Презентации - финансии и финансово право

Download Report

Transcript Презентации - финансии и финансово право

Финансово право
академска 2013/2014 година
Проф. д-р Весна Пендовска
Проф. д-р Александра Максимовска
Велјановски
Доц. д-р Јован Зафироски
Дем. М-р Елена Нешовска
Дем. М-р Александар Јосимовски
Недела 1.
I.
• Вовед во финансиите
- настанок на финансиите (развиток на
свеста кај човекот, развој на производните
сили,појава на приватната сопственост,
власта и државата, појава на парите)
- терминот финансии (finis, finire, finare,
finatio, finance, la finance, finanzen)
• Финансиите ја означуваат паричната страна на
секоја деловна зделка и на сите текови на
националното стопанство
• Со поимот финансии се означуваат:
- финансиската дејност на државата
- монетарни и кредитни операции
- банкарство, девизно работење и осигурување
- парично работење на поединци и претпријатија
- финансиски трансакции во меѓународните
односи
- трансакции и операции на финнасиските
пазари итн.
• Финансиите се општествено економска
категорија која опфаќа збир на
дејности на физички и правни лица во
врска со стопанисувањето со пари
• Три целини на финансиите:
- Монетарни финансии
- Јавни финансии
- Деловни/приватни финансии
• Разграничување на финансиските
поими
▫ Пари
▫ Финансирање(повратно, неповратно,
алеаторно)
▫ Финансиска појава
▫ Финансиски однос
▫ Финансиско стопанство
• Јавни и приватни финансии
- разлики помеѓу јавните и приватните
финансии:
1. титуларот
2. функционираат врз различни принципи и се
насочени кон различни цели
3. tituli juris - правниот основ за стекнување
4. modus akvirendi при собирањето на приходите
5. надомест
II.
•
Цели,функции и значење на финансиите
1.
2.
- со финансиите се остваруваат различни цели (две гледишта):
го олеснуваат и поевтинуваат процесот на размена на стоки
обезбедуваат функционирање на државниот механизам и
реализација на целите што ги поставила власта
1.
2.
3.
- имаат три основни функции:
Алокациска – оптимално финансирање на понудата на јавни потреби
Дистрибутивна – прераспределба на доходот
Стабилизациона – во услови на нарушена стопанска рамнотежа (фискална
политика)
- значења: стопанско, социјално, политичко, административно - техничко
• Разграничување на науката за јавните
финансии, финансовото право и
финансиската политика
- Науката за јавните финансии е
теоретско- економска научна дисциплина
која анализира какао треба да се организира
финансиската дејност на државата со цел на
оптимален начин да се постигнат
општокорисни цели
• Науката за финансии покрај јавните
финансии ги вклучува и деловните и
монетарните финансии
• Финансиска политика подразбира
примена на финансиска дејност на државата
со цел остварување на конкретни
макроекономски цели и цели на социјалната
политика
• Поим на финансовото право
1. правна гранка – збир на правни норми
на една држава со кои се регулираат
правните односи кои настануваат во врска со:
режимот на употреба на парите, собирањето
и употребата на државните приходи,
начините на трошењето на државните
расходи и државната финансиска евиденција
и контрола
2. Финансовото право како научна
дисциплина ги проучува:
- односите кои се регулирани со финансиско
правни норми, а кои настануваат при вршење на
финансиската дејност на државата
- правните аспекти и оправданоста на
настанувањето, постоењето и престанувањето на
финансиско правните односи
- основните принципи на правното регулирање
на финансиската дејност на државата
- постоечката пракса и примена на финансиските
норми
• развој на финансовото право низ
историјата
1. историски развој на финансовото право
како правна гранка
- робовладетелски држави
- феудализмот
- Magna Charta Libertatum
- буржоаско финансово право (Petition of Right, Bill
of Rights)
2. Историски развој на финансовото право
како научна дисциплина
3. Втемелување на финансовото право како
научна дисциплина на Правниот факултет во
Република Македонија
III.
• Однос на финансовото право со
другите правни дисциплини
-
Уставно право
Административно право
Казнено право
Казнена постапка
Меѓународно јавно право
Граѓанско право
Граѓанско процесно право
* нови финансиско – правни дисциплини
Недела 2.
I.
