Потреба од усогласување на македонското законодавство со

Download Report

Transcript Потреба од усогласување на македонското законодавство со

ПОТРЕБА ОД УСОГЛАСУВАЊЕ НА
МАКЕДОНСКОТО ЗАКОНОДАВСТВО СО
ЕВРОПСКАТА ДИРЕКТИВА ЗА
АУДИОВИЗУЕЛНИ МЕДИУМСКИ УСЛУГИ,
СО ПРЕПОРАКИТЕ И СТАНДАРДИТЕ НА
СОВЕТОТ НА ЕВРОПА, КАКО И СО
ПРЕПОРАКИТЕ НА ЕВРОПСКАТА
КОМИСИЈА, НОТИРАНИ ВО ИЗВЕШТАЈОТ
ЗА НАПРЕДОКОТ НА РЕПУБЛИКА
МАКЕДОНИЈА
•
Република Македонија има обврска да го усогласи своето законодавство со Европското, односно
да го усогласи македонското законодавство со Директива за аудиовизуелни медиумски
услуги, со препораките и стандардите на Советот на Европа, како и со препораките на
Европската Комисија, нотирани во извештајот за напредокот на Република Македонија .
•
Постојниот Закон за радиодифузната дејност ја регулира радиодифузијата во Република
Македонија (линеарните медиумски услуги) и истиот е усогласен со Директивата телевизија без
граници.
•
За регулација на услугите видео по барање (нелинеарни медиумски услуги), ЕУ ја усвои
Директива за аудиовизуелни медиумски услуги.
ЦЕЛИ КОИ ТРЕБА ДА СЕ ПОСТИГНАТ СО УСОГЛАСУВАЊЕТО
•
•
•
•
•
•
•
•
•
•
Слобода на медиумите , слобода на изразување, право на информираност до разновидни и независни
информации и програмски содржини, како основни начела на демократско општество;
Заштита и развој на медиумскиот плурализам, развој на постојните и на нови медиуми;
Развој на независната продукција;
Подигнување на професионалните стандарди во информирањето;
Поттикнување, унапредување и заштита на културниот идентитет, јазикот и традицијата, поттикнување
на јавниот дијалог, толеранцијата и разбирањето меѓу граѓаните;
Поттикнување на творештво, образовен и научен развој;
Заштита на интересите на корисниците особено на малолетничката публика, развој на медиумската
писменост;
Транспарентен, независен, ефикасен и отчетен јавен радиодифузен сервис и регулаторно тело во
областа на медиумите;
Техничко-технолошки развој на медиумите, конвергенција со електронските комуникации и услугите на
информатичко општество;
Поттикнување на развојот на економијата во Република Македонија.
ОПФАТ НА ЗАКОНСКОТО УСОГЛАСУВАЊЕ:
•
Со усогласувањето ќе треба да ги регулира следните медиумски услуги:




•
Телевизиско и Радио емитување (традиционална радиодифузија);
Обезбедување на аудио и аудиовизуелна медиумска услуга по барање;
Издавање на печат;
Издавање на електронски интернет публикации.
Дополнително, со усогласувањњето ќе треба да се опфати и регулација за :
 Дистрибуција на програмски пакети преку комуникациски мрежи;
 Дистрибуција на печат;
Постојниот Закон за радиодифузната дејност содржи регулација за дистрибуцијата на програмски
пакети преку комуникациски мрежи, но истата треба да се преработи и допрецизира со цел да се
обезбедат предуслови за надминување на добиените забелешки во извештаите на ЕК.
