Трета Директива против перењето пари

Download Report

Transcript Трета Директива против перењето пари

Договори и конвенции против
перење пари и корупција во
Европа и во светот
„Борба против организираниот криминал и
корупција: јакнење на обвинителската мрежа“
4 до 7 март 2014 година, Скопје, Македонија
Мона Конецни, Јавно обвинителство од Виена, Австрија
Општите аспекти на борбата против перењето пари
Криминолошки аспекти на перењето пари:
• Потреба да се скрие добивката од незаконските активности
• Колку е попрофитабилна нелегалната активност, толку е потешко да се скријат
парите (на пример, трговија со дрога, корупција, даночна евазија,
организиран криминал воопшто)
• Перењето пари е проблем на квантитет
• Тенденцијата на вклучување помали престапи во борбата против перењето
пари би можело да ја намали ефикасноста
• Тешко се докажува перењето пари во рамките на кривичната истрага, поради
меѓународните аспекти и напорите што ги прават криминалците за да го
прикријат потеклото на средствата
Перење пари и финансирање тероризам
Перење пари:
• Прикривање на парите со потекло од кривично дело
• Парите треба да потекнуваат од кривично дело
• Парите се користат за финансирање нови кривични дела или за
некриминални цели („приходи“ од кривично дело, итн.)
Финансирање тероризам:
• Собирање пари за кривично дело или терористички активности
• Парите може да бидат од незаконски или законски активности (на пример, од
донации)
• Парите се користат за финансирање тероризам, поддршка на членови на
терористичка организација е почесто придружен ефект а не самата цел
Како да се бориме против перењето пари
Репресивен пристап:
• Криминализација на одредени начини на однесување (на пример, перење
пари, формирање криминална организација, финансирање тероризам)
• Криминална активност во рамки на криминална организација или
терористичка организација како отежнувачки фактор
• Проширување на списокот основани (предикатни) престапи
Превентивен пристап:
• Конфискација на испраните пари
• Предност: Ова не е само од оној што ги испрал парите, односно од
престапникот, туку и од секого што имал корист од незаконската активност
• Поголема можност за префрлување на товарот на докажување – во ситем на
владеење на правото, престапникот не може да се присили да ја докаже
својата невиност, меѓутоа, лицето што профитирало од приходи од
незаконски активности може да биде обврзано да докаже дека средствата
имаат легално потекло
Конвенции на Обединетите Нации
Конвенцијата од Виена против трговија со наркотици и психотропни супстанции
(1988г.) (Конвенцијата од Виена):
• Прв документ на ниво на ОН против перењето пари
• Основаните престапи што се предвидени се оние поврзани со трговијата со
дроги
• Меѓутоа: „Меѓународната заедница, преку усвојување на конвенцијата, го
изразува своето неодобрување кон перењето пари поврзано со дрога.
Меѓутоа... нема доволно политичка оправданост за да се стави надвор од
законот перењето пари што произлегува од одредени криминални
активности што носат профит, а не и од други... Во секој случај, трговијата со
дрога не е.. најпрофитабилната форма на прекуграничен криминал“.
Конвенцијата од Виена
Дефиниција за перењето пари:
• Член 3(1) (б):
- Конверзија или трансфер на имот, знаејќи дека таквиот имот е нелегално
стекнат (од основан (предикатен) престап), за цели да прикривање или
маскирање на нелегалното потекло на истиот, или на лицето што е вклучено во
извршување на делото...
- Прикривање или маскирање на вистинската природа, изворот, локацијата,
состојбата, движењето, правата во однос на истиот, или сопственоста врз имотот,
знаејќи дека имотот не противзаконски стекнат.
Оваа дефиниција, исто така, ги вклучува помалите кривични дела (на пример,
препродажба на единечни дози од психотропните супстанции) како основани
престапи на перење пари
Конвенцијата од Виена
Двократен пристап
Репресивни мерки
Конфискација на имот
Репресивни мерки
- Член 3 ги обврзува земјите потписнички да ги дефинираат наведените престапи
како кривични дела и да дефинираат соодветни казни за истите
- Потреба да се земат предвид отежнувачките фактори, како што е вклученоста во
криминална организација
Конвенцијата од Виена
•
•
•
•
•
•
Конфискација на имот
Член 5 ги обврзува земјите потписнички да усвојат соодветни мерки за
конфискување на незаконски стекнатиот имот
Член 5. 2.: Да се овозможи на властите да го идентификуваат, следат,
замрзнат или запленат, имотот (треба да се забележи дека конвенцијата ја
става заплената на имотот пред заплената на дрогата)
Тајност на банкарските податоци – голем проблем во истрагата – не смее да ја
попречи конфискацијата
Средства што се измешани со законски стекнатиот имот подлежат на
конфискација до проценетата вредност на тие средства.
Доказот на докажување може да биде обратен од обвинителот кон лицето
кое наводно законски го стекнало имотот!
Конвенции на Обединетите Нации
Конвенцијата од Палермо против меѓународен организиран криминал (2000г.)
• Перењето пари една од клучните карактеристики на организираниот
криминал
• Разликување меѓу примарна криминална активност и секундарна
криминална активност (на пример, перењето пари)
• Дефиниција (член 6. 1. (а) е приближно еднаков со Виенската конвенција
• Проширување на списокот основани престапи на перење пари, минималните
барања се
- Учество во криминална организација (член 5)
- Корупција (член 8)
- Попречување на правдата (член 23)
Конвенцијата од Палермо
