Интерактивни методи и техники

Download Report

Transcript Интерактивни методи и техники

ООУ „Манчу Матак“ - Кривогаштани
Интерактивни методи и форми
во наставата
Работилница - стручно усовршување на
наставниците
1. Умни мапи
Умните мапи ги осмислил Тони Бузан и тие презентираат идеи,
белешки, информации и слично со помош на разгранат цртеж.
Како да се изработи умна мапа?
- на средината од листот се пишува краток наслов на актуелната тема или
содржина која се обработува;
- за секој поднаслов или тематска подгрупа се црта нова гранка која произлегува
од средишната тема и напишете што претставува;
- од секоја гранка можете да нацртате онолку нови гранки колку што сметате дека
се потребни за поимот кој се разработува;
- цртајте и запишувајте брзо – без запирање, размислување и преправање бидејќи
тоа се линеарни активности кои пречат во креирањето умни мапи;
-за секоја гранка можеме да одбереме некој симбол и да го обоиме во поинаква
боја.
- текстот можеме да го истакнеме со различна големина на моливот и со бојата на
буквите.
- oсвен наслови може да пишуваме и белешки;
- оставете доволно простор за дополнително додавање на нови елементи.
Релациите меѓу поединечните елементи на дијаграмот можеме да ги означиме со
различни видови црти и стрелки.
Со умите мапи може да се претстават разновидни теми по сопствен избор на
наставникот или ученикот, можете да ја користите како вовед, главен дел (наместо
план на часот) или како завршен дел – евалуација на наученото.
Добар начин за подготовка за писмена работа или вежба по македонски јазик или
странските јазици за пишување на есеј или обработка на дело.
2. Четири ЗОШТО
Оваа креативна техника е создадена од Чик Томсон
Учениците треба да се прашуваат зошто се случило нешто,
некој проблем, а потоа да се постави прашање кое
започнува со „Зошто“ уште четири пати
Пример: Зошто треба да јадеме здрава храна?
– За да бидеме здрави.
1. Зошто треба да бидеме здрави? – Да не одиме на лекар.
2. Зошто да не одиме на лекар?
3. Зошто да не ни даваат инjекции?
4. Зошто не боли?
– За да не ни даваат инjекции.
– Затоа што не боли
– Затоа што имаат игла.
3. Шест универзални прашања
Проблемот кој сакаме да го решиме, можеме да го разјасниме ако
одговориме на секое од шесте прашања:
ШТО? КАДЕ? КОГА? КАКО? ЗОШТО? КОЈ?
ПРИМЕР: проблемот на загадување на водата
Кога се загадува
водата
Каде се загадува
водата
Загадување на
водата
Зошто се загадува
водата
Како се загадува
водата
Кој ја загадува
водата
Со што се загадува
најмногу
Прашања
Како да поставуваме прашања:
-
Објасни!
На кој друг начин можеш да...?
Што би се случило ако/доколку...?
Спореди – што е подобро, поубаво...!
Што уште те потсетува на тоа?
По што е слично, а по што е различно од...?
На што те потсетува...?
4. Случајни поими
Случајните поими можат да бидат зборови или слики, но мора да бидат
именки. Можат да се добијат со извлекување на запишани зборови или
слики со случаен избор на зборови во речник весник или сл. Важно е да
се користи првиот збор кој ќе се добие. Штом зборот еднаш е избран, ги
запишуваме неговите својства или на што се не асоцира. Тогаш ја
разгледуваме секоја реченица од пописот и размислуваме каква врска
тоа има со нашиот проблем.
Како тоа делува?
Со оглед на тоа дека мозокот е само организирачки систем и многу е
добар во создавањето врски, скоро секој случајно избран збор ќе
стимулира идеи за темата која се обработува. На тој начин создаваме
претпоставки за појавување на необични идеи кои може да ни послужат
како креативни решенија за нашиот проблем,
Случајни поими - пример
Случајните поими можеме да ги добиеме на некој од следниве
начини:
- Во вреќичка се ставаат што повеќе ливчиња со напишани зборови.
Децата влечат едно од тие ливчиња;
- Речник, весник, книга или слично се отвораат на случајна страница и со
затворени очи со повлекување на прстот по страницата се одбира еден
збор.
- Се пишува попис од 60 зборови. Се гледа на часовникот и се забележува
бројот на секунди во тој момент. Тој број се користи за избор на збор.
Важно е да се користи првиот збор кој ќе се добие.
Штом еднаш се избира зборот, истиот се запишува, се пишуваат неговите
својства или на што се ве асоцира.
Тогаш се разгледува секој дел од пописот и се размислува каква врска тоа
има со вашиот проблем.
