Prednatalen razvoj i ragjanje

Download Report

Transcript Prednatalen razvoj i ragjanje

Преднатален развој и
раѓање
Психологија на детството и на адолесценцијата
-предавање
-Др.
2–
Ана Фрицханд
-13.10.2014
-
–
Најважни стадиуми во преднаталниот
развој




Герминален период – од зачнување до
имплантација во ѕидот на матката;
Трае од 8 до 10 дена, а често пати се зборува за
првите 2 недели по зачнувањето;
Фертилизацијата или концепцијата се
случува најчесто во првите 24 часа по
исфрлањето на зрелата јајце клетка од
јајникот;
Главна задача на герминалниот период е
безбедно патување на оплодената јајце клетка
низ фалопиевата туба до утерусот и
нејзина имплантација (вгнездување).
10/01/13
2
Герминален период



58% од сите зачнувања не успеваат да го
преживеат герминалниот период најчесто
поради некој сериозен недостаток
(абнормалност);
24 часа по концепцијата, зиготот (клетка
формирана од фузија на јајце клетката и
сперматозоидот) бавно патува низ
фалопиевата туба кон утерусот;
Во текот на тоа патување започнува
митотичката делба (во која една клетка се
дели на две идентични клетки-ќерки). Секоја
од клетките-ќерки има големина како
половина зигот.
10/01/13
3
Герминален период


Во митотичката делба сите клетки-ќерки
не се делат со иста брзина и со ист
степен. Тоа е карактеристика на развојот
позната како хетерохронија „варијабилност во времето“;
Поради тоа што различни клетки се
делат во различен степен, некои делови
од организмот созреваат порано, а некои
подоцна.
10/01/13
4
Герминален период



Кога клетките на морулата (збир од клетки во
зона пелусида-заштитна обвивка за зиготот и рана
маса од клетки-ќерки) ќе достигнат средна
големина таа го завршува патот низ фалопиевата
туба и влегува во утерусот;
Во утерусот морулата и клетките се делат на 2
дела:
 а) внатрешна клеточна маса – дел кој ќе се
развие во нов организам;
 б) трофобласт – надворешна обвивка која
подоцна ќе се развие во систем за поддршка на
новиот организам.
Новоформираната структура се вика бластоцита.
10/01/13
5
Герминален период



Како што бластоцитата навлегува подлабоко
во ѕидот на утерусот, тенките гранчиња на
клетките на трофобластот го пробиваат
сунѓерестиот ѕид на утерусот и се поврзуваат со
крвотокот на мајката;
Ваквиот процес се нарекува имплантација;
Со него завршува герминалниот и започнува
ембрионалниот период.
10/01/13
6
Ембрионален период



Започнува со имплантацијата, а завршува со
8та недела кога ќе се оформат главните органи;
Ова е критичен период бидејќи во него се
формираат елементите на основниот систем за
поддршка, сите основни органи и сите системи
на телото започнуваат со работа;
20% од сите бремености во овој период
завршуваат со спонтан абортус, најчесто
поради хромозомски абнормалности.
10/01/13
7
Ембрионален период

Трофобластите се развиваат во систем за
поддршка на ембрионот и тоа:



Амнион – мембрана која ја држи амнионската
течност што го заштитува плодот;
Плацента – комбинација од ткива на ембрионот и
на мајката. Таа се оформува од хорионот –
мембрана која го обиколува амнионот. Служи за
размена на хранливите материи и кислород кои
влегуваат и отпадните материи кои се исфрлаат од
ембрионот преку крвотокот на мајката;
Папочна врвца – мала цевка која го поврзува
ембрионот со плацентата и е животна линија со
мајката.
10/01/13
8
Ембрионален период

Со формирањето на елементите на системот за
поддршка се диференцираат 3 слоја:


Ендодерм – внатрешен слој од кој се формираат
јазикот, крајниците, белодробните марамчиња,
мочниот канал, повеќето жлезди, мочниот меур и
дегестивниот тракт;
Мезодерм – среден слој од кој се формираат
коските, мускулите, крвните клетки, срцето,
белите дробови, лимфното ткиво, слезинката,
како и екскреторниот, циркулаторниот и
репродуктивниот систем.
10/01/13
9
Ембрионален период


