Интелектуална сопственост

Download Report

Transcript Интелектуална сопственост

ИНТЕЛЕКТУАЛНА
СОПСТВЕНОСТ
• Интелектуална сопственост е термин кој што
вклучува повеќе различни типови на умствена
активност за кои што се признаваат посебни права и
за кои што постојат посебни различни законски рамки.
Интелектуалната сопственост,
вообичаено, се дели на две големи
групи, и тоа:
• Индустриска сопственост
• Авторско право и сродни (соседски) права
• Терминот индустриска сопственост потекнува од
француското право, така што коренот на овој термин е
содржан во текстот на првиот патентен закон
воЕвропа, Францускиот закон за
патенти од 1791 година.
Патент
• Патент е уверение за интелектуална сопственост што
државата му го дава на еден пронаоѓач кое му
гарантира исклучиви права на пронајдокот со негово
објавување во јавноста.
• Објект на патентна заштита е пронајдокот како
материјализаиран производ на инвентивниот труд на
поеднинец или на група луѓе доколку ги исполнува
утврдените услови со закон.
Неопходните критериуми кои треба да
ги исполнува пронајдокот за да може
да се заштити со патент се:
• Новост (пронајдокот е нов ако не бил опфатен со
состојбата на техниката)
• Инвентивен придонес (пронајдокот треба да е
резултат на творечка работа)
• Применливост во индустријата или друга област
(пронајдокот да придонесува за развој на индустријата
и другите дејности)
Во најголемиот број постојат следниве
видови патент:
• доверлив патент,
• допoлнителен патент и
• зависен патент
Според друг критериум, патентите се
делат на:
• Патенти создадени од индивидуални пронаоѓачи, од
повеќе пронаоѓачи и патенти создадени во работен
однос.
• Според Законот за индустриска сопственост на
Република Македонија, доверливиот патент или
патент за доверлив пронајдок е патент од областа на
одбраната на државата и се разликува од основниот
патент по тоа што исклучително право да располага и
да го користи доверливиот пронајдок има органот на
управа надлежен за работите на одбраната.
Пронајдокот кој е пријавен или е
заштитен со патент може да се
усоврши на три начини:
• со измена на некој елемент или состојка, (ако
пронајдокот претставува комбинација на елементи);
• со усовршување , ако некој елемент или својство на
пронајдокот се изменат на подобро;
• и со дополнување ако некој нов елемент му се додаде
на веќе постоен пронајдок.
• Како зависен патент се дефинира оној патент со кој
се заштитува пронајдок којшто не може самостојно да
се применува и за чија примена е неопходна
истовремена примена на друг пронајдок, којшто
временски порано е заштитен со патент
Авторското право во Македонија
• Авторското право се остварува над следниве поими:
• Јавност - достапност на авторско дело, под еднакви
услови, на неодреден број лица надвор од вообичаениот
круг на семејството или личните познаници;
• Објавување - Значи дека авторското дело станало
достапно на јавноста, независно од начинот и формата на
која тоа е направено;
• Репродукција - Значи изработка на примерок од авторско
дело, фиксирано на материјална подлога, независно од
видот на подлогата на примерокот, бројот на примероците
и постапката;
• Дистрибуција - Значи оригиналот или примерокот на
авторското дело да се пушти во промет или да се понуди
на јавноста заради продажба или друг вид пренос на
сопственичко право, како и увоз на оригинал или примерок
за натамошен промет;
• Издавање - Значи репродукција на авторско дело во доволен
•
•
•
•
број примероци и нивна дистрибуција;
Изнајмување - Значи оригиналот или примерокот на авторското
дело да се даде на користење на определено време, заради
непосредна или посредна економска корист;
Јавно изведување - Значи објавување во живо или преку
технички средства на книжевно или музичко дело, како и
објавување во живо на сценско дело;
Јавно пренесување - Значи изведба на книжевно, музичко или
сценско дело да се објавува надвор од просторот или местото на
изведувањето, независно од средството, начинот и постапката на
пренесувањето (звучник, екран и слично);
Јавно прикажување - Значи преку технички средства да се
објави кинематографско или друго аудиовизуелно дело или дело
од областа на фотографијата, ликовната уметност, архитектурата,
урбанизмот, применетата уметност, дизајнот, картографијата, како
и дела од научна и техничка природа;
• Јавно изложување - Значи објавување на оригинал или примерок
на дело од ликовната уметност, на фотографско дело или на дело
создадено во постапка слична на фотографската;
• Радиодифузно емитување - Значи објавување на авторско дело
преку радио и телевизиски програмски сигнали безжично,
вклучувајќи сателит во кодирани или некодирани форми или жично,
вклучувајќи кабловски или микробранов систем. Како радиодифузно
емитување се смета и емитувањето преку телевизиски програмски
сигнали по индивидуално барање (он деманд);
• Радиодифузно реемитување - Значи истовремено, во целина и
непроменето објавување на радиодифузно емитувано дело, доколку
го врши друга радио и телевизиска организација или доколку се
работи за пренос по кабловски или микробранов систем, а се
