Д-р Никица Мојсоска-Блажевски Министерство за финансии Инфлација и буџетски дефицит: Емпириски факти од Македонија.

Download Report

Transcript Д-р Никица Мојсоска-Блажевски Министерство за финансии Инфлација и буџетски дефицит: Емпириски факти од Македонија.

Д-р Никица Мојсоска-Блажевски
Министерство за финансии
Инфлација и буџетски дефицит:
Емпириски факти од Македонија
Концепт на презентацијата
• Монетизацијата на буџетскиот дефицит
како извор на инфлација
• Фискална теорија на ценовното ниво
• Претходни студии
• Емпириски факти од Македонија
• Заклучок
Монетизација на
буџетскиот дефицит
• Добро познат приод кон финансирањето на
буџетскиот дефицит
– Монетаристички приод
– Централната банка ги откупува државните обрзници со
новопечатени пари
• Централната банка е инспирирана од приходот
од каматата на државните хартии од вредност
• Финансирањето на буџетскиот дефицит со
печатење пари секогаш води кон инфлација,
особено во земјите во развој
Монетизација на
буџетскиот дефицит
• Sargent и Wallace (1981) - контра-аргумент
на монетаристичкиот приод врз основа на
неодржливост на финансирањето на
буџетскиот дефицит во услови на
немонетизација
• Банките може да го финансираат
буџетското салдо со вишокот резерви,
да ја зголемат понудата на пари и да ја
„подгреат“ инфлацијата
Фискална теорија на
ценовното ниво
• Спротивно на претходните два пристапа,
инфлацијата како фискално-генериран
монетарен феномен ја среќаваме кај
Фискалната теорија на ценовното
ниво
Фискална теорија на
ценовното ниво
Буџетски дефицит 