Ектодерм – надворешен слој од кој се
формираат, кожа, нокти, коса, очни леќи,
поставата на структурите како што се носот
и устата, забната обвивка, питуитарната
жлезда и млечните жлезди;
Од овој слој се формираат и сите делови на
централниот нервен систем (ЦНС)
вклучувајќи го мозокот, р’бетниот столб и
нервите.
10/01/13
10
Ембрионален период





3та недела е мошне значајна за ембрионот поради
формирањето на нервниот канал од кој настанува
мозокот и ЦНС;
Друг важен момент е формирање на срцето и
фактот што тоа почнува да работи;
Присутни се и крвните клетки кои им помагаат на
мозокот и срцето да работат;
Во 3та недела ембрионот брзо се развива, а
нервната плоча и нервниот канал го започнуваат
развојот кон настанување на мозок и на ЦНС;
Истовремено крвните садови почнуваат да работат
и клетките од срцевиот мускул почнуват да
формираат две срцеви цевки.
10/01/13
11
Ембрионален период





Во 4та недела ембрионот е извиткан така што
главата и опашката му се речиси поврзани;
Нервниот канал се затвора. Неговиот горен
дел ќе се оформи во мозок, а долниот во
р’бетен столб;
Почнуваат да се формираат нервите, а видливи
се и пршлените;
Се појавуваат структурите на лицето –
почнуваат да се формираат очите и ушите;
Во овој период се формираат и зачетоците на
екстремитетите и на дигестивниот систем.
10/01/13
12
Ембрионален период



5та недела е многу важна поради брзиот развој
на мозокот. Тој се разграничува на преден,
среден и заден дел и ја зголемува тежината;
Сензорниот, гастроинтестиналниот,
респираторниот, лимфниот и циркулаторниот
систем вклучувајќи го и срцето стануваат
посложени;
Зачетоците на рацете и нозете се издолжуваат и
добиваат форма.
10/01/13
13
Ембрионален период





Во текот на 6та недела ембрионот почнува да
се исправа;
Главата доминира по големина поради
растење на мозокот;
Структурата на лицето се развива во
попрепознатливи црти;
Папочната врвца добива форма и од неа се
формираат цревата;
Хормоналните и лимфните системи почнуваат
да функционираат;
10/01/13
14
Ембрионален период







Во 7та недела почнува да се оформува р’скавицата;
Мускулите почнуваат да се формираат и да се
диференцираат во нивната конечна форма и сооднос;
Главата се подига и добива коцкаста форма;
Мозокот произведува нервни клекти и почнуваат да
функционираат мозочните бранови;
Циркулатирниот, респираторниот и
гастроинтестиналниот систем продолжуваат да созреваат;
Се формираат гонадите, гениталните зачетоци и
ембрионот почнува да се развива како машко односно
како женско;
Периодот на ризик завршува.
10/01/13
15
Ембрионален период





8та недела е последната од ембрионалниот
период во која се привршува конституирањето
на основните структури на новиот организам;
Основните структури се оформени и мозокот
кој е поврзан со нервите и мускулите ја
презема контролата;
Опашката се губи, а главата, иако сеуште
голема, ја добива се’ поприродната заоблена
форма;
Р’скавицата се трансформира во коска;
Половиот развој продолжува, а надворешните
и внатрешни полови органи се веќе оформени.
10/01/13
16
Ембрионален период



Од тој момент натаму развојот е примарно
насочен кон растење и усовршување на
постоечките црти;
За период од 8 недели ембрионот пораснува од
мала група клетки во мал човечки организам;
Во 8та недела ембрионот кој е долг речиси 26
милиметри, а тежок околу 8 грама ги содржи
сите есенцијални внатрешни и надворешни
структури.
10/01/13
17
Период на фетус



Со крајот на 8та недела завршува периодот на
ембрион и започнува периодот на фетус;
Овој период трае од 9та до 38та недела од
зачнувањето;
Фетусот има 2 примарни задачи во овој
период:


Продолжување на развојот на формираните
органски системи; и
Продолжување на растот (фетусот во овој период е
20 пати поголем).
10/01/13
18
Период на фетус







Кога фетусот е стар 2 недели (11та недела)
достигнува должина од 6см (колку еден палец);
Во 11та недела веќе има нокти на прстите од
рацете;
Мозокот е целосно формиран и бргу ја зголемува
големината;
Фетусот прави почести движења;
Гласните жици се формирани и може да испушта
звуци кои се претивки за да се регистрираат;
Цревата се потполно сместени во абдоменот;
До 9та недела половите разлики во гениталиите
почнуваат да се развиваат.
10/01/13
19
Период на фетус





