Moralen razvoj – predavanje 5 i 6

Download Report

Transcript Moralen razvoj – predavanje 5 i 6

Теорија на тројна етика:

Невробиолошките корени на нашите повеќебројни моралности

-

предавања 5 и 6-

Доц. д-р Ана Фрицханд 7. и 14.11.2014-

ВОВЕД

Теоријата на тројна етика

(ТТЕ) е психолошка теорија развиена за да опфати три цели :  

Прво

, да ги собере критичките наоди од

невробиологијата, афективната невронаука и когнитивната наука

и да ги интегрира во психологијата на моралот, со цел информирање на психолошките истражувања за моралниот живот на поединецот;

Второ

, тежнее

да ги објасни разликите во моралното функционирање преку интеракцијата поединец-средина;

4/27/2020 2

ВОВЕД

  

Трето

, ги посочува иницијалните услови потребни за оптимален морален развој на луѓето. ТТЕ смета дека од човековата еволуција произлегле склоности;

три типа афективно засновани морални ориентации

. Овие етички мотиви и однесувања се појавиле од биолошките Секоја етика поставува нормативни барања и произлегува од контекстот, во интеракција со личноста. 4/27/2020 3

Трите етики

   

Етиката на сигурност

е фокусирана врз

себезачувувањето преку безбедност и лична или внатрегрупна доминација

;

Етиката на ангажираност

е ориентирана кон

емоционална приврзаност лице-в-лице со другите, посебно низ врските на грижа и социјалните врски

;

Етиката на имагинација

ги координира постарите делови од мозокот, користејќи ги целосните човечки капацитети за расудување, за да се прилагоди на

тековните социјални врски и да ги нагласи прашањата над она што е непосредно дадено

;

Секоја етика има невролошки корени

видливи во структурата и поврзаноста на човековиот мозок.

4/27/2020 4

МекЛинова тројна теорија на мозокот

  ТТЕ своето име и инспирација ги изведува од МекЛиновата тројна теорија на мозокот (1990), кој предлага

ред

;

три основни формации во човековиот мозок што ги рефлектираат прадедовските врски со видовите од понизок

Анатомски и биохемиски, овие три формации ја одразуваат еволуцијата на рептилите, првите цицачи, а потоа и подоцна јавените цицачи 4/27/2020 5

МекЛинова тројна теорија на мозокот

   Кај луѓето, формациите се испреплетени (оттука „тројни“, а не „триделни“) и секоја нова поврзаност ги користи и надградува склоностите на постарата; Сепак, секоја од нив има уникатен отпечаток кој може да се идентификува во човековото однесување; ТТЕ смета дека овие отпечатоци, исто така, ги означуваат и тенденциите на моралното однесување.

4/27/2020 6

МекЛинова тројна теорија на мозокот

    Животните развиле мозочни функции кои имаат „психобихејвиорални потенцијали што се генетски вкоренети во развојот на мозокот“ како „

еволуциони дејствувачи

“; Овие дејствувачи се

вродени емоционални командни системи

кои им помагаат на животните (и на нивните претци) да се однесуваат прилагодувачки кога се соочени со животни предизвици. Низ целиот мозок емоционалните системи се централно поставени, за да влезат во динамична интеракција со поразвиените когнитивни структури и пониско подредените физиолошки и моторни исходи. Како резултат на тоа

не постои емоција без мисла и обратно, ниту, пак, постои емоција без бихејвиорален или физиолошки исход

.

4/27/2020 7

Теорија на тројна етика

  Во рамки на еволуираните ограничувања,

обрасците на емоционалната кружна поврзаност на мозокот се воспоставени рано во животот

, посебно како резултат на интеракцијата со лицата кои се грижат за детето. Поновите истражувања документираат

критична значајност на раното искуство

за експресијата на гените во емоционалната кружна поврзаност (на пр. Champagne & Meaney, 2006), формирањето на личноста (Schore, 2003a; 2003b) и когницијата (Greenspan & Shanker, 2004). 4/27/2020 8

Теорија на тројна етика

  Теоријата на тројна етика претпоставува дека

емоционалната кружна врска воспоставена рано во животот

, исто така,

е поврзана со архитектурата на мозокот за моралноста и подоцнежните етички експресии

. Трите етики соодветствуваат на „централните мотиви“ кои ја обојуваат перцепцијата и поставувањето на целите и го сочинуваат делот на, она што Мол и соработниците го нарекуваат,

комплекси на емоции-вообличени од-настан

кои ги поттикнуваат морално когнитивните феномени.

