презентација број 9

Download Report

Transcript презентација број 9

ТРГОВСКО ПРАВО
ДОГОВОР ЗА ОСИГИРУВАЊЕ И ДОГОВОР ЗА ГРАДЕЊЕ
ДОГОВОР ЗА ОСИГУРУВАЊЕ (1)
•
Со осигурувањето се постигнува економска заштита на имоти
и лица од ризици кои ги загрозуваат.
•
Работи на осигурување, според Законот за осигурување
претставуваат:
а) склучување и извршување на договори за осигурување на имот и
лица и на договори за соосигурување и реосигурување;
б) извршување на работи во спорведување на мерки за спречување
на ризици што го загрозуваат осигурениот имот и лица;
в) посредување и застапување во осигурување и реосигурување;
г) давање на правна помош и други интелектуални и технички работи
врзани за работите на осигурувањето и реосигурувањето.
ДОГОВОР ЗА ОСИГУРУВАЊЕ (2)
- ПОИМ •
•
Со договорот за осигурување договарачот на
осигурувањето се обврзува врз начелата на заемност и
солидарност, да здружува определен износ во друштвото
за осигурување на ризици, а друштвото се обврзува ако
дојде до настан кој претставува осигурен случај да му
исплати на осигуреникот или на трето лице надоместокот,
односно договорената сума или да направи нешто друго.
Од содржината на одредбите од ЗОО произлегува дека
договорот за осигурување е алеаторен, товарен,
атхезионен и формален
ДОГОВОР ЗА ОСИГУРУВАЊЕ (3)
- ВИДОВИ НА ОСИГУРУВАЊЕ •
Според начинот на настанување, осигурувањето се дели на:
- доброволно (договоно); и
- задолжително (законско).
•
Според предметот осигурувањето може да биде:
- имотно осигурување;
- лично осигурување, и
- осигурување од одговорност
•
Според местото, осигурувањето се дели на:
- копнено;
- поморско; и
- возудшно.
ДОГОВОР ЗА ОСИГУРУВАЊЕ (4)
- СКЛУЧУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ •
Договорот по правило се смета за склучен кога договорните
страни ќе ја потпишат полисата на осигурување или листата
на покритието.
•
ЗОО предвидува осигурениот однос да настане и без
потпишување на полиса за осигурување.
•
Кај договорот за осигурување се разликуваат два моменти:
а) момент на склучување на договорот; и
б) момент на почеток на дејството на осигурувањето.
ДОГОВОР ЗА ОСИГУРУВАЊЕ (5)
- ЕЛЕМЕНТИ НА ДОГОВОРОТ а) ризик - можност за склучување на еден економски штетен настан;
б) предмет на осигурување - повеќе гледишта за предмет на
осигурувањето;
в) премија - износ на пари што осигуреникот е должен да го плати
како надомест за извршување на обврската спрема осигурувачот;
г) сума на осигурување – најголемиот износ кој осигурувачот е
должен да му го исплати на осигуреникот доколку настане
осигурениот случај;
д) осигурен случај - настан чие склучување претставува
остварување на ризикот што е опфатен со осигурувањето;
ѓ) превозно средство - според видот на превозното средство се
разликуваат и транспортните ризици;
е) штета - матерјални оштетувања и загуби на осигурениот предмет;
ж) траење на осигурувањето - датумот и часот на почетокот и
завршувањето на осигурувањето.
ДОГОВОР ЗА ОСИГУРУВАЊЕ (6)
- ОБВРСКИ НА ОСИГУРЕНИКОТ, ОДНОСНО
ДОГОВАРАЧОТ НА ОСИГУРУВАЊЕ а) обврска за пријавување на околностите значајни за оцена на
ризкиот;
б) обврска за плаќање премија;
в) обврска за извествање на осигурувачот за промените на
ризикот.
ДОГОВОР ЗА ОСИГУРУВАЊЕ (7)
- ОБВРСКИ НА ОСИГУРУВАЧОТ а) обврска за издавање на полиса;
б) обврска за предавање на условите за осигурување;
в) обврска за исплата на договорената сума односно плаќање
на штета; и
г) обврска за надомест на трошоците.
ДОГОВОР ЗА ОСИГУРУВАЊЕ (8)
- ПРЕСТАНОК НА ДОГОВОРОТ ЗА ОСИГУРУВАЊЕ -
•
