Општествени односи - односи со родителите

Download Report

Transcript Општествени односи - односи со родителите

Развојна психологија 1
-предавање
11-Доц. д-р Ана Фрицханд-10.12.2013-
Адолесценција – што е и кога се јавува

Во последната декада на дваесеттиот век во развојната
психологија се појавува значителен интерес за проучување
на адолесценцијата;

Ваквиот интерес се објаснува од повеќе аспекти, меѓу кои
се драматичните промени поврзани со контекстот, потоа
подобрената можност за испитување на биосоцијалните
модели на развојот, како и со давање предност за
финансирање на истражувања што имаат примена во
решавање социјални проблеми поврзани со
адолесцентите.
11/13/12
2
Адолесценција – што е и кога се јавува



Возраста на која се протега адолесцентниот период варира во
зависност од историските и културните услови;
Во индустриските земји таа започнува во периодот меѓу 10 и
13 години, а завршува околу 18 до 20 години;
Целиот овој период е поделен на три потпериоди:

рана адолесценција (од 10 до 14 години),

средна адолесценција (од 15 до 19 години) и

доцна адолесценција (од 20 до 24 години, со што станува
и составен дел од преминот кон рана зрелост – прва
потфаза која трае од 18 до 25 години, но не и над таа
возраст).
11/13/12
3
Адолесценција – што е и кога се јавува




Во однос на исполнувањето на развојните задачи секој од
овие потпериоди има свои специфики;
Раната адолесценција е главно насочена кон стекнување
биолошка зрелост и во овој период се завршуваат
пубертетските промени;
Во средната адолесценција се постигнуваат интелектуалната,
емоционалната и социјалната зрелост;
Во доцната адолесценција или младоста се очекува сите
други развојни задачи да бидат завршени или да се
привршуваат.
11/13/12
4
Адолесценција – што е и кога се јавува



Во адолесценцијата се јавуваат промени во сите развојни
домени;
Се менува влијанието на некои од агенсите на социјализација
(на пр. во детството родителите имаат поголемо и посилно
влијание врз развојот, за разлика од адолесценцијата кога
позначајни стануваат врсниците);
Промени се јавуваат и во контекстот во кој адолесцентите се
развиваат (на пр. стекнуваат нови пријатели, заминуваат во
поинакво и поголемо училиште, добиваат нови работни
задачи, воспоставуваат нов квалитет во односите со
врсниците, влегуваат во романтични врски итн.).
11/13/12
5
Адолесценција – што е и кога се јавува



Во адолесценцијата се менуваат и способноста за решавање
проблеми, за заземање туѓо гледиште, за разбирање на себе
си и слично;
Уште една карактеристика на периодот на адолесценција е
брзината со која се случуваат промените, како и природата на
тие промени;
Според најновите истражувања од доменот на еволуционата
психологија, како и од когнитивната развојна невронаука,
постојат докази дека во периодот на адолесценција се
одвиваат интензивни промени во мозокот кои подразбираат
раскинување на старите и создавање на нови синаптички
врски (процес наречен синаптогенеза), што се манифестира
во однесувањето на адолесцентите.
11/13/12
6
Адолесценција – што е и кога се јавува




Ваквите промени значително влијаат врз нивниот морален
развој;
Како последица од созревањето на предфронталниот
кортекс, во периодот на адолесценција донесувањето
одлуки главно се одвива во сеуште несозреаниот систем
на амигдалата, кој се фокусира на моменталната
ситуација;
Оттука, доколку сите постапуваат на одреден начин во
дадената ситуација најверојатно и адолесцентот ќе се
однесува исто;
За разлика од адолесценцијата, во возрасниот период
предфронталниот кортекс дејствува со иста брзина како и
системот на амигдалата, што им овозможува на возрасните
многу повеќе да ги обмислуваат моралните одлуки.
11/13/12
7
Адолесценција – развојни задачи




Стекнување физичка зрелост, приспособување и
прифаќање на анатомските и физиолошките
промени;
Достигнување интелектуална компетентност на
ниво на формално-логичко мислење;
Засновување на моралното расудување врз
општествените договории врз демократските
принципи, но и врз универзалните етички
приниципи;
Воспоставување личен идентитет преку
интеграција на различните аспекти од сликата за
себе;
11/13/12
8
Адолесценција – развојни задачи