4/27/2020 9

Трите етики – етика на сигурност

  

Три различни морални системи

група. , вкоренети во основните емоционални системи, ја придвижуваат човечката морална акција на ниво на поединец и на

Првата формација

, често нарекувана „рептилна“, го вклучува

Р-комплексот

(MacLean, 1990) или екстрапирамидалниот акциски нервен систем; Доминантен кај рептилите, Р-комплексот кај цицачите е поврзан со

територијалноста, имитацијата, измамата, борбата за моќ, одржувањето на рутината и следењето на претходникот

.

4/27/2020 10

Трите етики – етика на сигурност

  

Етиката на сигурност

раѓање. е примарно заснована врз овие инстинкти кои се вртат околу

физичкиот опстанок и напредувањето во опкружувањето

, инстикти кои се споделени со сите цицачи и кои ги има уште со самото Тука се вбројуваат

и примитивните системи кои се поврзани со стравот, гневот и основната сексуалност

. Од причина што тие

примарно се всадени во мозокот

, овие системи

не можат лесно да се оштетат

кога работите ќе се влошат.

, за разлика од оние на другите два системи, правејќи ги недопрени 4/27/2020 11

Трите етики – етика на сигурност

    

Физички опстанок

. Физичкиот опстанок се фокусира врз три емоционални системи: трагање, бес и страв.

Системот за трагање е апетитивен мотивациски систем контролиран од страна на поединецот;

Физичкиот опстанок вклучува реакции кои ја максимизираат безбедноста

. Кога таа е загрозена, парасимпатикусот може да поттикне одговор на борба-или-бегство (систем на бес); или симпатикусот да поттикне смрзнување/вкочанетост (систем на страв). Системот на страв дејствува за да ја намали болката и да ја намали веројатноста од телесна повреда. 4/27/2020 12

Трите етики – етика на сигурност

   4/27/2020 Придвижена од инстинктот за преживување, потребата за безбедност може да потхрани круто потпирање врз она што било ефикасно во минатото –

рутински навики

инстинктивно однесување; кои се поттикнати автоматски и засновани врз широка пракса или Самозаштитувачкото однесување и вредности го чуваат животот на поединецот и членовите на групата; Кај луѓето, кога Р-комплексот се чувствува загрозен, поттикнува свртување кон својата група, ривалство и однесување на толпа.

13

Трите етики – етика на сигурност

   Дали како толпа или како поединец, кај луѓето системот на „бес“ го поттикнува поединецот да се одмаздува, што е инстинкт кој создава хемиска награда во субкортикалните региони;

Напредување во контекст

групата во смисла на . Р-комплексот често е следбеник на неговиот втор фокус, напредување во контекст, преку врските со

статус и доминација

; Кај видовите со систем на доминација организмите може да се борат за статус со цел да добијат поголеми привилегии.

4/27/2020 14

Трите етики – етика на сигурност

    Р-комплексот е мошне

фокусиран врз себе

; Останува мирен во безбедно опкружување и кога следи рутини; Кога рутините се нарушени или безбедноста е загрозена, стравот или системот на бес може да се активира; Стравот и системот на бес се толку моќни, што можат да преземат контрола врз остатокот од мозокот.

4/27/2020 15

Трите етики – етика на сигурност

   4/27/2020 Фокусот на сигурност на овој мозочен систем станува Етика на сигурност, тогаш

определат моралното однесување

;

кога луѓето ги користат нивните инстинкти за да го

Кога етиката на сигурност ќе биде активирана може да се насочи кон осигурување на физичкиот опстанок преку задржување на внатрегрупната хиерархија и стандарди; Активната етика на сигурност бара да се следи претходникот и традицијата и често пати е одржувана со користење на засрамување, закани и измами.

16

Трите етики – етика на сигурност

   Лојалноста на групните членови може да биде тестирана преку нешта како што се

заклетви на лојалност

; Кога не е ублажена од другите етики, етиката на сигурност е подложна на

цена немилосрдност и на постигнување на целта на безбедност по секоја

, повеќе отколку другите етики, намалувајќи ја чувствителноста на други, дури и морални, цели; Ваквото едноумие може да доведе не само до намалена чувствителност кон оние што ќе застанат на патот, туку и до

неспособност да се измени насоката

.

