Прекршок и прекршочна постапка

Download Report

Transcript Прекршок и прекршочна постапка

Прекршок и прекршочна постапка

Поим, видови, санкции, постапка

Поим на прекршок Прекршок претставува противправно дело кое со закон е определено како прекршок, чии обележја се определени со закон и за кое е пропишана прекршочна санкција.

Прекршочни санкции 1.

2.

3.

4.

За сторен прекршок се изрекуваат: Прекршочни санкции за полнолетни сторители Прекршочни санкции за малолетни лица Прекршочни санкции за правни лица Посебни прекршочни мерки

Прекршочни санкции за полнолетни сторители     Глоба (парична казна) од 15 до 1000 евра Опомена Престанок на важење на возачка дозвола (една година и повеќе) Забрана за управување со моторно возило (од 30 дена до една година)

Прекршочни санкции за полнолетни сторители    Забрана за вршење професија, дејност или должност (од 3 до 15 дена прекршочен орган, а суд од една до пет години) Протерување на странец од земја (од една до десет години, само суд) Задолжително лекување на алкохоличари или наркомани лица со болести на зависности (до две години, само суд)

Услови за изрекување прекршочни санкции  Глобата се пропишува и изрекува како главна санкција  Опомената се изрекува наместо глоба кога се работи за полесен прекршок  Забрана за вршењепрофесија, дејност или должност се изрекува само кога на сторителот му е изречена глоба

Услови за изрекување прекршочни санкции    Престанок на важење на возачка дозвола или забрана за управување со моторно возило се изрекуваат со глоба, опомена или како самостојни санкции Протерување на странец од земја се изрекува со глоба, опомена или како самостојна санкција Задолжително лекување на алкохоличари или наркомани се изрекува заедно со глоба или како самостојна санкција

Прекршочни санкции спрема малолетни лица    На малолетник помлад од 14 години (дете) не може да се примени прекршочна санкција На малолетник од 14 до 16 години (помлад малолетник) можат да му се изречат само воспитни мерки На малолетник од 16 до 18 (постар малолетник) може да му се изрече воспитна мерка, а по исклучок и глоба

Прекршочни санкции спрема правни лица  Глоба од 200 до 5000 евра  Привремена забрана за вршење одделна дејност (судот може да изрече од шест месеци до пет години, органот на управа може да изрече од 3 до 30 дена)

Посебни прекршочни мерки  Конфискација на имот и имотна корист прибавени со прекршок  Одземање на предмети прибавени со прекршок (може да изрече и орган на управа покрај судот)

Мандатна (скратена) прекршочна постапка   Кога службеното лице ќе утврди дека е сторен прекршок, на сторителот ќе му врачи покана за плаќање на глоба, во рок од осум дена од врачувањето на поканата Ако сторителот не ја плати доброволно глобата, службеното лице ќе поднесе барање за поведување на прекршочна постапка до надлежниот суд односно прекршочен орган

Прекршочна постапка 

Поим

: збир на процесни дејствија за откривање и казнување на сторител на прекршок, преземени од страна надлежните органи

Прекршочна постапка  1.

Надлежни органи

: основен суд (судија поединец) и 2.

прекршочен орган: А) орган на управа или организација со јавни овластувања; Б) друг орган што врши јавни овластувања на надзор над спроведување на закони со кои се пропишани прекршоци; В) апелационен суд (за судски прекршоци во втор степен); Г) Управен суд (за прекршоци во втор степен изречени од прекршочен орган)

Надлежност на прекршочни органи   Кога со закон му е пропишана исклучива надлежност (општа) По сите прекршоци за кои е пропишана санкција (позитивна енумерација): А) Глоба во точно определен износ Б) Глоба за физичко лице до 500 евра В) Глоба за правно лице до 1000 евра Г) Изрекување глоба на самото место Д) Забрана за управување со моторно возило до 30 дена Ѓ) забрана за вршење дејност или професија од 3 до 15 дена

Состав на прекршочен орган Во прекршочниот орган се формира Комисја за одлучување по прекршок составена од овластени службени лица со соодветен степен на стручна подготовка и работно искуство, од кои најмалку еден е дипломиран правник со правосуден испит

Поведување на прекршочна постапка  По службена должност, по барање од овластено лице или овластен орган или по барање на оштетениот

Поведување на прекршочна постапка  1.

2.

3.

4.

5.

Барањето за поведување прекршочна постапка содржи: Основни податоци за идентитетот на сторителот; Фактички опис на прекршокот Правна квалификација на прекршокот (освен кога подносител е оштетениот) Докази што треба да се изведат Потпис на подносителот на барањето

Донесување одлука  Ако прекршочниот орган утврди дека постојат законските услови за спроведување прекршочна постапка, должен е да ја спроведе и да донесе одлука за прекршок

Донесување одлука  Ако не се исполнети законските услови, прекршочниот орган е должен во рок од 30 дена писмено да го иавести подносителот на барањето за тоа дека нема да донесе одлука за прекршок, односно дека нема да поднесе барање за поведување прекршочна постапка до надлежниот суд, како и за причините за таквата одлука

Содржина на одлука за прекршок     Увод (назив на доносителот, име и презиме на членовите на комисијата, име и презиме на сторителот и бранителот, прекршокот што е предмет на постапката) Диспозитив (опис на прекршокот, санкцијата што се изрекува или дека постпката се запира) Образложение (докази и околности на кои се заснова диспозитивот) Поука за право на судска заштита (тужба)

Примена на закони  Закон за прекршоци (lex generalis)  Закон за општа управна постапка (lex specialis кога е надлежен прекршочен орган)  Соодветен закон со кој е пропишан прекршокот (материјален закон)

Второстепена постапка (судска заштита)      Надлежен орган: Управен суд Поведување: тужба Рок: 8 дена од доставување на одлуката Предмет: одлука за прекршок (решение) донесена од прекршочен орган Дејство: тужбата го одлага извршувањето на одлуката за плаќање глоба во износ од над 100 евра за поединец или 1000 евра за правно лице

Причини за поднесување тужба  Повреда на материјален закон  Повреда на процесен закон заради ненадлежност или формални недостатоци на одлуката  Погрешно и нецелосно утврдена фактичка состојба

Причини за поднесување тужба      Нови факти и докази кои тужителот без вина не ги знаел или не бил во можност да ги предложи во постапката Висина на изречената глоба Постоење на можност за ослободување од санкција или ублажување на глоба Изрешени санкции одземање на предмети Трошоци на постапката

Постапување на второстепениот орган Управниот суд при решавање по тужби поднесени против акти на прекршочен орган мора задолжително да го реши спорот во полна јурисдикција, т.е. мериторно со пресуда да ја реши прекршочната работа.

Литература  Основна литература: 1. Закон за прекршоците од 2006 година  Дополнителна литература: Лилиќ, „Управно право“, Београд, 1995, стр. 391-403

              Прашања и теми за дискусија и есеи: Поим на прекршок Прекршочни санкции Видови Услови за изрекување Мандатна (скратена) прекршочна постапка Прекршочна постапка Поим на прекршочна постапка Надлежни органи за водење прекршочна постапка Надлежност на прекршочните органи Состав на прекршочен орган Поведување на прекршочна постапка Одлука за прекршок Примена на закони Второстепена постапка (судска заштита)