Создавање емоционална независност од
родителите и другите возрасни;
Воспоставување нови, поинтимни, односи со
врсниците од двата пола;
Градење и одржување хетеросексуални врски;
Определување на професијата и подготовка за неа;
Стекнување економска независност;
Подготовка за брак и за семејни обврски.
11/13/12
9
Адолесценција – когнитивен развој и
егоцентризам



Во адолесценцијата когнитивните процеси се на
повисоко ниво отколку во детството, врз што влијае
и поголемото искуство;
Адолесцентите мислат за алтернативните
можности, кои не се дадени непосредно и сетилно,
размислуваат преку хипотези, насочени се кон
иднината, а за нив е карактеристично и
метакогнитивното мислење;
Во текот на мисловниот процес ги преиспитуваат
општествените вредности, правила и норми.
11/13/12
10
Адолесценција – когнитивен развој и
егоцентризам



Основниот дострел во овој период е развој на
апстрактно-логичко мислење што подразбира
способност за користење на пробабилистичко,
комбинаторно, експериметнално, формално-поимно
и хипотетско дедуктивно мислење;
Кон крајот на адолесценцијата повеќето поединци
веќе ја користат дедуктивната логика на
заклучување и апстракното мислење;
Некои автори посочуваат дека на оваа возраст се
јавува нова врска меѓу мислењето и говорот што
води кон нови сознајни способности.
11/13/12
11
Адолесценција – когнитивен развој и
егоцентризам

Егоцентризмот во адолесценцијата има три
карактеристики:



Неможност да разликува привремени од подлабоки
случувања (пр. мисли дека неважни лични случувања ги
запомниле и другите);
Не прави разлика меѓу субјективно и објективно (пр.
смета дека и другите се исто толку заинтересирани за
него колку и тој самиот);
Неможност да разликува универзално од посебно (пр.
мисли дека радостите и маките од неговата шрва љубов
се само негова посебност).
11/13/12
12
Пубертет и адолесценција






Пубертетот е почеток на адолесценцијата, во кој се јавува
процес на биолошко созревање преку физички и
физиолошки промени;
Започнува со појава на секундарните секусуални
карактеристики, а завршува кога младиот станува
способен да прокреира;
Трае околу две години и порано почнува кај девојчињата;
Проследен е со бурни телесни и психички промени;
Во овој период групата врсници најчесто е од истиот пол;
Основна задача му е да дојде до приспособување на
физичките и физиолошките промени.
11/13/12
13
Пубертет и адолесценција




Пубертетот започнува со сигнал од хипоталамусот
што ја активира хипофизата;
Таа го зголемува лачењето на хормоните за растење
и хормоните за производство на два гонадотропни
хормона;
Кај девојчињата тие два хормона ги стимулираат
јајчниците да произведуваат естроген и
прогестерон;
Кај момчињата ги стимулираат тестисите и
надбубрежните жлезди да лачат тестостерон.
11/13/12
14
Физиолошки и телесни промени во
адолесценцијата





Денес адолесцентите ја достигнуваат висината и
тежината на возрасните меѓу 15 и 17 годишна возраст;
Менархата денес се јавува меѓу 12 и 16 години, а во
просек околу 12 години и 6 месеци (некогаш дури и
околу 9 годишна возраст),
Првите знаци за телесните промени се долги нозе и
големи стапала;
Најпрво растат дланките и стапалата, потоа рацете и
нозете, по нив и другите делови од телото;
Редоследот на јавување на пубертетските промени може
да варира од едно до друго лице, а растојанието меѓу
оние кај кои најрано се јавува и оние кај кои најдоцна се
јавува е период околу 6-7 години.
11/13/12
15
Физиолошки и телесни промени во
адолесценцијата



Овие разлики се понагласени кај момчињата;
Во пубертетот има значајни промени во три домени:
 Висина, тежина, телесни пропорции и телесен
состав;
 Забрзан развој на органите за крвоток и дишење;
 Развој на примарните и секундарните полови
карактеристики.
Во адолесценцијата разликите меѓу машките и
женските во изгледот и во функционирањето се
најнагласени во однос на сите други развојни
периоди.
11/13/12
16
Ефекти од пораното и подоцното
созревање




