Презентација

Download Report

Transcript Презентација

ИОРРМ - Континуирано
професионално усовршување 2011
МСС 23 – Трошоци за
позајмување
Предавач
Роберт Манасиев
Содржина
•
•
•
•
•
Издавање и измени
Основен принцип
Делокруг
Дефиниции
Признавање
•
•
•
•
Период на капитализација
Обелоденување
Графикон – стебло на одлучување
Толкувања
– Трошоци за позајмување дозволени за капитализација
– Трошоци за позајмување во консолидирани
финансиски извештаи
2
МСС 23 – Трошоци за позајмување
Издавање и измени
• Првично е издаден во 1993 и го замени
претходниот МСС 23 - Капитализација на трошоци
за позајмување (издаден во март 1984 година)
• Последователна измена е направена во 2007 година
• Тековна верзија од 1 јануари 2009 година
• Поврзани толкувања:
– КТМФИ 1 – Промени во постоечки обврски за
престанок на работа, обновување и слични обврски
– КТМФИ 12 – Аранжман за концесија на услуги
3
МСС 23 – Трошоци за позајмување
Основен принцип
Трошоците за позајмување кои директно
може да се припишат на стекнување, изградба
или производство на „средство кое се
квалификува„, претставуваат дел од
набавната вредност на тоа средство.
Останатите трошоци за позајмување се
признаваат како расход
4
МСС 23 – Трошоци за позајмување
Делокруг
• Се применува во сметководството за трошоци за
позајмување
• Не се применува за стекнување, изградба или
производство на:
– „Средство кое се квалификува„, а кое се мери според
објективна вредност (пример: биолошки средства)
– Залихи, кои се произведени или на друг начин создадени, во
големи количини на повторлива основа
• Не се применува на фактичките или специфичните
трошоци на главнината, вклучувајќи го и приоритетниот
капитал, кој не е класификуван како обврска
5
МСС 23 – Трошоци за позајмување
Делокруг
• „Средство кое се квалификува„, а кое се мери според
објективна вредност
– Капитализацијата не влијае врз вредноста на средството
– Ентитетот може да примени политика на капитализација на
трошоци за позајмување, на конзистентна основа
• Дивидендата на преференцијалните акции и каматата
на конвертибилните обврзници може да се
капитализираат бидејќи претставуваат финансиски
обврски согласно МСС 32 – Финансиски инструменти:
обелоденување и презентирање и претставуваат:
– Обврска за ентитетот
– Дивидендата (каматата) за нив се евидентира во БУ
6
МСС 23 – Трошоци за позајмување
Дефиниции
• Трошоци за позајмување се камата и други
трошоци коишто ентитетот ги прави во врска
со позајмувањето на финансиски средства
• Трошоците за позајмување може да
вклучуваат:
– Трошоци за камата (МСС 39)
– Финансиски трошоци во врска со финансиски
наеми (МСС 17)
– Курсни разлики кои произлегуваат од
позајмувањето во странски валути
7
МСС 23 – Трошоци за позајмување
Дефиниции
• Трошоци за позајмување
– Трошоците за камата се пресметуваат согласно
методот на ефективна каматна стапка (МСС 39)
и вклучуваат:
• Камати
• Трансакциски трошоци
• Амортизација на дисконт или премија поврзани со
позајмувањето
8
МСС 23 – Трошоци за позајмување
Дефиниции
• Трошоци за позајмување
– Финансиските трошоци поврзани со финансиските
наеми исто така се квалификуваат за капитализирање
во случај кога се наменети за изградба или набавка на
средство што се квалификува.
– Исто така финансиските трошоци поврзани со
финансиски наеми на опрема за изградба на средство
кое се квалификува може да се квалификуваат но само
за периодот на изградба/набавка на средството.
• Пример: Во случај на финансиски наем на градежна машина
која се користи исклучиво за изградба на специфичен објект,
каматата за финансискиот наем може да се капитализира на
вредноста на објектот до моментот на неговото довршување.