4/27/2020 17

Трите етики – етика на сигурност

   Кога заканата е видлива, поединците се повеќе наклонети кон силните и тврди политики врз лицата кои не припаѓаат на групата; Ова е

етика свртена кон себе

помогнат на другите; : кога луѓето стравуваат за сопствената безбедност, помалку се подготвени да им Постојат повеќе типови на Етика на сигурност кои го поттикнуваат однесувањето во даден момент, засновни врз нивните дистинктивни емоционални компоненти (на пр. послушност поради страв, агресивност кон изворот на закана, игри на моќ и доминација како што е машкото ривалство итн.).

4/27/2020 18

Трите етики – етика на сигурност

    Доблестите или принципите кои се високо вреднувани во етиката на сигурност, се

верност и лојалност на групата

(не лојалност поради љубов),

послушност, и самоконтрола на меките емоции

; Постои племенитост во покорувањето на авторитетот и „исполнување на мисијата“, а извршувањето на која било цел се смета за вредно од страна на традицијата (на пр. самоубиствените напади кај екстремистичките групи).

Етиката на сигурност е дел од пониската еволуција, водена од доблеста да се биде достоен, како и од сопствениот интерес; Таа има свое место во опстанокот на поединецот и на групата и како попримитивна манифестација на моралот. 4/27/2020 19

Трите етики – етика на ангажираност

  

Вториот бран

во еволуцијата на мозокот ја донесе централната организација на функционирањето на цицачите, лимбичниот систем и со него поврзаните структури (MacLean, 1990); Оваа низа структури е позната и како

лимбичната оска

(Panksepp, 1998).

висцерално емоционален нервен систем во хипоталамично-

Ваквите мозочни формации им даваат афективен тон на функциите на рептиловиот мозок, дозволувајќи им и внатрешно (учење) и надворешно (социјалност) емоционално сигнализирање.

4/27/2020 20

Трите етики – етика на ангажираност

  Мек Лин (1990) сугерира дека овие неомамални структури се

седиште на човековите емоции, личниот идентитет, меморијата и тековното искуство, како и личното чувство на реалност и вистина

; Значајни се три впечатливи низи на однесувања, кои не постоеле кај еволуциски пониските видови:

негата и мајчинската грижа, аудиовокалната комуникација меѓу мајката и младенчето и играта

.

4/27/2020 21

Трите етики – етика на ангажираност

   Етиката на ангажираност е всадена во емоционалните системи на цицачите кои нè насочуваат кон интимност како што се

играта, паниката

(опфаќајќи ги тагата и осаменоста поради социјалното одделување) и

грижата

која е тесно испреплетена со страста; Цицачите природно бараат контакт со другите, покажувајќи моторна вознемиреност и вокализирачки немир кога се во изолација; Кај луѓето, конформирачкиот притисок и покорувањето на авторитетот можат да бидат поврзани со стравот од разделба. 4/27/2020 22

Трите етики – етика на ангажираност

   Во рамки на психологијата, корените на емоционалните системи на цицачите се поставуваат во првите години од животот - процес кој е регистриран од етолошката теорија за социоемоционално врзување; Овие процеси на социоемоционално врзување и соодветните мозочни формации се зависни од специфичното одгледувачко опкружување; Невробиологијата на социоемоционалното врзување е многу покревка, отколку шту претходно се верувало и многу позначајна, отколку што претходно било сфатено, за развојот на мозокот и за емоционалната регулација во текот на целиот живот.

4/27/2020 23

Трите етики – етика на ангажираност

  Нервниот систем на детето зависи од искуството, посебно преку социоемоционалните врски и бара од старателот да се однесува како „надворешен психобиолошки регулатор“ (Schore, 2001, стр. 202), поради тоа што мозокот е општествено конструиран; „

Развојот може да биде концептуализиран како трансформирање на надворешната во внатрешна регулација“

каде

„напредокот претставува зголемување на комплексноста на мозочните системи во созревање, што адаптивно ја регулираат интеракцијата меѓу организмот во развој и општественото опкружување

“ (Schore, 2001, стр. 202). 4/27/2020 24

Трите етики – етика на ангажираност

   Без лимбичката регулација, цицачите влетуваат во „физиолошки хаос“, означен од страна на Хофер (1987); Нервниот систем на цицачите е неспособен за „себесоставување“ (Lewis et al., 2000, стр. 88) и бара лимбичка регулација, за да централно ги хармонизира и координира различните делови; Злоставуваните и отфрлени деца се развиваат на неорганизирани начини, слични на оние кај изолираните мајмуни.

