Презентација

Download Report

Transcript Презентација

Данок по одбивка
Оданочување на
приходите од
добивка, доход,
имот и капитал
на странски
физички и
правни лица
генерирани во РМ
со Македонски
данок
1
Данок по одбивка – во
Мекедонската легислатива
Генерална примена кај дирекните даноци и во
одреден степен и во оданочувањето на трансферот
на имотот, наследството и/или на имотната
состојба.
Примена во РМ
Доходот на физичките лица и тоа уште од
иницијалното воведување на персоналниот
данок од доход во неговата денешна форма (1993)
На добивката на корпоративните форми на
стопанисување од 1 Јануари 2006 година.
√
2
Основ за оданочување во даночната
легислатива на РМ
Персонален данок од доход
Обврзник на данокот на доход е и физичко лице кое не е
резидент на РМ за доходот што е остварен на
територијата на РМ
Механизам за оданочување при исплата на приход од правно
лице секогаш постоел за видовите на приходи за кои ПДД се
пресметува и задржува од страна на исплатителот.
Кога исплатувач е физичко лице или кога ПДД се утврдува со
решение на УЈП врз основа на пријава од корисникот на
приходот – отсаствува сигурен и ефикасен механизам за
наплата - оставено на совест на лице кое не е баш лесно да се
досегне од даночните власти да го пријави својот приход.
√
3
Основ за оданочување во даночната
легислатива на РМ
Даноци на имот
Имот
Обврзник на данокот на имот е правно и физичко лице сопственик на имотот.
Се плаќа врз основа на годишно решение но дали локалните власти имаат
механизам за прибирање е непознаница
Наследство
Обврзник на данокот на наследство и подарок е физичко и правно лице резидент на РМ кое наследува имот од членот 10 на овој закон, како и
физичко и правно лице кое прима имот на подарок, во земјата и во
странство.
Обврзник на данокот на наследство и подарок е и странско физичко и правно
лице-нерезидент за недвижниот и подвижниот имот што го наследува,
односно прима на подарок на територијата на РМ.
Кај недвижниот имот постои ефикасен механизам на оданочување – за да се
пренесе сопственоста во катастарот услов е да е прво платен данокот.
Проблематични е наследувањето на пари, парични побарувања, хартии од
вредност и друг движен имот.
Промет
Обврзник на данокот на промет на недвижности е правно и физичко лице продавач на недвижноста, а ако така е договорено купувачот.
Ефикасен механизам на оданочување – за да се пренесе сопственоста во
катастарот услов е да е прво платен данокот.
√
4
Основ за оданочување во даночната
легислатива на РМ
Данок на добивка
Обврзник на данокот на добивка е и правно лице кое
не е резидент на РМ за добивката што ја остварува
од вршење на дејност на територијата на
Републиката.
Заклучно со ФГ 2005 ова значеше само декларативна
определеност – дека требдека се сака да се оданочат
приходите генерирани од страна на нерезиденти на
територијаприходите на странски правни лица остварени од
Македонски извори треб ваквиот приход да се оданочува.
Од 1 Јануари 2006 година – воведени се реални механизми
кои овозможуваат актуелна примена.
√
5
Данок по одбивка – странски
правни лица
Воведување на одредби кои прецизно определуваат
кои форми на дирекни стопански активности на
странски правни лица ќе се сметаат за постојано
присуство во РМ за потребите на данок од
добивка.
Создавањето на механизми за оданочување на
добивката на правните лица нерезидентни во
Македонија и кои не се третираат за постојана
деловна единица за добвиката/приходите кои ги
генерираат од Македонски извори со даноци по
одбивка (withholding taxes)
√
6
Данок по одбивка – Постојана
деловна единица – подружница
Имање односно креирање на постојана подружница
значи дека добивката на таа подружница
генерирана во РМ се оданочува со данок од
добивка како и секое друго друштво
инкорпорирано и резидентно во РМ
Подружница постои кога
Местото на управување, филијалата, канцеларијата,
фабриката, работилницата, рудникот, изворите на нафта
или гас, каменолом или друго место на искористување на
природните ресурси сопственост на странско правно лице
се во РМ
Постоење на Градежен локалитет, проект за изградба, монтажа
или инсталација или супервизорски активности и
поврзани услуги во трање над 6 месеца.
