Марта - Македонски јазик

Download Report

Transcript Марта - Македонски јазик

Белешка за авторот

Горјан Петревски е роден на 14 јули 1951 година
во селото Mrenoga, Демир Хисар.Основно образование
завршил во родното место, а средно
образование стекнал во Прилеп гимназија. Студирал
на Филолошкиот факултет во Скопје во групата
најужнословенски литература. Тој работел десет
години како новинар во Македонската телевизија програма
за деца, а од 1986 година на година префрлени да работат
во "НоваМакедонија", која работи за
млади zabavnikot "нашиот свет", беше одговорен уредник на
списанието "Развигор", како и одговорниот уредник на
издавачката дејност во издавачката куќа "детска радост".
Делата на Горјан Петревски
 Книгите
со раскази:
 ,,Гороцвет”, ,,Земјата од сонот”,
,,Тажниот свирач” (напореден превод на
хрватски и македонски јазик објавена во
Сараево во 1986г.), ,,Татковите
солзи”(втора награда на конкурсот на
,,Детска радост” за најдобра книга со
раскази распишан во 1984г.), ,,Рано дојде
љубовта”(награда ,,Свети Климент” за
најпродавана книга во 2001г.)
 ,,Задоцнети
писма до Споменка”(лирски
записи кои на барање од читателите
излегуваа долго време во продолженија во
,,Наш свет”), ,,Татковата прва
љубов”(поетско-прозни записи) и

,,Пролетни
дождови”(сказни
работени според народни
мотиви инспирирани од
приказните за животни
на Марко Цепенков, за
која во 1998г ја доби
Наградата ,,Ванчо
Николески”за книга на
годината што ја
доделува Друштвото на
писателите на
Македонија).
Популарни романи на Горјан Петревски:







,,Споменка”(три изданија,на конкурсот на ,,Детска
радост”за најдобар роман),
,,Марта”(најтиражен роман кој во повеќе наврати е
преобјавуван и влезен во лектирата за 7 одд),
,,Снеговите на Климентина Евин’’(лектирна книга,три
изданија,адаптирана и како радио драма за деца и млади),
,,Далечна љубов’’(две изданија),
,,Исти очи’’(по училиштата се обработува како лектира по
слободен избор,пет изданија),
,,Вечниот ветар’’(три изданија според ,,Ѕвон’’на МТВ
најпродавана книга во 2000 год.) и
,,Сама’’(три изданија,награда ,,Прозни мајстори’’ во 2004
год. и награда ,,Најчитан македонски автор’’во 2005 год. на
зимскиот саем на книгата во 2006 год).
Телевизиски серии
 ,,Шарен
монитор’’(квиз),
 ,,Илустриран ТВречник ’’,
 ,,Црвено,жолто зелено”(играни серии),
 ,,Басноград’’,
 ,,Баснодром’’(куклени серии) и други.
Содржина:
 Во
оваа лектира се зборува за девојчето
Марта, која немала татко и живеела во стан
со својата мајка.Таа од мала го загубила
својот татко и постојано ја прашувала мајка си
за својот татко.Таа дури и во својот споменар
го запишала прашањето кој и бил татко и
споменарот го оставала отворен за да види
нејзината мајка. Кога мајка и Бисера го
видела тоа, се сепнала и си помислила дека и
Марта пораснала и сакала да ја дознае
вистината.
 Марта
секое утро одела на училиште, а
нејзината мајка на работа. Марта не ги
слушала предавањата,замислена седела,а
Борко кој бил талент по ликовно цртал
срце под клупата и во него напишал Борко
и Марта. До Марта седела Емилија и таа на
дланката имала напишано Витез и Ема.
 Така
поминувале деновите и полека,
полека дошла пролетта. Еден пролетен ден
Марта замислена седела покрај
прозорецот и наеднаш се појавила
нејзината мајка и ја прашала зошто била
замислена. Тогаш Марта ја прашала
својата мајка каде бил нејзинот татко и
дали бил жив.
 Мајката
не можела повеќе да ја крие
вистината и решила да и каже на својата
ќерка за нејзиниот татко.Таа почнала да и
кажува дека нејзиниот татко бил жив и
можеби незнаел дека има ќерка.
И
раскажувала како кога биле млади кога
се засакале, и само што сакале да се
земаат неговите родители се
спротивставиле бидејќи мајката на Марта
била од домот без родител и така
завршила нивната љубов.
 Марта
не можела да поверува дека
можеби нејзиниот татко е сеуште жив.
Исто така мајка и на Марта и го кажала
името на нејзиниот татко кој се викал
Мартин Горски и исто така и покажала и
фотографии од него. Марта сеуште не
можела да поверува за својот татко и
чудно се однесувала на училиште. Така
поминувала пролетта, а на Марта и било се
потешко од вистината за нејзиниот татко.
 Еден
ден Марта замислена седела на
клупата во училишниот двор и во еден
момент дошол Борко и и се пофалил на
Марта дека вујко му се вратил од
Швајцарија, а можеби знаел за нејзиниот
татко, но Марта не верувала.
 Откако
завршиле часовите Борко веднаш
заминал на гости кај вујко му да го види и
да го праша за таткото на Марта. Вујко му
Живко не познавал таков човек и Борко не
знаел како да и каже на Марта, бидејќи ќе
ја растажел.Така поминувале деновите,а
Борко не можел да ја гледа Марка тажна и
овојпат решил да му ја раскаже целата
приказна на вујко му од Швајцарија.