4/27/2020 25

Трите етики – етика на ангажираност

  „

Поради тоа што мозокот на приматот е заплеткан, сигурносните нервни пречки за насилство не се самоизградуваат, а лимбички оштетениот човек е смртоносен. Доколку отфрлањето е доволно длабоко, последицата е функционално рептилен организам наоружан со итрината на неокортикалниот мозок

“ (Lewis et al., 2000, стр. 218). Како еден таков пример на мозочна формација суштински за социјалното функционирање, Блер го посочува

механизмот за инхибирање насилство

(МИН) во рамки на мозокот, кој во нормален мозок се активира тогаш кога знаците на вознемиреност се манифестирани од страна на некој друг, предизвикувајќи инхибирање на однесувањето; МИН недостасува кај психопатите. 4/27/2020 26

Трите етики – етика на ангажираност

   Искуствата што го изградуваат мозокот се всадени во социоемоционалните врски и се мултиваријантни; Основните регулаторни процеси на парасимпатикусот се чини дека се длабоко засегнати од однесувањето на одгледувачот. Ова се случува делумно преку регулацијата на срцевиот вагален тон, од кој зависат емоционалната, бихејвиоралната и моторната регулација.

4/27/2020 27

Трите етики – етика на ангажираност

   4/27/2020 Старателот игра повеќе улоги во регулирањето на физиолошкиот и психолошкиот развој на детето; Хофер, опишува како „скриената“ регулација на детскиот развој од страна на старателот ги пресекува сензорните системи (на пр. тактилниот, олфакторниот итн.) и влијае врз повеќето нивоа на функционирање; Раното искуство во детството го поставува невроендокриниот систем, кој е витален за справување со стресни ситуации и поврзување со другите во текот на животот.

28

Трите етики – етика на ангажираност

   Се смета дека пептидергичните системи кои ги вклучуваат

окситоцинот и вазопресинот

можат да го

инхибираат

одбранбеното однесување кое е поврзано со анксиозноста, стресот и стравот;

Окситоцинот

ги промовира врските на грижа и поврзувањето и ги инхибира нападот или бегството и дисоцијативните реакции; Исто така, ги поништува ефектите на стрес спуштајќи го крвниот притисок и намалувајќи ја активноста на симпатичкиот автономен систем. 4/27/2020 29

Трите етики – етика на ангажираност

   

Социоемоционалното врзување и неговите секвели се фундаментални за функционирањето на етиката на ангажираност

; Со соодветна грижа, етиката на ангажираност потполно се развива и води кон вредности на сочувство, отвореност и толеранција; Децата кои не добиле соодветна грижа развиваат несоодветни мозочни структури и мозочно бихејвиорални нарушувања, кои водат до поголемо непријателство и агресија кон другите; Несоодветната грижа води кон недостатоци во мозочните врски, во хормоналната регулација и во системот на интеграција кој доведува до социјалност.

4/27/2020 30

Трите етики – етика на ангажираност

  Се зголемува бројот на доказите дека ангажираноста е водечка сила што стои позади моралното однесување; И покрај значењето на емпатијата за моралното однесување, повеќето истражувања на моралноста се фокусирале врз работата на неокортексот, кој е централен за Етиката на имагинација.

4/27/2020 31

Трите етики – етика на имагинација

  Третата голема мозочна формација што еволуирала била неомамалната која се однесува на

неокортексот и со него поврзаните таламички структури

; Овој сомато-когнитивен нервен систем на таламичко-неокортикалната оска (Panksepp, 1998) е

примарно насочен кон надворешниот свет, овозможувајќи капацитет за решавање проблеми и обмислено учење

. 4/27/2020 32

Трите етики – етика на имагинација

    Умот „мисли со чувства“; Мислењето без чувства, како кај некои пациенти со оштетен мозок, води до нарушување во расудувањето, бидејќи за да донесе добар суд, поединецот мора да го почувствува значењето на судот; Иако не се способни самите да создаваат емоции, „

фронталните резени

се развиле како највисок центар за емоциите“ (Konner, 2002, стр. 135); Овие структури работат во координација со попримитивните емоционални системи во постарите делови од мозокот.