Договорот за осигурување може да престане со:
1. исполнување на договорот;
2. ништовност на договорот;
3. раскинување на договорот;
4. со заемна согласност на осигурувачот и осигуреникот; и
5. со еднострана изјава на волја наедна од странките, кога за тоа
постојат оправдани причини
ДОГОВОР ЗА ГРАДЕЊЕ (1)
- ПОИМ И ЗНАЧЕЊЕ -
•
•
Договорот за градење е договор за дело со кој
изведувачот се обврзува да изгради, според определен
проект, во договорен рок, определен градеж на
определно земјиште, или да изврши на такво земјиште
односно на веќе постојан објект некакви други градежни
работи, а нарачувачот се обврзува за тоа да му исплати
определена цена.
Договорт за градеж е сличен со договорот за
проектирање
ДОГОВОР ЗА ГРАДЕЊЕ (2)
- ВИДОВИ НА ДОГОВОРИ ЗА ГРАДЕЊЕ -
•
•
•
•
Договор за градба во поширока смисла на зборот;
Договор за градба во потесна смисла на зборот;
Договор за градба “под клуч”; и
Инжинеринг.
ДОГОВОР ЗА ГРАДЕЊЕ (3)
- СКЛУЧУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ГРАДЕЊЕ -
•
•
•
Пред склучување на договорто за градба треба да се
извршат определни претходни работи, главно од
управно-павна природа.
Инвеститорот е должен да добие: решение за локација,
одобрение за градба и други документи (техничка
документација, разни одобренија).
Договорот за градба мора да биде склучен во писмена
форма.
ДОГОВОР ЗА ГРАДЕЊЕ (4)
-БИТНИ ЕЛЕМЕНТИ НА ДОГОВОРОТ ЗА ГРАДБА-
•
•
•
•
•
•
Битни елементи на договорот за градба се предметот и
цената.
Предметот на договорот за градба мора да биде
прецизно и јасно определен.
Цената како битен елемент, мора да биде определена во
договорот, бидејќи без одредби за цената, договорот не
предизвикува правно дејство.
Определување на цената преку “лизгава скала”.
”Ориенатциона цена”, “планска цена”, “планирана цена”.
По правило еднаш определна цена во договорот не може
да се менува (но, инвеститорите или изведувачот може
да ја менуваат).
ДОГОВОР ЗА ГРАДЕЊЕ (5)
-ДРУГИ ЕЛЕМЕНТИ НА ДОГОВОРОТ ЗА ГРАДБА-
•
•
•
•
•
Рок на почнување и рок на заврршување;
Начин на наплатување на извршените работи;
Надзор над извршувањето на градежните работи;
Договорна казна во случај на неисполнување на
одредени овбрски;
Обврска на изведувачот да се придржува кон определени
услови и правила за градба.
ДОГОВОР ЗА ГРАДЕЊЕ (6)
-ОБВРСКИ НА ИЗВЕДУВАЧОТ-
•
•
Градење на објектот во согласност со инвестиционотехничката документација;
Обврска за предавање на изградениот објект на
инвеститорот.
ДОГОВОР ЗА ГРАДЕЊЕ (7)
-ОБВРСКИ НА ИНВЕСТИТОРОТ-
•
Обврски кои произлегуваат од императивни норми:
- да обезбеди инвестициона програма и инвестиционотехничка документација за изградба на објектот;
- да добие одобрение за градба на објектот;
- да обезбеди финанасиски средства за тоа градење.
•
Обврски на инвеститорот кои произлегуваат од самиот
договор:
- обврска да ја плати договорената цена;
- обврска да го прими изградениот објект.
ДОГОВОР ЗА ГРАДЕЊЕ (8)
-ОДГОВОРНОСТ НА ИЗВЕДУВАЧОТ И ПРОЕКТАНТОТ ЗА
СОЛИДНОСТА НА ГРАДЕЖОТ-
•
•
Изведувачот одговара за недостатоците во издршката на
градежот што се однесуваат на неговата солидност во
рок од десет години од предавањето и приемот на
работите.
Кога за штетата се одговорни и изведувачот и
проектантот, одговорноста за секој од нив се определува
според големината на неговата вина.
ЛИТЕРАТУРА:
а) задолжителна:
учебник “Трговско право” од Д-р Александар Николовски и
Д-р Снежана Плавшиќ, Скопје, 2005 година
б) дополнителна:
Закон за облигациони односи („Службен весник на РМ“ бр.
18/01, 4/02, 5/03, 84/8, 81/09 и 161/09)