СО УСОГЛАСУВАЊЕТО НЕМА ДА СЕ РЕГУЛИРА:
•
Услуги што пред сè, се нестопански и што не се во конкуренција со радио или телевизиското
емитување, како што се приватните интернет страници и услуги што се состојат од обезбедување
или дистрибуција на аудиовизуелна содржина создадена од приватни корисници за споделување
и размена во рамки на заедници од интерес;
•
Интернет страници што содржат аудиовизуелни содржини само на помошен начин, како што се
анимирани графички елементи, куси рекламни спотови или информации поврзани со некој
производ или неаудиовизуелна услуга. Игрите на среќа што вклучуваат паричен влог,
вклучително и лотарии, обложување и други форми на услуги за коцкање, како и онлајн игри и
пребарувачи, но не и емитувањата посветени на коцкање или игри на среќа;
НАСОКИ ВО КОИ ЌЕ СЕ ДВИЖИ ЗАКОНСКОТО УСОГЛАСУВАЊЕ ЗА СИТЕ ВИДОВИ
ОБЕЗБЕДУВАЧИ НА МЕДИУМСКИ УСЛУГИ
ПРОГРАМСКИ КОНЦЕПТ НА МЕДИУМ
Со Програмскиот концепт на медиумот ќе биде утврден форматот и основните суштински
насоки за работата на медиумот.
СТАТУТ НА МЕДИУМ
Во Статутот на медиумот покрај другото ќе треба да се уредат правата и обврските на главниот
и одговорен уредник, другите одговорни уредници, новинарите, односите помеѓу издавачотот
на медиум, главниот и одговорен уредник, другите уредници, новинарите, обезбедување на
слобода во работата, одговорноста во медиумот, составот на уредништвото.
НАСОКИ ВО КОИ ЌЕ СЕ ДВИЖИ ЗАКОНСКОТО УСОГЛАСУВАЊЕ ЗА
СИТЕ ВИДОВИ ОБЕЗБЕДУВАЧИ НА МЕДИУМСКИ УСЛУГИ
ЗАШТИТА НА ПРАВАТА НА НОВИНАРИТЕ
•
Потребно е да се обезбеди новинар да може да го изнесе својот став а без притоа да има последици врз
неговата работа (раскинување на договорот за работа, намалување на платата или промена на
позицијата во уредништвото).
•
Потребно е да се обезбеди новинар да може да одбие да изготви, напише или да учествува во
составување на новинарски прилог чија содржина е против правилата на новинарската професија и
етика, а без притоа да има последици врз неговата работа.
•
Потребно е да се обезбеди заштита на угледот на авторот (името на авторот да не се објавува без
негова согласност доколку со уредничка обработка се сменила смислата на содржината создадена од
авторот).
•
Потребно е прецизно да се дефинираат случаевите за кои издавач на медиум не одговара за
предизвикана штета со одредена информација која ја објавил.
НАСОКИ ВО КОИ ЌЕ СЕ ДВИЖИ ЗАКОНСКОТО УСОГЛАСУВАЊЕ ЗА СИТЕ ВИДОВИ
ОБЕЗБЕДУВАЧИ НА МЕДИУМСКИ УСЛУГИ
ОБЕЗБЕДУВАЊЕ ПОГОЛЕМА ТРАНСПАРЕНТНОСТ
Со цел да се обезбеди поголема транспарентност во работењето на сите видови на медиуми, издавачите на
медиуми треба да имаат обврски да објавуваат и доставуваат прецизни информации до регулаторот, согласно
Препораката 94(13) за транспарентност на медиумите од Советот на Европа.
ЗАШТИТА НА ПЛУРАЛИЗМОТ/УТВРДУВАЊЕ НА НЕДОЗВОЛЕНА МЕДИУМСКА КОНЦЕНТРАЦИЈА
Од битно значење е да се допрецизира постапката за утврдување на недозволена медиумска концентрација и при
тоа да се разграничи надлежноста на регулаторното тело за медиуми и Комисијата за заштита на конкуренцијата.
Со ова ќе се обезбедат предуслови за надминување на добиените забелешки во извештаите на ЕК а
кои се однесуваат на утврдувањето на постоење на недозволена медиумска концентрација.
НАСОКИ ВО КОИ ЌЕ СЕ ДВИЖИ ЗАКОНСКОТО УСОГЛАСУВАЊЕ ЗА СИТЕ ВИДОВИ
ОБЕЗБЕДУВАЧИ НА МЕДИУМСКИ УСЛУГИ
ГАРАНТИРАЊЕ ПРАВО НА ИСПРАВКА И ОДГОВОР
Постојниот Закон за радиодифузната дејност содржи одредби за регулација на правото на исправка и
одговор.