9
МСС 23 – Трошоци за позајмување
Дефиниции
• Трошоци за позајмување
– Курсните разлики поврзани со трошоците за
позајмување може да се капитализираат и вклучат
во набавната вредност на средството што се
квалификува
– Курсните разлики поврзани со износот на
главнината на финансиските обврски(кредитите) не
се капитализираат
– Пресметката на курсните разлики на трошоците за
позајмување се врши во согласност со МСС 21 –
Ефекти од промени на девизните курсеви
10
МСС 23 – Трошоци за позајмување
Дефиниции
• Средство кое се квалификува е средство на
кое му е потребен значителен временски
период за да стане спремно за неговата
намена или продажба
• Стандардот не го дефинира временскиот
период, но вообичаено се смета дека тоа е
повеќе од една година
• Одредувањето на средство кое се квалификува
зависи од природата на средството и
проценката на раководството
11
МСС 23 – Трошоци за позајмување
Дефиниции
• Средство кое се квалификува може да
биде:
– Залихи
– Производни постројки
– Енергетски постројки
– Нематеријални средства
– Вложувања во недвижности
12
МСС 23 – Трошоци за позајмување
Дефиниции
• Залихи:
–
–
–
–
Нестандардни производи (по нарачка)
Не се произведуваат во големи количини и
Не се произведуваат на редовна основа
Пример:
• Производство на воздухоплови или пловила според
сецифични барања на купувачите
• Производство на мали серии на:
– Вино
– Виски
– Сирење (кашкавал)
13
МСС 23 – Трошоци за позајмување
Дефиниции
• Нематеријални средства:
– Потребен е значителен временски период за
изградба/набавка (интерно генериран софтвер)
– Каква е предвидената намена на средството
• Самостојна употреба или продажба на средството
• Комбинирана употреба и продажба на средството
(зависност од други средства)
14
МСС 23 – Трошоци за позајмување
Дефиниции
• Пример: Друштво за телекомуникации набавило 3Г
лиценца. Лиценцата може да се продаде или
изнајми на друго друштво за телекомуникации.
Намерата на раководството е да изгради сопствена
безжична мрежа.
– Надоместот за стекнување на 3Г лиценцата претставува
средство што се квалификува затоа што:
• Се однесува на едно специфично средство (безжична мрежа)
• Претставува дел од издатоците за изградба на безжичната
мрежа
• Потребен е значаен временски период за довршување на
безжичната мрежа
Извор: PwC – A practical guide to capitalisation of borrowing costs, November 2008 (www.pwc.com)
15
МСС 23 – Трошоци за позајмување
Дефиниции
• Пример: Друштво за градежништво извршило плаќање
на надомест за уредување на градежно земјиште за
изградба на објект за продажба и извршило набавка на
опрема за градење на разни објекти
– Надоместот за уредување на градежното земјиште
претставува средство што се квалификува затоа што:
• Се однесува на едно средство
• Претставува дел од трошоците за изградба (набавка) на објект
• Потребен е значаен временски период за негово довршување
– Опремата за градење не претставува средство што се
квалификува, поради фактот што:
• Спремно е за употреба од денот на набавката
• Може да се користи за изградба на повеќе од еден објект
Извор: PwC – A practical guide to capitalisation of borrowing costs, November 2008 (www.pwc.com)
16
МСС 23 – Трошоци за позајмување
Дефиниции
• Средство кое се квалификува не може да
биде средство кое е спремно за неговата
намена или продажба во моментот кога е
стекнато:
– Финансиски средства
– Залихи, создадени или стекнати во краток
период (масовни количини произведени на
редовна основа – стандардизирани производи)
17
МСС 23 – Трошоци за позајмување
Признавање
• Ентитетот треба да ги капитализира трошоците
за позајмување кои директно можат да се
припишат на стекнувањето, изградбата или
производството на средство кое се
квалификува, како дел од набавната вредност
на тоа средство.