Извршувањето на услуги, вклучително и консалтинг услугите,
но само доколку ваквите активности траат подолго од 90
дена во кој било дванаесетмесечен период.
√
7
Данок по одбивка – Постојана
деловна единица – подружница
Подружница постои кога
Се вршат активности од страна на некое лице кое не е агент со
независен статус во име на странското правно лице ако
лицето делува во РМ во име на странското правно лице и
ако:
[i] Лицето е овластено и редовно го спроведува во РМ
овластувањето да склучува договори во име на странското
правно лице
[ii]Лицето редовно одржува залиха на производи или добра во
РМ од кои редовно се испорачуваат производи или добра во
име на странското правно лице.
√
8
Данок по одбивка – кога не се
оформува постојана деловна
единица - подружница
Во случај странското правно лице да не формира постојана
деловна единица но сепак да генерира приходи од
Македноснки извори за кои е предвидено да се оданочуваат
примена има данокот по одбивка.
Се применува за сите видови приходи кои се децидно
наброени во одредбите на ДД Законот и ДД Правилникот
√
9
Данок по одбивка – предмет на
оданочување
Приход од дивиденди
Означува добивка од акции, или други права во добивката кои
не се побарувања од долгови, како и доходот од други
корпоративни права кои по однос на оданочувањето имаат
ист третман како и доходот од акциите.
Приход од камата
Означува доход од побарувања на секаков вид долг, независно
дали е обезбеден со хипотека и дали носат право на учество
во добивката. Овде спаѓа и доход од обврзници или други
должнички хартии од вредност вклучително и премиите и
наградите од нив, како и секој друг доход поврзан со доходот
од пари дадени на заем.
Исклучоци [i] приход од камата од должнички инструменти
издадени и/или гарантирани од страна на Владата на РM,
НБРМ и банки или други финансиски институции кои
делуваат како претставник на Владата на РМ [ii] приход од
камата од депозити во банка лоцирана во РМ [iii] казнени
камати платени за задоцнети плаќања.
√
10
Данок по одбивка – предмет на
оданочување
Приход од авторски хонорар и други права од
интелектуална сопственост
Плаќање од било кој вид, примено за употреба или право на
користење на авторско право за: книжевно, уметничко или
научно дело, вклучувајќи ги кинематографските филмови,
софтвер, патенти, трговски марки и заштитни знаци,
дизајни или модели, планови, тајни формули или постапка,
информација во врска со индустриските, комерцијалните
или научните искуства, заштитени со правните прописи и
обичаи за нивното стекнување и употреба
Приход од забавни или спортски активности во РМ
Подразбира приход од организирање и одржување на јавни
настапи од организирани групи и поединци а исплатени на
странски правни лица вклучително исплати за :
аудиовизуелни услуги, провизии поврзани со филмска и
видео дејност, радио и телевизија, лиценци за дистрибуција
на права и хонорари, оркестри и други културни и спортски
дејности
√
11
Данок по одбивка – предмет на
оданочување
Менаџмент услуги
Подразбира организирање, планирање, координирање,
контролирање и мотивирање, во остварувањето на целите на
трговските друштва, односно во остварувањето на одредени
економски резултати (профит)
Консалтинг услуги
Услуги на служби или организации што се занимаваат со давање
на совети и интелектуални услуги во стопански финансиски и
технички проекти односно упатства или работи на некој
специјален предмет или проект за определен надомест,
вклучително правни, даночни, сметководствени и ревизорски
услугии секој друг вид на деловно советување или консултација.