Со усогласувањето треба да се дополни и допрецизира, прецизно да утврди кај кого е одговорноста за
објавување на исправка и одговор, во целост да ја пропише постапката во случај на необјавување на
исправка и одговор и истата да важи и за новите медиумски услуги.
МЕДИУМСКИ УСЛУГИ НА ИЗДАВАЊЕ НА ПЕЧАТ ИЛИ ЕЛЕКТРОНСКИ ПУБЛИКАЦИИ
•
Со усогласувањето треба да воведе т.н “лесна регулација“ за издававање на печат или издававање на
електронските публикации. Лице за да биде издавач на печат или електронски публикации не треба да
добива посебна дозвола. Лицето пред да започне со вршење на дејноста ќе треба само да има седиште
и уредништво во Република Македонија и да се пријави/регистрира во регулаторното тело.
•
Регулаторното тело не смее да одбие да издаде потврда за регистрација, доколку пријавата ги содржи
потребните податоци, а во случај пријавата да не ги содржи потребните податоци, регулаторното тело
треба во утврден рок да му даде можност на подносителот на пријавата истата да ја дополни.
•
Регулаторното тело ќе треба да води посебен и јавен Регистар на новински издавачи и Регистар на
издавачи на електронски публикации.
•
Ќе треба да се предвидат прецизни и јасни одредби за начинот и условите за бришење од регистарот.
АУДИО И АУДИОВИЗУЕЛНИ МЕДИУМСКИ УСЛУГИ
АУДИО И АУДИОВИЗУЕЛНИ МЕДИУМСКИ УСЛУГИ МОЖЕ ДА БИДАТ:

Линеарни медиумски услуги (традиционална радиодифузија), односно телевизиско или радио
емитување.

Нелинеарни медиумски услуги, односно аудио и аудиовизуелни медиумски услуги по барање.
АУДИО И АУДИОВИЗУЕЛНИ МЕДИУМСКИ УСЛУГИ
ЗАЕДНИЧКИ ОДРЕДБИ (И ЗА ЛИНЕАРНИ И ЗА НЕЛИНЕАРНИ МЕДИУМСКИ УСЛУГИ)
•
•
•
•
•
•
•
Јурисдикција;
Дефинирање на ниво на гледаност/слушаност (државно, регионално или локално ниво) при
аналогно или дигитално емитување;
Евиденцијата на емитувана програма;
Објава на информации важни за корисниците;
Емитување на кинематографски дела;
Социјална инклузија и медиумска писменост;
Аудиовизуелна комерцијална комуникација, Спонзорство и Пласирање производи.
АУДИО И АУДИОВИЗУЕЛНИ МЕДИУМСКИ УСЛУГИ
ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА НЕЛИНЕАРНИ МЕДИУМСКИ УСЛУГИ (МЕДИУМСКИ УСЛУГИ ПО БАРАЊЕ)
•
Добивањето Дозвола за обезбедување на медиумски услуги по барање треба да биде врз основа на
поднесено барање од лице кое има обезбедено технички услови за пренос и Програмски концепт.
•
Регулаторното тело во рок не подолг од 30 дена од денот на прием на уредно барањето треба да ја
издаде дозволата. За добиената дозвола ќе треба да се плаќа годишен надоместок на сметка на
регулаторното тело.
•
Регулаторното тело треба да води посебен и јавен Регистар на давателите на медиумски услуги по
барање.
•
Треба да предвиди јасни и прецизни правила за условите под кои ќе може да биде одземена дозволата.
•
Заштитата на малолетниците и промоцијата на Европски дела, треба да биде обврска за давателите на
медиумски услуги по барање, согласно Директивата за аудиовизуелни медиумски услуги.
АУДИО И АУДИОВИЗУЕЛНИ МЕДИУМСКИ УСЛУГИ
ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА ЛИНЕАРНИ МЕДИУМСКИ УСЛУГИ (ТРАДИЦИОНАЛНА РАДИОДИФУЗИЈА)
Два начина на доделба на Дозвола за телевизиско или радио емитување:
1) Доделба на дозвола за телевизиско/радио емитување по пат на јавен конкурс, доколку емитувањето е
преку ограничен ресурс: радиофреквенција или дигитален терестријален мултиплекс.