Извори на финансовото право
устав
Закон
Подзаконски акти
1. Општи акти на Владата (уредба,одлука, општи
насоки, упатство и заклучок)
2. Акти на републичката управа (правилник,
наредба и упатство)
- Спогодба и договор
- Одлуки на локалните органи на власт
•
-
II.
• Финансиско правни норми се правила
кои се оснесуваат на чинења и нечинења на
сите лица во правото, а се во врска со
стопанисувањето со пари и се донесени од
надлежен државен орган во пропишан облик
и постапка.
• Финансиско правната норма содржи
забрана, ополномоштување или
наредба поврзано со стопанисувањето со
пари
• Карактеристики на финансиско правните
норми:
- поврзаност со стопанисувањето со пари
- генералност
- конститутивност
- императивност
- имотни и лични санкции
• Видови финансиско правни норми
•
- Според субјектот (лицето што ги
донесува) финансиските норми можат да
бидат: федерални, републички, општински.
• Според објектот, финансиско - правните
норми, пред сé, можат да се јават како:
материјални и процесуални, организациони,
фискални, валутни, буџетски, кредитни.
• Според обемот, финансиско - правните
норми се или генерални, специјални и
сингуларни
• Според критериумот простор,
универзални и партикуларни
• Критериумот време, финансиско - правните
норми ги диференцира на временски
неограничени и временски ограничени
• Според критериумот на дејствувањето,
финансиско - правните норми се делат на:
строги, диспозитивни и дискрециони
• Според својата форма, некои финансиско правни норми суштински се разликуваат од
другите видови норми во правото. Така, во
финансовото право покрај вообичаените
норми се донесуваат и норми во ооблик на
финансиски планови и програми и
математички формули.
• Финансискиот план е акт што според
утврдена постапка го донесува надлежниот
орган или лице во правото, а во кој се
предвидуваат приходите што ќе се остварат и
расходите што ќе се направат според
намените, а за точно определен временски
период.
• Финансиските програми се донесуваат со цел врз
основа на нив да се обезбеди правилен распоред во
трошењето на средствата од буџетот. Оттука,
финансиските програми можат да бидат наменети за
одделни корисници, или пак за финансирање на
определена дејност, проект.
• Математичките формули се присутни во
фискалниот дел од финансиското право, но и во
некои други негови делови. Така на пример, се
користат кај утврдувањето на даночната основица и
даночната стапка, кај начинот како да се пресмета
царината, таксите.
III.
• Со финансиската дејност на државата се
опфатени сите дејствија и активности
насочени кон стопанисувањето со пари каде
државата е субјект. Притоа, централно место
завземаат прибирањето, распределбата
и трошењето на паричните стредства,
неопходни за остварување на општо корисни
- јавни цели
• Правни основи за вршење на финансиската
дејност на државата:
- ius imperium - nullum tributum sine lege
- право на сопственост
- контракт.
Недела 3.
I.
Поим и карактеристики на финансиско
правниот однос
финансиско-правните односи се
општествени односи кои настануваат,
постојат и престануваат во сферата на
финансиската дејност на државата и другите
јавно-правни тела, и се регулирани со правни
прописи на надлежни државни органи
• Карактеристики на финансископравниот однос :
• стопанисување со пари;
• суперматија на волјата на државата
• принуда
II.
• Во зависност од објектот (предметот)
може да се јават како:
• фискални;
• буџетски;
• монетарни;
• валутни;
• осигурителни итн.
• Објект на финансиско правниот однос
Основен објект на финансиско - правниот
однос се парите
• Помеѓу финансиско - правниот однос и
другите односи во правото постојат низа
заеднички карактеристики, но и крупни
разлики.
• Заедничко со граѓанскиот однос е тоа што кај
двата се сретнува имотниот елемент.
Главна заедничка црта меѓу финансиско правниот и управниот однос е тоа што и кај
двата се сретнува елементот на принуда и
учеството на државата како субјект.
• Главни разлики меѓу финансиско правниот и граѓанско - правниот однос
се следните:
- волјата на странките
- надоместот
- санкциите
- иницијативата за настанување
- преносливоста на правото
III.
• Субјекти на финансиско правен однос
• Субјект на финансиско - правниот однос е
физичко или правно лице кое може или
мора да се јави како учесник во финансиско правен однос и да биде носител на
определени права или обврски.
