во ентитетот Б, кои му обезбедуваат контрола во ентитетот Б.



Стекнувачот треба повторно да го измери своето претходно поседувано
сопственичко учество во стекнатиот ентитет по објективната вредност на
датумот на стекнување
Признавање на разликите од повторното мерење, во добивката или загубата.
Доколку во претходните периоди на известување, промените во вредноста на
неговото сопственичко учество биле признаени во останатата сеопфатна
добивка (вложувања кои се расположливи за продажба), износот кој бил
признаен треба да се рекласификува во добивката или загубата.
Стекнување во фази- пример





На 1 јануари 2009 Y стекнува 25% од Z за 50.000
Y го евидентира вложувањето во Z според метода на главнина
На 31 декември 2009 г. Сегашната вредност на вложувањето кое го
поседува Y во Z изнесува 57.000
- зголемувањето од 5.000 е признаено преку добивката или загубата
- нереализирана загуба во износ од 2.000 е признаена како посебна
компонента во рамки на останатата сеопфатна добивка
На 1 јануари 2010 г. Y ги откупува останатите 75% од Z
Објективната вредност на веќе поседуваниот удел од 25% изнесува
60.000
Како треба да се признае оваа трансакција?
Стекнување во фази- решение


На датумот на стекнување Y ќе признае
 Нереализирана добивка во износ од 2.000 преку добивката или
загубата која се однесува на износот кој бил признаен во
останатата сеопфатна добивка, и
 Дополнителна добивка во износ од 3.000 преку добивката или
загубата за да се корегира сегашната вредност до објективната
вредност (60.000 – 57.000)
Вклучено во сметководството за стекнување
 Објективната вредност на вложувањето од 25% (60.000) плус
 Објективната вредност на надоместот за 75% на ново стекнатото
учество
АГЕНДА
II. Примена на метода на
стекнување
Обратно стекнување
Обратно стекнување
Ентитетот кој издава хартии од вредност (законскиот стекнувач) е
идентификуван како стекнат ентитет за сметководствени потреби врз основа на
упатството дадено во МСФИ 3.
На пример, приватен ентитет сака да стане јавен ентитет но, не сака да
ги регистрира своите акции во главнината. За постигнување на таа цел,
приватниот ентитет ќе се договори јавниот ентитет да ги стекне неговите
сопственички учества во замена за сопственичките учества на јавниот
ентитет.
Во овој пример, јавниот ентитет е законски стекнувач затоа што ги издал
своите сопственичките учества,а приватниот ентитет е законски стекнат
ентитет заради тоа што неговите сопственички учества се стекнати.
Сметководствениот стекнат ентитет мора да ја задоволи дефиницијата
за деловен потфат со цел трансакцијата да биде евидентирана како
обратно стекнување.
Обратно стекнување - пример
Ентитетот A издава сопственички инструменти и според тоа претставува правното матично
друштво, во обратно стекнување на 30 септември 2009 година.
Извештаите за финансиска спстојба на А и Б пред настанување на деловната комбинција:
А – стекнат ентитет
Б - стекнувач
Вкупно средства (тековни и нетековни)
1.800
3.700
Вкупно обврски (тековни и нетековни)
700
1.700
800
1.400
Капитал
Задржана добивка
Издадени акции
100 обични акции
300
60 обични акции
600
Вкупно капитал
1.100
2.000
Вкупно обврски и капитал
1.800
3.700
Обратно стекнување - пример
Останати информации
На 30 септември 2009 година Ентитетот A издава 2,5 акции во размена за секоја обична
акција од Ентитетот Б. Сите акционери на Ентитетот Б ги разменуваат нивните акции во
Ентитетот Б. Според тоа, Ентитетот A издава 150 обични акции во размена за сите 60
обични акции од Ентитетот Б.
Објективната вредност на секоја обична акција на Ентитетот Б на 30 септември 2009
година е 40. Котираната пазарна цена на обични теакции на Ентитетот A на тој датум е 16.
Објективните вредности на средствата и обврските на Ентитетот A кои можат да се
идентификуваат на 30 септември 2009 година се исти како нивните сметководствени
вредности, освен што објективната вредност на средствата на Ентитетот A на 30
септември 2009 година е 2.000.
Обратно стекнување - пример
Пресметка на објективната вредност на пренесениот надомест
А поседува вкупно 250 акции (100 + ново издадени150)
Акционерите на Б поседуваат 60% од А (150 од 250 акции).
Поранешните акционери на А поседуваат 40% од А.