2) Доделба на дозвола за телевизиско/радио емитување без јавен конкурс, доколку емитувањето е преку
електронска комуникациска мрежа или сателит.
Треба да утврди обврска на регулаторот да донесе подзаконски акт за минимални технички, просторни,
финансиски и кадровски услови потребни за телевизиско или радио емитување зависно од нивото на
емитување
АУДИО И АУДИОВИЗУЕЛНИ МЕДИУМСКИ УСЛУГИ
ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОЗВОЛА ЗА ТЕЛЕВИЗИСКО ИЛИ РАДИО ЕМИТУВАЊЕ ПО ПАТ НА ЈАВЕН
КОНКУРС
•
Треба да се пропишат одредби кои прецизно ќе ја утврдат содржина на Одлуката за објавување на
јавниот конкурс, пријавата за учество, критериумите за оценување, како и постапката за донесување на
одлука за доделување на дозволата. Постапката треба да биде прецизна, транспарентна,
недискриминаторска и со јасни правила со што ќе се создадат предуслови за надминување на
забелешките на ЕК за овој дел.
•
Регулаторното тело ќе донесе Одлука за објавување на јавен конкурс за доделување на дозвола за
телевизиско или радио емитување, по прием на писмено барање од заинтересирана страна, а во
согласност со студија подготвена од регулаторното тело со која ќе се утврди оправданоста за објавување
на конкурсот, а особено од аспект на исполнувањето на целите на законот и потребите на публиката.
•
Постојниот надоместок кој го плаќаат радиодифузери на сметка на СРД за Дозволата за радиодифузија,
треба да остане ист и по законското усогласување.
АУДИО И АУДИОВИЗУЕЛНИ МЕДИУМСКИ УСЛУГИ
ПЛАН ЗА НАМЕНА И РАСПРЕДЕЛБА НА ПРЕНОСНИ КАПАЦИТЕТИ НА ДИГИТАЛЕН ТЕРЕСТРИЈАЛЕН
МУЛТИПЛЕКС
Регулаторното тело во постапка утврдена во закон, треба да донесе План за намена и распределба на преносни
капацитети на дигитален терестријален мултиплекс на оператор кој има обврска да ги емитува радиодифузерите од РМ.
Планот ќе треба да содржи:
–број на телевизиски програмски сервиси (стандардна/висока дефиниција);
–број на радио програмски сервиси;
–преносни капацитети предвидени за дополнителни услуги, други придружни информации и податоци;
–предвидени капацитети за премин кон емитување на телевизија во висока дефиниција или други нови технологии;
РЕГУЛАЦИЈА НА РАБОТАТА НА DVB-T ОПЕРАТОР
Треба да предвиди посебна регулација за операторот на дигитален терестријален мултиплекс кој има обврска да ги
емитува радиодифузерите од РМ:
–Почитување на Планот за намена и распределба на преносни капацитети;
–Услови и цени за емитување на програмските сервиси на радиодифузерите;
–Постапка на склучување на договори со радиодифузерите;
–Примена на принципите на објективност, транспарентност, пропорционалност и недискриминација;
–Обврски за водење на посебно сметководство;
–Надзорот над работата на операторот.
•
АУДИО И АУДИОВИЗУЕЛНИ МЕДИУМСКИ УСЛУГИ
ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОЗВОЛА ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА ТЕЛЕВИЗИСКО ИЛИ РАДИО ЕМИТУВАЊЕ БЕЗ ЈАВЕН
КОНКУРС
•
Доколку емитувањето е преку електронска комуникациска мрежа или сателит, потребната дозвола
регулаторот ќе ја доделува врз основа на поднесено барање од заинтересирана страна. Треба прецизно
да ја пропише содржината на барањето, рокот во кој регулаторот ќе ја донесе одлуката за доделување
на дозволата.
•
И во овој случај барателот треба да ги исполни минималните технички, просторни, финансиски и
кадровски услови за обезбедување на телевизиско или радио емитување пропишани од страна на
регулаторот.
•
Треба да се утврди обврска регулаторното тело да води посебен и јавен Регистар на радиодифузери од
Република Македонија.