• За да може да настане и да постои
финансиско - правен однос, потребно е да
постојат најмалку два субјекта.
• Процедуралните финансиско-правни односи
• Материјалните финансиско - правни
• Активен субјект е државата, односно од неа
ополномоштени органи и институции
• Од активниот субјект на финансиско правниот однос треба да се разликуваат
лицата кои во негово име вршат определени
дејства сврзани со реализацијата на
финансиско - правниот однос (генералниот
ополномоштеник, основен ополномоштеник,
посебни ополномоштеници, сметкополагачи)
• Пасивен субјект на финансиско - правниот
однос може да биде физичко и правно лице,
под определени услови пропишани со закон
• Физичките лица потребно е да имаат
правна способност, а правните лица правна и
деловна способност
• државата може да има статус на пасивен
субјект
• Својството на пасивен сублект
престанува само кога ќе се исполнат
условите што ги пропишала државата.
Тоа е најчесто:
- кога ќе се исплати фискалната обврска;
- доколку државата сама ја анулира обврската
(присилна наплата);
- во случај на новации, застареност и.т.н.
• Во финансиско - правниот однос покрај
активниот и пасивниот субјект, можат да се
јават и други лица, кои немаат ни статус на
активен ни статус на пасивен субјект (плаќач,
застапник, гарант, чувар на имотот и
парафискалец)
• Основните права на активниот субјект се:
- да го дефинира финансиско - правниот однос
- да решава за неговото времетраење
- да се грижи за реализацијата на односите
- во случај пасивниот субјект да не ја извршува обврската,
да презема мерки за присилно извршување, вклучувајќи
ги наплатата на основниот долг, казнените камати и
трошоците на извршувањето
- да не дава еквивалент за наплатените фискални давачки
и др.
• Основни обврски на активниот субјект
се:
• финансиско - правните односи да ги утврдува
со закон или со финансиско правен акт врз
основа на законско ополномоштување;
• да ја почитува пропишаната постапка;
• при утврдувањето на фискалните давачки да
води сметка за начелото на општоста, и низа
други.
IV.
• Настанување и престанување на финансиско
правниот однос
• правни основи се важни за настанување на
финансиско - правен однос: закон (или акт
донесен врз основа на закон), договор и
деликт
• Финансиско - правниот однос може да
престане од повеќе причини:
- извршување или плаќање на обврската
- ослободување (општо и поединечно)
- застареност
- компензација
Недела 4
I.
• Потребите што поединецот не може да ги
задоволи на индивидуален начин, и за чија
реализација е неопходно функционирање на
државните органи и институции, се нарекуваат
јавни потреби.
• Паричните издатоци на државата кои се трошат
за да се задоволат јавните потреби, без
фаворизирање на било кој дел од заедницата, во
корист на најголемиот број граѓани во одредена
земја се нарекуваат јавни расходи
• Јавните расходи во потесна смисла или
државни расходи (административните
функции на државата)
• Јавните расходи во поширока смисла
(вкупната јавна потрошувачка, односно
покрај државните расходи вклучуваат и
расходи наменети за финансирање на
образованието, здравството, како и државни
интервенции во стопанството)
• Теоретски концепти на јавните расходи
- модерната финансиска мисла
- неолибералистичкиот концепт
- концептот на социјална држава
• Pri~ini za porast na javnite rashodi
- Zakon za porast na Javnite rashodi-Adolf Wagner
1864god.
- Zakon za privle~na sila na buxet- Johannes Popitz
- Arnold Brecht
- A.T.Peacock - J.Wiseman
- Kurt Schmidt-pri~ini za porast na Javnite
rashodi:ideolo{ko-politi~ki i odnos na sili vo dr`avata
- Gaston Jeze
II.