Исклучоци: одржување на предавања, семинари, работилници и
слични методи на подучување; потоа услуги на инжињери,
архитекти и слични услуги кои за резултат имаат пишани
документи за постапување; услугите на посредување и
застапување во некоја зделка, користењето на различни бази на
податоци
√
12
Данок по одбивка – предмет на
оданочување
Финансиски услуги
Подразбира приход од: [i] издадени гаранции и други видови на
обезбедувања; [ii] камати од финансиски лизинг; [iii] трговија за
своја сметка или за сметка на клиентот, на берза, преку шалтер или
на друг пазар, со: инструменти на пазарот на пари (вклучувајки
чекови, сметки, потврди за депозити), девизи, деривативни
инструменти кои вклучуваат но не се ограничени на фјучери и
опции, инструментите на девизниот курс и каматните стапки,
вклучувајки ги работите како што се “swaps”, термински спогодби
за камати; преносливи хартии од вредност; други преносливи
инструменти и финансиски средства вклучувајки ги и златните
полуги; [iv] учество во издавањето на сите видови хартии од
вредност [v] услуги во врска со пресметката и пребивањето на
финансиските средства, вклучувајки ги хартиите од вредност,
деривативните производи и другите преносливи инструменти; [vi]
советодавни, посреднички и други помошни финансиски услуги во
врска со сите видови на финансиски услуги [vii] посредување во
осигурувањето и реосигурувањето (активности на брокери,
осигурителни и брокерски друштва и агенти), консултантските
услуги, актуарските услуги и услугите во проценувањето на ризик.
√
13
Данок по одбивка – предмет на
оданочување
Услуги на истражување и развој
Подразбира приход остварен од базични и технички
истражувања, лабараториски и др. услуги, проекти и
елаборати, услуги на пропаганда, истражување на пазарот,
огласување во медиуми, саемски приредби, промоција на
производи во странство, анкетирање на јавното мислење.
За истражување на пазарот се сметаат: начин на прибавување на
пазарни информации, одредување на карактеристиките на
пазарите, мерење на потенцијалот на пазарот, анализа на
учеството на пазарот, анализа на продажбата, истражување на
трендовите во работењето, краткорочни и долгорочни
предвидувања, испитување на понудите на конкуренцијата,
истражување на цените, тестирање на нови и на постојни
производи на пазарот.
√
14
Данок по одбивка – предмет на
оданочување
Приход од осигурителни премии за осигурување или
реосигурување од ризици во РМ
Приходи на странското правно лице остварени од: [i] премија по
основ на осигурување на живот; [ii] премија по основ на
неживотно осигурување [iii] премија по основ на
реосигурување, освен премија по основ на реосигурување што
друштвата за осигурување и реосигурување на РМ, се должни
да го извршат во согласност со закон.
√
15
Данок по одбивка – предмет на
оданочување
Приход од телекомуникациски услуги меѓу РМ и странска
држава
Подразбира: обезбедување на јавни фиксни телефонски услуги
(локална телефонска комуникација; меѓумесна национална
телефонска комуникација и меѓународна телефонска
комуникација); обезбедување на јавни мобилни телефонски
услуги; обезбедување на јавни услуги на говор преку мрежи
со комутација на пакети (интернет протокол и други
протоколи); обезбедување на услуги на изнајмени линии;
обезбедување на јавни услуги за пренос на податоци;
обезбедување на јавни радиокомуникациски услуги и
обезбедување на други услуги (обезбедување на јавни услуги
на говор преку мрежи со комутација на пакети помеѓу
различни оператори и обезбедување на пристап до јавната
телефонска мрежа)
Приход од закуп на недвижности во РМ
√
16
Приходи изземени од
оданочување
Трансферот на добивката на постојана деловна единица на странско
правно лице во Република Македонија, на која претходно е платен
данок на добивка;
Приходот од камата од должнички инструменти издадени и/или
гарантирани од страна на Владата на Република Македонија,
Народната банка на Република Македонија и банки или други
финансиски институции кои делуваат како претставник на Владата
на Република Македонија;
Приходите од камата на депозити во банка лоцирана во Република
Македонија и
Приходи остварени од посредување или консалтинг со државни
хартии од вредност на меѓународен финансиски пазар.
Сите видови на приходи кои се плаќаат спрема странски правни лица
кои немаат постојано присуство а кои во ДД Законот не се наведени
како предмет на данок по одбивка.
