Power point презентацијата

Download Report

Transcript Power point презентацијата

Насоки за планирање и
организација на наставата во
учебната 2010/11 година
Советник:
Јуни 2010
Скопје
Запишување на учениците во I одделение во
учебната 2010/11 година
Се спроведува согласно:
• Законот за основно образование
• Упатствата на Бирото за развој на образованието
Нови наставни програми за I, II, III, IV и V
одделение на деветгодишното основно
образование
• Планирање, организација и реализација на наставата
во согласност со соодветните наставни програми
• Почитување на нормативот за наставен кадар кој го
содржи секоја наставна програма
Две петти одделенија во учебната 2010/11
• Петто одделение по програмите за деветгодишно
основно образование
 Наставата продолжува да ја изведува одделенскиот
наставник и предметните наставници за следните
предмети:
 техничко образование;
 природни науки;
 англиски јазик;
 македонски јазик за учениците од заедниците.
• Петто одделение по програмите за осумгодишно
основно образование
•
Напомена: Погрешно и недозволиво е групирање
на учениците од двете наведени генерации.
Програма за образование за животни вештини
• Согласно член 29 од Законот за основно образование
оваа програма е воведена и успешно се реализира во
одделенска настава.
• Во 2010/11 година продолжува реализацијата на
програмата
и
во
одделенскиот час.
предметната
настава
на
• Во текот на мај обучени се по двајца предметни
наставници (одделенски раководители) со задача
обуката да ја дисиминираат во своите училишта.
Нови програми по изборните предмети во
III, IV и V одделение
• Работа со компјутер
 Наставна програма базирана на образовниот софтвер ToolKid.
 Учениците од III одделение на деветгодишното основно
училиште учат по програмата за III одделение.
 Учениците од IV и V одделение на деветгодишното основно
училиште учат според програмата за IV одделение
(продолжителна).
• Творештво
Напомена: Учениците имаат можност да ги изберат и двата
предмети.
Други изборни програми
• Јазикот и културата на Власите
• Јазикот и културата на Ромите
• Јазикот и културата на Бошњаците
 Училиштата
се должни да ги запознаат
родителите на учениците и доколку има интерес
повторно
да
формираат
паралелки
во
согласност со решенијата и критериумите
содржани во Концепцијата за деветгодишно
воспитание и образование.
Нови програми во осумгодишното основно
образование
Изборни предмети во V одделение
• Етика во религиите
• Запознавање на религиите
• Класична култура во европската цивилизација
Задолжителен предмет во VI одделение
• Етика
Изборни предмети во VI, VII и VIII одделение
• Нашата татковина
• Воспитание за околината
• Истражување за родниот крај
• Танци и народни ора
• Проекти од музичката уметност
• Проекти од ликовната уметност
• Техничко образование
• Проекти од информатика
• Изборен спорт
• Унапредување на здравјето
• Вештини за живеење
• Новина во листата на изборни предмети во VII и
VIII одделение во учебната 2010/11 година е
воведување на предметот програмирање.
Напомена: Секоја учебна година учениците
треба да одберат да изучуваат различен
изборен предмет.
Нови наставни програми за наставата во VIII
одделение:
• за следните предмети: мајчин јазик (македонски,
албански, турски и српски јазик), математика,
ликовно образование, музичко образование, физичко
и здравствено образование, географија, биологија,
хемија, физика и граѓанско образование.
Напомена: Во VIII одделени за наставните предмети:
македонски јазик за учениците од другите заедници,
историја и за странските јазици (прв и втор)
наставата ќе се изведува според постојните наставни
прогами
Планирање на наставата
• Глобално (годишно или перспективно
планирање)
• Тематско – процесно планирање
 Тематско планирање (за наставните предмети
со стари наставни програми)
• Вреднување, измени и дополнување на
планирањето
Оценување
• Од I до III одделение – описно оценување.
• Во IV и V одделение (само за учениците на
деветгодишното образование) - описно и бројчано
оценување.
• Согласно измените и дополнувањата на Законот
за основно образование од учебната 2010/11
година започнува екстерно проверување на
постигањата на учениците.
Обука на наставниците, дидактичко – методски
прирачници за наставниците
• Јуни – август 2010, обука за наставниците кои ќе
изведуваат настава според новите наставни
програми.
• Добиените прирачници да се дадат на користење
на наставниците кои 2010/11 ќе работат според
новите наставни програми.
• Наставниците кои ќе изведуваат настава во V
одделение деветгодишното образование ќе добијат
прирачници во текот на обуките.
Проширена програма на училиштето
• Во согласност со член 33 од Законот за основно
образование, како и во согласност со основачот,
училиштето може да организира различни форми на
продолжен престој (целодневна настава и дневен
престој).
Педагошка документација
• Се доставува бесплатно според податоците добиени од
секое училиште.
• Уредно водење на педагошката документација.
• Сите неопходни информации може да се најдат на:
www.bro.gov.mk
За сите прашања поврзани со наставата Бирото за
развој на образованието е подготвено да дава
стручна и советодавна помош на наставниците,
родителите и училиштата.
Успешен почеток на новата учебна
2010/11 година!