• Ентитетот треба да ги признае останатите
трошоци за позајмување како расход во
периодот во кој тие настанале.
18
МСС 23 – Трошоци за позајмување
Признавање
• Финансиските обврски (кредити) може да
се поделат на:
– Специфични финансиски обврски (кредити)
– Генерални финансиски обврски (кредити)
• Поделбата овозможува полесно
идентификување на износот на трошоците
за позајмување кои може да се
капитализираат
19
МСС 23 – Трошоци за позајмување
Признавање
• Специфични финансиски обврски (кредити)
(специфично задолжување) се наменети за
финансирање на изградба/набавка на
средство кое се квалификува, врз основа на:
– Специфичен договор со позајмувачот на
средствата (цел, специфични услови и др.)
– Намена на позајмените средства за целите на
изградба/набавка
– Интерни документи и одлуки
20
МСС 23 – Трошоци за позајмување
Признавање
• Генерални финансиски обврски (кредити)
(генерално задолжување) се со општа намена
и се користат за:
– Одржување на ликвидноста (работниот капитал)
– Финансирање на изградба/набавка на повеќе
различни средства (меѓу другото и средство кое се
квалификува)
– Вложувања
– Друга намена
21
МСС 23 – Трошоци за позајмување
Трошоци за позајмување дозволени за
капитализација
• До степенот до кој средствата се позајмени со
посебна цел за стекнување (специфично
задолжување) на средство кое се квалификува,
ентитетот треба да го утврди износот на
трошоците за позајмување кои се дозволени за
капитализација на тоа средство, како фактички
трошоци за позајмување настанати за време на
периодот, намалени за било каков приход од
временото вложување на тие позајмувања.
22
МСС 23 – Трошоци за позајмување
Трошоци за позајмување дозволени за
капитализација
• Специфично задолжување – Пример:
– На 01.02.2011 година, трговско друштво започнало
да гради објект кој претставува средство кое се
квалификува со вредност од 1.000 ПЕ.
– На 01.02.2011 година, трговско друштво склучило
договор за кредит наменет за изградба на објектот
во износ од 1.000 ПЕ и каматна стапка од 10%.
Истиот ден износот од 1.000 ПЕ е префрлен на
сметката на друштвото.
Извор: Grant Thornton – Capitalisation of borrowing costs, April 2009 (www.grant-thornton.co.uk)
23
МСС 23 – Трошоци за позајмување
Трошоци за позајмување дозволени за капитализација
• Специфично задолжување – Пример:
– Случај 1: Износ од 600 ПЕ е веднаш искористен за плаќање
поврзано со изградбата на објектот. Преостанатиот износ од
400 ПЕ е депониран на посебна сметка кај банката по видување
со каматна стапка од 2%. Од овие средства извршени се
плаќања на добавувачите поврзани со изградбата на објектот
на:
•
•
01.03.2011: 200 ПЕ
01.04.2011: 200 ПЕ
– Трошокот што може да се капитализира на вредноста на
објектот е фактичкиот износ на каматата намален за приходот
од каматата по видување, односно:
– (10% x 1000 ПЕ x 11/12) – (2% x 400 ПЕ x 1/12 + 2% x 200 ПЕ x 1/12)
= 92 – 1 = 91 ПЕ
Извор: Grant Thornton – Capitalisation of borrowing costs, April 2009 (www.grant-thornton.co.uk)
24
МСС 23 – Трошоци за позајмување
Трошоци за позајмување дозволени за капитализација
• Специфично задолжување – Пример:
– Случај 2: Износ од 200 ПЕ е веднаш искористен за плаќање
поврзано со изградбата на објектот. Преостанатиот износ од
800 ПЕ е користен за финансирање на работниот капитал на
друштвото. Износот од 800 ПЕ е платен на добавувачите
поврзани со изградбата на објектот на 31.12.2011 година, што
претставува дата на довршување на објектот.