ПРОГРАМСКИ СТАНДАРДИ ВО РАДИОДИФУЗИЈА
•Одредбите кои се однесуваат на настани со ексклузивни права на емитување, утврдување на листа на
настани од големо значење, правото на кратко известување, заштитата на малолетната публика, обврските
на радиодифузерите за емитување на европски дела и дела од независни продуценти треба да се усогласат
со Директивата за аудиовизуелни медиумски услуги.
•Треба да се предвиди обврските за радиодифузерите за процентуално дневно емитување музика и за
програми изворно создадени на македонски јазик или на јазиците на немнозинските заедници кои живеат во
Република Македонија.
РЕКЛАМИРАЊЕ, ТЕЛЕШОПИНГ И СПОНЗОРСТВО ВО РАДИОДИФУЗИЈА
•Одредбите за рекламирање и телешопинг, начинот и времетраењето на емитување на рекламни и
телешопинг спотови, одредбите за телешопинг прозорците треба да се усогласат со Директивата за
аудиовизуелни медиумски услуги.
ДИСТРИБУЦИЈА НА ПЕЧАТ И ДИСТРИБУЦИЈА НА ПРОГРАМСКИ ПАКЕТИ
ДИСТРИБУЦИЈА НА ПЕЧАТ
•Со усогласувањето треба да воведе т.н “лесна регулација“ за обезбедување дистрибуција на печат. Имено,
за лице да дистрибуира печат не треба да добива посебна дозвола. Лицето пред да започне со вршење на
дејноста ќе треба да има седиште во Република Македонија, да се пријави/регистрира во регулаторното
тело како дистрибутер на печат.
•Регулаторното тело не смее да одбие да издаде потврда за регистрација, доколку пријавата ги содржи
потребните податоци, а во случај пријавата да не ги содржи потребните податоци, регулаторното тело ќе
треба во рок утврден со законот да му даде можност на подносителот на пријавата истата да ја дополни.
•Регулаторното тело ќе треба да води посебен и јавен Регистар на дистрибутери на печат.
•Треба да се предвидат прецизни и јасни одредби за начинот и условите за бришење од регистарот.
ДИСТРИБУЦИЈА НА ПЕЧАТ И ДИСТРИБУЦИЈА НА ПРОГРАМСКИ ПАКЕТИ
ДИСТРИБУЦИЈА НА ПРОГРАМСКИ ПАКЕТИ
•Обезбедувач на програмски пакет е лицето кое е одговорно за изборот и организацијата на програмските сервиси
во програмскиот пакет кој се дистрибуира до корисниците преку комуникациска мрежа .
•За лице да обезбедува програмски пакет до крајни корисници, треба претходно да се нотифицира во регулаторот
на медиуми како обезбедувач на пакети и да има склучен договор со оператор на мрежа. Оператор на електронска
комуникациска мрежа може да биде и обезбедувач на програмски пакет.
•Регулаторното тело за медиуми треба да води посебен и јавен Регистар на обезбедувачи на програмски пакети, да
го запише обезбедувачот во регистарот врз основа на нотификацијата и да му издаде потврда за регистрација за
оние програмски сервиси за кои обезбедувачот на програмскиот пакет со договор ги уредил авторските и сродните
права.
•Обезбедувач на програмски пакет за услугата која ја врши треба да има обврска за плаќање на надоместок за
надзор на сметка на регулаторот.
•Постојната обврската обезбедувач на програмски пакет задолжително и бесплатно да ги реемитува програмските
сервиси на јавниот радиодифузен сервис треба да останат.
•Во согласност со Директивата за аудиовизуелни медиумски услуги, треба да се воведат одредби што ќе се
однесуваат на ограничување на пренос и прием на аудио или аудиовизуелни медиумски услуги од други држави.
ЈАВЕН РАДИОДИФУЗЕН СЕРВИС - МРТ
ОРГАНИ НА МРТ
•Органите на МРТ од постојниот Закон за радиодифузната дејност (Совет на МРТ, Управен одбор на МРТ и Работоводен
орган на МРТ) треба да се предвидат во процесот на усогласување. Не треба да се доведе во прашање континуитетот на
работењето на постојните членови во органите на МРТ.
