Mашински делови на компјутерот
Download
Report
Transcript Mашински делови на компјутерот
Изработила:Марија Златкова
Компјутерски систем
Компјутерски систем е целина од хардвер и
софтвер. Хардвер (Hardware) се машинските
делови на компјутерот. Софтвер
(Software) се програмите со кои се работи на
компјутерот. Човечкото тело може да ги
споредиме со хардвер, а човечките мисли со
софтвер.
Хардверот и софтверот еден без друг се
неупотребливи.
Машински делови на компјутерот
Секој компјутер се
состои од два дела, и
тоа:
- машински дел, кој го
сочинуваат сите
физички делови на
персоналниот
компјутер или т.н.
хардвер (од
англискиот збор hardware, што значи
„железарија“) и
програмски дел.
Програмски делови
- програмски дел, кој го
сочинуваат сите
програми што
песоналниот компјутер
ги извршува или т.н
софтвер (анг. software
кој нема конкретно
значење, а е изведен од
збород hardware).
Компјутер
Кукиште
Куќиштето е кутија во која
се сместени главните
делови на компјутерот
Внатрешни делови на кукиштето
Вообичаено во
куќиштето се наоѓаат
следните електронски
уреди:
• матична плоча,
• процесор,
• RAM меморија,
• тврд (хард) диск,
• електронски картици
за приклучување на
периферни уреди,
• уред за работа со CD
или DVD,
• извор за напојување со
електрична енергија.
Матична плоча
Во куќиштето се наоѓа еден
од најважните делови на
компјутерот − матичната
плоча (motherboard). Тоа е
плоча на која се сместени
процесорот и внатрешната
меморија. Главна задача на
матичната плоча е да ги
поврзе сите делови на
компјутерот преку
електрични патишта кои
наречени магистрали.
Процесор
Процесорот е
„мозокот“ на
компјутерот. Тоа е,
всушност, мал
силиконски чип кој
има задача да
обработува податоци
и да управува со
работата на
компјутерот. Кај
персоналните
компјутери го нарекуваме микропроцесор
Внатрешна меморија
Во внатрешната
меморија се чуваат
податоците и
програмите што се
потребни за да може
да работи процесорот.
Постојат два вида
внатрешна меморија:
ROM и RAM.
Ром
ROM е кратенка од read only
memory, што значи дека од неа
можеме само да читаме
податоци, но не и да ги менуваме
или да запишуваме нови
податоци во неа. Тука се наоѓаат
програмите што се потребни за
да може да работи компјутерот.
Податоците кои се впишани во
ROM се трајни, односно не се
бришат соисклучување на
компјутерот.
Рам
RAM е кратенка од random
access memory, што значи дека
од неа можеме да читаме и во
неа да запишуваме податоци
колку пати сакаме. Се користи
за привремено чување на
податоците и на програмите
што се користат во моментот,
што овозможува тие брзо да
бидат пронајдени и
испратени до процесорот.
Затоа се нарекува уште и
работна меморија.
Податоците во RAM не се
трајни, тие се менуваат во
текот на работата и се бришaт
со исклучување на
компјутерот од струја.
Тастатура
Тастатурата е уред кој има
повеќе од 100 копчиња за
внесување на податоци во
компјутерот преку
типкање.Постојат
различни видови
тастатури според
изгледот, распоредот на
копчињата, начинот на
поврзување со
компјутерот, материјалот
од кој се направени и сл.
На пример:
Глувче
Глувчето е уред за покажување,
избирање, преместување и
активирање на објекти
прикажани на екранот.Се состои
од тело кое се движи по рамна
површина и копчиња: лево копче,
десно копче и копче за
скролирање – движење горе-долу
на екранот. Видови
глувчињаПостојат различни
видови глувчиња според
изгледот, начинот на работа,
начинот на поврзување со
компјутерот и сл.
Микрофон
Микрофонот е уред
за внесување на
звучни податоци
(говор) во
компјутерот.
Скенер
Скенерот е уред за
внесување на
графички податоци во
компјутерот Според
површината која се
скенира, скенерите
можат да бидат: деск
скенери – за поголема
површина (листови,
книги,фотографии),
рачни скенери – за
мала површина (бар
кодови и слично).
Монитор
Мониторот наликува на
телевизор и има екран на кој
се прикажуваат текстови и
слики и може да се види што
работи компјутерот. Денес
најмногу се користат
монитори со димензии на
екранот од 15 до 21 инч.
Постојат монитори со катодна
цевка (CRT) и монитори со
течни кристали (LCD). LCD
мониторите сèповеќе се
користат и ги исфрлаат од
употреба CRT мониторите.
Монитори на допир
Монитори со екран
осетлив на допир
(touch screen) кои
овозможуваат
внесување на податоци
во компјутерот со
притискање врз
приказот на
понудените податоци
на екранот со прст
наместо со глувче
Печатар
Печатар е уред за
прикажување на
податоците од
компјутерот на хартија
Инкџет печатарите прскаат
или фолија.Печатарите
под притисок мастило на
според начинот на
хартија кое веднаш се суши.
печатење најчесто се
иглични, инкџет и
ласерски
Кај ласерските печатари ласерски сноп
светлина ја пече нанесената боја од тонерот
на Хартијата.Сите видови печатари може да
бидат во боја или црно-бели.
Звучници и слушалки
Звучниците се уреди за
пренос на звучните
податоци до корисникот.
Звучниците се поврзани
со матичната плоча преку
звучната картичка. Освен
звучници, на звучната
картичка можат да се
приклучат и слушалки
Надворешна меморија
Дискетите имаат
мемориски
капацитет.
Се користат за
читање и
повеќекратно
запишување
на податоци.
Флеш меморијата е во вид на
стапче – стик. Се вика и USB
меморија. Има различен
мемориски капацитет, на
пример, до 8 GB.
CD-то има мемориски
капацитет од 650-700 MB.
CD-ата можат да бидат
CD-ата обично се
користат за чување на
податоци и музика