– Решение: Трошокот за позајмување дозволен за
капитализација ќе биде само делот платен на износ од 200 ПЕ,
т.е. 10% x 200 ПЕ x 11/12 = 18 ПЕ
– Останатиот износ на трошокот за позајмување не може да се
капитализира бидејќи истиот не се користел за плаќања
поврзани со изградбата на објектот, односно друштвото
можело да го избегне овој трошокот на позајмување.
Извор: Grant Thornton – Capitalisation of borrowing costs, April 2009 (www.grant-thornton.co.uk)
25
МСС 23 – Трошоци за позајмување
Трошоци за позајмување дозволени за
капитализација
• До степенот до кој ентитетот ги позајмува
средствата генерално (генерално
задолжување) и ги користи за добивање на
средство кое се квалификува, ентитетот
треба да го утврди износот на трошоците за
позајмување кои се дозволени за
капитализација на тоа средство,
применувајќи стапка на капитализација на
издатоците за тоа средство.
26
МСС 23 – Трошоци за позајмување
Трошоци за позајмување дозволени за капитализација
• Стапката на капитализација треба да биде
пондериран просек на трошоците за позајмувањето
која се применува на неисплатените позајмици на
ентитетот во текот на периодот, освен позајмиците
направени конкретно со цел да се добие средство кое
се квалификува.
• Износот на трошоците за позајмување
капитализирани за време на перидот не треба да го
надмине износот на трошоците за позајмување
настанати во тој период.
27
МСС 23 – Трошоци за позајмување
Стапката на капитализација - Пример:
• Трговско друштво гради објект кој претставува
средство кое се квалификува. Финансирањето
се врши со генерални финансиски обврски
(кредити).
• Капитализацијата на трошоците за
позајмување започнува на 1 јули 2009 година
и трае се до предвиденото довршување на
објектот во 2010 година.
• Просечната вредност на објектот за периодот
изнесува 2.050.000 ПЕ.
Извор: Grant Thornton – Capitalisation of borrowing costs, April 2009 (www.grant-thornton.co.uk)
28
МСС 23 – Трошоци за позајмување
Стапката на капитализација – Пример:
• Генералните финансиски обврски (кредити) за
периодот 01.07 – 31.12.2009 година изнесуваат:
– Корпоративни обврзници во вредност од 5.000.000 ПЕ со фиксна
камата 10%. Обврзниците доспеваат во 2015 година
– Кредит во вредност од 2.000.000 ПЕ со променлива каматна стапка
која се усогласува квартално според LIBOR. На 01.07.2009 година
каматната стапка изнесувала 8,75%, а на 01.10.2009 изнесувала
9,00%. Кредитот се отплаќа во еднакви квартални износи од по
200.000 ПЕ.
– Дозволено пречекорување со променлива каматна стапка која се
усогласува квартално според LIBOR. На 01.07.2009 година
каматната стапка изнесувала 14,00%, а на 01.10.2009 изнесувала
14,40%. Пречекорувањето на 01.07.2009 година изнесува 300.000
ПЕ и на 01.10.2009 се зголемило на 700.000 ПЕ.