За време на 12та и 13та недела
незабележливите движења на фетусот
стануваат посилни;
Почнува да ги мрда и прстите и стапалата.
Сепак, мајката сеуште не ги осеќа овие
движења на плодот;
Фетусот сега е препознатливо машки или
женски;
Главата е сеуште голема, а нозете се релативно
кратки во однос на телото;
Срцето чука доволно силно за да може да се
регистрира со инструменти.
10/01/13
20
Период на фетус






Белите дробови почнуваат да работат и
фетусот почнува да вдишува и издишува
амнионска течност;
14та недела е голем настан за мајката; тогаш
започнува второто тромесечие од бременоста и
утринското гадење полека исчезнува;
За време на 14та и 15та недела главата на
фетусот се поткрева, а очите се доближуваат;
До 17та недела ќе почне да трепка;
Торзото брзо расте;
Нозете се добро развиени, а нокти се видливи
и на прстите од стапалата.
10/01/13
21
Период на фетус



За време на 16та и 17та недела фетусот
започнува да ги движи рацете и нозете
доволно силно за мајката да го забележи;
Се јавуваат линии на прстите кои ја
оформуваат уникатноста на фетусот;
Во мозокот и периферниот нервен систем
невроните почнуваат да ја добиваат
миелинската обвивка која го забрзува
преносот на информации низ невронската
мрежа.
10/01/13
22
Период на фетус




Во 18та и 19та недела телото рапидно расте;
Започнува растот и на мозочните вијуги кој ќе
продолжи и по раѓањето;
Фетусот има циклуси на спиење и будност иако
многу малку светлина продира низ ѕидот на
стомакот на мајката;
Тој може да има и своја претпочитана положби
при спиење;
10/01/13
23
Период на фетус




Во 21та и 22та недела фетусот прави толку
силни движења што може да се осети како се
преместува ако се допре стомакот на мајката;
Во овој период фетусот го цица палецот;
Во 22та недела фетусот е згрчен поради
растењето и ограничениот простор во стомакот
на мајката;
Фетусот почнува да одговара на звукот на
мајчиниот глас и на нејзиното дишење и
чукање на срцето.
10/01/13
24
Период на фетус



Меѓу 22та и 24та недела фетусот ги има
развиено сите органски системи до ниво што
има шанса да преживее надвор од матката
доколку дојде до предвремено раѓање;
Големината во тој период му е колку една
дланка;
Најважниот фактор е созревањето на нервниот
систем, бидејќи само созреан нервен систем
може да ги регулира основните телесни
функции.
10/01/13
25
Период на фетус




Во 26та недела (почеток на третото
тромесечие) церебралниот кортекс е зголемен
доволно за да ги покрие другите мозочни
структури и има избраздена површина;
ЕЕГ регистрира мозочни бранови;
Мозокот ја контролира температурата на
фетусот и ритмичкото вдишување на
амнионската течност;
До 28та недела фетусот тежи околу 1300 грама
и ако се роди во овој период има 50% можност
да преживее.
10/01/13
26
Период на фетус




Помеѓу 30та и 33та недела фетусот се’ почесто
одговара на стимулирањата и започнува
редовно да ги отвора очите во периодите на
будност и да ги затвора кога спие;
До 34та недела во утерусот има многу малку
место, поради што фетусот е згрчен;
Кожата не фетусот се затега и тој добива
посветла боја;
Крвните садови блиску до површината на
кожата стануваат повидливи.
10/01/13
27
Период на фетус






Во 38та недела фетусот е подготвен за почеток
на раѓање;
Тежи нешто повеќе од 3000 грама, а долг е
околу 50см;
Како се наближува моментот на раѓање
растењето на фетусот успорува;
Белите дробови се целосно развиени и
подготвени за вдишување воздух;
Оцврснуваат и коските на скелетот;
Во 266 ден по зачнувањето мозокот почнува да
лачи хормон (окситоцин) кој го иницира
подготвувањето за раѓање.
10/01/13
28
Способност на фетусот да перципира и
да реагира






Најнапред реагира тактилниот систем и тоа
сетилата сместени во кожата кои реагираат на
притисок, движење, болка и топло-ладно;
Околу 5от преднатален месец кожата на целото
тело реагира на дразбите;
Потоа функционира вестибуларниот апарат;
Од 6от месец функционираат сетилата за слух
и за вкус;
Од 7от месец функционира сетилото за вид;
Најпред созреваат аферентните, па потоа
еферентните нервни патишта.
10/01/13
29
Способност на фетусот да перципира и
да реагира