5. Техника на провокации
Со оваа техника треба да смислиме некоја навистина необична изјава –
провокација за која знаеме дека во денешнава ситуација и време не е
точна. Изјавата мора да биде толку необична да предизвикува шок и да не
исфрли од невообичаениот начин на мислење. Со прифаќањето на
провокативната изјава нашето здраво разумско расудување привремено
се прекинува и се создаваат предуслови за осмислување на нови идеи;
- поттикнува жестоки расправии и активирање на фантазијата кај
учениците, идеите и аргументите учениците ќе продолжат да ги даваат и
по наставата и по неколку денови.
- примери на провокации: „Училиштето ќе биде без наставници“, „Не
можеме повеќе да користиме електрична енергија“, „Дождот ќе врне без
престан“, „Денес ни пристигаат вонземјани“, „Можеме без автомобил“, „Од
денес јадеме само слатки“, „Што би се случило доколку во следните 50
години постојано би врнело дожд или снег?“ итн.
„Куќите не треба да имаат покриви“
• Кои се последиците од таквата изјава?
• Кои предности ги согледувате?
• Во кои посебни услови тоа би можело да биде
добро решение?
• Врз кои принципи би се темелела таа изјава?
• Како би функционирала сега, денес?
• Кои промени би се случиле кога таа изјава би
била точна?
Техника на провокации - пример
Наставникот им вели на учениците:
„Куќите не треба да имаат покриви“
Нормално тоа не би било добра идеја. И покрај тоа ова тврдење ги
наведува учениците да замислат куќи со отворен покрив, со стаклен
покрив од кој ќе се гледаат ѕвездите лежејќи в кревет. Откако еднаш ќе се
каже провокативната идеја се користат следниве прашања за да се
истражат сите нејзини аспекти:
Кои се последиците од таквата изјава? (За брзо време нема да постојат
куќи бидејќи ќе бидат уништени од времето...)
Кои предности ги согледувате? (Можеме да ги гледаме ѕвездите лежејќи,
да не ни е никогаш жешко...)
Во кои посебни услови тоа би можело да биде добро решение? (Кога би се
измислил невидлив покрив....)
Врз кои принципи би се темелела таа изјава? (Во иднината науката толку
ќе напредне што нема и да живееме во куќи...)
Како би функционирала сега, денес? (Само доколку ставиме стакло
наместо покрив...)
Кои промени би се случиле кога таа изјава би била точна? (Сите ќе имаат
проблеми со куќите, мајсторите ќе имаат постојано работа...)
6. Шест шешири
Ја осмислилл Едвард де Боно и претставува едноставна и ефикасна постапка која
поттикнува соработка, ја зголемува продуктивноста, креативноста и
иновативноста.
Бел шешир: го интересираат информациите кои ги имаме или ни
недостигаат;
Црвен шешир: поврзан е со интуицијата и чувствата и тој дозволува
да се искажат;
Црн шешир: не предупредува на ризикот и можните недостатоци на
нашите одлуки;
Жолт шешир: со кој се пронаоѓа се она што е позитивно во
решението кое го предлагаме;
Зелен шешир: е креативен шешир, наменет за планирање и
создавање на нови идеи;
Син шешир: наменет за разгледување на самиот процес на
мислење. Служи за утврдување на проблемот, планирање на
расправата, разгледување на направеното на крајот од активноста.
Начин на користење
1. Одберете проблем.
2. Одберете еден шешир, на пр. белиот и кажете се што знаете за тој
проблем. Потоа одберете друг шешир, на пр. црвен и кажете кои чувства и
интуитивни мисли ви се јавуваат со оглед на поставениот проблем.
3. Продолжете со промена на шеширите се додека не ги искористите сите
шешири.
4. Редоследот на шеширите може да биде произволен, а може да го
зададе и водачот или можат да го договорат самите учесници.
Пример на теми: разговор за селската бара (река, чешма) во иднина,
осмислување на автомобил на иднината (не троши бензин, проѕирен,
може да лета, може да оди низ вода и по вода, го менува обликот, мирисен
автомобил, може да избегне судир, разговара со патниците, не се
расипува, а ако случајно се расипе, постои резервен автомобил), торба на
иднината, осмислување на спортска сала во местото на живеење
Учениците се делат во групи од по тројца (најоптимално). Сите добиваат иста тема
за размислување (темите можат да бидат тесно поврзани со предметот, животни,
семејни и слично). Секој група добива еден шешир со објаснување кој вид однос
кон темата го симболизира.