• Видови јавни расходи
- Редовни и вонредни
- Продуктивни и непродуктивни
- Инвестициски и трансферни
- Одложливи и неодложливи
- Расходи на централните и локалните тела
- Лични и материјални
- Расходи на државните органи и јавно правните тела
- Парични и натурални
• Концепција на функционална класификација:
- Расходи за државно управување
- Расходи за јавен ред и безбедност
- Расходи за одбрана
- Расходи за социјална заштита и социјална сигурност
- Расходи за образование и култура
- Расходи за здравствени услуги
- Расходи за економски интервенции
- Расходи за сервисирање на државниот долг и гаранции
- Расходи за еколошка заштита
• расходна буџетска класификација:
- тековни расходи, кои се однесуваат на
тековната активност на буџетските
корисници (плати, наемнини и надоместоци,
набавка на стоки и услуги, тековни
трансфери, камати); и
- капитални расходи, или инвестициони
расходи, врз чија основа се создаваат
долготрајни активи (набавка на капитални
средства и опрема, капитални трансфери)
• Принципи кои се применуваат во доменот
на јавните расходи:
- Законитост
- Јавност
- Општ интерес
- Економичност
- Приоритет
- Планирање
- Рамнотежа на расходите со приходите
- Евиденција
- Полагање на сметка
- Посебна постапка за извршување
• Инструменти за извршување на јавните
расходи:
- Буџетот
- Финансискиот план
- Финансиските програми
III.
• Поим и функции на буџет
- Буџетот претставува институционализиран
инструмент за финансирање во државата,
преку кој се извршуваат јавните расходи во
сите современи финансиски системи.
- Карактеристики:
* Zbirno sporeduvawe na javni rashodi i prihodi
* Orientiran za iden period i ima plansko zna~ewe
* Rashodite i prihodite se iska`ani vo brojki
* Rashodite i prihodite se vo ramnote`a
* Prihodite se planiraat
* Rashodite se utvrduvaat
* Ednogodi{en akt,se donesuva vo odredena postapka i od
nadle`en organ
• Функции
-Politi~ka funkcija
-Pravna funkcija
-Finansiska funkcija
-Ekonomska funkcija
-Socijalna funkcija
- Analiti~ka funkcija
• Правна природа и структура
- Struktura se razgleduva od dve gledi{ta:finansiskoekonomsko i tehni~ko
Недела 5
I.
• Видови буџети:
- административен буџет
- консолидиран готовински буџет
- економски буџет
• Во зависност од државното уредување
постојат:
- централен буџет и локални буџети
2. Буџетски принципи
• Политичко – правни принципи
- Супрематија на волја на највисокиот орган
- Зависност на организацијата на буџетот од
државното уредување
- Законитост
- Демократичност
- Јавност
- Полагање на сметка
• Finansisko-ekonomski
• Tehni~ki na~ela
- Dovolnost
-Целосност
- Единство
- Realnost
- Specifikacija
- Rokovi
- Godi{nost
- Buxetska ramnote`a
- Odobrenie
- Prioritet
- Ekonomi~nost
- Vodewe na smetka za
reproduktivna sposobnost
na stopanstvo
II. Буџетски систем
• Правна рамка
- Устав
- Основен закон
- Сродни закони
- Годишен закон за
буџети
- Подзаконски акти
• Институционална
рамка
- Собрание
- Влада
- Министерство за
финансии
- Ресорни министерства
- Буџетски и единки
корисници
- Државен завод за
ревизија
III.
• Државна ревизија и други видови на државен
надзор
Државна ревизија е постапка на испитување
на финансиските трансакции кои
претставуваат државни расходи во смисла на
законското и наменско користење на
средства, како и оцена на користењето на
средствата од аспект на постигнатата
економичност, ефикасност и ефективност
• Државен завод за ревизија
-
Предмет на државната ревизија се:
Буџетот на Република Македонија
Буџетите на единиците на локалната
самоуправа
Буџетите на фондовите
Корисниците и единките корисници на
средства од буџетите
IV. Буџетска постапка
- Прва фаза – буџетски циркулар
- Втора фаза – ресорна или министријална
фаза
- Трета фаза – изготвување предлог на буџетот
- Четврта фаза – утврдување предлог на
буџетот
- Петта фаза - донесување на буџетот
- Шеста фаза – усвојување на завршна сметка
• Буџетски приходи
- приходи од даноци (danok na dobivka, DDV,akcizi,personalen
danok od dohod)
- Царини
- Приходи од такси (административни и комунални)
- Приходи кои не потекнуваат од даноци(pari~ni kazni,dividendi
od pretprijatija,donacii,vi{oci na NBRM)
• Буџетски расходи
- Tekovni tro{oci (plati,naemnini,
nadomestoci i tro{oci za stoki i uslugi,tekovni tro{oci,kamatni pla}awa)
- Kapitalni tro{oci (tro{oci za kupuvawe kapitalni sredstva i kapitalni
transferi)
- Tro{oci za davawe zaemi i tro{oci za kupuvawe hartii od
vrednost
- Tro{oci za otplata na glavninata zemeni zaemi
• Трезор
Трезорската сметка претставува сметка за
централизирана наплата на приходите и
централизирано извршување на расходите на
Буџетот на Републиката и единките
корисници на средства од Буџетот.