4/27/2020 33

Трите етики – етика на имагинација

   

За моралноста од најголемо значење се фронталните резени

,

а посебно префронталниот кортекст

; Фронталните резени се суштински во ситуации на слободен избор или во двосмислени ситуации; Оштетувањата на фронталните резени кај возрасните може да доведе до забележливо „вкочанување на умот“, поради тоа што тие се суштински за креативноста, флексибилното мислење и заземањето туѓо гледиште; Нивните оштетувања рано во животот резултираат со антисоцијално однесување и неспособност за препознавање на таквиот вид однесување како неморално. 4/27/2020 34

Трите етики – етика на имагинација

   Поврзан со секоја одделна единица во мозокот, префронталниот кортекс (ПФК) е единствениот дел од мозокот способен за интегрирање на информациите од надворешниот свет, со информациите од самиот организам; На пример, Kнох и соработниците (Knoch, Pascual-Leone, Meyer, Treyer, & Fehr, 2006) го прикажуваат влијанието на

дорзолатералниот префронтален кортекс

(ДЛПФК) врз однесувањата поврзани со

чесноста

; Мол и соработниците (2002) сметаат дека кортико лимбичката мрежа која ги вклучува

супериорниот темпорален сулкус

искуство со

медиално орбиталниот фронтален кортекс, медиалниот фронтален гирус и

им ја овозможува на луѓето способноста да го поврзуваат емоционалното

моралното проценување

(Moll et al., 2002).

4/27/2020 35

Трите етики – етика на имагинација

   Другите клучни зони во ПФК, кои се чини дека се поврзани со моралното однесување, се

орбитофронталниот кортекс

(ОФК) и

антериорниот сингулатен кортекс

(АСК); Оштетувањата на ОФК во префронталниот кортекс доведуваат до слаба контрола на импулсите, нарушување на регулацијата на емоциите и неспособност за предвидување на последиците; Пациентите со оштетување на ОФК се однесуваат како незрели адолесценти, а во сериозни случаи се јасно антисоцијални. Тие се неспособни да ги контролираат импулсите, бидејќи е оштетена нивната волева контрола.

4/27/2020 36

Трите етики – етика на имагинација

  Како кортекс на асоцијација за социјално однесување, се чини дека ПФК содржи „таксономија на сите санкционирани морални постапки и однесувања“ и неговото оштетување може да доведе до „морална агнозија“; Најден само кај мајмуните и кај луѓето и формиран по раѓањето, доказите укажуваат дека АСК е, исто така, критичен за одгледувањето.

емоционалната регулација во текот на целиот живот, за емпатијата и решавањето проблеми

и за оптимален развој подеднакво се потпира врз 4/27/2020 37

Трите етики – етика на имагинација

  

Етиката на имагинација

првенствено се поврзува со овие неодамна развиени делови од мозокот, посебно со префронталниот кортекс; Таа му овозможува на поединецот да се оддалечи од насочените емоционални одговори на постарите делови од мозокот и да ги земе предвид алтернативните акции засновани врз логиката и разумот; Оваа способност овоможува склоности кои ги нема во другите етики – рефлективна апстракција и размислување за моралноста. 4/27/2020 38

Трите етики – етика на имагинација

    Многу истражувачи во рамки на когнитивната наука дошле до заклучок дека

контрола повеќето одлуки и акции на луѓето се извршуваат автоматски и без свесна

(на пр. Bargh & Chartrand, 1999). Повеќето од наученото е научено имплицитно, престојува во скриената меморија и не е достапно на експлицитен опис (Keil & Wilson, 1999). Направена е разлика меѓу промислениот, свесен ум и „прилагодливо несвесниот“ (Hassin, Uleman, & Bargh, 2005; Wilson, 2004) или интуитивен ум. ТТЕ смета дека вистинската работа на моралното судење и донесувањето одлуки мора да се занимава со координирањето на овие два „ума“. 4/27/2020 39

Трите етики – етика на имагинација

 

Етиката на имагинација

одговара на и ги координира интуицијата и инстинктите на етиката на ангажираност и етиката на сигурност, кои дејствуваат според условените и имплицитно издвоени морални принципи; Етиката на имагинација има најмалку две моќни орудија:   Способност да ги отповикува инстинктите и интуицијата со „слободно не сакам“; и Способност за врамување, односно за насочување на однесувањето.

