Transcript File

ДЕЛОВИ ВО КУЌИШТЕТО
МАТИЧНА ПЛОЧА
Главниот дел во куќиштето е матичната плоча –
mother board - (плоча мајка).
Сите делови на компјутерот се поврзани со
матичната плоча – како деца со мајка.
Главни делови вградени на матичната плоча се:
·
процесорот,
·
ROM и
·
RAM меморијата
ПРОЦЕСОР
Процесорот е уред кој ги обработува податоците и
ги извршува програмите во компјутерот.
Карактеристики на секој процесор се:
• Производител
• Модел
• Брзина на работа
На пример:
производител модел Брзина
Intel Core 2Duo 2GHz
AMD Athlon™64 X2 Dual-Core 2.2 GHz
Брзината на работа на процесорот се
изразува во единица мерка Гига Херц (GHz).
ROM меморија
ROM е меморија во која фабрички се запишани инструкции за
работа на компјутерот.
Тие се читаат први, веднаш по вклучувањето на компјутерот.
ROM меморијата го „буди“ компјутерот и контролира
дали сите хардверски и софтверски делови се присутни,
исправни и подготвени за работа.
Ако не е се во ред, ROM меморијата му испраќа на
корисникот на екранот текстуални пораки или звучни
предупредувања за проблемот.
На пример, компјутерот не може да работи ако не се
приклучени правилно тастатурата и глувчето.
RAM меморија
RAM е работна меморија затоа што во неа се сместуваат
оние програми и податоци со кои во моментот се работи
на компјутерот.
Од големината на RAM меморијата
зависи брзината на работа со
програмите како и бројот и
големината на програмите со кои во
исто време може да се работи на
компјутерот.
Кога ќе се исклучи компјутерот од
струја, РАМ меморијата се брише.
Таа е меморија за привремено чување
на податоците.
ХАРД ДИСК
Хард дискот е мемориски уред поставен во куќиштето за
трајно чување на програмите и податоците со кои се
работи на компјутерот.
Податоците и програмите
сместени на хард дискот не се
бришат по исклучување на
компјутерот од струја.
Хард дискот, RAM меморијата и
процесорот меѓусебе си
разменуваат податоци.
ЕЛЕКТРОНСКИ КАРТИЦИ
Картици се електронски уреди преку кои некои периферни
уреди (монитор, звучници и др.) се поврзуваат со матичната
плоча.
Вградени се на задната страна од куќиштето.
Поставени се на матичната плоча во прегради кои се викаат слотови.
Нивниот заден дел се приклучоци кои се гледаат на задната страна од
кукиштето.
Во зависност од уредот кој преку нив се поврзува со компјутерот има
Видео картица, ТВ картица, звучна картица и мрежна картица
ИЗВОР ЗА НАПОЈУВАЊЕ СО ЕЛ. ЕНЕРГИЈА
Секој компјутер за да работи мора да има уред за напојување
со електрична енергија кој се вика и адаптер.
До изворот за напојување има вентилатор кој ги
разладува електронските делови во компјутерот за да
не се прегреат.
КОМПЈУТЕРСКА МЕМОРИЈА
Уредите за чување на податоците и програмите со
кои се работи на компјутерот се викаат компјутерска
меморија.
ВИДОВИ КОМПЈУТЕРСКА МЕМОРИЈА
Компјутерската меморија вообичаено се дели на:
• главна меморија и
• помошна меморија.
ГЛАВНА КОМПЈУТЕРСКА МЕМОРИЈА
Главната меморија ја сочинуваат:
• Хард дискот – трајна меморија
• RAM меморијата – привремена меморија
ПОМОШНА КОМПЈУТЕРСКА МЕМОРИЈА
Помошната меморија ја сочинуваат следните
уреди за трајно чување на податоците:
• Флопи диск или дискета FD
• Компакт диск CD
• Дигитален видео диск DVD
• Флеш меморија Usb меморија
МЕМОРИСКИ КАПАЦИТЕТ
Мемориски капацитет е количината на податоци која може
да се запамти на некој мемориски уред.
Единици мерки за мемориски капацитет
Меморискиот капацитет се изразува во посебни
единици мерки.
Најмалото количество податок кое може да го прими
компјутерот е 1 бит (1b).
Битот може да има две вредности 1 или 0.
Битовите се групираат во бајти и на тој начин ги
формираат единиците мерки за компјутерската
меморија.
1
1
1
1
1
1
1
b Бит = 0 или 1
B Бајт (Byte) = 8 b - 1 знак
KB Килобајт =1024 B приближно 1000 B
MB Мегабајт = 1024 KB приближно 1000 KB
GB Гигабајт = 1024 MB приближно 1000 MB
TB Терабајт = 1024 GB приближно 1000 GB
PB Петабајт и поголеми
1 Бајт е мемориски капацитет кој може да биде доволен за сместување
на 1 знак – буква, знак, број и слично.
1 MB е мемориски капацитет кој може да биде доволен за текстуалните
податоци од една средно голема книга (околу 200 страни).
МЕМОРИСКИ КАПАЦИТЕТ И
КАРАКТЕРИСТИКИ НА
МЕМОРИСКИТЕ УРЕДИ
ХАРД ДИСК
Хард дискот најчесто е фиксен мемориски уред вграден во
куќиштето.
Вообичаена големина на хард дискот денес е 80,100,250 GB.
Дискета
Дискетите имаат мемориски капацитет од 1.44 MB.
Се користат за читање и повеќекратно запишување на
податоци.
Денес речиси и се исфрлени од употреба поради
малиот капацитет и слабиот квалитет.
Флеш меморија – USB мемориски стик
Флеш меморијата е во вид на стапче – стик и има
различен мемориски капацитет, на пример до 256 GB.
МЕМОРИСКИ КАПАЦИТЕТ
CD
CD-то има мемориски капацитет од 650-700 MB.
1 CD = околу 450 дискети (или може да собере, на пример, околу
100 mp3 песни)
CD-ата обично се користат за чување на податоци и музика.
ВИДОВИ
CD-ата можат да бидат :
- само за читање - CD ROM
- за читање и еднократно запишување – CD R (Recordable)
- за читање и повеќекратно запишување – CD RW (ReWritable)
МЕМОРИСКИ КАПАЦИТЕТ
DVD
Меморискиот капацитет на DVD-јата се движи од 4.7 GB до
17.1 GB
1 еднострано еднослојно големо DVD собира 1 просечно
долг филм со висок квалитет. 1 DVD = 6-7 CD
ВИДОВИ
DVD- то може да биде еднослојно или двослојно и
еднострано или двострано, мало (8cm) или големо (12cm).
DVD-јата можат да бидат:
- за читање (DVD ROM)
- за читање и еднократно запишување DVD R (Recordable)
- за читање и повеќекратно запишување DVD RW (Rewritable)
DVD-јата обично се користат за меморирање на филмови.
Нов тип на DVD
Нов тип на DVD уреди се DVD уредите кои користат син ласер
наместо црвен за читање и запишување информации на диск. Овие
уреди се викаат Blue laser DVD уреди.
Синиот ласер може да ги запишува податоците со многу поголема
густина на дискот отколку црвениот.
Затоа Blue laser DVD-јата имаат многу поголем капацитет од
обичните DVD-јa.
Постојат два типа на блу ласер DVD-јa :
• HD-DVD (High Definition – Хај дефинишн DVD) со капацитет од
15 GB и
• Blu-Ray DVD (Блу реи) со капацитет од 27 GB.