•Одредбите кои се однесуваат на надлежностите на органите на МРТ треба соодветно да се допрецизираат согласно
препораките за јавни радиодифузни сервиси на Советот на Европа.
•Органите на МРТ треба да донесат акт за обезбедување на етички и професионални стандарди во креирањето и
продукцијата на програмите, додека Работоводниот орган треба да се грижи за почитување на истите и за принципите на
уредувачка независност.
ФИНАНСИРАЊЕ НА МРТ
•Треба јасно да се дефинираат јавните и комерцијалните приходи на МРТ.
•МРТ јавните приходи не смее да ги користи за финансирање на комерцијални услуги.
•МРТ треба да има обврска за водење посебно сметководство на начин и постапка утврдена со закон. Внатрешна ревизија
на МРТ треба редовно да го следи водењето на сметководството.
•МРТ со обезбедувањето на комерцијални услуги не смее да ја спречи, ограничи или да ја наруши пазарната конкуренција,
согласно прописите за заштита на конкуренцијата.
•Треба да се утврди обврска МРТ редовно да го ажурира регистарот на обврзници и за ажурирањето да го известува
Собранието на РМ во Годишниот извештај за работа.
ЈАВЕН РАДИОДИФУЗЕН СЕРВИС-МРТ
СКЛУЧУВАЊЕ НА ДОГОВОРИ
•
МРТ доколку при обезбедување на комерцијална услуга има потреба од изнајмување на преносни капацитети
од оператор на комуникациска мрежа, во тој случај набавката МРТ треба да ја врши по пат на јавен конкурс на
начин и постапка утврдена со Статутот на МРТ и за истото да склучи посебен договор.
•
МРТ треба набавката на аудио/аудиовизуелни дела да ја врши по пат на јавен конкурс на начин и постапка
утврдена со Статутот на МРТ, и за истото да склучи посебен договор.
•
МРТ треба да е должна јавните конкурси и склучувањето на договорите да ги прави на начин со кој ќе
обезбеди транспарентност, економичност, ефикасност и ефективност во управувањето на финансиските
средства на МРТ, согласно Годишната програма за работа на МРТ.
•
Во Годишниот извештај за работа на МРТ треба прецизно да бидат прикажани претходните активности.
ЈАВЕН РАДИОДИФУЗЕН СЕРВИС - МРТ
ОДГОВОРНОСТ И ОТЧЕТНОСТ НА МРТ
•
МРТ треба да има обврска до Собранието на РМ да доставува детален Годишен извештај за работата за
претходната година и Годишна програма за работа за наредната година.
•
Годишниот извештај за работа за претходната година и Годишната програма за работа за наредната година,
пред МРТда ги достави во Собранието на РМ треба на својата веб страна јавно да ги објави, со цел да
овозможи заинтересираните страни да ги изразат своите мислења, гледишта и ставови по однос на истите.
МРТ треба на својата веб страна да ги објави добиените мислења и коментари, како и ставот на МРТ по однос
на истите.
•
Регулаторот треба да врши програмски и стручен надзор врз работата на МРТ на начин и постапка утврдена со
законот. Доколку регулаторот утврди дека МРТ сторила одредена повреда, за тоа ќе го извести Работоводниот
орган на МРТ со цел да превземе мерки за отстранување на повредата.
•
МРТ треба периодично на определен временски период, како и по барање на регулаторот, да му доставува
финансиски извештај во однос на користењето на средствата прибрани од наплатата на радиодифузната такса
и другите јавни приходи на МРТ.
РЕГУЛАТОРНО ТЕЛО ЗА МЕДИУМИ
•
•
Треба да се дополнат и допрецизираат одредбите кои се однесуваат на регулаторното тело надлежно
за медиумските услуги, а особено во однос на:
–
–
–
–
–
–
Надлежностите на регулаторот;
Одржувањето на седниците на Советот;
Одговорноста на членовите и вработените во стручната служба;
Транспарентноста во работата на регулаторот;
Обезбедување на влијание на јавноста во работата на регулаторот;
Надлежностите на стручната служба на регулаторното тело.