Доколку Б издаваше акции на А со цел да обезбеди 60% од А, Б ќе требаше да
издаде 40 акции (Б поседува 60 акции плус 40 издадени за А= 100 акции).
Објективната вредност на акциите на Б е 40, следствено 40 акции* 40 = 1.600
– објективна вредност на примениот надоместот кој ефективно е пренесен)
Обратно стекнување - пример
Мерење на гудвилот
Надомест кој ефективно е пренесен
1.600
Нето признаени вредности на средствата и
обврските на Ентитетот A кои можат да се
идентификуваат
Средства (тековни и нетековни)
2.000
Обврски (тековни и нетековни)
(700)
Нето
Гудвил
1.300
300
Обратно стекнување - пример
Консолидиран извештај за финансиска состојба на 30 септември 2009
Средства (тековни и нетековни) [2.500 + 3.700]
Гудвил
5.700
300
Вкупно средства
6.000
Обврски (тековни и нетековни)
2.400
Акционерски капитал
Задржана добивка
1.400
Издадени акции
250 обични акции [600 + 1.600]
2.200
Вкупно капитал
3.600
Вкупни обврски и акционерски капитал
6.000
АГЕНДА
II. Примена на метода на
стекнување
Мерење по почетното признавање
Период на мерење
Периодот по датумот на стекнување во кој стекнувачот може да ги корегира
провизорните износи кои се признаени за деловната комбинација, доколку се
стекнати нови информации во врска со факти и околности кои постоеле на
датумот на стекнување, кои доколку биле познати би резултирале во признавање
на тие средства и обврски на тој датум.
 Периодот на мерење обезбедува разумно време за обезбедување на
сите информации кои се неопходни за идентификување и мерење на
датумот на стекнување на следните ставки.
 Завршува веднаш штом стекнувачот ги обезбеди бараните информации
 Не треба да надмине период од една година од датумот на стекнување.
Последователно мерење
Стекнатите средства, превземените или настанатите обврски како и
сопственичките инструменти кои се издадени во деловна комбинација во
согласност со другите МСФИ кои се применливи за тие ставки.
МСФИ 3 го регулира последователното мерење на:
 Повторно стекнати права.
- треба да се амортизираат низ преостанатиот договорен период во кој
правото било доделено
 Неизвесни обврски признаени на датумот на стекнување.
-повисокиот износ од: износот кој би бил признаен во согласност со МСС 37
 Средства за обесштетување.
- истата основа како за обесштетените обврски или средства
 Неизвесен надомест.
- средства или обврски – објективна вредност преку добивка или загуба
- класифициран како главнина - не треба повторно да се мери
Последователно мерење - пример
 Објективната вредност на неизвесниот надомест на датумот на стекнување
кој е 31 декември 2009 г. изнесува 5.000.
 Неизвесниот надомест е класификуван како обврска.
 Компанијата А ги прима сите потребни информации во врска со фактите и
оклностите за стекнатиот ентитет, на датумот на стекнување.
 Нема промени во објективната вредност на неизвесниот надомест
 Една година по датумот на стекнување т.е. на 31 декември 2010 г.
објективната вредност на неизвесниот надомест изнесува 7.000.
Компанијата А го признава зголемувањето во објективната вредност од
2.000 во добивката или загубата, и не прави корекција во
сметководството на деловната комбинација.
АГЕНДА
III. Барања за обелоденување
Обелоденувања
Барањата за обелоденување се однесуваат на:
 Општи информации за деловната комбинација
 Пренесениот надомест
 Средствата кои се стекнати и превземените обврски
 Гудвил / добивка од поволна набавка
 Трансакции кои не се дел од деловната комбинација
 Деловна комбинација во која стекнувачот поседува помалку од 100% од
стекнатиот ентитет
 Деловна комбинација извршена во фази
 Информации во врска со приходите и добивката или загубата
 Корекции вклучително и корекции извршени во тек на периодот на мерење и
корекции за неизвесен надомест
Клучни точки





Сите деловни комбинации треба да се евидентираат користејќи
метода на стекнување
Датумот на стекнување е датумот кога ефективната контрола е
пренесена на стекнувачот
Набавната вредност на стекнувањете се одредува на датумот на
стекнување
Стекнатите средства, обврски и претпоставени неизвесни обврски
кои може да се идентификуваат се мерат по објективната вредност
Освен во исклучителни случаи, корекциите на гудвилот мора да се
направат во рок од 12 месеци од датумот стекнувањето