Борба против перењето пари според Конвенцијата од Палермо
• Регулаторен и надзорен режим на финансискиот сектор, со цел да се
идентификуваат сомнителните трансакции
- Идентификација на корисниците
- Евиденција и известување
• Меѓународна соработка
• Мерките не треба да го попречуваат движењето на законскиот капитал
• Државите треба да ги користат меѓународните насоки (меко право) > FATF
Совет на Европа
Конвенција за перење, претрес, заплена и конфискација на приходите од
криминални дела, 1990 година
Четири принципи како основа на оваа Конвенција
• Усогласеност со другите меѓународни иницијативи
• Соработка и размена на информации помеѓу извршните тела на различни
земји
• Минимизирање на можноста за добивка
• Флексибилност да се направи Конвенцијата компатибилна на различните
правни системи и да ги почитува различните методи за спроведување на
законите
> Фокус на спроведувањето на законот откако ќе се случи перењето пари
Совет на Европа
•
Дефиниција на перењето пари слична како и кај Виенската конвенција,
МЕЃУТОА
• Земјите потписнички имаат дискреционо право во дефинирање на
основаните престапи
• Фокус на конфискацијата
- Конфискација на приходите или имотот или вредност што одговара
- Истражни и условни мерки
- Тајноста на банкарските податоци нема да ги спречи Страните од спроведување
активности
- од друга страна, ефективни правни лекови
- Посебен акцент на меѓународната соработка и поддршка > главен фокус на
Конвенцијата > меѓународна соработка во борбата против меѓународниот
криминал
Совет на Европа
Конвенција за перење, претрес, заплена и конфискација на приходите од
криминални дела и за финансирање тероризам, 2005 година
•
•
•
Финансирањето тероризам не е идентично со перењето пари, поради тоа,
беше усвоена нова Конвенција што ќе го вклучи феноменот на
финансирањето тероризам
Дефиницијата за финансирањето тероризам изведена од Конвенцијата на ОН
за спречување финансирање тероризам, 1999 година
Поголем акцент на следењето на банкарските сметки
Конвенција на Советот на Европа од 2005 година
Дефиниција на перењето пари – промени во однос на Конвенцијата од 1990
година
• Генерирањето приходи веќе не е предуслов
• Основаните престапи се дефинирани во прилогот наместо да бидат оставени
да бидат дефинирани од државите, со можност за поднесување на ризикот
• Перењето пари од невнимание може да претставува престап (член 9 (3)) –
меѓутоа нема обврска за Страните
• Пресуда за основан престап нема да претставува предуслов за пресуда за
перење пари, ниту ќе треба да се дефинира точната природа на основаниот
престап
• Дефинирање корпоративна одговорност
Европска унија
• Прва директива против перењето пари (91/308/ЕЕЗ)
• Измена на Првата директива против перењето пари (2001/97/ЕЗ)
• Трета директива против перењето пари (2005/60/ЕЗ) – во сила
• Неколку рамковни одлуки, заеднички активности, регулативи
- За перење пари, идентификација, следење, замрзнување, заплена и
конфискување на средствата и приходите од кривични дела
- Конфискација на приходи стекнати од кривични дела, средства и имот
- Соработка помеѓу единиците за финансиско разузнување на земјите- членки во
однос на размената на информации
Трета Директива против перењето пари
Основни аспекти
• Нема одредба од кривичниот закон за перење пари
• Член 1. 1. Ги обврзува земјите- членки само за „забрана“ на перењето пари
• Меѓутоа - земјите- членки се обврзани со конвценциите на Советот на Европа,
и Третата директива против перењето пари треба да се гледа во тој контекст
• Земјите- членки може да не изразат предупредување во однос на
конвенциите на Советот на Европа (член 1 (1) (б) заедничка акција за перење
пари; член 1 (1) (б) рамковна одлука за перење пари, идентификација,
следење, замрзнување, заплена и конфискување на средствата и приходите
од кривични дела)
• Дефиницијата е слична на претходно споменатите конвенции, со можност да
се примени на широк опсег на основани престапи (исто така, не се
предвидува престапот „перење пари од невнимание“)
Трета Директива против перењето пари
Цели на директивата
Главна цел:
Стабилност и репутација на
финансискиот систем
Второстепена цел:
Борбата против перењето пари и
Организиран криминал
Причината за ваквото рангирање на вредностите се наоѓа во сложената
распределба на надлежностите помеѓу ЕУ и земјите- членки (надлежности
според кривичниот закон, само ако се неопходни за функционирањето на
заедничкиот пазар)
Трета Директива против перењето пари
Стабилност и репутација на финансискиот систем:
• Либерализација на слободното движење на капиталот и трансакциите
- Не е ограничено на земјите- членки на ЕУ, вклучени се и трети земји
- Не смее да биде ограничено, освен ако тоа е оправдано и пропорционално
- Криминалните активности ги користат основните европски слободи, посебно слободното
движење на капитал
• Се применува главно на финансиските институции и слични дејности
- Грижа за корисници („познавајте го својот клиент“)
- Поедноставување или подобрување, во зависност од клиентот
- Обврски за поднесување извештаи, вклучувајќи забрана за откривање на информации
- Евиденција и статистички податоци
•
•
•
Директивата предвидува соодветни казни, но не мора тоа да бидат кривични санкции
Земјите- членки треба да осигурат дека перењето пари ќе биде забрането
Ова е последица на надлежностите на ЕУ, а се однесува на финансиските институции > треба
да има повеќе админисративни санкции и истите треба да бидат соодветни