Национални институции за човекови права: Историја

Download Report

Transcript Национални институции за човекови права: Историја

Company
LOGO
Национални институции за
човекови права
– историја, намена и функционирање –
Национални институции за човекови права:
Историја
Човековите права, промоцијата и потребата од заштита се причината за
формирањето на Обединетите нации, додека историјата зборува дека
националните институции за човекови права преставуваат идеја која потекнува
уште пред подготовката на Универзалната декларација за човекови права. Во тој
поглед, развојот на настаните и постигнување на целта или формирањето на
националите институции се бележи преку следните клучни години и настани:
- 1946: Економскиот и социјален совет ги повикува земјите-членки на ООН да
размислат за идејата да се формираат национални комитети за човекови права
- 1978: Комисијата за човекови права прави драфт – документ во кој дава насоки
за структурата и функционирањето на националните институции. По
усвојувањето, Генералното собрание ги повикува членките да ги формираат
институциите
Национални институции за човекови права:
Историја
- 1991: Се одржува првата работилница наменета за Национални институции за
промоција и заштита на човекови права во Париз. На оваа конференција се
изработени и Париските принципи кои се широко прифатени и по кои се цени
легитимноста и кредибилитетот на националните институции
- 1993: Клучна година за Националните институции. Париските принципи се
формално признаени и направена е консолидација на мрежата на овие
институции формирана во 1991 година, формирани се Меѓународниот
координативен комитет на национални институции за човекови права како
непрофитна организација надвор од рамките на ООН но со еден претставник во
ООН во Женева и Високиот комесар за човекови права како тело на ООН. МКК
ги координира активностите помеѓу Националните институции и Високиот
комесар за човекови права и има посебен систем за акредитација преку т.н.
Подкомитет за акредитација, тело на МКК кое ги во однос на спроведување на
Париските принципи
Дефиниција и називи на националните
институции
1. Дефиниција:
„Национална институција за човекови права претставува државен орган со
уставен или законски мандат да ги штити и промовира човековите права.
Институциите се дел од државниот апаратус и се финансираат од страна на
државата во која се формирани“
2. Називи на национални институции кои најчесто се среќаваат:
- Бранител на цивилни права
- Комисионер за човекови права
- Комисија за човекови права
- Институт или центар за човекови права
- Правобранител или Омбудсман
- Парламентарен омбудсман или Комесар за човекови права
- Јавен обвинител/бранител за човекови права
- Парламентарен адвокат за човекови права
Заклучок: Според податоците на ООН, иако називите на националните
институции вариират во земјите-членки, сепак Комисија за човекови права
и Омбудсман се називи кои се најзастапени
Модели на национални институции
Иако не постои еден модел на креирање на национална институција
сепак постојат три модели кои се препознатливи односно по кои
државите се водат при делегирањето на мандатот и надлежностите на
една институција. Разликите помеѓу моделите се однесуваат на
правната рамка, процедурите и надлежноста на институциијата, оттука
разликуваме три модели и тоа:
1. „Основен“ или „Класичен“ модел
2. Т.н. модел „Владеење на право“
3. Т.н. „Модел на човекови права“
Париски принципи
Обврските на државите членки на ООН е да обезбедат национални институции
кои ќе ги спроведуваат обврските кои ги превземаат согласно меѓународното
Право, а произлегуваат од Париските принципи, а тие се:
•
Заштита и мониторинг на прекршувањата на човековите права во
државата
2. Институциите да промовоираат, советуваат, укажуваат и посочуваат на
прекршувања на човековите права до релевантните институции како
Влада, Собрание или друго компетентно тело кое е надлежно да ја
почитува имплементацијата на обврските кои произлегуваат од
меѓународните документи
3. Да имаат широк мандат и независност од Владата
4. Независност и тука особено финансиска независност
5. Плурализам
6. Адекватни средства
7. Адекватни можности за истрага
3. Институциите да се поврзуваат со регионални и меѓународни
организации со цел да споделуваат искуства и добри практики во
заштита и промоција на човековите права
Париски принципи
4. Институциите имаат мандат да информираат и да образуваат во
областа на човековите права
5. На некои институции може да се дадат и судски надлежности
Главните елементи на националните институции по кои ќе се предводат мора да
бидат независнота и плурализмот.
.
Процес на акредитација на националните
институции
Меѓународниот координативен комитет на национални институции за
човекови права е формиран 1993 во Тунис. Преставува меѓународна и
независна организација која има за цел да ги промовира и зајакне Националните
институции во спроведување и работење согласно Париските принципи. Во
својот состав го формира Подкомитетот за акредитација како посебно тело со
мандат да ги прегледува, анализира и мониторира Националните институции за
човекови права и нивната работа во согласност со Париските принципи.
Подкомитетот работи со своја методологија преку која го цени нивото на
имплементација на Принципите и ги класифицира државите во три категории:
-
-
Категорија А: Националната институција работи во согласност со Париските
принципи
Категорија Б: Националната институција не работи во целост по Париските
принципи или нема доставено доволно податоци за да се направи точна
проценка
Категорија Ц: Националната институција не работи во согласност со
Париските принципи
Од податоците изнесени во 2011 година, МКК брои 99 Национални институции
за човекови права од кои 69 се акредитирани под категорија А, 20 под категорија
Б, а 10 држави се акредитирани под категорија Ц.
Национална институција за човекови права во
Република Македонија
ПРОЦЕС НА АКРЕДИТАЦИЈА НА ОМБУДСМАНОТ НА
РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
КАКВА ИНСТИТУЦИЈА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА?
Заклучок
...........