Извор: Grant Thornton – Capitalisation of borrowing costs, April 2009 (www.grant-thornton.co.uk)
29
МСС 23 – Трошоци за позајмување
Стапката на капитализација – Пример:
Финансиска обврска
Обврзници
Износ
Камата Просек
Просечна
финансиска
обврска
5.000.000
250.000
6/6
5.000.000
8,75 % период: 01.07-30.09.2009
2.000.000
43.750
3/6
1.000.000
9,0 % период: 01.10-31.12.2009
1.800.000
40.500
3/6
900.000
14,0 % период: 01.07-30.09.2009
300.000
10.500
3/6
150.000
14,4 % период: 01.10-31.12.2009
700.000
24.938
3/6
350.000
Кредит:
Дозволено пречекорување:
Вкупно
369.688
7.400.000
Извор: Grant Thornton – Capitalisation of borrowing costs, April 2009 (www.grant-thornton.co.uk)
30
МСС 23 – Трошоци за позајмување
Стапката на капитализација – Пример:
• Пресметаниот износот на камата од 369.688 ПЕ е
максималниот износ расположлив за капитализација
• Стапката на капитализација за периодот изнесува:
Генерални трошоци за позајмување
=
369.688
Просечни генерални финансиски обврски
4,996 % x 2
=
=
4,996 %
7.400.000
9,992%
• Износот на трошоци за позајмување за периодот,
дозволени за капитализација, изнесува:
9,992 % x 2.050.000 ПЕ x 6/12
=
102.418 ПЕ
Извор: Grant Thornton – Capitalisation of borrowing costs, April 2009 (www.grant-thornton.co.uk)
31
МСС 23 – Трошоци за позајмување
Трошоци за позајмување во консолидирани
финансиски извештаи
• Финансирањето на изградба/стекнување на средство што
се квалификува кај членка на групација може да се врши
по пат на:
– Докапитализација од страна на матичното друштво на
членка на групацијата преку задолжување на матичното
друштво
– Кредит одобрен од страна на матичното друштво на
членка на групацијата без задолжување на матичното
друштво
– Кредит одобрен од страна на матичното друштво на
членка на групацијата преку задолжување на матичното
друштво
32
МСС 23 – Трошоци за позајмување
Трошоци за позајмување во консолидирани
финансиски извештаи
• Докапитализација од страна на матичното
друштво на членка на групацијата преку
задолжување на матичното друштво
– Докапитализацијата (вложување во главнината) на
матичното друштво во членка на групацијата не се
смета за средство кое се квалификува
– Поради тоа, трошоците за позајмување не може да се
капитализираат во финансиските извештаи на
матичното друштво
33
МСС 23 – Трошоци за позајмување
Трошоци за позајмување во
консолидирани финансиски извештаи
• Кредит одобрен од страна на матичното
друштво на членка на групацијата без
задолжување на матичното друштво
– Трошоците за позајмување во единечните
финансиски извештаи на членката на групацијата
се капитализираат
– Во консолидираните финансиски извештаи сите
меѓусебни трансакции, вклучувајќи ги и
капитализираните трошоци за позајмување, се
елиминираат
34
МСС 23 – Трошоци за позајмување
Трошоци за позајмување во консолидирани
финансиски извештаи
• Кредит одобрен од страна на матичното друштво на
членка на групацијата преку задолжување на
матичното друштво
– Трошоците за позајмување во единечните финансиски
извештаи на членката на групацијата се капитализираат
– Во консолидираните финансиски извештаи сите
меѓусебни трансакции, вклучувајќи ги и
капитализираните трошоци за позајмување, се
елиминираат, но поради фактот дека кај матичното
друштво настанале трошоци за позајмување кои се
дозволени за капитализација, истите се капитализираат
во консолидираните финансики извештаи
35
МСС 23 – Трошоци за позајмување
Трошоци за позајмување во консолидирани
финансиски извештаи на матичното друштво
(преку задолжување)
Зависно друштво
Одделни
финансиски
извештаи
Консолидирани
финансиски извештаи
НВ или ФВ
Целос.
Конс.
Проп.
Конс.
Метод
на главн.