√
17
Даночен должник
Домашните правни лица
Домашните физички лица регистрирани за вршење на
дејност
Странски правни или физички лица – нерезиденти со
постојана деловна единица во РМ
√
18
Даночна основа
Даночна основа е бруто приходот, при што како бруто приход
се смета приходот што би бил исплатен на странското
правно лице доколку не би се извршило задржување на
данокот од приходот што би се исплатил.
Пример: Сме примиле фактура за извршена услуга од
странство која подлежи на данок по одбивка на износ од
МКД 230.000 Данокот по одбивка што треба да се задржи
изнесува МКД 23.000 (МКД 230.000 х 10%). Како исплатувач
на приходот на странскиот вршител на услуга треба да му
платиме МКД 207.000 а на даночните власти да им уплатиме
МКД 23.000.
√
19
Данок по одбивка
Даночна стапка
10 проценти за сите видови на приходи кои
подлежат на данок по одбивка.
Третман на платениот данок по одбивка
Задржаниот данок за кој било приход на
странското правно лице за странското
правно лице се смета како конечно
намирена даночна обврска.
√
20
Данок по одбивка
Општи белешки
За даноците да не станат фактор за ограничување, односно
дестимулирање на меѓународната размена, државите пристапуваат
на склучување на билатерални договори чија цел е токму
одбегнувањето на двојното оданочување.
Во случај на постоење на договор поповолните одредбите меѓу
договорот и даночното право на земјатата каде се генерира
приходот има првенствено предимство за оданочувањето на
приходот.
Правило на однесување: со Македонски пропис не може да се воведе
задржувачки данок доколку неговото воведување не е експлицитно
договорено – дозволено како можност во одредбите на договорот
Ако е дозволено стапката на оданочување на приходот не смее да биде
повисока од стапката предвидена во договорот
√
21
Евиденциски и известувачки
обврски
Евиденциски и известувачки обврски
Примена на договорите за двојно оданочување
Само ако примателот на приход му обезбеди на субјектот што го
уплаќа приходот потврда за резидентност издадена од
даночниот орган на странската држава или соодветни образец
предвиден во Правилникот за ДД за одделниот вид на приход +
соодветно одобрение од нашите даночни власти издадено врз
основа на предходните документи
Обезбедување на регистарски број
Обврска за лицето кое задржува данок да спреведе постапка за
обезбедување регистарски број во име на лицето на кое го
исплаѓа приходот предмет на данок по одбивка која се
спроведува пред даночни власти
√
22
Евиденциски и известувачки
обврски
Известувања од страна на субјектите кои задржуваат данок
Годишен извештај до надлежните даночни власти извештај за
уплатениот данок по одбивка.
Достава до 15ти Февруари во годината која следи на годината во која
постоела обврска за задржување на данокот.
Содржи податоци за секое странско правно лице во чие име е
извршено/требало да се изврши задржување на данокот или не е
извршено задршка врз основа на применлив договор за
избегнување на двојното оданочување, и тоа: [i] име на
исплатувачот, фирма и седиште [ii] име на лицето обврзник и
држава во која лицето е резидент [iii] вид и износ на приход врз кој
се применува задржување на данок [iv] износ на данок кој треба да
се задржи и датата на пристигнување на обврската [v] износ на
данокот кој е задржан и дата на уплатата.
Достава на информации по службена должност Даночните власти го
известуваат органот за јавни приходи во странство по негово
писмено барање за задржаниот данок на странското правно лице.
√
23
Даноци по одбивка во Договорите за
избегнување на двојно оданочување
ДИДО
Модел оригинално воспоставен од земјите членки на ОЕЦД
Договорите без исклучок ја имаат следната содржина:
Преамбула во која се изразува слободната волја и согласност на
земјите кои ја склучуваат
Одредби за:
Определување на лицата на кои договорот се однесува
Определување на опфатот на видовите на даноците за кои
договорот се склучува - одделно за двете земји
Дефиниции на одделните термини употребени во контекст на
договорот
Дефиниција за резидент и решавање на конфликтните ситуации
кога определено лице е резидент и на двете држава или ниту на
едната ниту на другата држава договорничка
Дефиниција на постојана деловна единица
√
24
Даноци по одбивка во ДИДО
Одредби за:
Фактичкото оданочување на одделните видови приходи и имот
Одбегнување на двојно оданочување
Поблиско уредување еднаквиот третман на резидентите да државите
договорнички
Утврдување на постапките за взаемно договарање во случај на
истакнување на спор од страна на обврзниците од една земја во
однос на третманот во другата земја, размената на информации од
битно значење за примената на договорот
Влегување во сила, престанок на важење и одреби за првична примена
(определување на фискалната година) на договорот.