однесува на повеќе од сто кабловски приклучоци или доколку делото
почетно се емитува од друга држава (кабловско реемитување) и
• Преработување - Значи изворното авторско дело да се преведува,
обработува, приспособува, аранжира или на друг начин да се
преработи.
Авторско дело
• Авторско дело е индивидуална и интелектуална
творба од областа на книжевноста, науката, уметноста
и од други области на творештвото, независно од
видот, начинот и формата на изразување, доколку со
закон не е поинаку определено.
За авторско дело се смета особено:
• - пишано дело, како, книжевно дело, напис, статија, прирачник, брошура,
•
•
•
•
•
•
•
•
•
•
•
научен труд, расправа и слично,
- компјутерска програма, како книжевно дело,
- говорно дело, како, говор, беседа, предавање и слично,
- музичко дело, со или без текст,
- драмско, драмско-музичко и куклено дело,
- кореографско и пантомимичарско дело, фиксирано на материјална
подлога,
- фотографско дело и дело создадено во постапка слична на фотографската,
- кинематографско и друго аудиовизуелно дело,
- ликовно дело, како, слика, графика, скулптура и слично,
- архитектонско дело,
- дело од применетата уметност и дизајнот и
- картографско дело, план, скица, технички цртеж, проект, табела, пластично
дело и друго дело со ист или сличен карактер од областа на географијата,
топографијата, архитектурата или друга научна, образовна, техничка или
уметничка природа.
• Како авторско дело не се смета идеја, концепција,
откритие како ни законодавен текст од извршната,
законодавната или судската област, или пак нивен
превод.
• Со преработката на авторско дело не е дозволено
да бидат засегнати правата на авторот на
изворното дело.
Автор
• Автор, во смисла на законот, е физичко лице кое
создало авторско дело.
• За автор се смета лице чие име, псевдоним или
ознака на вообичаен
Морални права
• Моралните права го штитат авторот по однос на
неговата индивидуална и интелектуална врска со
делото.
• Авторот има исклучиво морално право да одлучи
дали, кога и како ќе биде прв пат објавено неговото
дело; на признавање на авторството на своето дело;
да одлучи дали при објавувањето на делото ќе се
наведе неговото авторство и со каква ознака; да бара
при секое користење на делото на вообичаен начин да
биде наведено неговото име, псевдоним или друга
ознака; на сочувување на целината на делото и да се
спротивстави на секакво деформирање, сакатење или
менување на неговото дело и сл.
Траење на Авторското право
• Авторското право трае за време на авторовиот живот
и 70 години по неговата смрт, а авторското право на
анонимни и псевдонимни дела трае 70 години по
законското објавување на делото.
• Авторското право на аудиовизуелни и колективни дела
трае 70 години по законското објавување на делото.
Нарушување на авторски права
• Нарушување на авторските права е неовластено
или забрането користење на дела кои се заштитени со
авторски права, кршење на екслузивните права на
сопствениците на авторските права, како што е
правото да се репродуцира или извршува авторското
дело или да се направи aдаптирано дело.
Пиратерија
• Терминот "пиратството" се користел за неовластено
производство и продажба на дела со авторски права.
Брендирање
• Трговската марка или бренд претставува знак,
симбол, име, број преку кој претпријатијата ги
означуваат своите производи.
• Постојат и други дефиниции за терминот бренд а
нивна заедничка нишка е дека брендот е нешто
повеќе од комбинација на име, дизајн, симбол или
други карактеристики што ги диференцираат
производот или услугата од останатите
• Брендот е симболичен приказ на сите информации
поврзани со производот, односно целосен “пакет” на
бенифиции и задоволства за кои купувачот верува
дека ги добива доколку го купи производот.
Развојот на еден бренд бара
времесилен финансиски маркетинг и
добри маркетинг вештини како што се:
• Осознавање на потребите на потрошувачите
• Способност да се нудат услуги што ќе ги пресретнат
потребите
• Креативност да се продуцира “возбудливо
рекламирање”
• Без овој процес нема бренд, туку само име и знак за производ.
Предности на брендот за
продавачите се:
• ги идентификува производите на компанијата и го
прави повторното купување полесно, олеснати
промотивни активности, лојалност кон брендот стабилно пазарно учество, дозволува да се наплати
голема цена за производот, дозволува полесно да се
развијат брендови за нови производи, на нови пазар и
на нови географски подрачја, може да комуницира
дирекно со потрошувачот, поголем ливериџ со
средната класа на луѓе, поголема отпорност на
ценовната конкуренција, подолг животен циклус на
стоките и потрошувачите повеќе простуваат за
направените грешки
Предности на брендот за купувачите:
• помага да ги идентификуваат производите, помага да
го препознаат квалитетот на производот, помага да го
намалат ризикот при купувањето, овозможува
гаранција за квалитетот, можат да се потпрат на него
(константност во квалитетот), може да понуди
психолошка награда (статусен симбол), претставува
патоказ низ голем број на алтернативе, заштедува
време, полесно се обработува ментално