•
Со усогласувањето не треба да се доведе во прашање континуитетот на работењето на постојниот
Совет за радиодифузија, односно постојните членови на Советот за радиодифузија треба да
продолжат да ја вршат функцијата до истекот на нивниот мандат.
Точно да ги утврди мерките кои регулаторното тело може да ги преземе во случај на повреда на
прописите за да не се остава можност субјективно да одлучи дали и која мерка ќе ја преземе према
одреден медиум. Исто така, а во насока на транспарентност и заштита од субјективизам треба да се
воведе обврска на регулаторното тело јавно да ги објавува преземените мерки.
РЕГУЛАТОРНО ТЕЛО ЗА МЕДИУМИ
ВРШЕЊЕ ПРОГРАМСКИ И СТРУЧЕН НАДЗОР
• Треба да се утврдат одредби со кои ќе се обезбеди регулаторното тело да врши програмски и стручен надзор
(редовен и ad-hoc) над обезбедувачите на медиумски услуги и обезбедувачите на програмски пакети од аспект на
почитувањето на одредбите на Законот, дозволите, издадените потврди за регистрација, подзаконските акти и
другите акти донесени од регулаторното тело.
•Треба да се пропише постапката за вршење на програмски и стручен надзор и истата треба да е усогласена со
Законот за инспекциски надзор.
ЗАШТИТЕНИ УСЛУГИ
•Треба да се воведат одредби со кои ќе се утврдат одредени забрани за недозволени направи кои обезбедуваат
условен пристап до заштитени услуги. ( хакирани сет-топ-боксови, хакирани PC картици за гледање на платена ТВ и
сл.)
Со воведувањето на овие одредби ќе се создадат предуслови за надминување на забелешката на ЕК
дадена во извештаите за напредокот на РМ.
КАЗНЕНИ ОДРЕДБИ
Треба да се предвидат казнени одредби кои за разлика од постојниот Закон за радиодифузна дејност треба да
бидат предвидени како глоби во износ до 3% од вкупниот годишен приход на правното лице (изразена во апсолутен
износ) остварен во деловната година што и претходи на годината кога е сторен прекршокот или од вкупниот приход
остварен за пократок период од годината што му претходи на прекршокот доколку во таа година правното лице
започнало да работи. Ова би претставувало значително зголемување на висината на казната, што треба да делува
превентивно. Високи казни за прекршување на одредби на закони со кои се регулираат медиумските услуги постојат
и во земјите на Европската унија.
ПРЕОДНИ ОДРЕДБИ (ДИГИТАЛИЗАЦИЈА)
Согласно Одлуката на Владата на Република Македонија 01.06.2013 година е датум на исклучување на аналогната
терестеријална телевизија.
Треба да се утврди обврска на Агенцијата за електронски комуникации да спроведе постапка за оператор на
дигитален терестријален систем - ДВБ-Т кој од 01.06.2013 година ќе ги емитува дигитално телевизиските
радиодифузери од РМ.
Tреба да се утврди постапка за премин на постојните радиодифузери од аналогно во дигитално емитување,
односно замена на постојната дозвола со дозвола за дигитално емитување.
АГЕНДА ЗА УСОГЛАСУВАЊЕ НА ЗАКОНИТЕ
•
•
•
•
•
•
5-9 декември 2011 година:
Декември 2011 година:
Јануари 2012 година:
Февруари 2012 година:
Март 2012 година:
Април 2012 година:
Прва TAIEX мисија во Скопје
Добивање на предлози од заинтересирани страни
Евентуален предлог текст на закон на јавна расправа
Втора TAIEX мисија во Скопје
Трета TAIEX мисија во Скопје
Текст на законот се доставува до Владата на РМ
TAIEX МИСИЈА ВО СКОПЈЕ (5-9 ДЕКЕМВРИ 2011)
•
6 декември 2011 година:
Состаноци со здруженија, невладини организации
•
7 декември 2011 година:
Состанок со Совет за радиодифузија
Состаноци со телевизиски и радио станици
•
8 декември 2011 година:
Состанок со МРТ
Состаноци со оператори

9 декември 2011 година:
Состаноци со издавачи на печат и електронски
публикации
Во идните TAIEX мисии ќе бидат предвидени јавни расправи по текстот на законот