Подружница
Не
Да
Н/А
Н/А
Заедничко контролирано друштво
Не
Н/А
Да
Не
Придружено друштво
Не
Н/А
Н/А
Не
Извор: PwC – A practical guide to capitalisation of borrowing costs, November 2008 (www.pwc.com)
36
МСС 23 – Трошоци за позајмување
Период на капитализација
• Периодот на капитализација опфаќа три
моменти:
– Почеток на капитализацијата
– Прекини на капитализацијата
– Престанок на капитализацијата
37
МСС 23 – Трошоци за позајмување
Период на капитализација
• Почеток на капитализацијата, односно
датумот на започнување на капитализација
се смета од моментот на:
– Настанување на издатоците за средството
– Настанување на трошоците за позајмување
– Ентитетот ги превзема активностите неопходни
за да се подготви средството за неговата
наменета употреба или продажба
38
МСС 23 – Трошоци за позајмување
Период на капитализација
• Почеток на капитализацијата – Пример:
– Авиокомпанија доставила нарачка за набавка
на авион, при што има обврска да уплати аванс,
пред почеток на изградбата. За финансирање
на набавката склучен е договор за кредит со
банка. Очекувана испорака на авионот е во
период од 24 месеци од денот на нарачката.
– Прашање: Кога започнува периодот на
капитализација?
Извор: Grant Thornton – Capitalisation of borrowing costs, April 2009 (www.grant-thornton.co.uk)
39
МСС 23 – Трошоци за позајмување
Период на капитализација
• Решение:
– Набавката на авионот претставува средство што се
квалификува (набавка подолга од 1 година)
– Доставувањето на нарачката и склучувањето на договорот
за финансирање на набавката (кредитот) се условите за
почеток на капитализација
– Уплатата на авансот претставува „превземање на активности
неопходни за да се подготви средството за неговата
наменета употреба или продажба
– Исто така, голема е веројатноста дека заедно со нарачката,
авиокомпанијата ќе достави спецификација за техничките
карактеристики на авионот и ќе започне процес на
преговори со производителот
Извор: Grant Thornton – Capitalisation of borrowing costs, April 2009 (www.grant-thornton.co.uk)
40
МСС 23 – Трошоци за позајмување
Период на капитализација
• Прекини на капитализацијата настануваат
во периодите во кои активниот развој на
средството е прекинат
• Одредувањето „дали активниот развој на
средството е прекинат„ во себе вклучува и
проценка на раководството во зависност од
причините за прекинување и активностите
кои се извршуваат
41
МСС 23 – Трошоци за позајмување
Период на капитализација
• Прекини на капитализацијата – Примери:
– Штрајк на вработените – не претставува неопходен
процес за стекнување/изградба на средство кое се
квалификува, па поради тоа капитализацијата се
прекинува, особено доколку штрајкот трае подолг
временски период
– Пожар - не претставува неопходен процес за
стекнување/изградба на средство кое се квалификува,
па поради тоа капитализацијата се прекинува,
особено доколку елиминирањето на последиците од
несреќата трае подолг временски период
Извор: Grant Thornton – Capitalisation of borrowing costs, April 2009 (www.grant-thornton.co.uk)
42
МСС 23 – Трошоци за позајмување
Период на капитализација
• Прекини на капитализацијата – Примери:
– Годишни одмори – Во случај кога производството се
прекинува поради колективно користење на годишен одмор
(политика на друштвото или законска одредба), таквиот
прекин претставува неопходен процес за
стекнување/изградба на средство кое се квалификува, па
поради тоа капитализацијата не се прекинува
– Споро изведување на процесот на производство – кое
може да е предизвикано од разни причини (недоволна
обученост на вработените, доцнење во испораките на
деловите и слично), не претставува неопходен процес за
стекнување/изградба на средство кое се квалификува, па
поради тоа капитализацијата не се прекинува
Извор: Grant Thornton – Capitalisation of borrowing costs, April 2009 (www.grant-thornton.co.uk)
43
МСС 23 – Трошоци за позајмување
Период на капитализација
• Престанок на капитализацијата
– Кога се завршени сите битни активности
неопходни за подготовка на средството кое се
квалификува за неговата намена или продажба
– Кога изградбата на средството е во делови, и
секој негов дел може да се употреба посебно,
капитализацијата се врши на секој посебен дел
44
МСС 23 – Трошоци за позајмување
Период на капитализација
• Престанок на капитализацијата – Примери:
– Вложувања во недвижности за продажба – На
01.02.2009 година завршена е изградбата на
вложувањето во недвижност. Сите преостанати
административни активности се довршени до
22.02.2009 година. До 01.04.2009 година, друштвото не
успеало да обезбеди купувач за недвижноста.
