Slide 1 - nastavnikelena

Download Report

Transcript Slide 1 - nastavnikelena

проф. д-р Михајло Поповски
доц. д-р Ана Фрицханд
м-р Катерина Наумова
Институт за психологија, Филозофски факултет - Скопје
проф. д-р Михајло Поповски, проф. д-р Благоја
Јанаков, доц. д-р Ана Фрицханд, м-р Катерина
Наумова, доц. д-р Огнен Спасовски од
Институтот за психологија на Филозофскиот
факултет во Скопје и
Андријана Тасевска, дипл. психолог, ОУ „Круме
Кепески“, Скопје, Вана Мињенко, дипл. психолог,
ОУ „Дане Крапчев“, Скопје и Софија
Цветановска, дипл. психолог, ОУ „Стив Наумов“,
Скопје.



Родителите се повикуваат на советување кога
нивните деца кои се ученици во основно или во
средно училиште:
нередовно ја посетуваат наставата;
значително го намалуваат успехот во
учењето; и/или
манифестираат несоодветно однесување во
училиштето.




Ученик нередовно ја посетува наставата доколку
направи повеќе од 10 неоправдани изостаноци или
повеќе од 100 оправдани изостаноци.
Идентификација на учениците кои нередовно ја
посетуваат наставата прави одделенскиот раководител,
односно раководителот на паралелката врз основа на
евиденцијата во дневникот за работа на паралелката.
Одделенскиот раководител, односно раководител на
паралелката го известува психологот/педагогот на
училиштето за секој ученик кој нередовно ја посетува
наставата.
Психологот/педагогот на училиштето води евиденција
за секој ученик кој нередовно ја посетува наставата во
посебен образец (Образец 1).




Ученик покажува намален успех во учењето доколку во текот
на една наставна година има негативна оценка по три или
повеќе предмети или кога во краток временски период (едно
тримесечје) на три или повеќе предмети му опаднал успехот за
две и повеќе оценки.
Идентификација на учениците кои покажуваат намален успех
во учењето прави одделенскиот раководител, односно
раководителот на паралелката врз основа на евиденцијата во
дневникот за работа на паралелката.
Одделенскиот раководител, односно раководител на
паралелката го известува психологот/педагогот на
училиштето за секој ученик што покажува намален успех.
Психологот/педагогот на училиштето води евиденција за
ученици што покажуваат намален успех во посебен образец
(Образец 2).

Ученик несоодветно се однесува во училиштето доколку ја
попречува воспитно-образовната работа во паралелката и во
училиштето на каков било начин, навредува наставник,
учествува во физички пресметки или други форми на
насилство и манифестира разни форми на неморално или на
неетичко однесување или на асоцијално и антисоцијално
однесување.

Ученик се однесува неморално или неетички кога мами и
лаже при извршување училишни обврски, преправа податоци
во училишната документација, злоупотребува средства за
комуникација (мобилни телефони, интернет и сл.) заради
повреда и нанесување штета на друг, навредува или
омаловажува друго лице, особено по верска, етничка или
родова припадност и непријавено внесува надворешни лица
во училиштето.

Ученик се однесува асоцијално кога во подолг временски период
избегнува контакти со други ученици и со наставници, кога воопшто
не покажува интересирање за соработка и за другарување и кога
премногу пасивно и индиферентно се однесува кон тековните
училишни обврски.

Ученик се однесува антисоцијално кога намерно оштетува или
отуѓува (краде) предмети што се сопственост на други лица или се
дел од училишниот имот, носи или употребува оружје и други
предмети со кои може да се загрози безбедноста на другите,
поседува, користи и дели алкохол или наркотични средства,
сексуално вознемирува или сексуално злоупотребува ученици или
други лица, се оддава на проституција, намерно психички или
физички повредува друг ученик, наставник или возрасно лице (се
заканува, заплашува, навредува, исмејува, изнудува, принудува,
замолчува, изолира, турка, удира, тепа и сл.), започнува, организира и
учествува во физички пресметки.

Идентификација на учениците кои се однесуваат
несоодветно во училиштето прави одделенскиот
раководител, односно раководител на паралелката по
сопствено согледување или по известување од наставник
или друго вработено лице во училиштето, или од друг
ученик или родител.

Одделенскиот раководител, односно раководител на
паралелката го известува психологот/педагогот на
училиштето за секој ученик кој се однесува несоодветно
во училиштето.

Психологот/педагогот на училиштето води евиденција
за ученици што се однесуваат несоодветно во
училиштето во посебен образец (Образец 3).

Одделенскиот раководител, односно
раководителот на паралелката во договор со
психологот/педагогот на училиштето повикува
на советување со писмена покана најмалку еден
родител, односно старател на ученик кој
нередовно посетувал настава, значително го
намалил успехот во учењето или манифестирал
несоодветно однесување во училиштето.

Одделенскиот раководител, односно раководителот на
паралелката има обврска да го извести психологот/педагогот
на училиштето за секоја испратена покана за советување
родител, односно старател на ученик.

Ако родителот, односно старателот на ученикот од оправдани
причини не се одзве на поканата за советување должен е за
отсуството да го извести одделенскиот, односно
раководителот на паралелката, пред одржувањето на
советувањето или во рок од три дена по советувањето.

Ако родителот, односно старателот на ученикот не се одзве по
втората и по третата испратена покана за советување
училиштето ја известува Педагошката служба за преземање
соодветни прекршочни постапки.

Ако поканата се однесува за асоцијално или
антисоцијално однесување на ученикот, односно за
негово неморално или неетичко однесување, пред да ce
испрати покана ce бара стручно мислење од Педагошката
служба при Министерството за образование и наука.

По добивањето стручно мислење од Педагошката служба
во писмена форма за потреба од советување на родител,
односно старател на ученикот, одделенскиот
раководител, односно раководителот на паралелката го
повикува на советување родителот, односно старателот
на ученикот.

Поканата за советување се испраќа најмалку осум дена
пред одржување на советувањето.

Советувањето родители, односно старатели на ученици врши
психолог во просториите на училиштето според неделен и
месечен план за одржување советување. Ако во училиштетото
нема вработено психолог, тогаш советувањето го врши
педагог.

Советување се врши во групи, не поголеми од 20 родители
односно старатели и се реализира во два термина (две средби)
во времетраење од 60 минути.

За секое одржано советување се води записник со листа на
присуство на родители односно старатели.

Втората средба се реализира најмногу две недели по првата
средба.
(1) Запознавање на родителите на учениците кои
нередовно ја посетуваат наставата, го намалуваат
успехот во учењето и/или манифестираат одредена
форма на несоодветно однесување со природата и
значењето на проблемот што се јавил кај нивните
деца; и
(2) Едуцирање на родителите за начините на кои
може да се подобрат вештините на воспитување на
децата и да се унапредат односите во семејството за
да можат нивните деца поуспешно да се справуваат
со разни видови училишни тешкотии и животни
предизвици.