√
25
Опфат на приходи во ДИДО
Доход од недвижен имот
Доходот кој резидент на државата договорничка го
остварува од недвижен имот (вклучувајќи го и
доходот од земјоделство и шумарство) кој се наоѓа
во другата држава договорничка ќе се оданочи во
таа друга држава.
Меѓународен сообраќај
Добивката остварена од работење во меѓународен
сообраќај со бродови или воздухоплови, ќе се
оданочи само во државата договорничка во која се
наоѓа седиштето на стварната управа на
претпријатието.
√
26
Опфат на приходи во ДИДО
Добивка од вршење на дејност
Добивката на претпријатието на државата договорничка ќе се
оданочува само во таа држава, освен во случај кога
претпријатието врши дејност во другата држава
договорничка преку постојана деловна единица која се наоѓа
таму. Ако претпријатието врши дејност според
горенаведениот начин, добивките на претпријатието можат
да се оданочуваат во другата држава, но само за оној износ
кој и се припишува на таа постојана деловна единица.
...
Кога добивката ги опфаќа пооделните приходи кои се
регулираат со посебни членови од овој договор, одредбите
од овој член не влијаат на одредбите на тие членови.
√
27
Опфат на приходи во ДИДО
Добивки на асоцијации на претпријатија
Кога
а) претпријатие на државата договорничка учествува непосредно
или посредно во управувањето, контролата или капиталот на
претпријатието на другата држава договорничка, или
б) исти лица учествуваат непосредно или посредно во
управувањето, контролата или капиталот на претпријатието на
државата договорничка и на претпријатието на другата држава
договорничка,
и ако и во двата случаи, помеѓу тие две претпријатија во нивните
трговски или финансиски односи се создадени или наметнати
услови различни од условите кои би биле создадени помеѓу
самостојни претпријатија, добивката која би настанала за едно
од претпријатијата, кога не би постоеле тие услови, или поради
тие услови не настанала, може да биде вклучена во добивката
на тоа претпријатие и соодветно оданочена.
√
28
Опфат на приходи во ДИДО
Дивиденди
Дивидендите кои ги исплатува друштво кое е резидент на
државата договорничка на резидентот на другата држава
договорничка се оданочува во таа друга држава.
Меѓутоа, таквите дивиденди можат да се оданочат и во државата
договорничка чиј резидент е друштвото кое ги исплатува
дивидендите во согласност со законите на таа држава, но ако
примателот е стварен корисник на тие дивиденди, обложениот
данок не може да надмине повеќе од:
а) 5 проценти од бруто износот на дивидендите ако стварниот
корисник е друштво (исклучувајќи го партнерството), кое држи
непосредно најмалку 25 проценти од капиталот на друштвото
кое ги исплатува дивидендите;
б) 15 проценти од бруто износот од дивидендите во сите други
случаи.
√
29
Опфат на приходи во ДИДО
Камата
Каматата која настанува во државата договорничка
а се исплатува на резидентот од другата држава
договорничка се оданочува во таа друга држава.
Меѓутоа, оваа камата може исто така да биде
оданочена и во државата договорничка во која
настанува, во согласност со законите на таа
држава, но ако примателот е стварен корисник
на каматата, така обложениот данок не може да
надмине 10 проценти од вкупниот износ на
каматата.
√
30
Опфат на приходи во ДИДО
Приходи од авторски права
Приходите од авторски права кои настануваат во државата
договорничка а се исплатуваат на резидент на другата
држава договорничка ќе се оданочуваат во таа друга
држава.
Меѓутоа, овие приходи од авторски права можат да се
оданочат и во државата договорничка во која се оствариле
во согласност со законите на таа држава, но само ако
обложениот данок за примателот на примањата по основ
на авторски права не го надминува износот од 10
проценти од бруто износот на примањата од авторски
права. Надлежните органи на државите договорнички ќе
се договараат за начинот на примената на ова
ограничување.