– Како ден на престанување на капитализацијата може
да се смета 01.02.2009 или 22.02.2009, доколку
завршните административни активности спаѓаат во
битни активности неопходни за подготовка на
средството кое се квалификува за неговата намена или
продажба.
Извор: Grant Thornton – Capitalisation of borrowing costs, April 2009 (www.grant-thornton.co.uk)
45
МСС 23 – Трошоци за позајмување
Период на капитализација
• Престанок на капитализацијата – Примери:
– Изградба на производен погон: Одобрение за безбедност
од пожар не е добиено - Завршена е изградбата на
производствен погон, кој не може да се користи се до
моментот на добивање на Одобрение за безбедност од
пожар.
– Како ден на престанување на капитализацијата може да се
смета денот на завршување на изградбата, бидејќи
друштвото смета дека Одобрението за заштита од пожар ќе
биде одобрено без никакви проблеми.
– Доколку Одобрението не биде издадено, во тој случај
веројатно друштвото ќе мора да превземе значајни
дополнителни издатоци за обезбедување на пропишаните
услови, поради што капитализацијата ќе може да продолжи
Извор: Grant Thornton – Capitalisation of borrowing costs, April 2009 (www.grant-thornton.co.uk)
46
МСС 23 – Трошоци за позајмување
Период на капитализација
• Престанок на капитализацијата – Примери:
– Изградба на деловен центар - Друштво гради деловен
центар, составен од два посебни објекти. Првиот објект е
завршен и пуштен во употреба 8 месеци пред вториот
објект.
– Друштвото престанало со капитализација на трошоците за
позајмување на првиот објект со денот на довршување,
бидејќи се завршени сите битни активности неопходни за
подготовка на средството кое се квалификува, за неговата
намена или продажба.
– Друштвото продолжило со капитализација на трошоците за
позајмување на вториот објект до денот на неговото
довршување.
Извор: Grant Thornton – Capitalisation of borrowing costs, April 2009 (www.grant-thornton.co.uk)
47
МСС 23 – Трошоци за позајмување
Обелоденување
Ентитетот треба да ги обелодени:
• Износот на трошоците за позајмување
капитализирани за време на периодот
• Стапката на капитализација користена за
утврдување на износот на трошоците за
позајмување кои се квалификуваат за
капитализација
48
МСС 23 – Трошоци за позајмување
Обелоденување – Пример:
Трошоци за финансирање
2011
2010
26.500
22.300
3.500
2.700
Вкупно камати
30.000
25.000
Износ вклучен во капитализација на
средства што се квалификуваат
(6.000)
(3.000)
Вкупно трошоци за финансирање
24.000
22.000
Камати по кредити
Камати на дозволени пречекорувања
• Просечната стапка на капитализација на генералните
задолжувања изнесува 9% p.a. (2010: 8,5% p.a.)
49
МСС 23 – Трошоци за позајмување
Графикон – „стебло на одлучување„
Ентитетот има
„средство што се
квалификува„ и
трошоци за
позајмување
Да
Не
Не се врши
капитализација
Не
50
МСС 23 – Трошоци за позајмување
Графикон – „стебло на одлучување„
Да
Не
Дали
„средствата што
се
квалификуваат„
се вон опфатот на
стандардот
Да
Дали ентитетот
усвоил политика
за
капитализација
Не
Одреди го почетниот
датум на
капитализација
Да
51
МСС 23 – Трошоци за позајмување
Графикон – „стебло на одлучување„
Специфично или
генерално
задолжување
Специфично
Капитализација на
фактичките трошоци за
позјамување намалени за
приходите од инвестирање
Провери кога се
прекинува
капитализацијата
Генерално
Дефинирај стапка на
капитализација и
пресметај го износот
Провери дали
капитализираниот износ
е поголем од фактичките
трошоци за позајмување
52
МСС 23 – Трошоци за позајмување
Графикон – „стебло на одлучување„
Генерално
Специфично
Провери кога се
прекинува
капитализацијата
53
МСС 23 – Трошоци за позајмување
КТМФИ 1 – Промени во постоечки обврски за престанок
на работа, обновување и слични обврски
• Согласно МСС 37 – Резервирања, неизвесни обврски и
неизвесни средства, таму каде што ефектот од
временската вредност на парите е материјален, износот
на резервирањето треба да биде сегашната вредност на
издатоците кои се очекуваат да бидат побарани за
подмирување на обврската.