Пример: тема – „Мачка“
Бел шешир — неутрален, го
интересираат само фактите, како да е
машина, ништо не чувствува. Се
концентрира на податоците, фактите и
информациите со кои располага.
Заборава на предлозите, аргументите и
сугестиите и да се концентрира само на
тоа кои информации се потребни и
расположиви на на кој начин може да се
дојде до нив.
Мачките се животни кои
имаат четири нозе,
имаат крзно и мустаќи,
јадат глувци.
Црвен шешир — силни емоции,
чувствителен,
бес/омраза/љубов/симпатија, не
чувствува потреба за да се оправда. Се
концентрира на своите чувства и
претчуства, кога размислува за
проблемот и ги искажува без многу
размислување.
Мачките се валкани и
себични животни кои
во семејството се
однесуваат како
диктатори.
Мачките се слатки и
мили крзнени топчиња,
топли и чудесни животни.
Црн шешир — внимателен, ги
разгледува негативните страни,
критичар, мрзоволен. Се
концентрира на ризиците и
негативните последици, поклоник
е на внимателноста и го истакнува
сето она што не може да се реши.
Мачките може да
пренесат болести,
децата треба да ги
избегнуваат, можат да
предизвикаат
алергија, треба добро
да се размисли пред
да се земе мачка за
домашно милениче.
Жолт шешир — позитивен карактер,
оптимист, полн со надеж, ги
разгледува позитивните страни,
конструктивен карактер, го гледа
само најдоброто. Оптимист кој
размислува за најдобрите можни
(реални) резултати и како противтежа
на Црниот шешир се приклонува на
позитивната страна од решавањето
на проблемот или можностите. Не е
интуитивен како Црвениот шешир
туку својот оптимизам го засновува на
Мачките се
навистина корисни
животни во куќата
поради тоа што
фаќаат глувци, тие
се независни и
лесни за
одржување.
логична основа.
Зелен шешир — креативност, нови
идеи, нов начин на согледување на
работите, ги олеснува промените.
Размислува креативно, за можниот
напредок, за идеите кои можат да
произлезат една од друга, го
поставува прашањето: „Дали ова
може да се објасни/ направи/
разбере на некој друг начин?“
Мислам дека би
било добро да
основаме друштво
за чување и нега на
мачки.
Син шешир – ги обединува
карактерите на сите други, укажува
на недостатоците, на она што е
одвишно, на она што е корисно со
цел да се изведат заклучоци.
Размислува надвор од
темата/проблемот, набљудува од
страна. Тоа е личност која го
разгледува процесот на мислење и
ја контролира работата на групата.
Некој ги сака
мачките, а некој ги
мрази. Не постои
логично
објаснување, се
зависи од
чувствата и
личните склоности.
7. Бура на идеи
Основната смисла на оваа техника е создавање на идеи во групна
ситуација заснована врз принципот на изоставено расудување.
Поимот е воведен од страна на Алекс Озборн кој го опишал во својата
книга „Применета имагинација“
Бурата на идеи е процес кој најдобро се спроведува во група луѓе
тргнувајќи од следниве 4 правила:
1. Треба јасно и разбирливо да се постави проблемот
2. Некој треба да се задолжи да ги запишува сите идеи по оној редослед
како се кажуваат;
3. Потребен е одреден број луѓе во групата и
4. Некој треба да се задолжи да помогне при остварувањето на следниве
упатства:
- да се спречи позајмувањето идеи;
- секој идеја да се прифаќа и бележи;
- да се охрабрат луѓето да ги надоградуваат идеите од другите;
-да се охрабруваат чудните и необични идеи.
Видови: мозгање на табла, разгранување на мислите, мозгање во група,
пишување на табла (сите пишуваат во исто време).
8. „Коцка“
Ова е метода која овозможува обработка на некоја тема од различни перспективи,
при што учениците се служат со коцка на чии страни се напишани наредби за
размислување и пишување.
Еве ги упатствата на шесте страни:
- ОПИШИ – треба да се опише она што се гледа (како изгледа нештото, боја,
големина, облик
- СПОРЕДИ – За што служи? Од што се разликува?
- ПОВРЗИ – На што ве потсетува? Што ви паѓа на ум?
- АНАЛИЗИРАЈ – Кажете како се произведува, (може и да се измисли)
- ПРИМЕНИ – Како може да се примени?
-ЗА/ПРОТИВ – Заземи став.
