Ерозија, поплави,земјотреси LOGO Вовед Статистика Заштита од ерозија Ерозија на почвата Ерозија на почвата во РМ.

Download Report

Transcript Ерозија, поплави,земјотреси LOGO Вовед Статистика Заштита од ерозија Ерозија на почвата Ерозија на почвата во РМ.

Ерозија, поплави,земјотреси

LOGO

1 4 5 2 3

Вовед Статистика Заштита од ерозија Ерозија на почвата Ерозија на почвата во РМ

       Ерозија (латински erodere – нагризува, струга) е процес на разрушување честици од почва, камења и други делови од подлогата под дејство на водата и ветерот , како и нивно пренесување и таложење во зарамнетите делови од релјефот.

Врз типот и интензитетот на ерозијата влијаат разни фактори:

климатски

(дожд, ветер, сонце...),

топографски

(наклон, облик на падина, дисецираност...),

подлогата

(почвен тип, петрографски состав), како и неправилното користење на земјиштето.

Според причинителот, ерозијата се дели на: водна

, во која спаѓаат плувијалната (дождовна) и флувијалната ерозија (предизвикана од текуштите води) и

ветрова

(еолска).

 Интензитетот на ерозијата се изразува во: [mm] однесен или наталожен слој; (m 3 /km 2 годишно) или (t/ha годишно). Природната (нормална, геолошка) ерозија има интензитет до 100 m 3 /km 2 годишно и претставува позитивен процес. Забрзаната (антропогена) е потпомогната од дејството на човекот (неправилна обработка, обесшумување , преголема испаша, несоодветни градежни активности итн.). Во РМ, доминантна е водната ерозија, а нејзиниот просечен интензитет е 685 m 3 /km 2 годишно. Околу 36% од територијата на РМ е зафатена со посилни процеси на ерозија, па РМ е меѓу најзагрозените држави во Европа.

ЗАШТИТА ОД ЕРОЗИЈА

Едукативни активности техничко-мелиоративни (тераси, ѕидови, ровови...); административни активности градежни (прегради, прагови, канали...);

Активности

противерозивна агротехника ( контурна обработка...); шумско-мелиоративни (пошумување...);

ЕРОЗИЈА НА ПОЧВАТА

 Ерозија на почвата е најраспространет и најважен вид на деградација на почвата.

Ерозијата кај нас зависи од редица природни и антропогени фактори, меѓу кои на прво место е уништувањето на природната вегетација. Во далечното минато 95% од територијата на РМ била покриена со природна шумска вегетација. Со нејзиното уништување и деградирање се добиени големи површини пасишта, обработливи површини и голини (340.000 ha). Кај нас ерозијата е толку поинтензивна колку што се врнежите со поистакнат пороен карактер, колку наклонот на теренот е пострмен, колку еродибилноста на почвата и супстратот е поголема, колку природната вегетација е посилно деградирана или уништена и ако агротехникат а е понеприспособена кон ерозивните процеси. Со ерозија не само што се однесува целата почва или дел од неа, туку посилно се однесуваат нејзините најважни делови ( глината, хумусот, нутриентите ).

Таа има и други негативни последици: нерегулиран воден режим во водотеците, поплави, дигање на нивото на подземните води, таложење големи количества груб нанос, уништување на инфраструктурни објекти, полнење на вештачките акумулации со нанос и др. Со картата за ерозија на почвата се претставени пет категории ерозија чиј интензитет опаѓа од I кон V категорија. Првите три категории изнесуваат 38% од територијата на РМ. Произведениот годишен нанос со ерозија одговара на 1.700 ha почва, длабока 100 cm. РМ е една од најзагрозените земји со ерозија во Европа.

ЕРОЗИЈА НА ПОЧВАТА ВО РМ

 Денес, на многу терени во Република Македонија , се одвива силна ерозија .

долински Особено изразена е ерозијата на пострмните и широките страни, во порастреситото земјиште.

Во групата карактеристични простори зафатени со ерозија спаѓаат: Повардарие , Тиквешко Повардарие , сливовите на Крива Река Куклица во Кратово со карактеристични земјини пирамиди), Средно (селото Пчиња делови од Мариовското подрачје - реката Бошава , потоа Малеш и Пијанец реши.