4/27/2020 40

Трите етики – етика на имагинација

  На префронталниот кортекс и на неговите специјализирани единици им требаат децении за потполно да созреат и се предмет на оштетувања од страна на срединските фактори рано во животот и подоцна во развојот; Префронталниот кортекс може да биде оштетен од бихејвиоралните избори, како што е опивањето (Bechara, 2005) и играњето насилни видео игри што ја потиснува активацијата на префронталниот кортекс дури и при нормално решавање проблеми, претворајќи ги нормалните мозоци во мозоци кои наликуваат на оние на агресивните делинквенти.

4/27/2020 41

Трите етики – етика на имагинација

   Етиката на имагинација обезбедува поголемо морално чувство отколку другите етики; И покрај тоа што луѓето еволуирале во насока да ги претпочитаат врските лице-в-лице и имаат потешкотии да ги замислат оние кои не се присутни (како што се идните генерации), работата на етиката на имагинација обезбедува средства за чувство на заедништво кое се протега надвор од непосредниот однос; Луѓето се најморални, следејќи ја Дарвиновата морална еволуција, кога етиката на ангажираност е поврзана со етиката на имагинација. 4/27/2020 42

Градење на потполна морална личност

   ТТЕ смета дека

постојат повеќе вистински моралности

; Таа претпоставува дека трите етики се, барем делумно, присутни во однесувањето уште на рана возраст (промисленото морално расудување и извршното функционирање созреваат побавно); Достапноста на трите етики, понекогаш истовремено, придонесува кон „конфликти меѓу основните морални вредности“, што резултира во „морална амбиваленција“, поради „плурализмот на морални вредности“ кој се наоѓа во основата (Wong, 2006, стр. 6), а кој поединците често го чувствуваат.

4/27/2020 43

Градење на потполна морална личност

   ТТЕ гледа на ситуациите како на темели за една или повеќе етички ориентации, но во рамки на социо когнитивното гледиште на моралната личност кое наоѓа диспозициски маркери во интеракцијата „поединец средина“ (Lapsley & Narvaez, 2004); Тоа значи дека одредени опкружувања можат да ги притиснат поединците да активираат една или друга етика; Во исто време, диспозициските тенденции кон една или друга етика, канализирани од детството и животните искуства, влегуваат во интеракција со моќта што ситауцијата ја има врз индивидуалното однесување.

4/27/2020 44

Градење на потполна морална личност

  

Диспозициските тенденции

кон една или друга етика можат да се развијат од опсежната поддршка од страна на опкружувањето во формативните години од животот; Тоа може да вклучува различни поттипови, но тука се споменати само основните; Доколку постои здрав мозочен развој во детството (како што се покажува во сигурното социоемоционално врзување и функционалната емпатија и извршните компоненти), поединецот е генерално способен да допре до другите со емпатија, тогаш кога тие се во непријатна состојба. 4/27/2020 45

Градење на потполна морална личност

  4/27/2020 Поединецот чија личност е доминирана од етиката на сигурност може да има „

мозок под стрес

“ формиран поради траума или отфрлање (Newman, Holden & Delville, 2005) или во кој десниот мозок може да биде делумно исклучен поради несоодветна емоционална нега (Schore, 2003b); Мозокот под стрес е поврзан со сиромашно социоемоционално врзување и со компромитирани општествени способности: „

Стресот за време на детството, кој е доволно сериозен за да создаде несигурно социоемоционално врзување, има дисоцијативен ефект, попречувајќи го емоционалното функционирање на десната хемисфера и заштитното однесување на видот, а постојаната тенденција кон самозаштитување може да прерасне во трајна особина на возрасниот

“ (Henry & Wang, 1998, стр. 863). 46

Градење на потполна морална личност

  

Етиката на сигурност

може да се засили не само со незаинтересирано родителство (во смисла на еволуциска соодветност), туку и со грубо родителство. Последното е поврзано со авторитарниот родителски стил; Кога опкружувањето се смета за хронично заканувачко, самозаштитата може да стане доминантна ориентација на личноста; Базичното чувство на несигурност го спречува чувството на емпатија и уште повеќе ги нагласува прашањата на сигурност. 4/27/2020 47