Кога вујко му разбрал за што станува збор мислел
дека ќе може да ја најде адресата на Мартин Горски.
Вујко му на Борко успеал да ја најде адресата и
Борко многу се израдувал и веднаш и кажал на
Марта,но таа не била многу заинтересирана, но
решила да му напише писмо. Борко почнал да
чувствува дека Марта излегувала со друго момче, а
тоа му го потврдил и дедо Илија, кој секој ден ја
гледал со Витан кај фонтаната. Освен дедо Илија и
Емилија му кажала на Борко дека им го слушнала
разговорот на Марта и Витан да се најдат кај
фонтаната и му рекла ако не верувал сам да се
увери.
 Борко
кога дознал веднаш заминал да види и
навистина се уверил.Тој имал тајно место под
брезата од каде што ги гледал Марта и
Витан.Марта го заборавила својот татко и за
писмото што го испратила но една вечер се
решила да му напише друго писмо. Како
поминувале деновите Марта не очекувала да
добие одговор од својот татко.Едно утро
додека Марта одела на училиште наеднаш
дотрчал Борко и и кажал дека стигнало писмо
од нејзиниот татко од Швајцарија.
 Марта
не можела да поверува и многу му
била благодарна на Борко што го пронашол
нејзиниот татко.Така одејќи по патот Марта го
прашала Борко дали и се лутел,а исто така му
признала дака го сакала Витан бидејќи
безбедно се чувствувала покрај него.Точно
кога стигнале пред училиштето се слушнало
брчењето на моторот и кога Марта го видела
Витан му рекла на Борко да ја почека дека
заедно ке одат на училиште и се качила со
Витан на моторот.А Борко не се завртил назад
и продолжил по улицата кон училиштето.

Едно попладне Борко решил да го посети дедо
Илија за да му ја каже својата мака но него никаде
го немало.Тој сите ги прашувал за дедо Илија но
никој не знаел.По неколку дена Борко разбрал
дека дедо Илија бил на посета во Азурниот брег во
Шпанија и веднаш заминал да го види.Дедо Илија
го частел Борко за средбата и разговарале за
Марта и Витан,за лажниот Витез.Полека полека се
ближел летниот распуст,а сите млади се собрале
кај фонтаната,а таму била и Марта.Борко и Марта
разговарале за нејзиниот татко од Швајцарија.

Одеднаш се слушнало брчењето на моторот и пристигнал Витан,тој
му текол на Борко да не се плеткал околу Марта но Борко не можел
да ја крие вистината за лажниот Витез и решително признал пред
сите за Витан што ги лажел девојките.Сите се чуделе на храброста на
Борко и тој горд на себе си заминал,а Марта заминала со Витан.Тој ја
излажал дека ќе ја запознаел со својата мајка.Марта доцна ја
сфатила измамата и успеала да избега од станот на Витан.Во исто
време мајката на Марта била многу загрижена и се распрашувала за
својата ќерка каде била.Марта веднаш заминала кај фонтаната да му
прости на Борко но тој не бил таму и Марта налутена се вратила
дома. Таа кога се вратила дома мајка и била многу загрижена и
веднаш ја прашала каде била до сега,а Марта морала да признае
што се случило.Кога мајка и слушнала што се случило не и се
верувало и се покајала што има таква ќерка,и налутена
излегла,Марта избезумена решила де се откаже од се.Таа застанала
пред огледалото и почнала да си ја сече косата,а од фиоката земала
повеќе апчиња и ги испила.
 Кога
видела мајка и многу се исплашина и
веднаш викнала брза помош.Докторите
успеале да ја спасат Марта,а таа тагувала
по Борко што повеќе не ја сакал.По
неколку дена Борко дошол во посета кај
Марта и и подарил нејзин портрет,а таа
била многу задоволна од подарокот што го
добила.По неколку дена Марта добила
писмо од Швајцарија но не и кажала на
својата мајка.

Во писмото пишувало дека нејзиниот татко ке се
врател следниот ден,а Марта била многу среќна
бидејќи истиот ден и таа ќе се врати од
болница.Кога дошол денот Марта да излезе од
болница таа била многу среќна што ги видела
заедно своите родители после толку години.Тие
заедно се вратиле дома,а Марта веднаш му се
јавила на Борко за да му ја соопшти радосната
вест,а Борко бил многу радосен што успеал да и
помогне на Марта за да го најде нејзиниот
татко.Марта била многу среќна покрај своите
родители и посакувала повторно да биде дете.