• Во тој случај, сметководствената вредност на
резервирањето се зголемува во секој период за да го
одрази изминувањето на времето. Ова зголемување се
признава како трошок за позајмување и се признава во
билансот на успех. Капитализација на овој трошок за
позајмување не е дозволена.
54
МСС 23 – Трошоци за позајмување
КТМФИ 12 – Аранжман за концесија на услуги
• Претставува аранжман за договорни услуги понуден од
страна на владата на една земја за да привлече учество
на приватниот сектор во развојот,...
• Аранжманот вообичаено вклучува ентитет од
приватниот сектор (оператор) кој ја гради
инфраструктурата која потоа се користи за
обезбедување на јавниот сектор или пак нејзино
подобрување (како на пример со зголемување на
нејзиниот капацитет) и работење со, и одржување на
таа инфраструктура за определен временски период. На
операторот му се плаќа за неговите услуги во текот на
времетраењето на аранжманот.
55
МСС 23 – Трошоци за позајмување
КТМФИ 12 – Аранжман за концесија на услуги
• Аранжманот се регулира со договор во кој се
утврдуваат стандардите на извршувањето на
работата, механизмите за прилагодување на
цените, и аранжманите за разрешување на
спорови. Таков аранжман често се опишува како:
– “изгради – оперирај - пренеси“,
– “ревитализирај – оперирај – пренеси“ или
– “јавен – кон- приватен“ аранжман за концесија на
услуги
• Ова толкување дава упатство во однос на сметководството
по оператори за јавни – кон –приватни аранжмани за
концесија на услуги.
56
МСС 23 – Трошоци за позајмување
КТМФИ 12 – Аранжман за концесија на услуги
• Концесија е доделување на правото на
користење на добро од општ интерес за
Република Македонија, изведување на градба
од јавен интерес или вршење на јавни услуги,
со задолжување на концесионерот да изгради
и/или управува, го користи и одржува објектот
на концесија, со плаќање или без плаќање од
страна на концедентот. (став 1 член 3 од Законот
за концесии и друг вид на јавно приватно партнество,
Службен Весник на РМ бр. 07/2008, 64/2009 и 52/2010)
57
МСС 23 – Трошоци за позајмување
КТМФИ 12 – Аранжман за концесија на
услуги
• Надомест даден од давателот
(концедентот) на операторот може да биде:
– Финансиско средство
– Нематеријално средство (Концесија)
– Комбиниран (Одвоено признавање и мерење)
• Дел финансиско средство
• Дел нематеријално средство
58
МСС 23 – Трошоци за позајмување
КТМФИ 12 – Аранжман за концесија на услуги
• Трошоците за позајмување се признаваат како
расход во периодот во кој настанале, доколку
операторот како надомест прими финансиско
средство
• Трошоците за позајмување, кои може да му се
припишат на аранжманот, треба да се
капитализираат во случај кога операторот има
право да прими нематеријално средство
(право да ги наплати тие трошоци од
корисникот на јавната услуга)
59
Благодарам на
вниманието
Роберт Манасиев
Като Едукација ДООЕЛ Скопје
[email protected]
моб. 072 308301