и на други места. Овој процес на ерозија на земјиштето е многу штетен, особено за полјоделството. Преку ерозијата на земјиштето се формираат долови, долчиња, бразди и долини на повремени порои преку кои се симнува материјал од повисокото кон пониското земјиште. Како резултат на пороите настанува затрупување на нивите, создавање на стерилни почви, уривање на патиштат и мостовите, појава на лизгалиште на теренот и сл., а поради тоа проблемот со ерозијата на земјиштето е многу актуелен и мора да се ,

КУКЛИЦА

1 2 3 4

Вовед Поделба Последици Заштита од поплави

ВОВЕД

  Поплава е природна појава (непогода), којашто се појавува заради високиот водостој во

реките

и

езерата

, поради што водата се прелива или излива од коритата и го поплавува околното подрачје.

Причините што водат до висок водостој во реките и езерата се најчесто топење на снегот, обилни врнежи од

дожд

или некоја голема бура, попуштање на брана и сл.

ПОДЕЛБА

    Според начинот и брзината со која се формира бранот, поплавите се делат на три групи:

Мирни поплави

Најчесто се случуваат на големите реки и потребно е 10 или повеќе часови да се формира поголем бран.

Буични поплави

Најчесто се појавуваат кај планинските реки каде голем воден бран се формира за помалку од 10 часа.

Ненадејни поплави

Овде водниот бран се формира веднаш, а се случуваат кога ќе дојде до рушење на брана.

Мирни поплави

Буични поплави

Ненадејни поплави

ПОСЛЕДИЦИ

 Вообичаени ефекти што се појавуваат при поплави се материјални штети, жртви, снабдување со вода и храна итн.

Материјални штети

: Зградите и другите објекти се оштетуваат од надојдените води. Исто така се возможни и појави на лизгање на земјиштето.

Жртви

: Луѓето и добитокот умираат од давење или од појавите на зарази и епидемии.

Снабдување со вода

: При поплави најчесто доаѓа до контаминација на чистата вода за пиење.

Житарици и снабдување со храна

: Поради поплавите може да дојде до оштетување на сите посеви на житарици.

ЗАШТИТА ОД ПОПЛАВИ

 Најчесто крај реките што се склони за излевање се градат најразлични одбранбени механизми што се користат во случај на поплава. Такви механизми се насипи, брани, одводни канали, резервоари, крајбрежни ѕидови.

1

Вовед

2 3

Мерење на земјотресите Сеизмологија

4

Видови земјотреси

5

Хипоцентар - епицентар

6

Предвидувања и заштита од земјотреси

ВОВЕД

  Земјотрес или потрес е природна појава, којашто е резултат на поместувањето на тектонските плочи , движењето на земјината кора, при што се ослободува голема енергија што води до потресување на земјата.

Јачината на потресот зависи од повеќе фактори, како што се количината на ослободена енергија, длабочината на хипоцентарот, оддалеченоста од епицантарот и составот на земјината кора. Земјотресот се манифестира со потрес или дислокација на земјиното тло.

МЕРКАЛИЕВА СКАЛА

 Јачината на земјотресот се изразува со помош на Меркали-Канкани Сибергова скала, попозната како Меркалиева скала , којашто има 12 степени и се темели врз разорноста и последиците од земјотресот.

Интензитет по Меркалиева скала

Интензитет 1 Интензитет 2 Интензитет 3 Интензитет 4

Ги регистрираат само некои сеизмографи.

Ги забележуваат само луѓе кои живеат во високи згради.

Осцилираат обесените предмети и ги забележуваат многу луѓе. Некои ѕидови напукнуваат, осцилираат масите, ги забележуваат луѓето во зградата , но ретко луѓето кои се надвор.

Интензитет 5 Интензитет 6 Интензитет 7 Интензитет 8

Се кршат прозорци, паѓаат закачените предмети, речиси сите луѓе го забележуваат.

Умерена штета од паднати предмети, поместен мебел, паѓаат лажните тавани. Паѓаат ѕидовите на лошо изградените згради, паѓаат оџаци, антисеизмичките градби го издржуваат, тешко е да се остане на нозе.

Мали штети на асеизмичките згради, делумно уривање на другите, паѓаат оџаци, ѕидови, споменици.