Кај момчињата раното созревање придонесува за
поголема врамнотеженост, олабавеност и веселост,
поголема омиленост, отколку кај оние со задоцнет
пубертет;
Испитувањата покажуваат дека момчињата со поран
развој водат поконзервативен и поконформистичен
стил на живеење;
Кај нив е почест идентитетот кој е конформистички
предодреден;
Момчињата со задоцнет пубертет се посклони кон
чувства на некомпетентност, отфрленост и
доминираност од другите, поголема несигурност,
агресивност, повеќе се бунтуваат против родителите и
имаат неповолно мислење за себе.
11/13/12
17
Ефекти од пораното и подоцното
созревање




Кај девојчињата со рано созревање има
поголема срамежливост, затвореност и помала
врамнотеженост;
Се чувствуваат поженствени поради телесните
промени, но поради недоволната
информираност за истите, имаат негативен
однос кон таа рано пробудена женственост;
Адолесцентите се преокупирани со својот
телесен изглед повеќе отколку со што било
друго;
Најголем дел од нив не се задоволни со својот
изглед.
11/13/12
18
Општествени односи - односи со
родителите



Во адолесценцијата се одвива процес на индивидуација;
Адолесцентот се ослободува од зависноста од родителите,
но врската со нив останува;
Овој процес се одвива низ неколку фази:

Најнапред има нагласена диференцијација од
родителите, што се гледа низ критичкиот став кон нив,
одбивање на сè што произлегува од нив и доживување на
себе си на начин различен од нив;

Потоа следува фазата на вежбање на независноста од
родителите, кога адолесцентот ги одбива нивните
предупредувања и мисли дека сè може сам да испроба.
11/13/12
19
Општествени односи - односи со
родителите



Следната фаза е повторно зближување со родителите, но
сега како самостојна личност, при што се воспоставува
соработка и нема апсолутна послушност како порано;
На крајот од овој процес се воспоставува независност,
чувство на сопствен идентитет т.е. индивидуалност.
Во текот на адолесценцијата родителите може да
поставуваат високи стандарди давајќи т.н. условувана
поддршка која адолесцентите не ја доживуваат како
вистинска, поради што се принудени да манифестираат
однесувања во склад со барањата на родителите.
11/13/12
20
Општествени односи - односи со
родителите





Ваквите притисоци се среќаваат кај родители кои немаат
емпатија, користат закани и казни како и неприспособено
задоволување на детските потреби;
Кога адолесцентите немаат поддршка од родителите и
врсниците развиваат нарушувања како што е доживувањето
на лична неприспособеност и депресија;
Адолесцентите кои манифестираат агресивно и насилничко
однесување најчесто потекнуваат од семејства каде
отсуствува поддршка и заштита;
Тие се отфрлени и понижени и од страна на врсниците;
Овие поединци имаат ниско ниво на надеж, пониско
себевреднување и пониско себеприфаќање.
11/13/12
21
Општествени односи - односи со
родителите




Во периодот на адолесценција, однесувањето на родителите
се преиспитува и критикува, а нивната дотогашна слика на
идоли се деидеализира, па дури и обезвреднува;
Во овој период се јавува изразен отпор кон крутиот авторитет
и чести конфликти и спротивставени мислења;
Сепак, она со што адолесцентите најмногу се разликуваат од
своите родители е начинот на облекување, видот на музика
што го претпочитаат итн.;
Во односот родител–адолесцент, всушност се работи за
двонасочна социјализација - родителите влијаат врз
адолесцентите и обратно.
11/13/12
22
Општествени односи - односи со
родителите



Во односот меѓу родителите и адолесцентот важно е да
се истакне дека тој не се бунтува против нив, туку
против попречувањето на слободата, против присилата,
наметнувањето начин на однесување за кој родителите
мислат дека е добар;
Хипотетско-дедуктивното мислење придонесува
адолесцентите да имаат поинакви погледи и мислења
од родителите и истите да ги аргументираат, што
неизбежно води кон расправа;
Доколку родителите се свесни дека ваквите
противречности се минливи, можат да ги избегнат
конфликтите.
11/13/12
23
Општествени односи - односи со
родителите

