Transcript тука.

МОЕТО УЧИЛИШТЕ
ЕКО УЧИЛИШТЕ
ВОЗДУХ
Воздухот е смеса на азот,
кислород, јаглерод
диоксид и други инертни
гасови. Луѓето сметаат
дека воздухот е најважен
за доброто здравје.
Навистина се во право !
Но понекогаш тие
ненамерно или намерно го
загадуваат воздухот а со
тоа си го уништуваат и
своето здравје.
На кој начин се загадува
воздухот ?
Загадувањето на
воздухот најчесто е
предизвикано од
согорувањето на
фосилните горива во
моторните возила. Исто
така се загадува и со :
чадот што го испуштаат
фабриките, чадот од
цигарите, прашината и
друго.
Како да се заштитиме од
нечистиот воздух ?
•
•
•
•
За да се заштитиме од нечистиот
воздух треба:
да избегнуваме движење до некој
блиски места со автомобил;
да чуваме цвеќиња во просториите
бидејќи тие го прочистуваат
воздухот;
да избегнуваме освежувачи на
простории понекогаш е потребно
само да се отвори прозорец и да
влези чист воздух;
да садиме се повеќе дрвја, растенија
и друго.
ВОДА
Водата е составен дел на
површината на планетата
Земја и изобилството од
вода е причина зошто
нашиот свет се нарекува
Сина планета.
Без водата ние не можеме
да живееме, затоа треба да
ја чуваме.
Но некои луѓе ја
злоупотребуваат водата и
не ја користат корисно.
Како се загадува водата?
Водата најповеќе се
загадува со: истурањето на
отпадот од фабриките, со
фрлање отпадоци во неа и
друго.
Со загадувањето на водата
се уништува растителниот
и животинскиот свет во
неа.
Водата треба да ја
штедеме бидејќи без неа
не можеме.
Како да ја заштитиме водата од
загадување и да ја заштедиме?
За да ја заштитиме водата од
загадување не треба да фрламе
отпадоци во неа.
 Да ја заштедиме водата највеќе
треба да внимаваме дома.
Да не ни биде пуштена водата
додека се миеме заби или се
бричеме, да избегнуваме
наводнување при силен ветер
или јако сонце: тогаш водата
најбрзо испарува,
и слично.
ПОЧВА
o Почвата е горниот слој на
Земјината површина,
основата врз која се
развива животот на нашата
планета.
o На почвата ние
одгледуваме многу
растенија кои се користат
за исхраната а исто така
служат и за прочистување
на воздухот.
На кој начин се загадува
почвата?
Почвата се загадува со:
 фрлање отпадоци на неа;
 невнимавање и газење на
тревата и растенијата;
 палење огин на некој
забранети места и друго.
Потребни се повеќе грижа и
напор за да се запре процесот
на уништување на почвата за
да може таа да ги извршува
своите функции.
Како да ја заштитиме
почвата од загадување?
 За да ја заштитиме почвата
од загадување прво треба
да не фрламе отпадоци на
неа.
 Кога одиме на излет по
јадењето да ги собереме
отпадоците и да ги
фрлеме во корпа, да не
палеме огин на области
каде што не е дозволено и
друго.
Потреба од природата
*
*
*
*
*
Сите луѓе имаат потреба од
природата. Тие имаат
потреба од неа затоа што таа
обезбедува:
здрава животна средина;
биолошка контрола на
болестите и на штетниците;
ги обновува природните
отпадоци;
го ублажува загадувањето;
ја одржува почвата.
БУЧАВА
 Способноста да се слушаат
звуци е важна функција за
човековиот опстанок и
комуникација.
 Меѓутоа, не се сите звуци
пожелни. Несаканите звуци,
за кои обично се користи
терминот бучава, потекнуваат
од човековите активности,
како на пример транспортот,
индустријата и работата во
домаќинствата.
Какви проблеми може да
направи бучавата?
o Бучавата може да создаде
проблем кај некој дел од луѓето
o Таа може да му го наруши сонот
што генијално го намалува
квалитетот на спиењето, да му
ги наруши комуникациите на
луѓето во зависност на бучавата
и во одност на нивото што ја
пренесува информацијата.
o А исто така може да предизвика
и физиолошки стрест при
високи нивоа на бучава.
Што треба да прeземеме за
намалување на загадувањето на
животната средина со бучава?
За намалување на загадувањето на
животната средина со бучава треба
да преземеме:
-Технички/инжинерски мерки
-Законски/правни мерки
-Образование и информирање
ОТПАД
Во природата, отпадниот
материјал од еден организам
обично станува оброк или
ресурс за друг организам.
Огромните количини енергија
и материјал што ги троши
општеството овозможува многу
отпад, кој ги загадува водата,
воздухот и почвата.
Ова загадување, предизвикува
сериозни закани за глобалната
животна средина.
Каде поголемиот дел од
луѓето го исфрлаат отпадот?
o Поголемиот дел од луѓето
отпадот го исфрлаат во реките,
на почвата, по тротоарите
(улиците), училишните дворови
и на други места.
o Со тоа тие си го згрозуваат
своето здравје и им го кратат
правото на другите да живеат во
една здрава и чиста животна
средина.
Каде треба да се фрла отпадот?
Правилно отпадот треба да
се фрла во корпите. Во
зависност каков е отпадот
има корпи за пластика,
хартија и стакло.
ЕНЕРГИЈА
Енергијата е присутна
речиси во секоја човекова
активност: служи за
загревање на нашите
домови, за орање на почвата
и за придвижување на
машините.
Користењето на светските
резерви на енергија
овозможило подобрување на
квалитетот на живеење до
степен што неможел да се
замисли пред тоа.
Кој се обновливите извори на
енергија?
Обновливи извори на енергија се:
-Енергија од ветерот
-Сончевата енергија
-Геотермалната енергија
-Енергија на биомаса
ШУМИ
 Шумите имаат многу функции.
Најважни од нив се создавањето
и зачувувањето на природните
богатства.
 Преку процесите на
фотосинтеза, шумите го
обновуваат кислородот во
атмосферата, а со
апсорбирањето на
атмосферскиот јаглероден
диоксид го намалуваат ефектот
на стаклената градина.
Како се уништуваат шумите?
Шумите се уништуваат
со сечењето на дрвјата
кој ги користат за
греење, фрлањето на
разни отпадоци, со
убивањето на
животните и слично.
Што ќе имаме ако сите се
однесуваме еколошки???
 Доколку сите се однесуваме еколошки, не го
загадуваме воздухот, водата, почвата, ја
штедиме електричната енергија и водата, ги
чуваме шумите и ја почитуваме природата, не
правиме бучава, не фрламе насекаде отпад,
тогаш ние ќе го имаме она кое отсекогаш сме
посакувале и мечтаеле да го имаме, она за кое
сме се бореле...
 Ќе живееме во еден чист свет во кој ќе има
малку болести...
 Каде што никој никому нема да му го крати
правото
ДА ЖИВЕЕ ВО ЧИСТ И УБАВ СВЕТ !!!
Изработиле:
Учениците од VII
одделение