• Преку трезорската сметка се остваруваат
следните функции:
- управување со расходите
- водење евиденција за наплата на приходите
- водење евиденција за наплата на приходите на
единиците на локалната самоуправа
- евидентирање на сите трансакции на приходите во
буџетот
- водење на главна книга на трезорот
- водење евиденција за сите превземени обврски
- водење регистар за сите ненамирени обврски
- подготвување тековни проекции
- изготвување на извештаи
Недела 6
I.
• Фискална децентрализација –
финансиска димензија на
децентрализацијата на власта
- финансиска децентрализација
- Фискална децентрализација
• Три столба на фискалната
децентрализација:
- пренесување на надлежности за давање
услуги од централно на локално ниво
- овластување на органите да располагаат со
правото да прибираат приходи од сопствени
извори заради финансирање на услугите што
ги даваат
- воспоставување на систем на фискални
трансфери од централниот буџет за буџетите
на единиците на локалната самоуправа
• Фискална децентрализација е
пренесување на надлежности за давање на
јавни услуги од централно на локално ниво,
при што локалните органи го добиваат
правото да прибираат приходи од сопствени
извори заради финансирање на услугите што
ги даваат, а пак централната власт
воспоставува систем на фискални трансфери
од централниот буџет до локалните буџети за
одделни надлежности предвидени со закон
• Повелбата за локална самоуправа и
фискалната децентрализација
- соодветни сопствени извори на
финансирање
- сразмерност на изворите на финансирање
со пропишаните надлежности
- најмалку еден дел од средствата да
потекнува од локални даноци и други
давачки
• член 9 од Повелбата
• Финансиско – правни принципи за
финансирање на локалната самоуправа
- стратегија за спроведување на фискална
децентрализација
- разграничување на централните и локалните
надлежности
- финансиите треба да се соодветни на функциите
- автономија при креирањето на локалните буџети
- субсидијарност
- воспоставување на јасни правила и критериуми за
доделување на фискални трансфери од централно на
локално ниво
• Фискален федерализам
• Распределба на расходите
- вертикалната распределба (централно и
локално ниво на власт)
- хоризонтална распределба (расходи за
одбрана, здравство, образование и тн.)
• Модели на распределба на приходите
1. Систем на одвоени приходи
2. Систем на заедница на приходи
3. Мешовит систем на приходи
II.
• Финансирање на локалната самоуправа во
Република Македонија
• Историски осврт на локалното финансирање
во Република Македонија
- екстремен фискален федерализам 1947-1990
- екстремна централизација 1996-2001
- скромен степен на фискална
децентрализација 2002-2004
- фискална децентрализација од 2005
• Денешниот систем на финансирање на
единиците на локалната самоуправа:
- асиметричен пристап во поглед на
пренесувањето на приходните и расходните
надлежности
- широка листа на сопствени извори на
приходи
- права за излез на пазарот на капитал
- транспарентен и адекватен систем на
фискални трансфери
- автономен локален буџетски процес
• Сопствени приходи
- локални даноци
- такси
- надоместоци
- права од сопственост
- дотациите (ДДВ дотација, наменски и
ненаменски дотации, капитална дотација,
дотација за делегирана надлежност)
- приходи од задолжување
• Локални расходи
- тековни трошоци
- капитални трошоци
- отплата на главнина за земени заеми
• Локално буџетирање и буџетски
процес – буџетот се донесува од Советот на
општината на предлог на градоначалникот,
за извршување на буџетот надлежен е
градоначалникот на општината
• Партиципативно буџетирање – техника
за вклучување и овластување на јавноста во
локалниот процес на донесување на одлуки
III и IV
ПОДГОТОВКА ЗА
КОЛОКВИУМ