Пroblemite vo komunikacijata na roditelite i
drugite vozrasni so adolescentite e zaradi:
 kritika na site avtoriteti, a ova e zatoa шto
nikoj od niv ne e nitu oddaleku kako zamislen
ideal;
 potreba od argumentacija, za se шto
sekojdnevno se slu~uva i za шto se razgovara,
a toa vodi do raspravii;
 preterana preokupiranost so sebe kako
centar na vnimanie i postoewe na zamislena
publika t.e. adolescentot misli deka toj e
fokusot na vnimanieto na drugite;
11/13/12
24
Општествени односи - односи со
родителите



egocentrizam t.e. ubedenost vo svojata
posebnost, isklu~itelnost i nepodlo`nost na
prirodnite zakoni koi va`at za drugite, no ne i
za nego;
neodlu~nost duri i za najobi~ni slu~uvawa,
tokmu zaradi toa шto e svesen za mnogute
izbori koi postojat;
otvorena hipokrizija t.e. ne razlikuva meѓu
izrazuvawe i ostvaruvawe na idealot, dovolno
mu e da gi izrazi vrvnite vrednosti, no ne i da gi
praktikuva
11/13/12
25
Општествени односи - односи со
родителите

Na roditelite im se prepora~uva:





da primenuvaat aktivno sluшawe koga adolescentot im
se obraќa, a toa zna~i da go sluшaat vnimatelno i da se
obidat da gi razberat negovite poraki i potrebi;
razbiraweto ne zna~i i odobruvawe, no ne i ni
osuduvawe;
da izbegnuvaat omalova`uvawe i potsmevnuvawe;
da bidat otvoreni za razgleduvawe na sekakvi praшawa
preku diskusija i debatirawe so davawe argumenti;
da pomagaat adolescentot da ja gradi samodoverbata
so istaknuvawe na dobrite osobini i sposobnosti;
11/13/12
26
Општествени односи - односи со
родителите



da go vklu~uvat adolescentot vo
razgleduvawe i vo razreшuvawe na semejnite
problemi;
da razberat deka adolescentite se vo faza na
razvojot koga imaat potreba da gi preispituvaat
nivnite mislewa i na~ini na reagirawe zaradi
toa шto se stremat kon afirmacija na svojot
identitet i kon samostojnost;
da bidat pristojni i so dobro odnesuvawe kon
svoite deca tolku kolku шto se kon licata
nadvor od semejstvoto.
11/13/12
27
Општествени односи - односи со
родителите

Na adolescentite im se prepora~uva:




da ne gi gledaat roditelite kako neprijateli iako
mo`ebi tie imaat meѓusebni nedorazbirawa;
da sfatat deka roditelite imaat svoi
nesigurnosti, potrebi i dvoumewa;
da se stavat na to~kata na mislewe i
~uvstvuvawe na roditelite za da gi razberat;
da spodeluvaat otvoreno шto do`ivuvaat za da
mo`at nivnite roditeli da gi razberat;
11/13/12
28
Општествени односи - односи со
родителите



da gi izvrшuvaat svoite semejni i u~iliшni
obvrski;
koga upatuvaat kritiki kon semejstvoto,
u~iliшteto ili kon opшtestveniot sistem, da se
naso~at kon podobruvawe na odnosite i
sostojbite;
da bidat pristojni i so dobro odnesuvawe kon
svoite roditeli isto tolku kolku шto se kon
nastavnicite i kon drugite vozrasni nadvor od
semejstvoto.
11/13/12
29
Општествени односи - односи со
врсниците




Односите со врсниците во овој период имаат
нагласено место;
Врсниците го имаат најсилното влијание токму
во периодот на адолесценција, што е видливо
низ времето кое адолесцентот го минува во
разговори со своите пријатели – врсници;
Пријателствата стануваат трајни, стабилни и
блиски и не се хиерархиски поставени;
Нивните основни состојки се интимноста,
лојалноста и верноста.
11/13/12
30
Општествени односи - односи со
врсниците
Овие компоненти се замена за празнината што
се создава поради одвојувањето од
родителите;
 Тие се воедно и најинтимните и најсилните од
кога и да било во другите возрасни периоди;
 Во овој период е најистакната и сличноста
меѓу пријателите;
 Можноста да се создаваат длабоки
пријателски врски се засновува врз
когнитивниот развој;

Тоа овозможува да се споделат и изразат
11/13/12
31
порасчленети мислења и доживувања.