ПРИМЕР:
ОПИШИ како изгледа семафорот, од што е направен
СПОРЕДИ, за што служи семафорот, по што се разликува од сообр. знаци
ПОВРЗИ, на што те потсетува, што ти паѓа на ум кога ќе го видиш
АНАЛИЗИРАЈ, како е направен, како е поставен на улицата
ПРИМЕНИ, каде се може да се користи, за што уште
ЗА/ПРОТИВ, дали треба да го има или не, каде треба да го има а каде не
„Коцка“ - образец
СПОРЕДИ
ОПИШИ
АНАЛИЗИРАЈ
ПОВРЗИ
ПРИМЕНИ
ЗА/ПРОТИВ
9. Графички организатори
Венов дијаграм
Оваа метода се состои од два или повеќе круга кои се преклопуваат со
простор во средината.
Може да служи за спротивставување на идеи или да се покаже како
истите се преклопуваат.
МАМА ___________
БАБА ___________
ДЕДО___________
ТЕТА ___________
ВУЈЧЕ __________
ВУЈНА___________
________________
ЈАС
___________
ДАДА
_________
БАТО
__________
ТАТО ____________
БАБА ___________
ДЕДО___________
ТЕТА ___________
ЧИЧО __________
СТРИНА ___________
________________
________________
Графички организатори
1.
2.
3.
4.
5.
6.
Четири агли
Континуитет
Ѕвезда на приказната
Карактеристики на личноста
Временска лента
Табела за набљудување
Тема: _______________________
Изглед
Звук
Допир
Мирис
Вкус
10. Млади писатели
На ученикот му се дава една слика и една до две реченици
кои не завршуваат.
Сликата може да е наменски нацртана, според дадена
тема или да е одбрана и исечена од некое списание, па
потоа додадена реченица по која учениците ќе смислат
приказна.
Барањата за должина и синтаксичка осмисленост на
приказната ќе зависи од возраста на учениците.
Во зависност од темата која ја обработуваме, нудиме слики
за група деца или за секое дете посебно.
Еден ден со нашата
наставничка појдовме во
посета на градот...
____________________________________________________________________
____________________________________________________________________
____________________________________________________________________
____________________________________________________________________
____________________________________________________________________
____________________________________________________________________
____________________________________________________________________
11. Грозд
Оваа метода го поттикнува ученикот слободно да размислува за некоја
тема. Гроздот претставува нелинеарна метода на асоцирање која би
требало да се работи во мали групи. Оваа метода го поттикнува
размислувањето кон подетална обработка на темата а може да послужи и
како начин на повторување на обработената тема, а и како начин за
создавање нови врски.
Чекори за создавање гроздови:
а. Да се напише клучен збор или фраза во средината на листот
(може да е и скратен наслов на наставната единица или тема).
б. Се запишуваат зборови или фрази кои ни паѓаат на памет во
врска со таа тема
в. Додека се присетуваат на поимите и ги запишуваат, учениците
нека почнат да ги поврзуваат поимите за кои сметаат дека можат да
се споредуваат
г. Треба да се запишат што повеќе поими или додека не истече
времето кое е однапред зададено или не престанат идеите.
Правила за создавање на гроздови:
- да се запишува се што ќе им падне на ум на
учениците, не размислувајќи за точноста, важно е
само се да се запише
- не треба да се гижиме за правописот, лошиот
ракопис или други слични ограничувања
- не се престанува со пишување се додека не
помине времето или не се исцрпат сите идеи. Ако
престанат идеите во еден период, може да се
„шарка“ по хартијата додека повторно не се јават
- треба да има што повеќе врски меѓу поимите во
гроздот
- темата треба да е интересна на сите ученици.
12. ПЕТТОРЕД
Со оваа метода се развива способноста синтетизирање на информаци,
чувства и вредности во неколку збора. Оваа метода поттикнува разговор
за тоа што го напишале, а што овозножува уште подлабока рефлексија и
критичка анализа на дадената тема.
Оваа метода ќе ја претставиме на темата семејство:
1. првиот ред од петторедот е опис на темата со еден збор
(обично тоа треба да е именка)
2. вториот ред е опис на темата со два зобра (најчесто тоа се
придавки)
3. третиот ред содржи три збора кои ја опишуваат активноста
(најчесто тоа се глаголски именки)
4. четвртиот ред е фраза од четири збора кои ги изразуваат
чувствата во врска со темата
5. петтиот ред е синоним (еден збор кој повторно ја изразува
суштината на темата)
Пример за петторед: Семејство
СЕМЕЈСТВО
САКАНИ
СЛАВЕЊЕ
ИМАМ
МИЛИ
ГРИЖА
ПРАВО
УЧЕЊЕ
НА
РОДНИНИ
СЕМЕЈСТВО
13. ЗСУ – Табела
Оваа табела се користи при обработката на нова наставна единица
при што учениците во дадените колони запишуваат што знаат за
дадената тема, што сакаат да знаат и што ново научиле или учат за
тоа. За пример ќе ја земеме темата почва:
ЗНАМ
Почва е горниот
површински...