√
31
Опфат на приходи во ДИДО
Капитални добивки
Добивката која ќе ја оствари резидент на држава договорничка од
отуѓување на недвижен имот наведен во членот “__“, а кој се наоѓа
во другата држава договорничка ќе се оданочи во таа друга држава.
Добивката од отуѓување на подвижен имот кој сочинува дел од имотот
за работење на постојаната деловна единица која претпријатието
од државата договорничка ја има во другата држава договорничка,
вклучувајќи ја и добивката од отуѓување на таа постојана деловна
единица (сама или заедно со целото претпријатие), може да се
оданочува во таа друга држава.
Добивката остварена од продажба на бродови, воздухоплови или
друмски возила кои се користат во меѓународниот сообраќај, или
од подвижен имот кој е во врска со работењето на тие бродови,
воздухоплови или друмски возила, ќе се оданочуваат само во
државата договорничка во која се наоѓа седиштето на стварната
управа на претпријатието.
Приходите од отуѓување на друг имот освен наведениот ќе се
оданочуваат само во државата договорничка во која лицето кое
отуѓува имот е резидент.
√
32
Опфат на приходи во ДИДО
Лични примања од работен однос
Во зависност од одредбите на членовите (надомест на директори; пензии;
државна служба; Студенти), надниците и другите слични примања
кои произлегуваат од работен однос, остварени од резидент на
државата договорничка ќе се оданочуваат само во таа држава, освен
во случаи кога вработувањето се извршува во другата држава
договорничка. Ако вработувањето е извршено така, таквите примања
кои се остваруваат таму, ќе се оданочуваат во таа друга држава.
По исклучок, примањата кои резидентот на едната држава договорничка
ги остварува од работен однос во другата држава договорничка ќе се
оданочуваат само во провоспоменатата држава ако:
а) примателот престојува во другата држава договорничка во период или
периоди кои не надминуваат 183 дена во период од 12 месеци, кој
период започнува или завршува во односната ФГ, и
б) примањето е платено од страна, или во име на работодавачот кој не е
резидент на другата држава, и
в) примањата не паѓаат на товар на постојаната деловна единица или
постојана база која работодавачот ја има во другата држава.
√
33
Опфат на приходи во ДИДО
Надоместоци на директори
Надоместоците и другите слични примања кои ги остварува резидент
на државата договорничка во својство на член на одбор на
директори на друштво кое е резидент на другата држава
договорничка, ќе се оданочува во таа друга држава.
Надоместоци на уметници и спортисти
По исклучок на одредбите од членовите (добивка од вршење на
дејност; лични прмања од работен однос), доходот остварен од
резидент на државата договорничка преку лично вршење на
дејност како изведувач како што е театарски, филмски, радио или
телевизиски уметник, или музичар, или спортист во другата
држава договорничка ќе се оданочи во таа друга држава.
Кога доходот од лично извршени активности на изведувачот или
спортистот не му припаѓа лично на изведувачот или спортистот но
на друго лице, тој доход, по исклучок на одредбите од член
(добивка од вршење на дејност; лични прмања од работен однос)ќе
се оданочува во државата договорничка во која активностите на
изведувачот или спортистот се извршени.
√
34
Опфат на приходи во ДИДО
Пензии и/или други слични примања
Плати, надоместоци и другите слични
примања исплатени на физичко лице по
основа на услуги направени на државата
договорничка или на нејзината локална
власт
Примања на студенти добиени за
издржување, образование или обука
Други приходи
Оданочување на капиталот
√
35
Опфат на приходи во ДИДО
Други приходи
Деловите од доходот на резидент на
државата договорничка, без оглед
каде се остварени, кои не се опфатени
со претходните одредби од овој
договор, ќе се оданочат само во таа
држава.
√
36
Опфат на приходи во ДИДО
Оданочување на капиталот
Капиталот кој се состои од недвижен имот кој го поседува резидент на
државата договорничка а се наоѓа во другата држава договорничка,
може да се оданочи во таа друга држава.