Обем на издадени обврзници 

Номинално (но не и реално) богатство на
приватниот сектор 

Ценовно ниво 
Претходни студии
• King и Plosser (1985) заклучуваат дека буџетските
дефицити не придонесуваат за пораст на паричната маса
и инфлацијата
• Спротивно на нив, Edwards и Tabellini (1991) ги
испитуваат земјите во развој и наоѓаат поврзаност
помеѓу зголемените буџетски дефицити и инфлацијата
• Metin (1998) и Tekin-Koru и Ozmen (2003) ја
испитуваат оваа врска во Турција и доаѓаат до
контрадикторни заклучоци
Инфлацијата и
буџетското салдо во РМ
• Република Македонија постигна макроекономска
стабилност со ниски стапки на инфлација што
не надминуваат 3%
• Истовремено, буџетскиот дефицит е
стабилен, не надминувајќи ниво од 1% од БДП во
годините по 2002
• Оттука, не само што нискиот буџетски дефицит
не е монетизиран, туку и не ја загрозил
инфлацијата
Инфлацијата и
буџетското салдо во РМ
130
125
120
115
110
105
100
95
90
85
80
I 2001
4.000
3.000
2.000
1.000
0
-1.000
-2.000
-3.000
-4.000
-5.000
VII
I 2002
VII
I 2003
VII
I 2004
VII
I 2005
VII
I 2006
VII
Индекс на инфлацијата (лево)
Буџетско салдо (мил. денари) (десно)
Лог(Индекс на инфлација)
Лог(Буџетско салдо)
Емпириско испитување –
методолошки приод
Во испитувањето ќе користиме два система од по
три варијабли:
•
Z1t =[FB/Yt, CPIt, CC/Yt]
Z2t =[FB/Yt, CPIt, M/Yt]
Каде:
- FB/Y е буџетското салдо во однос на БДП
- CPI е стапката на инфлација
- CC/Y се готовите пари во оптек во однос на БДП
- М/Y се пошироките пари М2 во однос на БДП
Зошто ваков
методолошки приод?
• Ако дефицитот бил монетизиран, тогаш врската помеѓу
истиот и инфлацијата ќе произлезе од првиот вектор:
– Монетизацијата на дефицитот ќе значи пораст на
готовите пари во оптек, што директно ја подгрева
инфлацијата
• Ако дефицитот не бил монетизиран, но го финансирал
приватниот сектор, врската ќе произлезе од вториот вектор:
– Државните обврзници, во најголем дел, се
финансирани од комерцијалните банки, па
канализирањето на влијанието на дефицитот врз
инфлацијата оди преку М2, а не преку готовите пари
Податоци
• Во моделот ќе внесеме месечни податоци за
варијаблите
• Релевантен период е периодот јануари 2001 заклучно со
декември 2006
• Изборот на периодот е направен вез основа на
расположивост на податоци и на поголема точност на
временските серии:
– Сепак, станува збор за 72 временски периода, што
претставува солидна основа за валиден модел и
веродостојни резултати
Методолошки приод –
интеграциски карактеристики
• Интеграциските карактеристики на сериите ги
тестираме преку стандардните Augmented DickeyFuller и Phillip-Perron тестови за стационарност на
временските серии
• Сите временски серии вклучени во тестирањето
се интегрирани од ред 1, I(1), користејќи ред на
задоцнување од 12, што кореспондира со период
од 1 година
Модел
• За системот од варијабли, VAR(k) моделот ќе
биде:
zit = ∏zit-1 + ΣГj zit-j +  + t
Пришто:
-  е вектор од константи
- t е членот за грешка
• Бидејќи варијаблите се интегрирани од ред 1, оваа
равенка е VEC механизам, ако редот на ∏ се движи од 0 до
3
Модел
• Редот на VAR-от го одредуваме преку Log
Likelihood информацискиот критериум, при што
истиот највисока вредност достигнува за лаг 21,
што кореспондира со временски период од 1¾
година:
– Овој критериум може да достигне повисоки вредности за
поголеми лагови, но имајќи предвид дека со зголемувањето
на лагот, интеграциските каратеристики на сериите слабеат,
ќе го користиме овој максимум
– Исто така, овој лаг е избран имајќи го предвид теоретското
стојалиште дека трансмисијата на монетарните сигнали до
инфлацијата се случува во период од 18 до 30 месеци
Модел – систем 1
• Според тестот за коинтеграција, постои еден
коинтеграциски вектор во системот од варијабли
Z1t
• Првиот вектор, изведен за инфлацијата, може да
се интерпретира преку следната равенка за
инфлацијата (во средна заграда се t-статистиките):
CPIt = -1.740497 CC/Yt + 0.240440 FB/Yt
[-2.68902]
[1.01416]
Модел – систем 1
• Според резултатите од моделот, коефициентот
пред варијаблата за буџетското салдо во однос на
БДП е статистички незначаен
• Тоа кореспондира со тврдењето дека буџетскиот
дефицит во РМ не е монетизиран, и оттука, не
може да биде извор на инфлација на краток
рок, преку каналот на готовите пари во
оптек
Модел – систем 1
• Долгорочната врска ќе ја интерпретираме
преку членот за корекција на грешка:
Насока на каузалноста
Член за
корекција на
грешка (t-стат)
R2
Дефицит →
0.75472
98.97%
Инфлација
Членот за корекција на грешка е статистички незначаен на
статистички значајно ниво, иако R2 е мошне висок
Модел – систем 1
• Заклучок:
– Ниту на краток, ниту на долг
рок буџетскиот дефицит не
влијае врз инфлацијата
преку каналот на готовите
пари во оптек во Република
Македонија
Модел – систем 2
• Повторно, според тестот за коинтеграција,
постои еден коинтеграциски вектор во системот од
варијабли Z2t
• Првиот вектор, изведен за инфлацијата, може да
се интерпретира преку следната равенка за
инфлацијата (во средна заграда се t-статистики):
CPIt = -0.258736 М2/Yt + 0.066824 FB/Yt
[-1.47827]
[0.20085]
Модел – систем 2
• Според резултатите од моделот,
коефициентите пред вклучените варијабли
од системот Z2t се статистички
незначајни
• Тоа кореспондира со тврдењето дека
буџетскиот дефицит во РМ не е извор на
инфлација на краток рок, преку
каналот на М2
Модел – систем 2
• Долгорочната врска ќе ја интерпретираме
преку членот за корекција на грешка:
Насока на каузалноста
Член за
корекција на
грешка (t-стат)
R2
Дефицит →
2.51973***
98.39%
Инфлација
Членот за корекција на грешка е статистички значаен на 1%-но
ниво, а таа значајност е потврдена со високото ниво на R2
Модел – систем 2
• Заклучок:
– Иако на краток рок дефицитот не
имплицира инфлација, тоа не е случај на
долг рок
– На долг рок, буџетскиот дефицит и
инфлацијата се покажаа дека се поврзани
во позитивна каузалност што потекнува од
дефицитот кон инфлацијата
– Оттука, фискалната теорија за ценовното
ниво добива поддршка во Република
Македонија!
Општ заклучок
Според фискалната теорија на ценовното
ниво, зголемувањето на финансирањето на
буџетскиот дефицит преку домашно јавно
задолжување ќе го зголеми номиналното
богатство на приватниот сектор на долг рок, и
така ќе ја „подгрее“ инфлацијата
•
• Оттука, тврдењето дека инфлацијата
може да биде фискално-генериран
проблем на долг рок во Република
Македонија не треба да се потценува!
Благодарам!
Д-р Никица Мојсоска Блажевски
Сектор за макроекономска политика
Министерство за финансии
[email protected]