Градење на потполна морална личност

  4/27/2020 Личност која е доминирана од

етиката на имагинација

е способна да се придвижи над моменталниот сопствен интерес, да концептуализира алтернативни општествени системи, да размислува непристрасно за моралните проблеми, да им се спротивстави на штетните инстинкти и интуиции или да се однесува алтруистички во услови кои ја провоцираат етиката на сигурност (Frankl, 1963). Меѓутоа, кога заканата е голема (а етиката на ангажираност ниска), личноста доминирана од етиката на имагинација веројатно би размислувала за креативни начини да ја максимизира безбедноста и доминантноста, би била наклонета кон негативни атрибуции, би се фокусирала на тоа да „биде силна“, би реагирала на неговите/нејзините најлоши инстинкти и интуиции и можеби би била морално неангажирана.

48

Градење на потполна морална личност

   ТТЕ претпоставува дека ситуацијата или контекстот даваат примарност на една или на друга етика ( на пример, етиката

на ангажираност може да бара, за повеќето луѓе, опкружување кое се карактеризира со безбедност, грижа и припаѓање

);

Етиката на имагинација

, исто така, може да бара околина која промовира надеж и трансцендентност (Frederickson, 2002). Кога одредена етика е примарна, се претпоставува дека влијае врз

перцептивната сензитивност на поединецот

(Neisser, 1976),

афективните очекувања

1989), говорничката осетливост (привлечни заблуди),

очекувањата од исходот од однесувањето и претпочитаните цели

(Мичеловите „субјективно вредни исходи“, 1973, стр. 270) и

доживеаните можности

акциски можности). (Wilson, Lisle, Kraft & Wetzel, (општествени, физички и 4/27/2020 49

Градење на потполна морална личност

  Постојат докази од лабораториски студии дека поединецот може да биде поттикнат за етика на сигурност (на пр. студии за справување со теророт) или за етика на ангажираност (на пр. примарност на социоемоционалното врзување), каде подоцнежното помагачко однесување

варира во склад со ставовите кон и третманот на поединците кои не припаѓаат на групата

(Hart, Schaver & Goldenberg, 2005; Mikulincer & Schaver, 2001); Меѓутоа,

секогаш постои интеракција меѓу поединецот и средината

(Cervone,1999). 4/27/2020 50

Поврзаност со другите теории на психологијата на моралот

   ТТЕ е тесно поврзана со

невробиологијата и

со

когнитивната наука

; еволуцијата и нервната кружна поврзаност се централни во оваа теорија; Сознанијата од когнитивната наука во врска со двојната менталност на човековиот мозок — во вид на

промислен ум и интуитивен ум

— исто така придонесуваат за пошироко разбирање на човечките морални склоности и залажувања; ТТЕ ја нагласува

значајноста на несвесните системи во моралното реагирање

. 4/27/2020 51

 

Поврзаност со другите теории на психологијата на моралот

Хетерономната моралност

склад со на Пијаже, која е насочена кон надвор во потрага по водство за тоа како треба да се однесува и е исплашена од иманентната правда, е во

етиката на стигурност

; Спротивно на ова, отелотворената смисла на социоемоционално врзување и релациска моралност врз кои се потпира

етиката на ангажираност

, се имплицитно претпоставени аспекти на

автономната моралност

на Пијаже — чувство дека правилата се работа на договор, предмет на согласување дека ќе се променат во зависност од актуелните потреби на членовите на групата — и која, кога е широко конструирана, ја бара

етиката на имагинација

.

4/27/2020 52

   

Поврзаност со другите теории на психологијата на моралот

Колберговите стадиуми

на морално расудување, развојно, се во склад со различните етики на ТТЕ и навистина, Кребс (2005) ги мапира првите 4 стадиуми од Колберговата теорија кај филогенетскиот развој; Стадиумите 1 и 2 соодветствуваат на ориентацијата на

етиката на сигурност

; Иако

етиката на ангажираност

може да се сфати како да го одразува третиот стадиум од Колберговата теорија (биди фин и спријателувај се), подобро е поврзана со развојот на емпатијата; Варнекен и Томазело (2006) даваат докази дека децата на возраст од 18 месеци или помлади, покажуваат алтруистичко помагање кога целта на помагачот е јасна и наоѓаат дека истото важи и за шимпанзата и за другите животни. 4/27/2020 53