Капиталот кој се состои од подвижен имот кој претставува дел од
имотот - наменет за работење на постојаната деловна единица која
претпријатието на државата договорничка ја има во другата
држава договорничка, ќе се да се оданочи во таа друга држава.
Капиталот кој се состои од бродови или воздухоплови кои се
користат во меѓународниот сообраќај и од подвижен имот кој
служи за користење на тие бродови или воздухоплови, ќе се
оданочи само во државата договорничка во која се наоѓа седиштето
на стварната управа на претпријатието.
Сите останати делови од капиталот на резидент на државата
договорничка, ќе биде оданочен само во таа држава.
√
37
Начин и место на оданочување одредници и
правила на примена
во ДИДО
РЕЗИМЕ
Начинот на оданочувањето и местото на оданочувањето одделно се утврдува за
секој вид на приходи предмет на договорот
Вообичаењно првиот став од соодветниот член на договорот се определува
местото на оданочувањето односно јурисдикцијата по која тој приход ќе се
оданочува.
Пример Дивидендите кои ги исплатува друштво кое е резидент на државата
договорничка на резидентот на другата држава договорничка се оданочува
во таа друга држава.
Вториот став од соодветниот член на договорот кој го уредува оданочувањето на
соодветниот приход определува дали и под кои услови оданочување може
да се воведе и во земјата која не е определена како место на оданочувањето
Пример Меѓутоа, таквите дивиденди можат да се оданочат и во државата
договорничка чиј резидент е друштвото кое ги исплатува дивидендите во
согласност со законите на таа држава, но ако примателот е стварен
корисник на тие дивиденди, обложениот данок не може да надмине повеќе
од ...
√
38
Начин и место на оданочување одредници и
правила на примена
во ДИДО
Ако не постои став со кој се овозможува оданочување да се
врши и во земјата на резидентноста на исплаќачот на
приходот и во земјата каде е резидентен вистинскиот
корисник на приходот, тогаш оданочувањето се врши само
во земјата каде е определено местото на оданочување, што
во зависност од видот на приходот може да биде или земјата
на исплаќачот или земјата на примачот на приходот зависно
како што е определено во договорот
Ако постои ваков став ќе се примени задржувачки данок но не
повеќе од процентот што за конкретниот приход е
предвидено во договорот за избегнување на двојно
оданочување.
√
39
Специфични случаи
Камата или други приходи исплатени
на некои меѓународни финансиски организации
Меѓународна банка за обнова и развој (World Bank)
Меѓународна финасиска корпорација (IFC)
Меѓународно здружение за развој
Мултилатерална агенција за гарантирање на инестициите
Европска банка за обнова и развој (EBRD)
Не се задржува данок
Причина: Македонија е членка што значи го прифатила
статутот (актот за инкорпорација) во кој е наведено дека
статутот на организацијата е над националното
законодавство на земјите членки. А во статутите на овие
организации е наведено дека нема да се врши оданочување
со никаков национален данок на земјите членки.
√
40
Ќе има или нема да има
ЗД за одреден вид приход кога има ДИДО
Анализа на случаи
Најважното прашање кое треба да си го
одговориме во постапката на
определување дали ќе се заджи данок или
не секогаш е одговорот на прашањата
Дали приходот кој се исплатува можеби
може да се определи како:
▪ Приход од вршење на дејност или
▪ Други приходи
√
41
Ќе има или нема да има
ЗД за одреден вид приход кога има ДИДО
Анализа на случаи
Ако е приход од дејност ведаш треба да си го
поставиме прашањето дали остварувањето
на тој приход од дејност:
Носи ризик на воспоставување на постојана
деловна единица
Или
Добивката на претпријатието на државата
договорничка ќе се оданочува само во таа
држава
√
42
Ќе има или нема да има
ЗД за одреден вид приход кога има ДИДО
Анализа на случаи
Ако спаѓа во други приходи тогаш е Други
приходи, кога важи:
Деловите од доходот на резидент на
државата договорничка, без оглед каде се
остварени, кои не се опфатени со
претходните одредби од овој договор, ќе се
оданочат само во таа држава.
√
43