Општествени односи - односи со
врсниците
Групата врсници е средство за преминување
кон независноста;
 Тие си обезбедуваат меѓусебна поддршка и
разбирање;
 Конформираноста со врсниците се зголемува
на возраст околу 13–14 година, а потоа се
намалува;
 Идентификацијата и приврзаноста кон
врсниците и кон родителите не се исклучуваат
една со друга;

Тие значат проширување на кругот на
11/13/12
32
значајните лица кон кои се покажува

Општествени односи - односи со
врсниците
Во врсничките групи постојат стандарди на
однесување кои нивните членови треба да ги
прифатат, а кои најчесто се оспорувани од страна на
родителите и останатите возрасни;

За да биде дел од групата поединецот треба да ги
соочи своите ставови, вредности и верувања со оние
на групата и со истите да се согласи;

Доколку размислува и се однесува поинаку, тој од
страна на другите членови на групата не е оценет
како глупав, туку како лош, што резултира во
казнување, па дури и во негово исклучување од
групата;

Под влијание на притисокот на врсниците
адолесцентот може да постапи или да се однесува
на начин на кој во друга ситуација не би се
11/13/12
33
однесувал.

Општествени односи - односи со
врсниците
Во поглед на структурата на групата врсници, се
разликува постоење на клики и банди;
 Клика е мала, неформална група луѓе кои се со
слична социјална припадност, образование,
возраст, ставови и интереси и минуваат многу
време заедно;
 Составени се од 4 до 6 адолесценти кои се силно
приврзани едни со други;
 Во кликата меѓу членовите има силна припадност
и интимност;
 Во предадолесценцијата кликата е составена од
единки од ист пол;
 Членовите на кликата секогаш се групи со избрани
11/13/12
34
адолесценти.

Општествени односи - односи со
врсниците






Постепено кликите сочинуваат поголема група,
составена од момчиња и девојчиња – банда – што е
најнагласено меѓу 13 и 15 години;
Постепено бандата се расформирува и се јавуваат
нови клики, но сега хетеросексуални;
Потоа се јавуваат групи составени од парови;
Друго значење на терминот банда е поголема група или
друштво/збирштина (од 15 до 30 лица), која има некое
препознатливо својство и заеднички активности (пр.
спортисти, хакери и сл.);
Кон тие активности младите се придржуваат според
својот избор или преку информирање од врсниците;
Членовите на групата вршат меѓусебно влијание.
11/13/12
35
Општествени односи - односи со
врсниците



Здружувањето во групи остварува две
цели: антифобична одбрана и бунт
спрема авторитетите;
Бунтот спрема возрасните полесно се
изразува кога е групен;
Сепак, кога родителите и врсниците
имаат слични вредности, тогаш и нема
конфликти меѓу адолесцентот и
родителите.
11/13/12
36
Избор на занимања во
адолесценцијата

При изборот на занимањата, децата и
адолесцентите минуваат низ три фази:
Фаза на фантазирање (рано и средно
детство);
 Фаза на двоумење или на кристализација
на изборот (предадолесценција, односно
рана адолесценција);
 Фаза на спецификација во која изборот е
направен врз основа на одмерување на
своите потреби, интереси и способности, од
една страна, и она што се нуди на пазарот
на трудот, од друга страна.
11/13/12
37

Ориентираност кон иднината




Перспективата кон иднината значи јасна свест
за структурата на иднината и за да се оствари,
треба да е проследена со конкретни чекори во
сегашните активности и избори;
Иднината на младите не е само резултат на
внатрешно психолошко напредување;
Таа е под влијание на очекувањата од
семејството и од образовните институции, но и
од врсниците;
Општествениот контекст во кој растат
адолесцентите ја обликува градбата на идната
перспектива, на когнитивните и на
афективните основи за личните цели.
11/13/12
38