Постојат неколку
вида почва....
Во почвата има
воздух...
САКАМ ДА ЗНАМ
НАУЧИВ/УЧАМ
Дали и каква
почва има на
Месечината и на
другите планети...
Како треба да се
обработи почвата
за да биде
плодна...
14. Игри, сложувалки, загатки
- Утринска порака (во форма на круг): чувства, настани,
задачи.
- Гатанки: готови или новосоздадени; мотивација или
вовед во проблемот.
- Загатки: поттикнувачки, вовед во проблемот, проект,
- Танграм, сложувалка на дадена тема, откривање на
одговорот, ребуси, крстозбори,
- Игри поврзани со она што се учи (пантомима, продолжи
со последната буква, играње улоги, драматизации,
правење на ТВ реклама)
- ТВ квиз (Милионер, Се во 7, Најслаба алка..., Бројки и
букви)
Загатки
Две кофи
Еден ден мудриот старец требаше да направи точна мешавина на чај од
гинко и кантарион. За вистинската мерка на старецот му беше потребно
точно 1 литар чиста изворска вода. Ги замоли Бобо и Кико да му донесат
точно 1 литар вода од изворот. Им даде две кофи: една од 10 литри и
една од 7 литри.
-Како мислиш да измериме 1 литар со валкави кофи? – праша Кико
зачудено.
- Сакате да ви објаснам? – праша старецот.
- Не, ќе се снајдеме. – одговори гордо Бобо.
Момчињата отидоа до изворот и Кико го праша својот другар:
-Како ќе го изведеме ова?
- Искрено, немам поим, но го знаеш ти мудриот старец, никогаш не би не
пратил во невозможна задача. – одговорил Бобо.
И навистина, набргу момчињата му донесоа на старецот точно 1 литар
чиста изворска вода. Чајот беше одличен, а тие горди на својата
досетливост.
Како успеале момчињата да ја извршат задачата?
Игри
- Игри со оригинални одговори - „Што се е црвено?“
- Игри со зборови – поврзување, разместување...
- Измислување продолжение на приказната или
поинаков крај
- Пронаоѓање на врски - „Што е заедничко за
мравката и локомотивата?“
- Различна употреба - „За што се може да послужи
моливот?... циглата, спајалицата, книгата,
весникот...“
- Довршување на едноставни цртежи на што
поинтересен начин
- Смислување и додавање на различни движења
15. Интервју
- Оптимист - песимист
- Прес конференција
- Славна личност
16. Метакогниција
Објаснување на ученикот
Прашања од наставникот
-Не сум сигурен/а во своето
знаење
- Свесен.на сум за грешките.
- Брзоплет/а сум и
неконцентриран/а.
- Како може да станеш сигурен?
- Недоволно учев.
- Јас заслужив за тројка.
- Можам повеќе.
- Не заслужувам повеќе.
- Не ја разбирам лекцијата.
- Како да ги поправиме?
- Постои ли начин да се надмине
несигурноста и проблемот со
концентрацијата?
- Колку време ти е потребно за учење,
за да резултатите бидат подобри?
- Дали оценката е согласно твоите
можности?
- Кога ќе ми го покажеш тоа?
- Што заслужуваш?
- Што ти е потребно за да го
разбереш?
Метакогниција
1. Дневник со двојни белешки. Во левата колона се запишува кратко
резиме на она што се читало/учело, а во десната се запишува мислењето
за тоа што се читало/учело.
Кратка содржина
Мислење
Во расказот се зборува за
последиците кои се трпат поради
војната. Многу луѓе ги изгубиле
животите, а децата останале
сирачиња....
Не ми се допаѓа војната.
Не сакам тажни раскази.
Раскзаот е многу долг, има многу
непознати зборови...
2. Белешки за процесот на учење. Секој ученик има посебна тетратка во
која запишува како учи секојдневно, што нанучил полесно, а што потешко,
зошто е тоа така, кој му/и помага во учењето, како, зошто не може нешто да
научи и слично.
17. Домашни задачи
- Насочено користење на интернетот
- Проектите како домашна задача
- Систематизирање на наставната содржна
како домашна задача
-
Ви благодарам за вниманието!
Презентацијата ја изработи Убавка Бутлеска, педагог во ООУ „Манчу Матак“ – Кривогаштани, а е
наменета за професионално усовршување на наставниците во училиштето.
Декември, 2008 година, Кривогаштани
Дополнето и корегирано, ноември, 2012 година