Најдоцна до 5от месец фетусите реагираат на
музика;
Фетусот е сладокусец;
Видниот систем почнува да функционира од
7от месец во преднаталниот период;
Во последните три месеци од бременоста
фетусот има циклуси на спиење и будни
состојби кои остануваат најчесто низ целиот
живот;
Мерењата со ЕЕГ покажуваат дека постојат
РЕМ-фази во сонот кај фетусите во 7от месец.
Брзите движења на очите се најчести во
преднаталниот период.
10/01/13
30
Преднатално учење и помнење


Фридрих Крусе собрал неколку илјади
сонови со содржини од преднаталниот
период или од периодот по самото
раѓање (истражувања на клаустрофобија
и агорафобија);
Феталната положба на телото кај некои
возрасни додека спијат е доказ дека тие
регредираат на пријатната заштитена
состојба во матката;
10/01/13
31
Потекло на човековата свесност




Свесност – способност да го забележиме она
што ни’ се случува или што самите го правиме;
Свест – единствен збир на искуствата во даден
момент, при што постои доживување на
самиот себе и на околината како реалност;
Свеста се проучува преку вербални и
невербални искази;
Во последните три месеци од бременоста
фетусот е во состојба да доживува свесно,
бидејќи може да ги пренесе сетилните
впечатоци и чувства до повисоките мозочни
центри. Тоа е знак дека дошло до
миелинизација на ЦНС.
10/01/13
32
Канали на комуникација меѓу мајката и
детето



Физиолошка комуникација е овозможена
од сите биохемиски и физички процеси и
патишта меѓу мајката и детето;
Комуникација преку поведенија значи
дека поведенијата кај мајката предизвикуваат
реактивни поведенија кај плодот и обратно;
Емпатиска комуникација ги содржи двете
претходни комуникации, но и други
информации кои тешко се објаснуваат научно.
Таа е основа на подоцнежната интуиција или
вонсетилната комуникација.
10/01/13
33
Став на мајката кон бременоста

Ротман во 70те години на минатиот век
зборува за 4 групи идни мајки според ставот
кон нивното неродено дете:




Идеални мајки (33%) кои свесно и несвено го
прифаќаат и му се радуваат на детето;
Студени мајки (16%) кои свесно го одбиваат, а
несвесно го прифаќаат детето;
Амбивалентни мајки (24%) кои свесно го
прифаќаат, а несвесно го одбиваат детето;
Катастрофални мајки (27%) кои свесно и
несвесно го одбиваат детето.
10/01/13
34
Тератогени фактори


Непогодните средински фактори за
развитокот во преднаталниот период се
нарекуваат тератогени фактори;
Во нив припаѓаат:








Недоволна и неквалитетна исхрана;
Затворен круг на сиромаштија;
Лекови;
Кофеин;
Јаглерод моноксид и никотин;
Алкохол и дрога;
Болести на мајката кои се фатални за плодот;
Возраст на мајката.
10/01/13
35
Алтернативни методи за оплодување






Вештачко осеменување;
„Бебе од епрувета“;
Мајка-носителка;
Три биолошки родители (зрела јајце клетка од
донаторка се оплодува во епрувета со сперма
од донатор и плодот се пренесува во матката
на мајката);
Нормално зачнат ембрион се пренесува во
мајка-носителка или во вештачка матка;
Клонирање.
10/01/13
36
Раѓање




Родилката треба да биде запознаена со текот
на продувањето;
Таа треба да умее да ги поддржува напорите на
својот организам и оние на плодот;
Се адаптира амбиентот (тивка музика,
придушено светло, млака вода итн.);
Бебето се става на градите на мајката, а
папочната врвца се пресекува кога ќе престане
да пулсира (тоа значи дека бебето почнало да
дише самостојно).
10/01/13
37
Компликации при породувањето



Некогаш ризик претставува положбата на
плодот (попречна, накосена или со задниот
дел на отворот на матката);
Аноксија или недостаток на кислород кај
новороденчето доведува до оштетување на
ЦНС;
Предвреме родени деца се оние кои се
раѓаат пред 38та недела (кај нив не е целосно
развиен системот на имунизација и
поподложни се на инфекции; имаат проблем
со одржување на телесната температура, а
отежнато им е и дишењето).
10/01/13
38