Поврзаност со другите теории на психологијата на моралот

  Постконвенционалното или принципиелното расудување во теоријата на Колберг, стадиумите 5 и 6 кои го претставуваат најсофистицираното расудување за правдата, е во склад со

етиката на имагинација

; Работата на овие стадиуми е длабоко вкоренета во активноста на фронталниот резен и поради тоа бара соодветна заснованост во детството и развојна зрелост. 4/27/2020 54

   

Поврзаност со другите теории на психологијата на моралот

Предлогот на Гилиген (1982) за алтерантивна етика на грижа, исто така, може да биде поврзан со етиката на ангажираност; Дури и трите фази на Гилиген можат да се вклопат во ТТЕ во тоа што нејзината

прва фаза ја одразува ориентацијата на етиката на сигурност

за да го вклучи и самопотврдувањето; , иако ТТЕ го проширува значењето на нешто повеќе од самозаштита,

Втората фаза

на Гилиган ја одразува

етиката на ангажираност

, но можеби на поекстремен, речиси патолошки начин;

Третата фаза

нуди рамнотежа меѓу себе и другиот која може да биде конструирана од

етиката на имагинација

. 4/27/2020 55

  

Поврзаност со другите теории на психологијата на моралот

Културните разлики во моралноста ги предизвикале теориите на психологијата на моралот и надвор од границите; Најзабележливо, Шведер (1993) предложил три етики за да ги објасни културните разлики кои Колберговата теорија не можела да ги објасни:

заедништво, божественост и автономија

(рушејќи ги на тој начин Колберговите претконвенционални и постконвенционални стадиуми); ТТЕ ги порамнува трите етики на Шведер.

4/27/2020 56

  

Поврзаност со другите теории на психологијата на моралот

Етиката на сигурност

под автономната етика (Колберговите стадиум 1 и 2) и под Шведеровата ги подведува поедноставените поими и

етика на божественост

1981; Стадиум 1 на религиско расудување — Бог ќе ве казни доколку не се покорите); (Kohlberg & Power,

Автономната етика

на Шведер во нејзината наједноставна форма се фокусира врз безбедноста преку следење на надворешни правила и закони (иако и етиката на божественост и етиката на автономност можат да се реформулираат со

етиката на имагинација

, повеќе се насочени кон фокус врз ангажираноста). Шведеровата

етика на заедништво

првенствено е во склад со

етиката на ангажираност

, иако на примитивно ниво може да припаѓа и на етиката на сигурност (не се спротивставувај на семејството/заедницата или ќе бидеш казнет).

4/27/2020 57

 

Иницијални услови за оптимален морален развој на луѓето

ТТЕ смета дека постои невробиолошка подлога на моралната личност, што се гледа од истражувањата на раното епигенетско впечатување во мозочните структури и ефектите на емоционалната корегулација на старателот или нејзиното отсуство; Симпатичкиот, парасимпатичкиот, лимбичкиот и останатите поврзани системи мора да бидат регулирани од страна на старателите уште рано во животот или ќе се јават недостатоци што ќе ја оневозможат моралната оптимизација. 4/27/2020 58

  

Иницијални услови за оптимален морален развој на луѓето

Прво, децата развиваат

чувство на сигурност

низ интесубјективно-безбедно и блиско негување кое создава „морално-подготвен“ мозок (Field & Reite, 1985; Schore, 1994). Второ, детето развива

чувство на анагажирано

извршно учество во општествениот живот, вкоренето во сензомоторната чувствителност за правда (Lerner, 2002) од широките искуства со невербалното, потоа со вербалното, со реципрочноста и со општествената размена (Kochanska & Thompson, 1997); Трето, на децата им се обезбедени можности да ја активираат

имагинацијата за добри крајни исходи

. 4/27/2020 59

  

Иницијални услови за оптимален морален развој на луѓето

Искуствата кои ги градат моралните ориентации се сложени и опширни; Моралноста не е заснована врз правила на учење, сами по себе; Таа е прашање на градење физиолошки обрасци на активност, „знаење за структурата на општествениот простор и како со него ефикасно да се управува“ (Churchland, 1998, стр. 86), развивање несвесни „телесни маркери“ (Damasio, 1994) за добри и не толку добри постапки, како и развивање на способноста за лимбичка звучност со другите за задоволувачки општествен живот (Lewist et al., 2000).

4/27/2020 60