Интензитет 9 Интензитет 10 Интензитет 11 Интензитет 12

Паѓаат лошо изградените згради, има значителни штети на асеизмичките згради, зградите се изместуваат од темелите. Големи штети и уривање на асеизмичките згради, другите стануваат урнатини, железничките пруги се искривуваат. Сите згради се уриваат, остануваат некои остатоци, железничките пруги се многу искривени. Целосно уништување, се менува релјефот, предмети фрлени во воздух .

РИХТЕРОВА СКАЛА

 Постои Рихтерова скала или скала на Рихтер, којашто има магнитут од 0 до 9 степени и се темели врз јачината (количината) на енергија што се ослободува при потресот.

Степен

0 1 2 3 4,5 6 7 8 Opis Registrirani i najmali potresi Zemjotresot go registriraat samo instrumentite Edvaj se ~uvstvuva, duri i blizu epicentarot Se ~uvstvuva blizu epicentarot; pri~иneta e mala {teta Se ~uvstvuva malku podaleku; pri~ineta e pogolema {teta Blago uni{tuva~ki zemjotres Golem zemjotres Stra{en zemjotres

СЕИЗМОЛОГИЈА

 Науката што се занимава со изучување на земјотреси се нарекува сеизмологија , но и покрај големиот напредок на технологијата и новите сознанија, и денес е многу тешко да се предвиди земјотресот и неговите последици. Направата со којашто се мери земјотресот се нарекува сеизмограф , а документот што останува се нарекува сеизмограм .

ВИДОВИ ЗЕМЈОТРЕСИ

 Постојат повеќе видови на земјотреси, меѓу кои најчести (90% од случаевите) се т.н. тектонски потреси, коишто воедно се и најсилни и најразрушувачки. Наречени се тектонски бидејќи настануваат при движењето и допирот на тектонските плочи. Постојат уште и вулкански земјотреси (7% од случаевите), коишто се послаби и настануваат при ерупција на вулкан , и земјотреси коишто настануваат при пропаѓање на земјиштето, т.н. одронски земјотреси (3% од случаевите).

ХИПОЦЕНТАР - ЕПИЦЕНТАР

 Земјотресот со случува во внатрешноста на Земјата и тоа место се нарекува жариште. Точката во внатрешноста на Земјата кадешто настанува земјотресот се нарекува хипоцентар , а местото на површината на Земјата каде тој најсилно се чувствува е епицентар . Од епицентарот, трусните бранови продолжуваат да се движат во концентрични кругови, но со послаб интензитет. Според длабочината, хипоцентарот може да биде плиток (до 70 km длабочина), среден (од 70-300 km длабочина) и длабок (300-730 km длабочина).

 Земјотресот се шири во бранови. Според брзината на ширење, се делат на лонгитудни или примарни и трансверзални или секундарни слики. Правецот на ширење на брановите може да биде вертикален или хоризонтален. Земјотресите се важен фактор во формирањето на релјефот на Земјата, но може да нанесат и катастрофални последици од материјална штета или човечки жртви.

 Предели вулканските кои се најподложни на земјотреси се огнени прстени и областите околу младите верижни планини . Во Македонија најтрусно подрачје е Вардарската долина. Според статистиката, 8% од сите земјотреси во Европа се случуваат на територијата на Република Македонија .

ПРЕДВИДУВАЊА И ЗАШТИТА ОД ЗЕМЈОТРЕСИ

  Во текот на многу векови се правеле обиди да се предвидат земјотресите. За таа цел се проучуваат слабите движења што се јавуваат во кората на земјата за да се одреди кога тие би биле силни.

Набљудување на знаците кои се јавуваат пред земјотрес : деформации на почвата, испитување на некои гасови, менување на нивото на водата во океаните, чудното однесување на животните и друго.

Легни на подот или засолни се под масата за да спречиш предметите што паѓаат да те повредат.

Оддалечи се од прозорците и големите предмети (можат да паднат). Не слегувај по скалите, додека трае тресењето .

ШТО ДА СЕ ПРАВИ ПРИ ЗЕМЈОТРЕС?

Исклучи ги сите електрични апарати што можат да предизвикаат пожар.

Ако си надвор, оддалечи се од зградите, (паѓаат предмети и стакло) и од електрични инсталации. Не користи лифт.

LOGO